
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Скопје, 31 август 2023 – Samsung Electronics објави дека првите бројки за продажба на Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 покажуваат дека продажбата од претходните серии во Европа е надмината. „Нашите најнови телефони на преклоп се продаваат со неверојатна брзина“, рече Бенџамин Браун, генералниот директор за маркетинг на Samsung Europe на прес-конференцијата на Samsung одржана на овогодинешниот саем IFA во Берлин. „Годишната продажба на нашите ...
WhatsApp апликацијата на Android ќе добие мал редизајн кој ќе ја направи апликацијата помодерна и ќе ја донесе во рамките на правилата од Material дизајнот. Промените можеби не се драстични, но сепак се доста потребни и апликацијата сега може да се каже дека изгледа како што треба и не потсетува на апликација која е веќе застарена. Главната промена може да се види во горната лента која веќе нема да биде со зелена позадина. Истата ќе биде бела, а ...
Здружението Гоу Грин Скопје по трет пат го објави повикот за младите да ги поднесат своите идеи и потреби кои ќе допринесат за зелени општини и истиот може да го пополнат на следниот линк. Овој повик е наменет за младите (15-29) од Општина Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп, општини со кои здружението соработува од почетокот на мандатот на градоначалниците со цел да ги пренесе потребите на младите. Овој процес започнува со ...
Оваа година покажа дека Microsoft сериозно се „обложува“ на вештачката интелигенција која се повеќе ќе ја гледаме интегрирана во производите и сервисите од компанијата. Патент поднесен од Microsoft, забележан од Neowin, ни открива дека од компанијата дури размислуваат вештачката интелигенција да ја интегрираат во ранци. Од патентот може да се види класичен ранец на кој се поставени повеќе сензори, како камера и микрофон, меѓу другите. Со тоа, ...
Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпетрол“, обезбедија пласман на Светските боречки игри 2023 година кои ќе се одржат од 20 до 30 октомври во Ријад, Саудиска Арабија. Трајковски ќе бори во категоријата под 85 килограми, а Стојановиќ ќе учествува во категоријата над 85 килограми. Известување за пласманот на двата каратисти на „Макпетрол“ е испратено од организаторот на игрите, Светската карате федерација ...
При крајот на минатиот месец Европската Комисија отвори истрага, која доаѓа после повеќе жалби од конкурентите, за вклучувањето на Microsoft Teams апликацијата во Microsoft/Office 365 пакетите за компаниите. Од една страна разбирливо е зошто конкурентите, во главно Slack, имаат проблем со оваа практика на Microsoft, но од друга страна има логика и објаснувањето од Microsoft, дека тие отсекогаш имале ваков или сличен сервис во понудата. Проблемот ...
Скопје, Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За време на прес-конференција за IFA 2023, компанијата ја истакна својата визија SmartThings да им овозможи на потрошувачите низ Европа да дадат приоритет на темите кои им се важни – од заштеда на енергија, зголемување на безбедноста и пристап до одлична забава до правење на нивниот секојдневен живот поефикасен. ...
Еден од најпознатите производители на телевизори, кои стојат и зад развојот на панелите кои ги користат, LG, сега сакаат да го однесат телевизорот надвор од дневната соба, како што истакнуваат од компанијата. За да ја постигнат оваа цел тие претставија преносен телевизор кој е сместен и заштитен во актовка. Екранот е со големина од 27 инчи, а батеријата за жал може да издржи до три часа користење. Би очекувале дека во актовката би можело да ...
По закажувањето на есенскиот настан од страна на Apple за 12 септември, а свој Surface настан закажа и Microsoft за 23 септември, еве ги и Google со нивниот Pixel настан кој стандардно се одржува во октомври. Настанот ќе се одржи на 4 октомври во Њујорк и како и секогаш ќе може да се гледа во живо преку YouTube. Google се’ уште нема ништо официјално кажано за овој настан, па за сега се дознава од поканите кои ги испраќаат до новинарите кои се ...
Засега ништо не е официјално потврдено, но на друштвените мрежи може да се види не толку ретко „жалење“ од страна на корисници на iPhone 14 серијата дека нивните уреди побрзо од очекуваното губат од капацитетот на батеријата. Со оглед на тоа што засега коментарите се поврзани со очекувања со споредба со претходното искуство, не може со сигурност да се знае дали Apple навистина има „штедено“ на батериите со оваа серија. Како и да е, од ...
Во годината кога македонската компанија за здрава храна Виталиа прославува 30 години постоење, со задоволство го најавува својот настан кој ги спојува световите на здравата исхрана, физичка активност и многу забава. На 24 септември во Градскиот парк во Скопје со почеток од 12 часот ќе се одржи првата Виталиа Детска трка, ветувајќи незаборавно искуство за младите атлети од 6 до 14 години. Како најава за главната трка во Градскиот парк во Скопје, ...
Google Settings, односно Google делот во Settings кај сите Android телефони ќе добие мал редизајн, односно мала реорганизација. Оваа промена, која моментално се тестира кај мал број на корисници, се гледа дека е тука за подобрување на функционалноста на апликацијата, односно брз и лесен пристап до прилагодувањата кои корисникот најчесто ги користи. Наместо овој дел да биде една листа со прилагодувања, како што е сега, Google ќе го подели во две ...
Нов стратешки партнер на СОС Детско село е „Макпетрол“. Соработката отпочна во април, а компанијата стана кум на куќата што ќе го носи името „Верна“ и во која живеат пет деца и нивните згрижувачки родители. Симболично, надоврзувајќи се на традицијата според која што кумството подразбира запознавање со семејството, претставници на „Макпетрол“ денес во СОС Детско село одржаа средба со децата и со згрижувачите. – На нашите простори кумството ...
Две години се поминати од почетокот со работа на новата компанија која ја основа Карл Пеи, ко-основач на OnePlus, a Nothing веќе претстави под-бренд кој треба да носи на пазарот поевтини производи. Потребата од ваков бренд можеби се јави поради покачувањето на цената на Nothing Phone (2) која дојде очекувано по вградувањето на компоненти од повисоката класа, а тоа се случи по барање на корисниците. Од компанијата очигледно планираат да продолжат ...
Live Activities е функција која беше воведена минатата година со претставувањето на iOS 16 и iPhone 14 серијата. Оваа функција овозможува одредени информации да се прикажуваат во форма на известување на „заклучениот екран“, како и на Dynamic Island исечокот кај iPhone 14 Pro моделите кој доби посебни анимации и можности. Во основа, Live Activities е одличен начин да се видат потребните информации без потреба од отворање на апликацијата за работи ...
Скопје, 30 август, 2023 – При користење огнено оружје, во зависност од муницијата и оружјето, се формира облак од неколку илјади до десетици илјади микроскопски честички кои се распространуваат во радиус до три метри. Овие траги од пукањето може да останат од два до четири часа на рацете, од седум до 12 часа на косата и до 24 часа на облеката на лицето кое го користело оружјето. Токму честичките, често пати се клучен доказ за тоа дали одредено ...
Корисниците на macOS добиваат нова апликација од WhatsApp која е целосно редизајнирана и прилагодена за десктоп компјутерите. Оваа промена следи по пуштањето на новата апликација за Windows корисниците пред пет месеци, а истата беше редизајнирана еднаш и минатата година. Со пуштањето на новата WhatsApp апликација и на macOS, може да се каже дека сега сервисот има унифицирано искуство низ сите платформи. Иако постојат одредени разлики, сепак ...
Неофицијално најавената дата за септемврискиот настан од Apple сега е официјално најавена од страна на компанијата. 12 септември, вторникот за нешто помалку од две недели, е денот кога Apple ќе го одржи својот настан на кој ја претставува новата генерација од нивните телефони. iPhone 15 серијата ќе биде главниот дел од настанот кој ќе привлече најмногу внимание, но како и секогаш, на овој настан ќе ги видиме и новите генерации од Apple Watch, ...
Шансите дека Samsung ќе се врати на стандардната практика на користење на нивниот Exynos чип во Европа изгледа се зголемуваат. За ова веќе можевме да прочитаме, а сега истото го тврди и тоа со голема сигурност познатиот „Ice universe“. Tој најавува дека барем во Европа чипот ќе се користи, 100%, што иако не може ова да се смета како сигурна потврда, сепак работите очигледно одат во тој правец. Galaxy S24 серијата треба да биде претставена во ...
Пред скоро две недели, еден од најпознатите YouTube канали, Linus Tech Tips, беше погоден од според нас непотребна драма создадена од обвинувања кои започнаа од конкурентен канал, па отидоа и до обвинувања за сексуално малтретирање. Се започна со обвинувања од конкурентниот канал Gamers Nexus за видео од Linus Tech Tips во кое тие тестираат производ за ладење на компјутерите од компанијата Billet Labs. Тие наводно, не само што не биле фер и ...
Apple планира да донесе нешто поголеми промени кај iPad Pro серијата идната година, која веќе пет години нема скоро никакви промени, со исклучок на компонентите. Ова го најавува Марк Гурман преку неговиот неделен билтен насловен „Apple се обложува на обновен iPad Pro за да ја зголеми слабата продажба на таблети“. Според него, новите iPad Pro модели можеме да ги очекуваме идната пролет или порано во летото. Тие ги носат кодните имиња J717, J718, ...
При крајот на минатиот месец Microsoft објави дека веќе нема да го ограничува пристапот до Bing Chat функцијата само преку Edge. Пристапот беше најавен за повеќе други прелистувачи, меѓу кои Google Chrome и Safari. Пристапот прво беше пуштен за Safari на macOS, но не секогаш функционира, најверојатно функцијата уште е во тест фаза. Од компанијата сега најавија дека Bing Chat официјално може да се користи преку Google Chrome, а може да се очекува ...
Huawei ја претстави најновата генерација од една од нивните најпопуларни серии, барем кога беа достапни во целиот свет. Mate 60 Pro, иако не е огромна надградба од ланскиот модел, донесува неколку интересни новини. На прв поглед може да се забележат трите „дупки“ на предната страна во кои се сместени селфи камерата со 13 мегапиксели и два сензори, ласерски и 3D. Со ова телефонот доаѓа со можноста за отклучување преку детална идентификација на ...
Можеби веќе и поевтините смартфони не се толку слаби како порано, а и интернет ограничувањето и брзината се доста поголеми, но сепак апликации како Messenger Lite се популарни кај дел од корисниците. Овие апликации доаѓаат со доста помал код, па со тоа и поедноставна апликација и функции, а и трошат помалку од интернетот на корисникот. Meta сепак смета дека веќе нема потреба да одржува ваква апликација, кога е во прашање Messenger, па истата ...
Поминаа уште малку, па два месеци од пуштањето на првиот посериозен конкурент на Twitter, сега X, од страна на Meta. Threads е друштвена мрежа која изгледа скоро исто со X, но се’ уште без сите потребни функции за да претставува сериозна конкуренција. Поврзаноста со Instagram направи да Threads добие огромен број на корисници за кратко време, но тоа не се преслика во огромен број на активни корисници кои продолжуваат да ја користат оваа нова ...
Во март оваа година Google пушти, може да се каже потребен, редизајн на нивните „office“ апликации, односно Docs, Sheets и Slides. Овој редизајн не донесе драстична промена на изгледот и функционалноста на апликациите, но го освежи застарениот изглед и го донесе во рамките на Material стилот од компанијата. Сега овој редизајн доаѓа и кај Android верзиите од апликациите, па може да се каже дека корисниците добиваат унифицирано искуство. Разликата ...
Моментално дел од Android верзијата од Edge, а и тука не е се’ уште вклучена, нова функција за овој прелистувач ќе направи корисниците да бидат посигурни во чувањето на своите лозинки на серверите од Microsoft. Од компанијата ја додаваат можноста корисниците да вклучат „On-device encryption“, односно шифрирање на лозинките на самиот уред. Со тоа лозинките ќе бидат шифрирани пред да бидат зачувани на серверите од Microsoft и со тоа тие веќе нема ...
Microsoft продолжува со интегрирањето на генеративната вештачка интелигенција каде што стигне. Според извори на Windows Central, од компанијата планираат да ја интегрираат ВИ во нивната Paint апликација. Целта е јасна, корисниците ќе можат да внесат одредени насоки за тоа каква слика би сакале да им биде создадена од страна на ВИ, па истата ќе можат да ја искористат за да продолжат со „цртање“ во апликацијата. Веќе е официјално најавено дека ...
Скопје, 24.08.2023 година – Компанијата “Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот, втор производствен погон со површина од 2.100 m2 во кој во изминатиов месец беше инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија, со капацитет за производство од 10.000 единици на ден. Дополнително, во завршна фаза е и конфигурацијата на втора производна линија, со капацитет за производство од 2.500 единици, која ќе ...
Google започна со тестирање на можноста да лентата за адреси во Chrome на iOS биде по избор преместена на долната страна од апликацијата. Ова е стилот кој го користи Safari од Apple, исто така по избор, па може да се каже дека ваквата поставеност е карактеристична за iOS. Можноста им е достапна на дел од корисниците на тест верзијата од Chrome за iOS која може да се инсталира преку TestFligh апликацијата од Apple која е начинот за инсталирање на ...