Бугарскиот бизнисмен и филантроп Милен Врабевски ги финансира бугарските клубови со спорни историски имиња во Македонија. Македонци и македонско здружение од Канада се финансиери на отворањето на Македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Македонски бизнисмени од Канада го финансираат Македонскиот културен клуб во Благоевград кој треба да се отвори на 30 октомври. Бугарски милионер и филантроп ги финансира бугарските клубови со спорни ...

Неофицијалните податоци посочуваат дека меилот со лажната дојава за бомба пристигнал од интернет платформа со седиште во Швајцарија. Тезите за тоа кој стои зад лажните дојави во десетина средни училишта одат од хибридна војна до дигитално снаодливи средношкоци кои не се подготвиле за тромесечието. „Добредојдовте на подобар интернет каде приватноста и слободата се на прво место“. Ова е пораката на насловната страна на Протон мејл, веб платформа ...

Косовските институции ги обвинуваат „нелегалните екстремистички групи“ за напади врз припадници на српската заедница за да ги „заплашат“ да не ги пререгистрираат возилата со таблички на РКС. Рокот на Приштина за пререгистрација на возила истекува на 31 октомври. Сандра Цветковиќ, Артон Конушевци Тоа се претежно таблички КМ (Косовска Митровица), кои се нелегални за Косово, но досега се толерирани во општините со српско мнозинство на северот на ...

Независно од тоа кој ќе ја добие битката во „војната“ меѓу Арсовска и вработените во јавните претпријатија, граѓаните се тие кои ќе ги трпат последиците, коментира стручната фела осврнувајќи се на препукувањата меѓу градоначалничката, директорите на некои јавни претпријатија и синдикатите Минатата недела Скопјани се соочија со хаос низ градските улици бидејќи возачите на јавното сообраќајно претпријатие штрајкуваа поради неисплатена плата за ...

Доколку не се промени собранискиот Деловник и во иднина ќе останат можностите за блокирање на Собранието, смета претседателот на Парламентот Талат Џафери. Истражувачи од Институтот за демократија оценуваат дека блокадите покажуваат недостаток на консензус за важните прашања во државата. Блокадите во Собранието се случуваат уште од 2020 година, од самиот почеток на мандатот на актуелниот пратенички состав, така што некои закони се заглавени и ...

Преку повик за помош на Фејсбук, социјалната работничка Моника Чекаловиќ, собра екипа волонтери и без директен контакт со парите, заедно од темел изградија куќа за сиромашно семејство во село Кучевиште, Чучер Сандево. Но предупредува дека во некои хуманитарни акции мотивите не се искрени. Младата социјална работничка, Моника Чекаловиќ, која работи во Јавната установа за воспитување, згрижување и образование на деца во социјален ризик и нарушено ...

Парите од ЕУ, се добредојдени, се дел од коментарите по помошта од 80 милиони евра која ја најави претседателката на ЕК, Фон дер Лајен. Од една страна ќе придонесе за ублажувањето на енергетската криза, а од друга страна е сигнал дека евроинтеграциите продолжуваат. Со помош од 80 милиони евра, ЕУ преку посетата испрати порака дека земјава и Западен Балкан не се сами во справувањето со енергетската криза, ако се суди според изјавата на ...

Финска и Шведска се поблиску до членството во НАТО со тоа што 28 од 30-те членки на воената алијанса досега ја имаат депонирано ратификацијата за нивното пристапување по гласањата во националните парламенти. Она што сега недостасува е иницирање слични процеси во Унгарија и Турција. Рикард Јозвијак Сепак, со новата шведска влада и изборите и во Финска и во Турција во првата половина на следната година, дипломатите се се повеќе уверени дека ...

Гасење на светилките и соработка со колегите е рецептот за заштеда на струја од 43% во Министерството за локална самоуправа. Во Правда, до заштеда од 12% стигнаа преку промена на светилките и повеќе ограничувања, додека ЕСМ во септември и без фасада заштеди над 70% со исклучување на греењето. Нови штедливи светилки. Лифтот заменет со скали. Нема вклучување клими и дополнителни греалки. Темни ходници. Ова се само дел од мерките што министерствата ...

Европски грант од 80 милиони евра за Северна Македонија и 500 милиони евра за регионот најави претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Скопје на првата станица од нејзината балканска турнеја. Договорот меѓу ЕУ и Северна Македонија потпишан на македонски јазик. Итна буџетска помош од 80 милиони евра во јануари ќе бидат достапни за македонската влада во справувањето со енергетската криза, најави денеска претседателката на Европската Комисија ...

Необјаснетите оштетувања на гасоводите „Северен тек“ што минуваат под Балтичкото Море ги урнаа надежите дека протокот на руски гас до Европа ќе продолжи и оти ќе биде избегната енергетската криза оваа зима. ЕУ пак, работи на тоа целосно да се оттргне од зависноста од руски гас. „Северен тек 1“ е неактивен од крајот на август поради одржување, што предизвика загриженост за снабдувањето во Европа. Русија, исто така, го прекина снабдувањето за ...

Голем број на граѓани се жалат дека поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци добиваат висока сметка и автоматски влегуваат во најскапата тарифа за струја. ЕВН тврди секој месец се читаат броилата. До народниот правобранител секојдневно стигаат поплаки. Човек што плаќал по 600-700 денари струја месечно, сега добил сметка од 7.000 денари. Голем број на граѓани се жалат дека, поради нередовно отчитување на ...

Кавадарци се збратими со украинскиот град Буча, кој за јавноста стана познат по воените злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина. Од Кавадарци кон Буча веќе патува генераторот за струја, а првиот човек на општината најавува повеќе помош и продлабочување на соработката . Веднаш по руската инвазија во Украина, Кавадарци одвои 600.000 денари помош за градот Буча, еден од градовите беа најсилно погодени од конфликтот. За ...

На посветеноста на ЕУ за интеграција на Западен Балкан, војната во Украина и справувањето со енергетската криза ќе се фокусира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при посетата на регионот. Се очекува таа да претстави пакет за енергетска поддршка тежок една милијарда евра. Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен со посетата на Скопје на 26 октомври ја започнува турнејата во земјите од Западен ...

Сега не е време да се бара во Уставот да биде променета формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од населението“ во албански народ, албански јазик затоа што ќе ја искомплицира состојбата во општеството, сметаат дел уставни експерти. За други, оваа дефиниција во Уставот е несоодветна и спротивна на природното право. Се зголемува бројот на албанските парламентарни партии кои бараат во Уставот да биде избришана формулацијата „20 ...

Со конкретни имиња излезе ВМРО-ДПМНЕ за таканаречената афера „Тајни имоти“ откако истече рокот од 24 часа за пријавување на „скриен“ имот. СДСМ и Ковачевски потсетија дека ДКСК е надлежна за проверка на имотот. Казните за неподнесување на анкетен лист се од 300 до 400 евра. Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински се првите имиња од аферата „Тајни имоти“ кои денеска ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Аферата, според опозициската ...

Од војната во Украина до неодамнешното ракетно тестирање на Северна Кореја, се дебатира за тактичкото нуклеарно оружје на начин невиден од Студената војна. Деновиве зачестија и зборувањата за таканаречена „валкана бомба„ конвенционална боева глава со радиоактивни, биолошки или хемиски материјали. Не постои универзална дефиниција за тактичко нуклеарно оружје, а аналитичарите забележуваат дека употребата на секаков вид нуклеарна направа би го ...

Експертите од Светска Банка препорачуваат фискалната поддршка на земјава да се насочи кон најранливите домаќинства и компании, а реформите во енергетскиот сектор да не се одложуваат. Министерот Бесими пак нагласува дека потребата од фискална консолидација е поголема од кога и да било. Во ек на енергетска криза и војна во Украина, Македонија се соочува со највисока инфлација досега, со што несразмерно се намалуваат реалните приходи на ...

Во владата велат дека големите фирми, кои набавуваат струја на слободниот пазар, со години плаќале два до три пати поевтина струја од оние на регулираниот пазар. Наместо за тоа време да си прават фондови за криза, сега бараат помош, велат во владата. Владата очекува добри вести за струјата од шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен, која в среда доаѓа во посета на Скопје. Големите фирми, кои набавуваат струја на слободниот ...

И покрај тоа што цената на енергијата е зголемена, потрошувачката на електричен автомобил останува најниска во споредба со класичните автомобили. Ова го велат експертите и сопствениците на електрични автомобили. Авторка на текстот: Оана Деспа Зголемувањето на цената на струјата натера многу луѓе да се запрашаат какви други придобивки би донел електромобилот и дали инвестицијата во таков автомобил е сепак исплатлива. Бензин, дизел или електричен? ...

Алијансата за Албанците е подготвена за предвремени избори, некаде во март - април ако има избори, но во овој период на криза треба да бидеме сплотени. Јас инсистирав и претходно на непартиска експертска влада, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Таравари демантира дека се сретнал со Ахмети и Ковачевски за евентуални преговори за влез во Владата. Господине Таравари, интервјуто ...

Во Европската унија стануваат погласни барањата за укинување на ветото на земјите членки во надворешната политика. Тоа главно, би се однесувало на приемот на нови членки во Унијата. Дали тоа ќе значи побрз пат за влегување на Северна Македонија во Европската унија? Соочена со новите предизвици од војната во Украина, Европската унија тешко донесува одлуки како да се справи со нив. Натегањето меѓу членките постојано се заканува со неуспех на ...

Не е вистина дека преговараме за влез во Владата, тврди првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. БЕСА повика на соработка со која било опозициска партија со цел за да се смени ДУИ. Политичките аналитичари пак не очекуваат окрупување на веќе поделената албанска опозиција Арбен Таравари, новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците ги отфрла како шпекулации сите информации во медиумите дека неговата партија преговара за влез во ...

Над 600 илјади евра се потрошени за привремените материјали за основците кои следат настава по новата концепција. Парите се заем од Светска банка, кој ќе треба да се врати. Според најавите на надлежните, новите учебници треба да бидат готови до крајот на овој или следниот месец. Државата преку заем од Светска банка одвоила 640 илјади евра за речиси 75 илјади привремени учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи на 1 ...

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел постигнаа договор за „патоказ“ чија цел е да се воведат мерки во рок од неколку недели за да ги заштитат европските потрошувачи од зголемените цени на енергијата Договорот дојде по 11 часа расправија околу широките предлози за намалување на сметките за енергија, бидејќи цените на бензинот растат поради војната во Украина. 27-те земји-членки на блокот со месеци се расправаат околу тоа кои заеднички иницијативи ...

Сите автобуси на ЈСП во четвртокот попладне се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. Автобусите половина ден беа гаражирани, возачите одбија да возат, оти им доцнеше плата за септември. Градот Скопје, под чија капа е јавното претпријатие, скрати од други проекти за да им исплати плати. По половина ден автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) се вратија на улиците во главниот град. ...

Од локалните избори помина точно една година. Едни го нудеа најдоброто за секоја општина, други се залагаа за промени, проекти и победи, трети имаа зелена, еколошка визија. Што е ветено, а што остварено? И што мислат граѓаните? Колку кризата ќе скрати од буџетите за нови проекти? Бетонизацијата, чекањето по шалтери во општините, нехигиената, сообраќајниот хаос и недостигот од повеќе паркови и велосипедски патеки и натаму се главните проблеми кои ...

Препознатливите црвени автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие утринава останаа во гаражите. Возачите протестираат за плата. Велат дека не се во штрајк, туку не се во состојба да возат зашто се гладни. Град Скопје најави кривични пријави за оние кои ја попречуваат работата на претпријатието. Вработени не можат да стигнат на работа, ученици не стигнале на училиште, нервозни патници на автобуските постојки во Скопје, по денешното одбивање на ...

„Диктаторите обично се инспирирани од други диктатори“, вели за РСЕ Јакуб Каленски, водечки западен експерт за хибридна војна. Тој притоа порачува: „Навистина не сакам да паднеме во стапица и да почнеме да разговараме што ќе се случи ако Путин употреби нуклеарно оружје“. Важа Тавбериџе Истакнат чешки експерт за дезинформации и „хибридни закани“ вели дека додека Западот поминал години потценувајќи ја опасноста што произлегува од Москва, ...

Македонските власти повторно пречекаа странски гостин со згрешено знаме. Овој пат, словенечката министерка за надворешни работи беше пречекана со словачко знаме. Нашето досега го немаат згрешено, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, предлагајќи административците да вежбаат брза географија. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон завчера беше во Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи ја пречека со знамето на Словачка. Словачка, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
80%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.11
82%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
73%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
89%
1013
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1012
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62