Како што потврди студијата „Brand Finance Global 500“ објавена денеска, Дојче Телеком е еден од највредните брендови во светот. Експертите ја рангираа Групацијата како единствена европска компанија во првите десет. Како резултат на тоа, Дојче Телеком напредуваше за две позиции во споредба со претходната година и сега се наоѓа на силното деветто место. Дојче Телеком, исто така, за прв пат стана највредниот телекомуникациски бренд во светот, ...

По информациите дека Google се има договорено за тужбата која беше поднесена против нив во 2020, по неуспешните обиди истата да биде отфрлена, сега од компанијата почнаа со промена на делот од Chrome кој беше предмет на тужбата. Групната тужба, која бара од Google 5 милијарди долари како оштета, се однесува на следењето на корисниците од страна на компанијата и кога тие го користат „incognito“ режимот, односно приватниот режим на сурфање. При ...

Samsung денеска го одржува нивниот Galaxy Unpacked настан на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивните смартфони од највисоката класа, односно Galaxy S24 серијата. Настанот насловен „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ како и секогаш ќе биде достапен да се гледа во живо преку YouTube каналот на компанијата, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време. Оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, наместо во Сан ...

Google Maps, за почеток само на Android, доби нова можност која треба да ја подобри навигацијата и нејзината прецизност при возење во тунели, а ова е посебно важно за долгите тунели. Апликацијата доби поддршка за таканаречените Bluetooth beacons, кои се поставуваат на повеќе места во тунелите и со тоа овозможуваат продолжување на навигацијата кога се губи GPS сигналот. Оваа новина може да се каже дека е преземена од уште една апликација за ...

Првпат после 13 години, Samsung не е на првото место според бројот на продадени смартфони во една година. Оваа позиција за 2023 ја презеде Apple, а тоа го имаат постигнато со раст на продажбата и покрај пад на продажбите генерално на пазарот за 3,2%. Првата позиција Apple ја презема со продадени 234,6 милиони уреди, што претставува раст од 3,7%, додека Samsung падна на втората позиција со продадени 226,6 милиони уреди, што е пад од 13,6%. ...

Вештачката интелигенција може слободно да се каже дека стана главната карактеристика кога ќе се помисли на Microsoft изминатите година дена. Тоа ќе стане уште повеќе точно оваа година, па веќе не може да се очекува да некој од производите или сервисите од компанијата не доаѓа со интеграцијата со ВИ. Од компанијата дури најавија и промена на тастатурата за Windows компјутерите која сега вклучува и копче за активирање на Copilot, алатката која ...

Неколку месеци по пуштањето на Copilot за бизнис корисниците, поточно на бизнис пакетите од Microsoft 365, сега генеративната вештачка интелигенција е тука за сите корисници на порано наречениот Office пакет на апликации. Пристапот до Copilot за приватните корисниците на Microsoft 365 Personal и Family пакетите е овозможен преку новиот Copilot Pro. Се работи за Pro верзија од Copilot која чини 20 долари месечно по корисник, што значи дека сепак ...

Донесувањето на два нови закони во ЕУ направи да стане јасно дека Apple ќе мораат да направат неколку работи кои досега не би биле очекувани од нив. Една таква работа е овозможување корисниците да можат да инсталираат апликации од други извори покрај App Store, односно исто како што тоа е можно на Android. Според информациите, од Apple уште од минатата година работат на овозможување на таканаречениот процес „sideloading“ на апликациите, само за ...

Со претставувањето на Windows 11 Insider Preview Build 23615 од Dev каналот, Microsoft ни открија една работа која ја тестираат, а која слободно можеме да ја припишеме во категоријата на типични за компанијата. Типични од аспект на тоа дека повторно тие ќе „наметнат“ нешто на корисниците, па тие ќе мора истото да го исклучуваат преку прилагодувањата, а се со правец да тие се мотивираат да почесто ја користат апликацијата или сервисот. Во овој ...

Двајцата основачи на една од најпопуларните мрежи во денешно време, Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, пред скоро една година го претставија нивниот нов проект, апликација за вести која функционира на основа на вештачка интелигенција. Апликацијата Artifact за кратко време стана доста популарна, а во периодот што следеше редовно добиваше и нови функции. Според мене, тука некаде беше и грешката, па апликацијата стана непотребно сложена и ...

При крајот на минатата година Beeper го имаше последниот обид да ја профункционираат нивната Beeper Mini апликација со iMessage сервисот. Според најавите од нивна страна, тоа беше последниот обид, кој сепак не беше како првичната замисла да апликацијата функционира директно со серверите од Apple, а тоа беше постигнато со процесот наречен „обратно инженерство“. Очекувано беше што Apple направија се што можат да го блокираат пристапот на Beeper ...

По претставувањето на GPTs пред два месеци, односно можноста корисниците да создаваат изменети верзии од ChatGPT за различни потреби, сега истите се достапни од едно централно место. Од компанијата ја претставија продавницата за GPTs, GPT Store, на која веќе се достапни неколку милиони изменети верзии од ChatGPT, а истите се поделени во повеќе категории. Корисниците добиваат пристап до GPTs за пишување, програмирање, истражување, едукација, за ...

2023 година сигурно беше година на „стримање“, а првиот стриминг-сервис во регионот, Pickbox NOW, донесе извонреден избор на серии кои ги воодушевија гледачите и ги освоија критичарите. Во десетте неверојатни наслови публиката зачекори во различни жанрови, доживеа напнатост, хумор и ги истражи емоционалните длабочини. Откријте зошто овие серии заедно собраа повеќе од 120 светски и европски номинации. Ова се десетте најдобри серии во 2023 година ...

Во рамките на CES 2024, Intel ја претстави својата целосна серија на Intel Core 14th Gen процесори за десктоп и лаптоп компјутерите. Оваа серија е освежување до одреден степен на ланската 13та генерација, а посебно внимание привлекува целосно новата Intel Core серија која беше претставена со своите први U модели за потенките лаптоп компјутери. Во октомври минатата година Intel ги претстави првите три процесори од 14тата генерација за десктоп, а ...

Компанија од Калифорнија во САД, која досега воопшто не беше позната, претстави производ кој веќе привлекува доволно големо внимание на пазарот за да може да се каже дека ќе направи разлика на истиот. Rabbit го презентира нивниот производи наречен R1, кој може да се каже дека е нешто слично на џебна верзија на одамна достапните паметни звучници кои функционираат на основа на паметен асистент. Сепак, R1 е многу „попаметен“ и пофункционален, а за ...

Microsoft во текот на вчерашниот ден на кратко стана највредната компанија во САД, а местото го презеде од Apple. Ова сепак траеше доста кратко, па Apple се врати на позицијата после 1 час и 20 минути. Причината поради која Microsoft успеа да го направи ова се гледа во малиот пад на продажбата на iPhone, како и очекувањата дека iPhone 16 нема да придонесе кон измена на оваа ситуација. Овој телефон во главно ќе биде како ланските модели, па затоа ...

Galaxy Unpacked настанот, на кого ќе биде претставена Galaxy S24 серијата, ќе се одржи на 17 јануари, односно идната среда. Местото на настанот оваа година е Сан Хозе, а за тие кои не се таму, преносот во живо ќе биде достапен преку YouTube како и секоја година, со почеток во 19:00 часот. Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека Samsung планира да се врати на претходната практика на поделба на чипот кој го користи според региони, па обично ...

Во рамките на CES 2024, Honda претстави нова серија на автомобили кои ќе бидат целосно електрични, а донесуваат и целосно преработен систем, како и дизајн. Серијата е наречена Honda 0 Series, односно Honda Zero, а со најавата беа претставени и две возила кои сега се само концепт, но во 2026 треба да има автомобили направени на основа на овој концепт. Двата концепт автомобили кои се претставени се Saloon, како седан возило и Space-Hub кое оди ...

Microsoft продолжува со интегрирање на генеративната вештачка интелигенција, односно ChatGPT стилот на алатки, каде и да стигне. Доказ за тоа е интеграција на ВИ во нивната Notepad апликација која не сум сигурен дека воопшто некој ја користи веќе. Оваа година ќе биде годината на вештачката интелигенција, а тоа е јасно од очекувањата за целосна нејзина интеграција во наредната верзија од Windows, а тука се и другите компании кои го прифаќаат овој ...

2023-та година беше прв пат што го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година. Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него дадоа конкретни барања/предлози каде сакаат да ја видат промената во нивните општини. Целта на овој прашалник е да собере што е можно повеќе предлози и тие предлози што се соодветни и надлежна ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29,9 милијарди денари (3,3 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 18,2% во однос на истиот период минатата ...

Тоа што е AirDrop за корисниците на Apple, за корисниците на Google и другите Android ппроизводители е Nearby Share. Оваа функција беше претставена во 2020 година, а минатата година доби и апликација за Windows со што споделувањето на датотеките помеѓу уредите беше проширено и со компјутерите. Со оглед на големината на Samsung, односно бројот на корисници на нивните уреди, не изненадува што тие имаат посебно решение, а истото беше и потребно ...

Во рамките на CES 2024 Samsung претстави технологија која дефинитивно го привлекува вниманието и покрај се друго што е претставено или ќе биде претставено на познатиот саем во Лас Вегас. Од компанијата го претставија првиот во светот проѕирен MICRO LED екран кој слободно може да се каже дека потсетува како да е од научно фантастичен филм и ни дава претстава што може да очекуваме во блиска иднина. Екранот е презентиран заедно со проѕирни OLED и ...

Скопје, 9 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја сподели својата визија за тоа како технологијата за вештачка интелигенција (AI) ќе им овозможи на луѓето да уживаат во своите уреди поинтуитивно и поудобно од кога било досега. Презентирајќи ги овие идеи на прес-конференција на саемот CES® 2024, Samsung се здружи со клучните партнери за да ја претстави технологијата зад оваа визија и да објасни како новите производи и услуги ги ...

Apple Vision Pro, првиот уред за проширена реалност од компанијата, ја доби и официјално датата на достапност. Како што беше најавено и се очекуваше, Vision Pro требаше да почне да се продава од почетокот на оваа година, па датата на достапност е 2 февруари. Овој уред, кој од компанијата не го нарекуваат уред за проширена реалност, туку „просторен компјутер“, ќе им биде достапен само на корисниците во САД, а тие ќе можат да почнат со преднарачки ...

При крајот на минатата година судот во Калифорнија го паузира судењето против Google од страна на група на тужители поради постигнат договор помеѓу двете страни. Идниот месец треба да биде презентирано пред судот што е тоа што е договорено, доколку во меѓувреме нешто не се промени, по што ќе се знаат точните услови под кои ќе биде разрешена тужбата. Тужбата е поднесена од група на корисници од Chrome претставувани од страна на компанијата Boies ...

Како што беше планирано, Google од вчерашниот ден започна со вклучување на нивната „Tracking Protection“ функција во Chrome, која сепак има не баш реално име кога ќе се спореди со истата функција кај другите прелистувачи. Google Chrome не добива листа на „тракери“ кои ќе ги блокира, како и заштита од „fingerprinting“, па оваа новина се што прави е да ги исклучи „колачињата од трети страни“. Сепак, ова не е мала работа и истата значително ќе ја ...

Скопје, 5 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co. Ltd., денес ги најави новите гејмнинг монитори Odyssey OLED, кои ќе дебитираат на CES® 2024, најголемиот светски технолошки настан организиран од Consumer Technology Association (CTA)®, a кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела. Новите OLED модели нудат перформанси и визуелна јасност што гејмерите ја бараат од своите монитори, а ги вклучуваат моделите: Odyssey OLED G9 (Име на модел: ...

Решеноста на Microsoft да ја интегрира генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи, а тоа посебно ќе важи за оваа година, сега се гледа и во промена на Windows тастатурата после можеби 30 години. Тастатурите за Windows добиваат ново копче, Copilot, со чие притискање ќе се активира овој „асистент“ од компанијата. Засега ова копче ќе ја има само оваа функција, но ќе видиме во иднина дали ќе може да се комбинира како што е случајот ...

Можеби не толку легендарен како Renault 4, сепак и Renault 5 беше еден од повеќе познатите автомобили пред 50 години, а остана на пазарот до средината на деведесеттите. Во 2021 Renault најави дека планира да го врати овој автомобил на пазарот, но во модерна и целосно електрична форма. Сега автомобилот има и официјално име, а се очекува да биде официјално претставен идниот месец, па да започне со продажба до летото. Renault 5 E-Tech е новото име ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1006
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1001
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
67%
995
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
57%
1006
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.77
58%
1006
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
94%
994
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
78%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
60%
1008
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
94%
1008
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
58%
1007
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
90%
997
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
77%
1011
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5636

Currency

37.941

Currency

66.5532

Currency

7.45065

Currency

0.65307

Currency

0.34785

Currency

0.52534

Currency

1.26468

Currency

0.60441