Ралф Макио, првиот „Karate Kid“ од 1984 и Џеки Чен, кој глумеше во преработка на познатите филмови во 2010, најавија дека започнато е со работа на нов филм кој треба да биде пуштен до крајот на идната година. Успешноста на „Karate Kid“ е очигледна, па не само што беа познати првите три филмови, по што следеше уште еден до Хилари Свонк, огромна популарност има и серијата „Cobra Kai“ која започна на YouTube, по што беше откупена од страна на ...

Повеќе од 15 основни училишта кои што се во надлежност на Општина Куманово ќе бидат дел од „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците што посетуваат настава во овие образовни установи ќе се здобијат со знаења за булингот преку работилници организирани од компанијата, а предводени од психотерапевт со практично искуство на темата. За таа цел денес беше потпишан меморандум за соработка. – Ако ...

Ненадејното отпуштање на директорот на OpenAI Сем Алтман, поради што си даде оставка и претседателот на одборот и ко-основач на компанијата Грек Брокман, полека почнува да добива некакво објаснување. Во меѓувреме Алтман беше вратен на својата позиција во OpenAI, а одборот на директори кој го отпушти си даде оставка. Новиот одбор треба да биде привремен, по што ќе биде формиран нов каде свој член ќе има и Microsoft, кои беа директно вклучени во ...

Google оваа година дефинитивно не сака веќе корисниците да можат да ги блокираат рекламите кои ги прикажуваат на нивниот YouTube сервис. По неколкуте промени во начинот на прикажување на рекламите, од компанијата прво почнаа да тестираат, па и официјално почнаа да користат одредени мерки против корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите. Кога ќе отворат некое видео, корисниците со „блокирач на реклами“, ќе добијат известување ...

Работилниците што изминатиов период се одржуваат во повеќе општини низ Македонија, а преку кои учениците се здобиваат со знаења поврзани со проблемот со врсничкото насилство, ќе се одржуваат и во Демир Капија. За ефикасна реализација на овие активности, компанијата „Макпетрол“, која што стои зад општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, и општината денес потпишаа меморандум за соработка. – Врсничкото насилство е ...

Големата најава на Nothing дека на своите корисници ќе им овозможи можност за комуникација со iPhone корисниците, односно iMessage пораките, за многу кратко време „пропадна“. Nothing Chats уште веднаш се откри дека не функционира со шифрирање на разговорите, како што беше најавено, па и додатно истражување покажа дека користењето на апликацијата не е баш заштитено и приватно. Ова е очекувано кога се обидува „со сила“ да се користи туѓ протокол ...

Nothing, поточно основачот Карл Пеи, во негов веќе препознатлив стил, ја најави новата апликација од компанијата која требаше да биде ексклузивно достапна за корисниците на Phone (2). Nothing Chats беше претставена како iMessage за Android, односно апликација која ќе им овозможи на Android корисниците да комуницираат со своите Apple корисници и нивната Messages апликација. Сините и зелените меурчиња во апликацијата се интересна ситуација во САД, ...

Apple веќе работи на плановите за избор на нивниот нареден главен директор, кој ќе го наследи Тим Кук. Потребата за тоа се’ уште е години во иднина, но тие како компанија на време ги прават ваквите подготовки. Ова го истакна Тим Кук во интервјуто кој тој го имаше со познатата пеачка Дуа Липа во нејзината емисија „Dua Lipa: At Your Service“ на BBC Sounds. Тој на прашањето дали има некакви планови за негов наследник одговори дека тие како ...

Изминатиот период X повторно има проблем со огласувачите, а вниманието беше привлечено кога Apple објавија дека ги ставаат нивните кампањи на оваа мрежа на пауза. Како причина за одлуката беше истакнат антисемитизмот, нешто што е доста актуелно изминатиот период од познати причини. На листата на компании треба да се додадат и Paramount, Comcast, IBM, Disney и други кои поради истата причина одлучија да прекинат со рекламите. Проблемот настана по ...

На 20.11.2023 година, IQOS ја прошири достапноста со уште една локација. Нова IQOS зона, прва надвор од главниот град, е отворена во рамките на проширениот дел на трговскиот центар Palma Mall во Тетово. Работното време на IQOS зоната во Тетово е секој ден од 10 до 22 часот и нуди достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на ...

Изминативе неколку години, софтверската компанија Singular значително го зголеми својот тим и одбележа големи успеси, вклучувајќи го и отворањето на новата канцеларија во Скопје, како и аквизацијата од страна на Flutter Entertainment Plc, светски познат лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Иако тимот во македонската канцеларија денес вклучува повеќе од 80 луѓе, при започнувањето со работа во 2013 имало само 4 вработени, а растот ...

Можеби кај нас ова не е толку голем фактор, а корисниците во главно комуницираат преку Messenger и Viber, но во САД е доста позната „ситуацијата“ со сини и зелени „меурчиња“, едните преку iMessage протоколот, а другите преку SMS. Во основа, големиот број на iPhone корисници кои ги има во САД во голем дел ја користат Messages апликацијата од Apple која покрај SMS, кога корисникот е вклучен на интернет го користи iMessage протоколот. Тоа на ...

SpaceX во текот на вчерашниот ден го изврши вториот тест лет од нивното Starship летало, заедно со Super Heavy ракетата. Ова е втор ваков тест, а првиот беше извршен во април оваа година, по повеќе издвоени тест летови на Starship и успешно слетување назад на Земјата. Првиот тест заврши неуспешно со експлозија по неможноста двете летала да се одвојат. Вториот лет беше нешто поуспешен, но и тој заврши со експлозија и губење на леталата, иако за ...

Скопје, 20 ноември 2023 г. – Samsung го менува светот на камерата на паметниот телефон уште од објавувањето на првиот Galaxy S телефон во 2010 година. Постојано поставуваме нови граници, започнувајќи од воведувањето на првиот сензор за камера од 200 MP на светот и првиот ноќен режим работа при слаба осветленост, како и моќното зумирање на просторот на телефонот. Исто така, воведовме револуционерни функции за вештачка интелигенција во ...

Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ги лансираше новите уреди без чад – IQOS ILUMA на македонскиот пазар. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата, кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот и е наменет исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. За првпат се воведува технологијата на индукциско загревање, без сечило и без потреба од ...

Денес започна дводневната конференција „Градење на сајбер-отпорни организации“ иницирана од страна на Комитетот за дигитална трансформација при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). На конференцијата ќе учествуваат голем број експерти за сајбер безбедност и активни чинители во сферата на дигиталните трансформации од јавниот и приватниот сектор, со цел споделување знаење и најдобри практики во развојот на сајбер-отпорни ...

Вчера, на ексклузивен настан, официјално, за првпат беа претставени најновите иновативни уреди на Philip Morris International, IQOS ILUMA, кои користат индукциска технологија за загревање на тутун. Уредите од портфолиото ќе бидат достапни на македонскиот пазар од 20.11.2023, понеделник. Со настапите на Џијан Емин, Francesco Tristano и Magical Orchestra, DJ Yelisaveta и DJ Tebra, бројни присутни претставници од светот на бизнисот и медиумите први ...

Apple ги објави апликациите, скоро 40, кои се финалисти за годинешните App Store награди за најдобри апликации. Истите се поделени според уредот и сега се по три, од кои до крајот на месецот ќе биде избрана по една апликација како победник. „Возбудени сме поради достигнувањата на овие финалисти на App Store Award кои им помагаат на корисниците ширум светот да ги истражат нивните интереси за цртање, дизајн, уредување видео, образование, музика, ...

Неколку нови закони во ЕУ веќе донесуваат доста големи промени на пазарот, па покрај тоа што Apple конечно почна да го користи USB-C приклучокот кај iPhone, а идната година ќе додаде поддршка за RCS, сега имаме и промени кај Windows 11. Microsoft објави какви се’ промени може да се очекуваат кај Windows 11 за корисниците во ЕУ, а може да се каже дека ова се промени кои би било добро да ги имаше и без притисок од закони кои генерално не се баш ...

Files е апликација која е достапна уште од Windows 10 како одлична алтернатива на File Explorer. Со најновата верзија од редизајнираната File Explorer во Windows 11 можеби се намалува потребата од алтернативни апликации, но оваа изјава може да ја побие најновата верзија од Files. Files v3 донесува освежен изглед кој може да се каже дека изгледа одлично и е доста поблизок на File Explorer, што е добро. Големо освежување, односно редизајн добива ...

Windows Central минатата недела најави дека Microsoft планира да го донесе Copilot и во Windows 10, иако овој систем требаше да добива само мали безбедносни надградби до крајот на поддршката во 2025. Како причина за ова беше истакнат големиот број на корисници кои се’ уште го користат овој систем, околу 1 милијарда, во споредба со 400 милиони корисници на Windows 11. За овие бројки до некаде се криви и од Microsoft кои не дозволуваат инсталација ...

По долги години на „притисок“ од страна на Google и Samsung, Apple конечно попушти. Од компанијата ќе додадат поддршка за RCS протоколот, со што корисниците на iPhone и Android конкурентите конечно ќе можат да комуницираат на модерен начин преку вградените апликации кои досега во главно се користеа за SMS пораки. RCS протоколот во главно беше популаризиран и промовиран од страна на Google кои ја додадоа поддршката за него во нивната Messages ...

Во рамките на Ignite 2023 настанот од Microsoft, од компанијата претставија нова апликација наречена Windows App. Оваа нова апликација ќе биде достапна на Windows, macOS, iOS, iPadOS, како и преку веб, а е замислена како едно централно место за сите сервиси и уреди на корисниците кои се во „облакот“. Преку оваа апликација корисниците ќе можат да ги видат сите нивни уреди и сервиси од Windows 365, сервисот пуштен пред две години кој овозможува ...

Microsoft дефинитивно се одлучи да го користи брендот Copilot за нивната генеративна вештачка интелигенција, па сега ова име ќе се користи и за оригиналната имплементација, на местото на Bing Chat. Корисниците сега можат да пристапат до Copilot од посебна веб страна, што значи дека функцијата веќе нема да биде ексклузивно достапна преку Bing, иако останува за корисниците кои сакаат на тој начин да пристапат. Веб страната ...

Instagram со својата најнова верзија, која постепено се пушта кај корисниците, ја добива една од поголеми надградби изминатиот период. Скоро сите делови од апликацијата имаат нешто ново или изменето за подобро корисничко искуство. Подобрувања и новини добиваат објавата на слики, објавата на повеќе слики, објавата на Reels и Stories, па може да се каже дека целата апликација е подобрена, без промена на изгледот, односно во овој случај не се ...

Уште од минатата година можевме да прочитаме за планот на Apple, неофицијално, за менување на изгледот на горниот дел од екранот кај iPhone, односно тргање на се’ уште големиот исечок. Оваа година повторно излезе информацијата дека планот останува, а сега читаме за тоа дека од компанијата наводно почнале со тестирање на изгледот на iPhone 16 Pro кој за првпат треба да го донесе стилот кој со години се користи кај Android конкурентите, само една ...

Nothing, компанијата од еден од основачите на OnePlus, која веќе им е добро позната на корисниците, претстави нова апликација ексклузивно достапна само за корисниците на нивниот Nothing Phone (2). Оваа апликација, која е наречена Nothing Chats, дефинитивно ќе го привлече вниманието, а посебно на Apple. Апликацијата овозможува корисниците да разговараат преку iMessages, како и преку RCS протоколот на Google. Со тоа Nothing во основа постигнува ...

Google објави неколку нови правила кои програмерите ќе мора да ги почитуваат за да можат да ги објават своите апликации во Play Store, официјалната продавница за апликации на Android. Новите правила се воведуваат со цел да се подобри квалитетот на апликациите во продавницата, а тука секако е и безбедноста со намалувањето на бројот на малициозни апликации. Првата мерка се однесува на претходно донесените правила за верификација за објава на ...

Во продолжение од антимонополскиот процес против Google кој е започнат од страна на Министерството за правда на САД, објавени се дополнителни информации поврзани со сумата која Google ја исплаќа на повеќе компании за задржување на главната позиција на нивниот пребарувач. Претходно се дозна дека Google им исплаќа на компаниите дури 26,3 милијарди долари за Google Search да биде автоматски избран кај производите од корисниците. Тие имаат можност ...

Најпознатата апликација која одамна им помага на корисниците кои не се задоволни со Старт менито на Windows, по пуштањето на посебната верзија за Windows 11, сега ја добива и втората верзија од истата. Start11 v2 ја продолжува одличната работа од првата верзија, па донесува неколку новини кои ќе ја направат уште покорисна за корисниците. Како и досега, Start11 може да се користи на Windows 11, но и на Windows 10. Новата верзија доаѓа со три ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
6.69
60%
999
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
90%
993
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
60%
1009
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.72
66%
1005
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
9.26
92%
994
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
87%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1008
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
94%
1007
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
80%
1004
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
92%
995
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
77%
1011
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5636

Currency

37.941

Currency

66.5532

Currency

7.45065

Currency

0.65307

Currency

0.34785

Currency

0.52534

Currency

1.26468

Currency

0.60441