
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Microsoft се подготвуваат да ја пуштат првата надградба со нови функции за оваа година. Иако истата се’ уште не е официјално најавена, Windows Central ја најавува „February 2024 Moment“ надградбата која треба да биде петта ваква надградба на Windows 11. Според информациите, оваа надградба може да се очекува на 27 овој месец, како „опционална“ надградба која обично е наменета за корисниците кои почесто проверуваат за нови верзии и сакаат да ги ...
До крајот на март се очекува дека Apple конечно ќе воведе OLED екран кај нивните iPad Pro таблет компјутери. Нешто што е одамна стандардно кај повеќето Android конкуренти, ќе донесе подобра ефикасност, како и одличен контраст за корисниците на iPad Pro. За iPad Pro OLED моделите читаме веќе цела година, а една од информациите беше дека Apple планира доста големо покачување на цените на овие уреди. Основниот модел наводно треба да добие скоро ...
Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000€ за реконструкција на 2 објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти. За да се означи почетокот на проектот денес во просторииите на Хабитат Македонија е потпишан и меморандум за ...
Пред официјалното пуштање на Apple Vision Pro, Netflix, Spotify и YouTube најавија дека тие нема да развијат посебни апликации за овој нов уред од Apple, па дури одбиваат да ги дозволат iPad верзиите да функционираат на уредот. Популарноста на првата верзија од овој „просторен компјутер“ кој чини дури 3500 долари, а е произведен во мала количина, не беше баш јасно колку да се очекува. Сепак, по достапноста во продажба на почетокот на месецот ...
За време на презентацијата на финансиските резултати, директорот на Qualcomm го најави доаѓањето на компјутерите кои ќе работат на нивниот најнов Snapdragon X Elite чип. Овој чип треба конечно да донесе конкуренција на делот од пазарот каде MacBook изминатите неколку години го привлекува главното внимание, а во главно поради M чиповите од компанијата кои нудат одлични перформанси, со доста ниска потрошувачка. Од Qualcomm веќе тврдат дека нивниот ...
Како што беше неколку пати најавено, Google започна со исклучување на „колачињата од трети страни“ за 1% од нивните корисниците на Chrome. Овој процес започна на 4 јануари оваа година, а треба да се прошири на сите корисници до крајот на годината. Од Google оваа новина ја нарекуваат официјално „Tracking Protection“, иако тоа може да ги збуни корисниците со оглед на тоа што нуди многу помалку од истата функција кај конкурентите кои блокираат ...
Покрај тоа што програмерите ќе можат да почнат да користат друга технологија за прелистувачи од таа на Apple од идниот месец во ЕУ, тие ќе можат да претстават продавници за апликации. Тоа значи дека корисниците во ЕУ ќе можат да инсталираат апликации надвор од App Store, па тоа наводно ќе донесе повеќе избор за нив и можности за помалите програмери. Јасно е дека овие одлуки Apple ги носи поради новите европски закони, а не е нешто што би сакале ...
Иако може да се каже бавно, сепак Windows почнува да станува попривлечен систем и за другите корисници, кои не се „гејмери“ или обични корисници кои работат со Office пакетот. Додавањето на, кратко кажано, Linux во самиот систем направи доста за корисниците кои имаат потреба од алатките кои ги нуди Linux, но сепак имаат потреба од Windows. Сега Windows ќе ја добие една од почесто користените „алатки“ од страна на програмерите и инженерите на ...
Со iOS 17.4, надградба која ќе биде пуштена идниот месец, Apple ќе воведе неколку промени кои одбива да ги воведе со години, но сега мораат поради новите закони во Европската Унија. Една од тие промени е овозможување апликациите да користат различна технологија за прелистувачи од WebKit на Apple на која работи Safari. Тоа практично значи дека Firefox, Chrome и другите ќе можат да почнат да ги користат сопствените технологии во нивните iPhone ...
Apple, типично за нив, се’ уште немаат влезено на пазарот на уреди на преклоп, односно уреди со екрани кои се превиткуваат. Кога ќе ги видиме тие што се достапни, станува јасно зошто од Apple чекаат, па се надеваме дека кога тие ќе претстават некој ваков уред, ќе ги нема недостатоците на конкурентите. Гласините досега кажуваат дека Apple прво би претставиле iPad на преклоп, па дури потоа може да се очекува и iPhone. Ваков iPad се најавуваше за ...
Apple Vision Pro од денеска официјално им станува достапен на корисниците во САД. Од Apple најавија дека корисниците ќе имаат избор од повеќе од 600 апликации кои се специјално развиени за овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван. На овие повеќе од 600 апликации треба да се додадат и повеќе од 1 милиони апликации кои иако не се специјално развиени за уредот, се компатибилни во нивните верзии направени за iPad и iPhone. Ова ...
Најновата апликација која ќе ги добие придобивките од генеративната вештачката интелигенција од Google е нивната Maps. Оваа интеграција ќе им овозможи на корисниците да побараат нешто од огромниот број на достапни места и бизниси, на начин како што тоа би го направиле доколку прашаат некој човек. Од Google сакаат да ги искористат огромниот број на места достапни во нивната апликација, повеќе од 250 милиони, како што истакнуваат од компанијата, ...
Без разлика како ќе биде наречена наредната верзија од Windows, Microsoft ќе ги однесе новите функции кај истата, а посебно тие поврзани со вештачката интелигенција. Сепак, останува интересно да се види дали гласините за враќање на тригодишниот циклус ќе се покажат како точни, па оваа година да биде претставен Windows 12. Очекувањата за Windows 12 се тука и поради фактот што доколку од компанијата се одлучат за целосно нова верзија од системот, ...
Дека од Apple работат на развој на свои големи јазични модели и генеративна вештачка интелигенција досега можевме да прочитаме само од гласини, иако се сметаше дека мали се шансите тие да не се точни. Сега директорот на компанијата, Тим Кук, го потврди ова, иако очекувано не даде повеќе информации. Тој истакна дека од компанијата продолжуваат да вложуваат огромно време и напор и се возбудени да ги споделат деталите од нивната работа подоцна во ...
Google најави дека нивните YouTube Premium и YouTube Music сервиси сега имаат повеќе од 100 милиони корисници. Оваа бројка е вкупна за двете претплати, а од компанијата истакнуваат дека во неа влегуваат и корисниците кои моментално се на бесплатниот тест период. Можноста за претплата на YouTube беше претставена во 2015 година, а со истата корисниците добија можност да продолжат да го слушаат видеото и кога ќе го заклучат нивниот уред, ја добија ...
Neuralink, една од компаниите на Елон Маск, успешно го има направено првото вградување на нивниот чип во мозокот на човек. Информацијата за истото ја објави Маск преку неговата X, а во објавата тој кратко информира дека првиот човек го има добиено имплантот од Neuralink и дека тој добро се опоравува. Според Маск, првичните резултати покажуваат ветувачко детектирање на зголемена активност на невроните. Neuralink започна со барање на пациенти за ...
Wi-Fi HaLow, стандард кој беше претставен пред осум години, наменет за уредите кои имаат помала потрошувачка на енергија, покажува знаци на практична употреба. Овој стандард се развива независно од Wi-Fi 6 и Wi-Fi 7, а има и различна намена, што значи дека целите не се мешаат едни со други. Напредокот во развојот на стандардот доаѓа од страна на компанијата Morse Micro кои овој месец презентираа успешно функционирање на врската на оддалеченост ...
Редизајнот на OneDrive кој Microsoft го најави во октомври минатата година, сега почнува да им станува достапен на корисниците. Се мисли на веб верзијата од сервисот, а истата постепено ќе биде пуштана се до крајот на месецот кога сите корисници ќе ја добијат. Новиот дизајн на OneDrive е доволно голем, па веднаш се забележуваат разликите. Покрај корисничкиот интерфејс, сервисот добива и функционални промени, па корисниците можат да очекуваат ...
Nothing денеска го најави претставувањето на нивниот трет телефон од формирањето на компанијата, а тој ќе го носи името Nothing Phone (2a). Од самото име можеме да видиме дека не треба да се очекува голема промена од ланскиот модел, па од компанијата паметно се имаат одлучено за соодветно име на телефонот. Во најавата на Phone (2a), Nothing се осврнува на типот на корисници кои ги имаат, па истакнуваат дека иако има такви кои се технолошки ...
Изгледа Microsoft Edge ќе се приклучи на малиот број на интернет прелистувачи кои нудат поддршка за „екстензии“ кај мобилните верзии. Ова секако се мисли на Android, а iOS се’ уште останува доволно затворен систем за да ваквите функции тешко може да се очекуваат. Во тест верзиите од Edge на Android откриена е можноста да се вклучи поддршката за екстензии, што значи дека не е официјално пуштена. Истото се прави преку „flags“ делот за ...
Познатиот Марк Гурман од Bloomberg во неговиот најнов билтен најавува дека iOS 18 може да биде најголемата надградба на системот досега. Според него, односно неговите извори, внатре во компанијата на годинешната надградба се гледа како на една од најголемите во историјата на компанијата. За жал, во овој момент тој не даде повеќе информации за да го поддржи ова тврдење, но најави дека тоа ќе го направи наскоро, во некој од следните неделни ...
Microsoft продолжуваат со нивната карактеристична тактика за зголемување на популарноста на нивните производи со правење на нешто што секогаш го има спротивниот ефект. Повторно овој стил се применува за зголемување на популарноста на нивниот интернет прелистувач, па овој пат Microsoft Edge пристапува до отворените „табови“ на Chrome. Ова е досега позната функција, но истата беше замислена да функционира само еднаш, при префрлувањето на ...
Huawei минатата недела го претстави HarmonyOS NEXT, оперативен систем наменет за програмерите со кого ќе започне целосното тргање на зависноста од Android за овој бренд. Со помош на оваа верзија од HarmonyOS, програмерите ќе можат да почнат да ги развиваат нивните апликации специјално за овој систем, а до крајот на годината истиот веќе нема да поддржува Android апликации. Како што е познато, Huawei започна со развој на HarmonyOS, на почеток за ...
Прозорот кој се појавува при инсталација на Windows 11, конечно добива редизајн, иако не се работи за некоја драстична промена. Сепак, дизајнот кој постои уште од Windows 8 е типичен пример за неконзистентноста на Microsoft кога се во прашање елементите на корисничкиот интерфејс во Windows 11. Иако овој оперативен систем доби доста голем редизајн, сепак голем дел од елементите се останати, дел од нив уште од пред 20 години. Microsoft дури успеа ...
По ланското додавање на можноста за препознавање на песни кои се пуштени на било која апликација на мобилниот, Shazam сега оди и чекор понатаму. Корисниците ќе можат да ги препознаваат песните од апликациите и кога ги слушаат преку слушалки. Оваа новина е дел од последната надградба на апликацијата, поточно верзијата 17.3. Во описот на надградбата Apple истакнуваат дека препознавањето на песните може да се прави со жичани и безжични слушалки, а ...
Денес, телекомуникациската индустрија напредува со многу брзо темпо. Како што чекориме во доменот на новата технолошка ера, неизбежно е да се поздравиме со застарените технологии. 3G, којашто ја донесе интернет ерата, иако некогаш револуционерна, одамна е надмината и многу светски и европски оператори ја напуштаат. Овој чекор придонесува за дополнителен развој на 4G и 5G, коишто носат многу поголеми брзини, погoлема ефикасност и подобро ...
Најновата тест верзија од Google Chrome од Canary каналот донесува поддршка за Windows на ARM чиповите, нешто што не беше додадено кај овој прелистувач уште за овој систем. Chrome на Linux и macOS одамна има изворна ARM верзија, но со оглед на ситуацијата на Windows, не изненадува што тоа се случува дури сега. Пуштањето на изворна верзија од Chrome за Windows компјутерите кои работат на ARM чип за корисниците значи донесување на стандардното ...
Примената на една ваква технологија ќе има ефект на многу области, но секако нас веднаш тоа што не интересира е можноста да имаме смартфони кои никогаш нема да мора да ги полниме. Кинеската компанија Betavolt е на чекор да го овозможи тоа, ако не наскоро, барем во наредните пет години. Од Betavolt го најавија успешното развивање на атомска батерија која е замислена да се користи и од страна на обичните корисници. Истата има можност да ...
Основните училишта во Штип, „Ванчо Прќе“,„Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се приклучуваат на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од овие образовни установи ќе имаат можност, преку работилници организирани од компанијата, подобро да се запознаат со причините за ваквото однесување, како и со последиците од булингот. Со цел поефикасна реализација на активностите денес ...
Поголемиот дел од апликациите од Microsoft кои доаѓаат заедно со Windows, добија некаква поголема или помала надградба со Windows 11, а и во текот на годините потоа. Тоа не беше случајот со Sticky Notes, апликација која можеби не е до толку важна, но е корисна, а посебно по поврзувањето со „облакот“ и можноста за отворање на белешките од било кој уред. Од компанијата, поточно преку X профилот на апликацијата, најавија дека може да се очекува ...