
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Србија официјално побара нејзините безбедносни сили да се вратат на Косово, и покрај предупредувањата од Западот дека таквиот потег веројатно нема да биде прифатен и само ги зголемува тензиите на Балканот. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за државната телевизија РТС дека владата побарала од командантот на мировните сили предводени од НАТО стационирани на Косово од 1999 година, кога Алијансата ги истисна српските трупи од Косово, да ...
Њузлетер 16.12.2022 Лажни бомби, вистински стрес Со денови јавноста во Македонија е вознемирена од дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени згради. Премиерот Ковачевски изјави дека е невозможно да се открие од каде доаѓаат заканите и оти станува збор за хибридна војна. Аналитичари оценуваат дека целта е дестабилизација. Учениците, влези, излези од часовите, а Министерството за образование смета дека испуштената ...
Украсувањето во Скопје речиси секоја година зависи и од политиката. Изминативе две години пандемијата ги засени новогодишните празници, сега и енергетската криза. Уште е неизвесно дали Скопје воопшто ќе биде украсено, а скопските општини не планираат пари за тоа. Елките околу споменикот на писателот Горан Стефановски во Дебар маало, на кои има светилки и лампиони со цитати од неговите безвременски драми и есеи во чест на 70-годишнината од ...
Младите во Македонија зборуваат за проблемите во нивното маало, но не и за тоа како може тие да се решат. За ова сведочат средношколците, а и истражувањата потврдуваат дека ретко кој верува дека може да направи нешто. Здружението „Младите можат“ се обидува да направи промена во оваа слика. Додека си муабетат со другарите собрани во маало, младите често зборуваат за проблемите поврзани со она што не чини во нивната населба, ама никој од нив не ...
Рокот за користење поевтина струја од декември по цена од 95 евра по мегават час наместо по 400, го пропуштија третина од училиштата во земјава. За министерот Бектеши причина е „неспособноста на тие што раководат со тие институции“. Оние што не аплицираа, се жалат на комплицирани постапки. Тетовското основно училиште „Братство Миѓени“ е меѓу 165-те училишта во земјава кои не аплицираа за мерката за користење поевтина струја до крајот на април, ...
Високи функционери еден по еден изразуваат подготвеност за борба против корупцијата, откако американски тим ја скенираше состојбата во земјава. Дел од функционерите бараат да се направи систем за борба против корупцијата. Кој треба да го направи тој систем, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи. Тимот за „лов“ на корумпирани функционери од Вашингтон дојде и си замина, а домашните функционери почнаа меѓусебно да се покажуваат со прст кој е ...
Откако на Косово повеќе од две децении му се ветува европска перспектива, Приштина одлучи да поднесе барање за полноправно членство во Европската унија. Kосовскиот премиер Албин Курти ја претстави апликацијата во Прага, главниот град на Чешка, која моментално претседава со ЕУ. Ѓеракина Тухина Ова ќе претставува предизвик за европските политичари, бидејќи одговорот на оваа постапка нема да биде едноставен. Причината за тоа е што Косово како ...
Во изминативе 18 месеци земјите од Западен Балкан работат на спроведување на мерки од регионалниот патоказ за борба против корупцијата и следење на нелегалните финансиски трансакции. Претставникот од Агенцијата на ОН за борба против криминалот и дрога Константин Паликарски во разговор за РСЕ како најпроблематични ги детектира јавните набавки, конфликтот на интереси и конфискацијата на имот. Во изминативе 18 месеци земјите од Западен Балкан ...
Речиси две недели до крајот на полугодието, а учениците треба да ги одработат пропуштените часови поради дојавите за бомби кои веќе со недели ги празнат училниците. Онлајн, дополнителни часови, продолжување на учебната година, како ќе се надоместуваат изгубените часови? Утринава повторно во 15 скопски училишта пристигнала електронска пошта дека е поставена бомба. По извршените проверки, полицијата соопшти дека и овој пат станува збор за лажни ...
Ситуацијата на северот на Косово, за разлика од порано, може да ескалира поради дополнителни провокации, како од Белград, така и поради руското влијание, изјави во интервју за РСЕ Ивана Страднер, научен соработник во Фондацијата за одбрана на демократијата во Вашингтон. Беким Бислими. Страднер вели дека НАТО треба да користи реторика за да им даде до знаење на Србија и Русија дека тоа „не е играчка“. Според неа, Русија со своите потези сака да ...
Храната на светските берзи во ноември била за 17 отсто пониска отколку во март, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Најголемо намалување има кај зеленчукот, а поевтинети се и житариците, месото и млечните производи. Во Македонија цените растат. Половина плата за храна и сметки Во Народната банка на Македонија велат дека има низа фактори поради кои Македонија е поизложена на глобалните шокови. 1. Ние сме една од ...
САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. Ова го изјави Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, во интервју за РСЕ на вториот ден од неговата посета на Косово. Со него разговараше Амра Зејнели. Запрашан да ја коментира изјавата на Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој најави дека на 15 декември Белград ќе побара од КФОР да ги врати силите на Косово, Ескобар ...
Во изминатите дваесет години имало 54 фемициди во Македонија, покажуваат анализите на граѓанските здруженија. Институциите не го сфаќаат овој проблем сериозно, покажува истражувањето „Невидливи убиства“. Во август годинава, беше убиена 46-годишна жена од Неготино. Настанот се случил во станот каде престојувала жртвата со нејзината 22 годишна ќерка, откако се разделиле со сторителот, со кого живеела во вонбрачна заедница. Две години претходно, во ...
Паушални сметки, нередовно читање и замена на водомерите се само дел од поплаките кои често може да се слушнат на шалтерите на „Водовод“. Од претпријатието тврдат дека службите реагираат, експертите велат резултатите од работењето се резултат на децениското вработување по партиски клуч. Паушални сметки, нередовно читање и замена на водомерите, ова се само дел од поплаките кои често може да се слушнат на наплатните шалтери на „Водовод“. ...
Ова е хибридна војна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прашањето за лажните дојави за бомби кои изминативе три месеци ги вознемируваат граѓаните. Безбедносните аналитичари велат дека поголемата слика е дестабилизација на Балканот кој сака евроинтеграција и зад нив стои моќен центар. Македонските власи се децидни, лажните дојави за бомби се хибридна војна. Министерството за внатрешни работи интензивно соработува со НАТО и ...
Во Црна Гора за време на вчерашниот протест на опозицијата избувнаа судири, како одраз на длабоката политичка криза меѓу прозападните и просрпските и проруските партии во оваа членка на НАТО. Протестот се одржа додека пратениците во зградата на парламентот гласаа за одземање на одлучувачката улога на прозападниот претседател на земјата во назначувањето премиер. Законот беше поттикнат од просрпското и проруското мнозинство во парламентот, што ја ...
Во овој момент нема потреба од свикување на седница на Советот за безбедност, велат за РСЕ од кабинетот на претседателот Пендаровски. Министерството за одбрана цени дека ситуацијата на Косово нема влијание врз безбедноста во земјава. Собранискиот спикер, Џафери ги повика двете страни да делуваат рационално. Кај македонските власти има загриженост за ситуацијата во северно Косово, но, проценките се дека засега нема потреба по прашањето да ...
Само за месец и половина Македонија потроши над 40 милиони евра за увоз на струја. Македонските термоцентрали работат само со половина од капацитетот , па државата мора да увезува. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски обвинува „за многу криминал и корупција“ при набавките на струја. Само во изминатите месец и половина, ЕСМ увезе струја за над 40 милиони евра, покажуваат официјалните податоци. Струјата е купена од пет фирми, кои имаат ...
Прекумерната употреба на антибиотици предизвикува отпорност на голем дел од нив, предупредува стручната фела. На нерационално користење на антибиотици се подложени и животните чии продукти на крај, пак ги консумираат граѓаните. Но и покрај тоа, пациентите инсистираат да добијат антибиотик, а во аптеките се забележува зголемена потрошувачка. Полни амбуланти, полупразни училници. Овие денови сѐ поголем број деца се на удар на вирусни или ...
Додека владите во Европа се под огромен притисок да го намалат растот на цените на енергенсите оваа зима, а Русија ги намалува испораките на гас, многу Европејци решението го видоа во набавката на огревно дрво. Сепак, по предупредувањата дека согорувањето дрва поттикнува неодржливо уништување на шумите и емисии на штетни гасови, употребата на огревно дрво би можела да биде ограничена во земјите од Европската унија, пишуваат светските медиуми. ...
ЕУ и САД со жестока осуда на нападите врз ЕУЛЕКС со шок бомба во северот на Косово каде што српското население кое е мнозинство постави барикади. Советот за безбедност на Косово заседаваше, додека српските власти испраќаат апели за смирување на страстите. Неколку испукани куршуми кон косовската полиција и фрлена шок бомба кон патрола на ЕУЛЕКС го покрена алармот во Косово, по што Советот за национална безбедност се состана. Курти на прес ...
На топланите Скопје-исток и Скопје – запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас вели за РСЕ, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање. Господине Нуредини, повторно малку пари се издвоени за животна средина во Буџетот за следната година. Дали ова за вас е поразителен податок како ...
Во едно часовно обраќање до јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ најави нова правна борба за поставување на војска во северниот дел на Косово со барање за дозвола од КФОР. Во меѓувреме, растат тензиите во северот на Косово со блокади и инциденти. Косовската претседателка најави одложување на вонредните избори во четирите општини. Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на ...
Низ улиците на Косовска Митровица се забележливи бројни возила на ЕУЛЕКС откако ситуацијата на северот на Косово се влоши по завчерашната операција на специјалните единици на косовската полиција. За доцна вечерва е најавено обраќање до јавноста на српскиот претседател Александар Вучиќ. Услов за деескалација на ситуацијата во Косово е формирање на Заедница на српски општини, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој во телефонскиот ...
Документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега ќе бидат цел на истрагата на Антикорупциска комисија. Се истражува кој судија и обвинител стигнал до функција „делач на правда“ со прекршување на законот - предвреме полагање правосуден испит. Антикорупциската комисија ќе спроведе еден вид на ветинг, односно проверка, и тоа со продолжување на истрагата за тоа кои судии и јавни обвинители станале ...
Продолжува влошувањето на состојбата на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица под притисок на урбанизацијата и дивоградбите, додека македонските власти продолжуваат да ги игнорираат обврзувачките меѓународни правни инструменти за заштита на природата. Ќе запре ли привремено урбанизацијата и легализацијата на дивоградбите во Охрид и во Националниот парк Галичица, од македонските Власти засега нема конкретен одговор. Прашањето повторно се ...
Дојави за бомби во Скопје за прв пат се проширија на јавни и приватни објекти како Транспортниот центар, трговските центри Ист Гејт и Бисер, зградата Флет Ајрон. Граѓаните се револтирани, а експертите предупредуваат за можна ескалација, ако институциите продолжат да ја потценуваат заканата. Дојави за бомби денеска претпладне ги евакуираа Железничката и автобуската станица во Скопје, трговските центи Ист Гејт во Гази Баба и Бисер во Аеродром, ...
Припадник на косовската полиција бил полесно повреден во вооружен напад на северот на Косово, соопшти полицијата на Косово, додавајќи дека нападот се случил доцна синоќа во селото Србовац во општина Звечан. Белград најави враќање на околу 1.000 безбедносни сили на северот на Косово. Дежурните полициски единици биле нападнати од „вооружени лица од возило Ауди, сива боја и регистерска табличка КМ“, издадена од властите на Србија, соопшти ...
Њузлетер 09.12.2022 Државен имот, ничиј имот Државен имот во вредност од речиси 150 милиони евра, нема имотен лист. Ова го покажуваат ревизорските извештаи. Меѓу објектите кои се без имотен лист е и зградата во која е Министерството за транспорт, кое, пак, е изготвувач на законот за легализација имот. Но, без имотен лист се и претседателските вили на Водно, Парламентот, и многу други. Околу 10 проценти од вкупната територија на државата, до 2018 ...
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба. Со години спортската сала на УКИМ во кампусот на правниот, економскиот и филолошкиот факултет стои демолирана и руинирана. Изградена уште во 2017 година со сите потребни реквизити и ...