
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Скопје, 2 ноември 2023 г. – Samsung Electronics глобално ја воведе Привремената резервна копија во облак, која е безбеден и лесен начин за зачувување и пренос на важни податоци. Во ситуации кога корисниците на Samsung Galaxy ќе се вознемират заради губење на нивните податоци, вклучувајќи фотографии, видео записи и приватни датотеки, оваа функција обезбедува удобност и сигурност. Ја нагласува постојаната посветеност на Samsung за обезбедување ...
Тестот кој Google го започна со блокирање на пристапот до видеата за корисниците кои користат некои од познатите „блокирачи“ на реклами, сега излегува од таа фаза и се проширува на сите. Информацијата ја потврдуваат од компанијата за The Verge, па во периодот што следи сите корисници може да ја очекуваат пораката на црна позадина која не им дозволува да ги гледаат видеата. На пораката стои дека блокирањето на рекламите е спротивно на условите ...
Microsoft официјално започна со пуштање на Windows 11 2023 надградбата која требаше да биде главната и најголема за оваа година. Од компанијата се одлучија да ги „измешаат“ работите малку, па не знам од која причина, повеќето новини беа пуштени во септември, па оваа надградба може да се каже дека во главно само ја менува верзијата на системот. Ова значи дека корисниците кои ја инсталираа септемвриската надградба веќе го добија Copilot, новиот ...
Meta официјално го најави воведувањето за првпат на претплата за користење на Facebook и Instagram мрежите без реклами во Европа. Корисниците ќе ја имаат можноста да плаќаат 9,99 евра месечно, односно 12,99 доколку се претплатат преку мобилната апликација и со тоа веќе да не гледаат никакви реклами на мрежите, а исто така нивните податоци веќе да не се користат за рекламни цели. Ова беше неофицијално најавено на почетокот од месецот, а секако ...
На денешниот настан, кој невообичаено се одржа во 1 часот по полноќ по наше време, Apple ги претстави М3 чиповите, овој пат три верзии заедно кои обично ги претставува во два различни периоди. Заедно со овие чипови, од компанијата ги претставија и првите компјутери кои ќе работат на нив, па тука е освежувањето на веќе две години стариот iMac 24 инчен, а секако тука се и новите верзии од MacBook Pro. Овој пат, како основен MacBook Pro ќе се смета ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“, ќе ги прошири едукативните активности и во Гевгелија. Учениците од основните училишта во надлежност на оваа општина ќе имаат прилика да се здобијат со знаења за проблемот со врсничкото насилство преку работилници што ќе ги овозможи компанијата, а ќе бидат предводени од психотерапевт со практично искуство на оваа тема. „Макпетрол“ и Општина Гевгелија денес ...
Македонски Телеком продолжува со успешното работење и со позитивен тренд на раст и во третиот квартал од 2023 година. Од почетокот на годината, бројот на корисници континуирано расте, а во фокусот останува интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 11,6 проценти споредено со истиот период ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“, ќе ги прошири едукативните активности и во Гевгелија. Учениците од основните училишта во надлежност на оваа општина ќе имаат прилика да се здобијат со знаења за проблемот со врсничкото насилство преку работилници што ќе ги овозможи компанијата, а ќе бидат предводени од психотерапевт со практично искуство на оваа тема. „Макпетрол“ и Општина Гевгелија денес ...
iMac, можеби најпознатиот се-во-едно компјутер во светот, последен пат беше надграден во 2021 кога 24 инчната верзија го доби тогаш новиот М1 чип од Apple. На настанот кој се одржа денеска по полноќ, iMac доби освежување, па повторно само 24 инчната верзија го добива новиот М3 чип. Овој компјутер во главно останува ист, па главната промена е кај чипот, иако тоа и не е баш мала промена, посебно кога ќе се земе во предвид дека доаѓа после повеќе ...
Apple денеска, во еден часот после полноќ по македонско време, го одржа нивниот „застрашувачки брз“ настан, кој повторно беше само онлајн, а овој пат беше и доста краток. На настанот како што се очекуваше беше претставена наредната генерација од доста успешниот чип од компанијата. Претставени беа M3 чипот, а овој пат заедно беа претставени и посилните верзии, M3 Pro и M3 Max. Како главна новина кај M3 серијата е големото подобрување кај ...
Microsoft Word, во денешно време апликација која нема кој не ја познава, а ретко и кој не ја користи, оваа година ја слави својата 40 годишнина. Апликацијата беше претставена во 1983 година, во време кога Microsoft се’ уште го немаше најпопуларниот оперативен систем за компјутерите. Во денешно време Word е дел од Microsoft 365 пакетот кој сега најчесто се користи како преку претплата, а иако основата може да се каже дека е иста, апликацијата ...
Samsung денеска ја најави посебната и во ограничени количини верзија од Galaxy Z Flip5, која е направена во чест на 20 годишнината од SGH-E700 телефонот од компанијата. Galaxy Z Flip5 Retro телефонот е избран секако поради тоа што и тој е „флип“ телефон, но во доста помодерна форма за разлика од тие пред 20 години. Сепак, за доста старите телефони беа многу повеќе популарни и до појавата на смартфоните овие уреди го привлекуваа главното ...
Microsoft одамна се познати по „тактиките“ кои ги користат за насочување на корисниците или задржување на некој од нивните производи, а тоа посебно важи за Edge прелистувачот. Сега, според пријави од корисниците, од компанијата вклучуваат анкета која се појавува во лентата на десната страна од екранот. Тука од компанијата ги интересира зошто корисниците имаат потреба од друг прелистувач, па имаат цела листа на можности кои корисниците можат да ...
Скопје – 27 октомври 2023 г. – Со задоволство можеме да ја споделиме веста дека Samsung Galaxy Z Flip5 е вклучен во листата на најдобри иновации за 2023 година од страна на списанието TIME, кои го прават светот подобар, попаметен и позабавен. Ова е трета година по ред како серијата Galaxy ја добива оваа престижна награда. За да ја состави листата за 2023 година, TIME побара номинации од своите уредници и дописници ширум светот, оценувајќи го ...
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Македонија и членките на ИТ секторот, за анализа на пазарот и за изразување на ставовите на компаниите во врска со тековните случувања и предизвиците во областа на Информациските и комуникациските технологии. Денешниот настан е во согласност со политиката на МИОА за целосна транспарентност и јавното ...
Според извори и проценки од страна на познатиот Минг-Чи Куо, Apple се’ уште немаат започнато со развојот на наредната генерација од нивниот Ultra часовник, односно Watch Ultra 3. Кога ќе се земе во предвид втората верзија, можам слободно да заклучам дека ако ова е точно, воопшто не изненадува. Од компанијата слободно можеа да ја прескокнат и годинешната верзија. Apple Watch Ultra 2 не донесе нешто посебно ново во споредба со ланскиот модел, ...
Најмладите во Општина Илинден од денес ќе можат да се забавуваат во нов детски парк чиешто хортикултурно уредување е донација од „Макпетрол“. Во рамки на своите општествено одговорни активности компанијата редовно презема чекори коишто придонесуваат во справувањето со еколошките предизвици на денешницата. Оваа поддршка се реализира како дел од проектот „Зелена Општина Илинден“ во кој што „Макпетрол“ се вклучи на покана на општината. – ...
За изминатите неколку години дефинитивно може да се каже дека двете најголеми платформи почнаа да ги воведуваат некои од најдобрите функции едни од други. Додека на некои им е интересно да обвинуваат за крадење на функции, ова сепак на крајот е добро за корисниците. Samsung, за корисниците на најновата верзија од нивниот систем, односно One UI 6, воведуваат нов начин за бекап на податоците за корисниците, нешто што досега беше карактеристично и ...
Во рамките на Lenovo Tech World ‘23, Motorola повторно излезе со интересен концепт кој вклучува уреди кои се превиткуваат и го поставуваат прашањето за можноста да прерасне во вистински производ на пазарот. По сличниот ваков концепт од 2016, компанијата која од 2014 е во сопственост на Lenovo, сега излезе со нов, доста пореален поради достапната технологија, концепт на речен „adaptive display“. Се работи за на прв поглед класичен смартфон кој ...
Xiaomi денес ја претстави нивната Xiaomi 14 серија која е составена од два модели, Xiaomi 14 и Xiaomi 14 Pro. Телефоните од оваа серија се и првите кои работат на новиот Snapdragon 8 Gen 3, а од тоа што можевме да го видиме на претставувањето на чипот, корисниците можат да очекуваат доста добри перформанси. Xiaomi 14 телефоните имаат уште една новина која е првпат воведена кај нив, а тоа е новиот оперативен систем од компанијата наречен HyperOS, ...
Во рамките на Lenovo Tech World ‘23, Motorola повторно излезе со интересен концепт кој вклучува уреди кои се превиткуваат и го поставуваат прашањето за можноста да прерасне во вистински производ на пазарот. По сличниот ваков концепт од 2016, компанијата која од 2014 е во сопственост на Lenovo, сега излезе со нов, доста пореален поради достапната технологија, концепт на речен „adaptive display“. Се работи за на прв поглед класичен смартфон кој ...
Откажувањето на Windows Phone, поточно Windows 10 Mobile во поновите верзии, го означи откажувањето на Microsoft од овој пазар после години недоволно ангажирање околу овој дел од бизнисот. Иако мобилниот оперативен систем на Microsoft не можеше да се носи со Android и iOS, тој сепак еден период имаше шанса да успее да го направи токму тоа. Дискусии околу зошто Windows 10 Mobile не успеа има доста, но повеќето се согласуваат дека од компанијата ...
X, а мислам дека веќе не мора да се кажува поранешен Twitter, официјално ги воведе најавените повици преку мрежата. Корисниците сега ќе можат да прават аудио и видео повици, но очекувано, оваа можност е достапна само за Premium претплатниците. Иако може да се каже дека на корисниците не им е потребна уште една апликација за повици, сепак за тие кои активно ја користат оваа мрежа, може да е добар начин за комуникација, а посебно доколку истата ...
Скопје, 25 октомври 2023 – Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. КаСис ...
Водени од својата посветеност за поттикнување иновации и економски прогрес преку поддршка на локалната заедница, ПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард, нудат единствена можност за сите стартапи и фриленсери – целосно бесплатно користење на новиот коворкинг простор #HiveRoom. Разбирајќи ги потребите на модерните професионалци, и препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, целта на овој партнерски проект е ...
Во рамките на Snapdragon Summit, Qualcomm покрај првата сериозна конкуренција на Apple M чиповите, ја претстави и наредната генерација од нивниот чип за мобилните. Snapdragon 8 Gen 3 донесува доста добро подобрување од претходниот модел, а може да се каже дека Apple и тука добива посериозна конкуренција на нивниот најнов А17 Pro чип кој беше претставен со iPhone 15 Pro серијата. Qualcomm посебно ги истакнува подобрувањата во делот на вештачката ...
До пред некој ден се веруваше дека Apple нема да го одржи својот втор есенски настан, кој обично го одржува во октомври, по септемвриското претставување на нова генерација од iPhone. Овој настан сепак ќе се одржи и истиот е закажан за 30 октомври, односно следниот понеделник и повторно ќе биде само онлајн, а ќе може да се гледа преку YouTube. Настанот овој пат ќе започне нешто подоцна, односно по македонско време тој ќе се одржи утрото на 31 со ...
По најавата пред скоро две недели, оваа недела во рамките на Snapdragon Summit, Qualcomm официјално го претстави првиот чип од Snapdragon X серијата. Snapdragon X Elite е чипот кој конечно ќе треба да донесе конкуренција на M серијата на чипови од Apple, кои до крајот на месецот треба да ја видат и својата трета верзија. Поради одличните перформанси, а доста помала потрошувачка, Apple направи огромен успех на пазарот од претставувањето на првиот ...
Два од најпознатите извори на тема Apple го најавуваат влезот на компанијата на „пазарот“ на генеративна вештачка интелигенција. Реално тоа може да се очекува идната година, најверојатно со наредната генерација од оперативните системи како iOS и macOS. Марк Гурман, во неговиот неделен билтен, истакнува дека Apple биле затекнати од „ненадејната“ популаризација на ChatGPT, веднаш потоа и новиот Bing, како и Bard од Google, а тука е и новата ...
Meta конечно додава поддршка за динамична промена на бојата во Android и со тоа на корисниците ќе им овозможи нивната Instagram апликација да изгледа соодветно на екранот на корисниците кои ја користат оваа можност. Facebook изгледа ќе мора да почека уште некој период, па сината икона на оваа апликација ќе продолжи да го нарушува изгледот на главниот екран. Динамичната боја е функција која првпат стана достапна со Android 12, но стана вредна да ...