
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Започна како не до крај јасна најава од страна на Елон Маск, а денеска веќе започна процесот на ребредирање на Twitter. Оваа друштвена мрежа ќе се дистанцира од досега познатата птичка, а истата ќе биде заменета со лого во форма на буквата „X“. Домејнот X.com исто така од вчерашниот ден започна да носи до twitter.com, а веќе може да се забележи и промена на главното лого на страната. Ова лого првично беше најавено како привремено, додека се ...
За оваа година се очекува покачување на цените на iPhone 15 моделите со Pro ознаката. Ова веќе можевме да го прочитаме, а сега повторно доаѓа како информација од страна на Blomberg. Како причина за ова качување на цените изгледа е очекувањето да не дојде до раст на пазарот на мобилни, па Apple планира зголемување на своите приходи на овој начин. Иако не се очекува раст на пазарот на мобилни, Apple сепак очекува задржување на количината на ...
Креирањето на квалитетни и ефективни огласи е од клучно значење за да ја максимизирате Вашата продажба и да привлечете што поглем број на потенцијални купувачи или заинтересирани лица. Во текстов во прилог ќе споделиме неколку совети кои ќе Ви помогнат да го креирате најдобриот оглас на најголемата платформа за огласување во државата – Пазар3 мк. Јасен и концизен наслов Привлечете го вниманието на потенцијалните клиенти со наслов кој ја ...
Со пуштањето на Chrome 115 оваа недела, Google и официјално ќе започне со пуштањето на Privacy Sandbox, замената од компанијата за колачињата кои се користат за следење на корисниците, покрај нивната основа функција. Privacy Sandbox беше најавена уште пред неколку години, а сегашната верзија беше најавена во 2020 по критиките на првата верзија. Во основа, корисниците ќе продолжат да добиваат реклами врз основа на страните кои ги отвораат, само ...
Twitter планира да воведе можност за објава на цели статии директно на платформата, нешто што сигурно ќе биде достапно само за претплатниците на Twitter Blue. Ваквата можност на мрежата ќе направи доста голема промена во нејзиниот стил кој е познат уште од самиот почеток по кратките објави со ограничена должина. Ограничувањето започна со познатите 140 карактери, а сега е зголемено на 280, додека претплатниците на Twitter Blue имаа можност за ...
По објавата дека мерката на Netflix со која сака да ја прекине популарната практика на споделување на сметките со пријателите, функционира, дојде и најавата дека истата ќе биде пуштена во целиот свет. Според Netflix, повеќе корисници имаат креирано сопствени нови сметки во споредба со тие кои ги имаат откажано, па сервисот има добиено скоро 6 милиони нови корисници по пуштањето на новата мерка во неколку земји, вклучувајќи ги и САД. Тоа што ќе ...
Apple GPT, како што почнува да се нарекува неофицијалниот голем јазичен модел кој го развиваат од компанијата, според информациите веќе е во фаза на тестирање. Дека од компанијата нема да гледаат од страна неодредено и ќе започнат со развој на свои алатки направени на основа на јазични модели и вештачка интелигенција, можевме веќе да прочитаме, а сега доаѓа и потврда од Марк Гурман од Bloomberg. Вработените на Apple веќе имаат пристап до ...
Според аналитичар од Bank of America, Apple оваа година планира мало одложување на претставувањето на iPhone 15 серијата, кое обично се случува во септември, со исклучок на 2020 кога почна корона кризата. Причина за ова одложување на се дава, а и поради фактот што никој од останатите аналитичари и објавувачи на неофицијални информации не информиран за нешто вакво, се смета дека информацијата може и да не е точна. Исто така, не е познато дали ...
Nearby Share, функцијата на Android која овозможува споделување на датотеки помеѓу овие уреди, од март оваа година стана достапна за корисниците на Windows. Пуштена во бета форма, апликацијата им овозможува на корисниците искуство какво што имаат корисниците на Apple и познатата AirDrop функција. Апликацијата сега официјално е достапна, односно Google ја тргна бета ознаката и ја пушти првата верзија од Nearby Share за корисниците на Windows. ...
Во најновиот финансиски извештај кој го објавија од Netflix, стои заклучокот дека донесената мерка да се стави крај на споделувањето на лозинката со пријателите, покажува резултати. Бројот на корисници кои започнале да плаќаат самите за Netflix, како резултат на мерката, е поголем од тие кои се одлучиле да ја откажат. Со тоа, сервисот има добиено скоро 6 милиони нови корисници. Овој „успех“ од компанијата се смета како причина да мерката биде ...
Новиот Outlook, направен на основа на веб верзијата на outlook.com, треба да ги унифицира имејл апликациите од Microsoft. Тоа значи дека од компанијата ќе имаат една апликација која ќе изгледа исто на сите платформи, а тоа значи и крај за не толку популарната Mail and Calendar која доаѓа вградена со Windows 10 и 11. Овие планови се најавени уште од 2021 година, а целосната реализација се очекува за идната година, кога новиот Outlook конечно ќе ...
Корисниците на познатата апликација за разговори WhatsApp, ја добиваат можноста да испраќаат пораки на корисници кои не се нивни контакти. Досега за ова беше потребно телефонскиот број прво да се зачува во контактите на телефонот, по што ќе се појави и во листата на WhatsApp. Причините зошто некој би сакал да испрати порака на корисникот кој не е во неговите контактите се повеќе, а еден пример е испраќање на порака до доставувачот на храна или ...
Останува уште точно една недела до Galaxy Unpacked настанот кој Samsung оваа година ќе го одржи во Сеул, Јужна Кореа. На овој настан во главно знаеме што да очекуваме да биде претставено, а тоа се двата уреди на преклоп од компанијата, како и новата генерација од паметните часовници кои се едни од најпопуларните на пазарот. Можевме доста да прочитаме за Galaxy Z Fold5, а во главно поврзано со механизмот за преклоп, кој оваа година треба да биде ...
Поминати се 11 години од претставувањето на сопствена апликација за мапи од страна на Apple, која се’ уште се „мачи“ да конкурира на најпознатата Google Maps, а на почеток дури имаше и големи критики за нејзиниот квалитет. Оваа ситуација изгледа конечно почнува да се менува, па според информациите корисниците почесто се решаваат да и дадат шанса на Apple Maps, па голем дел од нив дури ја преферираат оваа апликација во споредба со Google Maps. ...
Новата реклама од Apple, насловена The Underdogs: Swiped Mac, ги прикажува можностите кои им се на располагање на корисниците во случај нивниот компјутер да биде украден. Прикажани се работи како известување на Apple Watch дека компјутерот веќе не е во близина на корисникот, па се до можноста за следење на уредот, негово заклучување, бришење и слично. Рекламата не е баш кратка и е направена како краток филм, секако на интересен начин каде ...
Покрај убавиот изглед на кровните градини, поглед за уживање и престој за рекреација, кровните градини се многу повеќе. Бенефитите особено доаѓаат до израз кога температурите се високи и се постојана грижа за сите. Тоа, на некој начин не приморува сите ние да размислиме како можеме да ја подобриме околината, да обезбедиме подобра иднина и да направиме барем нешто со што ќе помогнеме да го спречиме постојаното зголемување на летните температури, ...
Покрај тоа што Windows 11 добива по неколку надградби во текот на годината, со нови функции, сепак Microsoft ја задржува практиката на пуштање една поголема надградба во есен. Ова може да се каже дека е во рамките на пуштањето на нова верзија секоја година од страна на конкурентите, па и Windows 11 ја менува својата основна верзија. Сепак, кодот на моменталната верзија од Windows 11 и тој кој ќе биде дел од есенската поголема надградба, се исти, ...
Meta најави промени во делот за гледање на видео содржина кај нивната Facebook апликација, дел кој досега беше наречен Facebook Watch. Со оглед на популарноста на кратките вертикални видеа, односно Reels, јасно е во кој правец ќе се движат од мрежата, а со тоа доаѓа и поедноставено име, Video. Во делот Video корисниците ќе можат да ги видат на едно место сите видеа, без разлика дали се работи за Reels, стандардни видеа или видеа во живо. Овој ...
По почетните информации дека на новата апликација од Meta, конкурент на Twitter наречена Threads, одлично и оди и за помалку од недела дена ја има надминато бројката од 100 милиони корисници, сега доаѓаат нешто пореални и очекувани статистики. Бројот на корисници кои активно ја користат Threads во текот на денот е намален на околу половина, што значи дека скоро нема кој не направи своја сметка, но откако ја проба апликацијата, истата веќе и не ...
Netflix Profile Transfer алатката беше претставена во октомври минатата година во главно поради планот на компанијата да почне да не го дозволува популарното споделување на лозинката помеѓу корисниците. Оваа мерка засега не е почната во Македонија, а засега и не се очекува такво нешто, но никогаш не се знае. Сепак, префрлувањето на профилот на друга сметка може да се направи и поради други потреби, па алатката не е целосно некорисна. Во САД и ...
YouTube Premium како претплата, покрај основните предности, овозможува и пристап до експериментални функции кои може, но и не мора да станат достапни за сите. Како и сите тест функции, нивното пуштање зависи од тоа колку биле користени и позитивно прифатени за време на тестот. Една од функциите кои се тестираат во моментот е можноста за зголемување на брзината на видеото до 2x на доста побрз и поедноставен начин од потребата да се отвори менито, ...
Познат е проблемот на Android фрагментација, како што се нарекува, кој во главно постои поради огромниот број на различни производители и уреди, но сепак не треба да се исклучи и факторот на „незаинтересирани“ корисници. Кратко кажано, најновата верзија од Android не е таа која е инсталирана кај мнозинството на Android уреди, а тоа останува случајот дури и по година дена од нејзиното претставување. Google, кои со години веќе работат со ...
Технологија за батерија, која исто така се очекува да се користи од страна на Samsung, а дека од компанијата ја развиваат можевме да прочитаме уште минатата година, изгледа ќе ја користат и од Apple. Се работи за технологија која се користи за производството на батериите за електричните автомобили и користи метода наречена редење, односно сложување на материјалот за батериите на слоеви, за разлика од методата за нивно превиткување и намотување ...
Скопје, 17.07.2023 – Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува шесто издание на Beach Film Festival од 19-ти до 23-ти јули 2023 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид. Годинава публиката ќе има можност да погледне 8 долгометражни играни филмови, 16 ...
Најновата објава од Марк Гурман на Bloomberg ни донесува неколку информации, секако поврзани со Apple. Гурман најавува дека првите уреди кои ќе работат на наредната генерација од чипот на Apple, M3, може да ги очекуваме во октомври. Ова е и стандардно за Apple, да после нивниот септемвриски настан на кој ги претставуваат новите генерации од iPhone и Apple Watch, да претстават и други уреди наредниот месец. Уредите кои ќе го донесат М3 на пазарот ...
Скопје, 17 јули 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd., денес објави дека ја проширува својата линија на ViewFinity монитори со глобалната достапност на 27-инчниот ViewFinity S9 (модел S90PC). Лансирањето на ViewFinity S9 ја зајакнува линијата на монитори со висока резолуција на Samsung по воведувањето на ViewFinity S8 (модел S80PB) во јуни 2022, кој имаше резолуција со ултра висока дефиниција (UHD). Новиот ViewFinity S9 е оптимизиран со ...
Апликациите од познатиот Microsoft Office пакет, сега Microsoft 365, добиваат нов официјален, односно стандарден фонт. Оваа промена доаѓа две години од најавата дека се планира нешто вакво и ставањето на пет фонтови во игра. Петте фонтови беа додадени во апликациите од Microsoft 365, a Microsoft овие две години ги собираше реакциите од корисниците, па сега ја донесоа и одлуката. Новиот официјален фонт на Word, Excel, PowerPoint и Outlook е ...
Денеска, првата оригинална полска серија на SkyShowtime ќе дебитира на стриминг платформата. Серијата има 11 епизоди со времетраење од по 40 минути, а новите епизоди ќе бидат достапни на SkyShowtime секој понеделник. „Warsawianka“ ќе биде премиерно достапна на сите 22 пазари каде е активна платформата SkyShowtime. „Warsawianka“ е фиктивна драма која ги следи трагикомичните авантури на 40-годишниот плејбој Франек Чулковски (таканаречен „Чули“), ...
Аутомакедонија, водечкиот дистрибутер на корејскиот бренд SsangYong во Македонија, организираше “Off Road” настан за прв пат посветен на новинарите и го обележа влезот на новото 100% електрично Korando на македонскиот пазар. Турата на нерамен терен започна од салонот на Аутомакедонија, а SsangYong автомобилите беа испробани на еден поинаков терен, далеку од градските улици се до прекрасниот регион Барово. Присутните имаа можност да ги возат ...
На Pickbox NOW доаѓаат нови интересни документарни филмови како Уметноста на архитектурата и Уметноста на градината, но и серијата која ја открива приказната за Пети Херст, киднапираната богата наследничка, а и го поставува прашањето дали таа е жртва или злосторничка. Еве кои сè документарни филмови ги препорачуваме за гледање во јули на Pickbox NOW. Уметноста на архитектурата (The Art of Architecture) – доаѓа на 28 јуни Уметноста на ...