
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Apple стандардно како и секоја година ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи во рамките на WWDC конференцијата. Веднаш после конференцијата програмерите имаат можност да ги тестираат, а оваа година таа можност беше достапна и без потребната претплата како програмер. Како и да е, сепак за повеќето корисници посигурно е доколку сакааат да ги тестираат овие системи, тоа да го направат со јавната бета верзија која е доста ...
Со објавата на Twitter, „Го најавувам формирањето на xAI за да ја разбере реалноста“, Елон Маск го најави неговиот најнов „проект“. За постоењето на оваа нова компанија на Маск можеше да се прочита изминатите месеци, а сега истата е и официјално претставена. Засега нема многу информации за што е тоа на кое ќе работи xAI, a повеќе ќе може да се дознае на Twitter Spaces во текот на утрешниот ден. На страната од xAI се наброени повеќе имиња кои се ...
Ако досега се обидувавте да го пробате конкурентот од Google на ChatGPT и Bing, сигурно имате забележано дека тоа не е можно, со едноставната порака дека Bard се’ уште не е достапен во нашата земја. Причината за недостапноста на Bard во нашата земја беше истата со таа за земјите од ЕУ, па сега „проблемите“ се надминати и генеративната вештачка интелигенција од Google е достапна за скоро сите земји во светот и секако во нашата. За да се пристапи ...
YouTube, како дел од нивната „feature experiments“ програма, започна со тестирање на функција која треба да провери колку корисниците имаат научено од видеата кои ги гледаат. Проверката на тоа што е научено ќе се прави преку тестови кои се генерирани автоматски од страна на вештачката интелигенција кои ќе се појавуваат на главниот екран од мобилната апликација на YouTube на Android и iOS. Со оглед на тоа дека се работи за експериментална ...
Бројот на Американци кои работат на далечина е тројно зголемен од 5,7 на 17,9 отсто помеѓу 2019 и 2021 година. За некои тоа значеше работа во удобноста на домот, додека други избраа постимулативни средини. Според неодамнешното истражување на BDG Studios/OnePoll на над 1.000 членови на генерацијата Z низ Соединетите Држави, речиси 10% од испитаниците рекле дека омиленото место за работа надвор од канцеларијата е кафуле или ресторан. Имаше ...
Договорот помеѓу Microsoft и Activision Blizzard, за купување на втората компанија, иако изгледаше дека има големи шанси да не се реализира, сепак сега може да продолжи според роковите. Обидот за блокирање на договорот од страна на американската FTC беше одбиен од страна на суд во Сан Франциско, па се што му останува на Microsoft е да се договори со британската CMA. Интересно беше што „строгата“ Европска Унија не направи проблем за договорот, па ...
Thunderbird официјално го доби својот долго време потребен редизајн, најавуван уште од минатата година. Како што беше најавено, покрај промената на корисничкиот интерфејс, направена е голема промена на кодот, а тука е и промената на функционалноста на овој имејл клиент. Заедно со новото лого претставено во мај оваа година, Thunderbird сега може да се каже дека е целосно модернизирана апликација која ќе може без проблем да им конкурира на ...
Google започна со вградување на нивниот Tensor чип со претставувањето на Pixel 6 серијата со најава дека со тоа може да се очекува подобри перформанси и ефикасност. Тоа сепак не беше случајот, па и најновите верзии од чипот не можат баш да се носат со конкуренција, а посебно не со A серијата од Apple. Според неофицијалните информации, Google не планира да ја остави оваа ситуација, па тие развиваат чип кој е целосно развиен од нивна страна. ...
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија, за првото тромесечие од 2023 година, согласно кои продолжува растот на онлајн трансакциите со тренд на намалување на темпото. Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и ...
Првите зелени коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ (Грција) одбележуваат една година од имплементацијата. Оваа иницијатива, овозможена преку системот за електронска размена на податоци SEED+, ја преобликува царинската соработка и ја забрзува трговијата меѓу ЦЕФТА и ЕУ. Системот SEED+ кој е целосно финансиран од ЕУ, овозможува сигурна и ефикасна размена на податоци меѓу царинските администрации, подобрувајќи ги анализите на ризик и ...
Изјавите на основачот на Nothing дека телефоните во денешно време се станати „досадни“ и веќе нема иновација на пазарот, иако со првиот телефон не личеше дека не важат и за нив, со втората генерација Nothing Phone почнува да се издвојува од останатите. На прв поглед Nothing Phone (2) не изгледа нешто различно од ланскиот модел, покрај минималните промени на поставеноста на компонентите на карактеристичната задна страна, но тој сепак донесува ...
Околу две години поминаа од заминувањето на познатиот Џони Ајв од Apple и основањето на неговата компанија за дизајн, LoveFrom. Не читаме доволно често за работата која ја има оваа компанија, а како дел од клиентите кои ја започнаа својата соработка со легендарниот Ајв беа Ferrari, Airbnbn, а тука беше и Comic Relief со дизајнот за Red Nose Day. LoveFrom повторно е во вестите со нивниот најнов клиент, а тоа е компанијата Linn. Се работи за ...
Корисниците кои уште не ги даваат своите стари верзии од Windows и верно остануваат на нив, сега имаат начин како да инсталираат надградби со што ќе им се подобри безбедноста, приватноста и корисничкото искуство. Надградбите не се од Microsoft, а компанијата нема никаква врска со новата страна која се обидува да ги рекреира старите страни за надградба на Windows, пред тој процес да стане целосно вграден во системот. Windows Update Restored е ...
Meta ја пушти својата најнова апликација, директен конкурент на Twitter, минатата недела и Threads веќе ја користат повеќе од 100 милиони корисници. Во голем дел ова може да се препише на поврзаноста на апликација со Instagram, а апликацијата функционира со сметките од оваа мрежа, па дури и бришењето на Threads е поврзано со бришење на Instagram сметката. Ова и уште неколку други фактори се причината зошто Threads не беше и уште не е пуштена во ...
Apple го претстави нивниот прв уред за проширена реалност, Vision Pro, на почетокот од минатиот месец во рамките на WWDC 2023. На претставувањето му претходеа голем број на неофицијални информации, неколку одложувања, а имаше и такви кои тврдат дека уредот не е подготвен за пуштање. Ова може до некаде да се види и во реакциите на некои од познатите „јутјубери“ кои имаа шанса да го тестираат уредот, а посебно се истакнува батеријата која се носи ...
Легендарниот Winamp повторно се врати после години на неразвивање и промена на сопственоста, во април оваа година. Очекувано беше дека апликацијата нема да биде само модернизирана верзија од старата, па сега Winamp во главно е место за откривање на нови и независни креатори на музика. Се разбира, тука е и можноста за слушање на локалната музика на уредот на корисникот, а достапен е и избор на повеќе радио станици од целиот свет. При пуштањето на ...
Надоврзувајќи се на првиот филм „Стани дел од екипата на Flip“ објавен минатиот септември, новото видео за кампањата ја продолжува истата тема повикувајќи ги луѓето да му се препуштат на своето воодушевање кон иновациите. На забавен и разигран начин, филмот ги прикажува уникатните начини на кои можат да се користат телефоните на преклоп, и како овие уреди го менуваат сето она што корисниците го знаат за обичните паметни телефони. Акцентот е ...
Новата апликација од Meta, која „паметно“ е пуштена преку брендот на Instagram, според информациите веќе ја има надминато бројката од 100 милиони корисници. Threads засега покажува голем потенцијал да земе дел од вниманието и корисниците од главниот конкурент Twitter. Иако бројките не може да се сметаат како целосно точни, тие покажуваат дека корисниците досега објавиле 95 милиони објави, а тие биле „лајкнати“ 190 милиони пати. Треба сепак да се ...
Откако не се остварија предвидувањата за претставување на нови iMac компјутери за оваа година на WWDC, сега може да се каже дека предвидувањата се нешто пореални. Сега, Марк Гурман најавува дека нови верзии од iMac се тестираат, но може да се очекуваат дури идната година, барем овие за кои тој говори. Се работи за 32 инчни iMac компјутери кои ќе работат на M3 чипот кој ќе биде направен на 3nm процес од TSMC поради што се очекуваат добри ...
Веќе можевме да прочитаме дека по претставувањето на Windows 11, а со тоа менување на политиката дека Windows 10 ќе биде последниот Windows, Microsoft се имаат вратено на претходниот тригодишен циклус на пуштање нова верзија од овој оперативен систем. Со ова неофицијалните извори сакаат да кажат дека може да се очекува пуштање на Windows 12, а според тоа кога беше претставен Windows 11, такво нешто може да се очекува во 2024. Сега гласините ...
Shazam, најпознатата апликација за препознавање на музика, сега оваа способност ја проширува и на музика од други апликации кои ги користи корисникот. Конкретно, корисниците сега ќе можат да препознаат некоја песна која ја слушаат на апликации како TikTok, Instagram или YouTube, па за истото веќе нема да им треба втор уред со инсталирана Shazam. Според краткото објаснување на самата апликација, корисниците се што треба да направат е да притиснат ...
Една од предностите на YouTube Premium претплатата е можноста за тестирање на нови функции пред останатите корисници. Дел од овие функции стануваат подоцна официјално достапни, но тоа не е случајот баш со сите. Најновата тест функција која им е достапна на овие корисници, иако изгледа не на сите, е можноста за заклучување на екранот додека се гледа некое видео. Ова треба да ги спречи несаканите допири и притискања на екранот додека се гледа ...
Apple моментално ги има едни од најпопуларните мали безжични слушалки на пазарот, а според неофицијалните информации, од компанијата планираат да ги направат многу покорисни и со повеќе функции од тие за слушање на музика. Марк Гурман, од Bloomberg, најавува неколку функции кои во годините што следат треба да станат дел од AirPods слушалките, а некои од нив може да ги видиме и поскоро. Една од новините која ја најавува Гурман е тест за откривање ...
На кратко, се работи за турнир во 3×3 баскет кој се одржува во 28 држави ширум светот, а завршува со светското финале во Белград, кое ќе се одржи од 16-18 септември на Калемегдан. Со повеќе од 15.000 очекувани натпреварувачи, Red Bull Half Court е најголемиот глобален натпревар во 3х3 баскет. Идеја и цел на Red Bull Half Court? Red Bull Half Court се базира на играње брза и возбудлива кошарка која има за цел промовирање офанзивна кошарка со што ...
Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен медал на неодамна одржаното Медитеранско првенство во Тунис добија признание за постигнат врвен резултат од Агенцијата за млади и спорт (АМС). Признанието од АМС доаѓа по големиот успех на македонските карате репрезентативци кои се закитија со медал во најтешката дисциплина, екипно борби за мажи и кој воедно е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства во ...
Поради познати причини, а тоа е процентот кој го наплатуваат Apple и Google, Spotify уште од 2016 ја тргна можноста да корисниците се претплатат на сервисот директно преку апликацијата на iOS. Сега корисниците кои биле претплатени пред таа одлука, веќе нема да можат да продолжат да ја плаќаат својата претплата, па ќе мора да направат нова директно преку страната на Spotify. Бројката на корисници кои останале да плаќаат преку Apple сигурно не е ...
После подолг период на шпекулации и подоцна потврда од страна на Samsung за месецот и локацијата на настанот, сега ја имаме и официјалната дата кога ќе биде одржат годинешниот летен Galaxy Unpacked настан. На овој настан се очекуваат повеќе уреди, меѓу кои најголемо внимание привлекува Galaxy Z Fold5, но според најавата на настанот изгледа уште поинтересен може да биде новиот Galaxy Z Flip5. „Пристигнува нов неизоставен елемент во културата. ...
Meta официјално ја пушти својата конкуренција на Twitter, направена како апликација поврзана со Instagram. Threads веќе може да се симне од двете апликации за продавници, а уште од самиот почеток ќе ви биде понудено поврзување со вашата Instagram сметка, како и можност да почнете да ги следите сите ваши пријатели на оваа мрежа. Логиката за поврзаноста на Threads со Instagram е сличниот начин на функционирање, односно кратки објави, кои сега со ...
Познатата апликација за разговори, Telegram, станува уште една од многуте апликации кои на корисниците ќе им овозможат објава на слики и видеа кои имаат рок на траење, односно познатите Stories. Според компанијата, ова е една од најмногу бараните функции од страна на корисниците, па дури се истакнува дека и покрај тоа што тие се против Stories, сепак се компанија која ги слуша своите корисници. Пуштањето на Stories на Telegram треба да се случи ...
Во ерата на дигитализацијата во која живееме, слободно можеме да кажеме дека мобилниот телефон е неизоставен дел од нас самите, без разлика колку тоа некому му се допаѓа или не. И за тоа, не е само комуникацијата со светот главна причина, туку во мобилниот телефон се наоѓа голем дел од вашиот живот, почнувајќи од фотографии и видеа кои сакате засекогаш да ги зачувате, па преку вашите професионални ангажмани и работни обврски на дневна база, ...