
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



По традиционалното претставување на нова iPhone генерација во септември, октомври обично е месецот кога Apple претставува нови генерации од другите нивни уреди, најчесто iPad компјутери. Така се очекува и за овој месец, поточно оваа недела. Според информациите, Apple треба да претстави три нови генерации од постоечките iPad уреди, а тие се iPad mini, iPad Air и основниот iPad. Не се најавуваат некои посебни новини кај овие модели, па тие би биле ...
Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека од 16 октомври, почнува со прием на уплата и испорака на екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот. Продажбата годинава ќе се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство граѓаните можат да ги добијат на телефонските броеви според ...
Со претставувањето на MacBook Air со M1 чипот во 2020, Apple го постигна тоа што Microsoft со години се обидува, претставување на мал и моќен лаптоп компјутер кој работи на штедливите ARM чипови. Apple оваа серија на процесори ја прошири на сите нивни компјутери, па дури и таблет компјутери, а ARM чиповите веќе не се сметаат само за штедливи, па стануваат и навистина моќни. Тоа што фали сите овие години е конкуренција од страна на Windows, па ...
Microsoft го најави купувањето на познатото „гејминг“ студио Activision Blizzard пред скоро две години, односно во јануари 2022. Од тогаш започнува тежок процес на убедување на регулаторните тела дека купувањето на компанијата нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот, нешто што беше очекувано. Процесот траеше доволно долго да рокот кој го имаат договорено двете компании мораше да биде продолжен, инаку Microsoft ќе мораше да плати „неколку ...
При крајот на минатиот месец Valve ја пушти Counter-Strike 2 за сите корисници, бесплатна надградба од скоро 30 GB. Истата може да се инсталира како и сите досегашни надградби, преку Steam десктоп апликацијата, а истото важи и за корисниците на macOS. Сепак, уште од почетокот корисниците на macOS кои ја инсталираа надградбата не можеа веќе да ја играат играта. Имаше информации за тоа како може да се реши проблемот кој се јавува, како и тоа дека ...
Скопје, Македонија – 12 октомври 2023 г. – Samsung подготви специјална понуда со која корисниците кои ќе купат Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5 или уред од серијата Galaxy S23 ќе добијат паметен телефон Galaxy S21 FE, додека со часовникот Galaxy Watch6 ќе добијат Galaxy Tab A8. Промоцијата трае од 12.10. до 10.11.2023 година, или додека не се потрошат залихите за подароци. Поврзување на паметниот екосистем Ова е период од годината кога се враќаме ...
Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ – ова беа дел од заклучоците кои се дискутираа на втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и ...
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“-Скопје, Тања Јовановска, денеска потпишаа меморандум кој го одбележува почеток на оваа нова соработка. „Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција во подобрa иднина за нив дома. За нас е клучно што можеме да бидеме дел од нивниот образовен и професионален раст, и ...
Скопје, 10 октомври 2023 г. – Колку добро го познавате вашиот ум? Дали наоѓате време да проверите како се чувствувате – и во телото и во умот? За многумина, одговорите на овие прашања можеби не се позитивни, па затоа Светскиот ден на менталното здравје е важен потсетник дека треба да се грижиме за нашето ментално здравје на ист начин како што тоа го правиме за нашето физичко здравје. Според Светската здравствена организација (СЗО), 1 од секои 8 ...
По промената на правилата за броење на прикачените датотеки од Outlook.com како дел од просторот на OneDrive минатата година, Microsoft минатиот месец најави уште една слична новина. Сликите кои корисниците ги чуваат во OneDrive, а ги додаваат подоцна во посебни албуми, ќе се бројат два пати, исто како да биле прикачени на сервисот два пати. За разлика од првата одлука, оваа со сликите може да се каже дека е до некаде претерана, а од компанијата ...
YouTube започна со тестирање на можноста за прикажување на објавите преку Community Posts функцијата во посебен дел. Ова значи дека корисниците би можеле да видат листа од вакви објави, посебно од листата со видеа. Тестирањето се прави на мал број на корисниците на мобилната апликација на YouTube на Android и iOS, а како што важи за сите тестови, во оваа фаза не е познато дали ќе им стане достапна на сите корисници. До листата со објави ќе се ...
Samsung Electronics неодамна претстави нови софтверски ажурирања за слушалките Galaxy Buds2 Pro и Samsung Smart TV уредите кои го подобруваат аудио искуството на уште повеќе поврзани уреди. Новите ажурирања ги прошируваат капацитетите на LE Audio на телевизорите на Samsung со технологија за аудио емитување Auracast, овозможувајќи пренесување на богат и сложен звук до блиските уреди поврзани со Bluetooth. LE Audio, напреден Bluetooth аудио ...
Во организација на Фондацијата „КАНТАРОТ“, под мотото „Пуштете ја вашата научна фантазија“, во сабота, на 7 октомври, во прекрасна атмосфера се одржа втората научна конференција „НАУКА ЗА ДЕЦА“. Конференцијата се одржа во Меѓународното училиште НОВА, а нејзината цел беше популаризација на науката кај најмладите. Главниот дел од програмата на конференцијата го сочинуваа предавања и работилници водени од проф. д-р Никола Стиков и д-р Тања ...
Македонски Телеком ја продолжува еко–акцијата за обнова на зелените површини којашто ја започна минатата година како дел од ESG агендата на компанијата. Оваа година, иницијативата за пошумување опожарени подрачја продолжува во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија, преку проектот „Боренка“. Во последните две години, Македонија беше зафатена од повеќе од 500 шумски пожари со кои се уништени екстремно големи површини шума. Токму затоа ...
Оваа година веќе можевме да прочитаме дека Microsoft се враќа на стариот концепт на претставување нова верзија од Windows на секои три години. Стана јасно дека најавата за последната верзија од Windows, со Windows 10, нема да остане како план по претставувањето на Windows 11 во 2021. Ова значи дека идната година треба да го очекуваме претставувањето на Windows 12, a финансискиот директор на Intel ги зголемува ваквите очекувања. Тој во рамките на ...
X започна со промена на начинот на прикажување на споделените линкови на мрежата, нешто што беше неофицијално најавено во август оваа година, а потврдено од Маск. Споделените линкови веќе нема да ги содржат сликата, насловот и краток дел од текстот, па корисниците ќе ја гледаат само сликата и главниот домен од страната. На горниот дел ќе остане можноста за додавање текст, но сега целата објава ќе изгледа многу поедноставно, односно како што ...
На најљубопитните деца коишто ги обожаваат книгите и сакаат да читаат каде и да се, веќе им е позната апликацијата Boksy, првата детска апликација за читање онлајн и слушање аудио книги. Boksy на иновативен начин ја збогати македонската детска литература и ги подобри читачките навики на најмладите. Но, овој пат апликацијата ни доаѓа збогатена со илјадници наслови и за возрасни и на тој начин станува апликација за читање на целото семејство. ...
Во рамките на SDC23, Samsung официјално ја претстави наредната генерација од нивниот оперативен систем за мобилните, односно нивната измена на Android, One UI 6. Првата бета верзија од One UI 6 беше пуштена во август оваа година, па истата сега е подготвена за пуштање кај сите корисници на кои им следува. Исто како што е случајот со Android 14, One UI 6 не е голема надградба во споредба со минатата година, но затоа го продолжува започнатите ...
Samsung Electronics ја одржа својата годишна Samsung конференција за програмери (SDC) во центарот Москон во Сан Франциско. Фокусот на деветиот по ред собир на програмери и партнери беше посветеноста на компанијата Samsung на стратегијата за отворени иновации и услуги и нејзините платформи за програмери како што се Bixby, Samsung Knox, SmartThings и Tizen. При воведното обраќање, Samsung ги претстави новите начини за создавање на побезбедно, ...
Microsoft во март оваа година го најави редизајнот на нивната Teams апликација со најава дека новата апликација работи до два пати побрзо, а има потреба од 50% помалку ресурси. Кога на ова ќе се додаде и освежениот дизајн, направен по Fluent дизајн правилата, новата Microsoft Teams е добредојдена за сите активни корисници, а може да привлече и нови. Новата апликација беше достапна за тестирање од март навака, а сега е официјално достапна за ...
СКОПЈЕ, 06.10.2023: Еминентни говорници од големите светски брендови Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“), Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од ...
Со претставувањето на Pixel 8 и Pixel 8 Pro, како и обично, Google ја пушти финалната верзија од наредната генерација од Android системот. Android 14 изминатите месеци се тестираше во бета форма, а оваа недела станува официјално достапен за корисниците. Сепак, ова важи во главно за корисниците на Pixel уредите и можеби уште неколку, но повеќето други ќе мора да почекаат до пуштањето на својата прилагодена верзија од производителите. Од Google ...
Apple вчера пушти вонредна надградба на нивните iOS и iPadOS системи, кои сега се на верзијата 17.0.3 и со истата треба да е решен проблемот со прегревањето на новата iPhone 15 серија. Проблемот, како што официјално истакнаа од компанијата, е поврзан со грешка во кодот на iOS 17, но исто така проблемот е поврзан и со неколку апликации, како Instagram. Оваа апликација обично е на врвот по потрошувачка на батерија, па изгледа во комбинација со ...
Google вчера, покрај Pixel 8 и Pixel 8 Pro телефоните, ја претстави и втората генерација од нивниот Pixel Watch. Часовникот од Google, иако нов, има доста добри оценки и доволно голема популарност за да конкурира со најпознатите на пазарот. Pixel Watch 2 нема некоја посебна разлика во изгледот во споредба со ланскиот модел, но тоа е очекувано. Оваа година уредот е направен од 100% рециклиран алуминиум, со што се добива 10% помала тежина. ...
Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy SmartTag2, кој ќе биде достапен ширум светот од 11 октомври. Galaxy SmartTag2 носи подобрувања на линијата Galaxy SmartTag, кои овозможуваат нови и подобри начини за следење на вредните работи. Подобрениот дизајн и употребливост создаваат уште повеќе можности за користење на уредот. „Постојано бараме начини да го направиме животот на луѓето поудобен преку водечките иновации на Samsung ...
Google вчера ја претстави наредната генерација од нивните одлични и популарни Pixel смартфони. Pixel 8 и Pixel 8 Pro се двата нови телефони кои е навистина штета што не се продаваат во нашата земја, барем на официјално. Како што е веќе стандардно кај сите производители, а тоа не е лошо како што некои сакаат да го претстават, новите Pixel телефони немаат некои драстични промени во дизајнот. Тоа значи дека тие го задржуваат карактеристичниот ...
AETM го анализираше трендот на пораст како на вредноста, така и на бројот на онлајн трансакциите, кој продолжува и во првата половина на 2023 година. Согласно најновите податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2023 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци ...
Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Номинираните пет филмови од 5 европски земји се избираат од ...
Samsung Electronics ги воведува најновите додатоци од серијата FE во екосистемот Samsung Galaxy – новите Galaxy S23 FE уреди, Galaxy Tab S9 FE и S9 FE+ и слушалките Galaxy Buds FE. Познати по својот иконски и издржлив дизајн, напредните перформанси, најсовремениот капацитет на камерата и звукот и многу повеќе – ова се најдобрите FE уреди досега. За оние кои сакаат да ги искусат водечките Galaxy уреди за прв пат, новите FE уреди се совршена ...
Денеска на свечен настан, Фондот за иновации и технолошки развој ги прогласи победниците од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Со овој повик, вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија да ги реализираат своите иновативни проекти. Целта на повикот е да се поттикнат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да ...