
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



На местото на комплексот на Генералштабот кој беше уништен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година во центарот на Белград, може да никнат две високи згради со станови и хотели. Плановите за проектот ги објави Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој би можел да го склучи овој договор со Владата на Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е „воодушевен“ од идејата, иако тврди дека е „делумно ...
Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, се новите лица од Северна Македонија кои Соединетите Американски Држави (САД) ги ставија на црната листа, објави Стејт департментот. Ново име на црната листа е и поранешен градоначалник на градот Качаник во Косово, Џабир Жарку. „Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во ...
Енергетскиот сектор е на крстопат - треба да се ослободи од јаглен, обидот за Чебрен пропадна, а предлог законите за стратешки инвестиции во гасни и соларни постројки не се донесени. Во меѓувреме државата увезува струја. Документи и стратегии има, но не се почитуваат докрај. Зелена транзиција и ослободување од јаглен, инвестициски бум во соларни паркови, но без јасна идеја како да се чува енергијата, пропаднат и 14-от обид захидроцентралата ...
Во Собранието е поднесен предлог на закон за да се оневозможи министерот за здравство по своја желба да одлучува на кој лекар ќе му дозволи да работи до 67 години. На околу 180 вработени на скопските клиники им беа одбиени барањата. Уште 214 лекари ќе заминат од јавното здравство до крај на 2024 Марија Ралева, од Универзитетската клиника за психијатрија и професорка на Медицинскиот факултет, веќе една година е во пензија. Таа е еден од докторите ...
По 24 години поминати во Кремљ, Владимир Путин обезбеди дополнителни шест години на функцијата претседател, на изборите кои завршија во неделата на 17 март, со што стана руски лидер со најдолг стаж по Јосиф Сталин. Иако неговата победа беше сигурна, бидејќи не се соочи со никаков кредибилен ривал, постои загриженост дека Путин ќе го започне петтиот мандат со поостри одлуки, во кои веројатно ќе доминира војната во Украина и почеток на нова воена ...
Претседателот Владимир Путин освоил рекордни 88 отсто на руските претседателски избори, покажаа првите прелиминарни резултати и излезните анкети, со што ја зацврсти неговата моќ иако илјадници негови противници организираа симболичен протест „Пладне против Путин“ на избирачките места. Шефот на Централната изборна комисија Ела Памфилова за руската државна телевизија изјави дека за Владимир Владимирович Путин се избројани 15.759.224 гласови - ...
Можна e пладневна пресметка меѓу властите и демонстрантите додека Русите се упатуваат кон гласачки места на последниот ден од претседателските избори. Извесно е дека ќе му дадат на Владимир Путин уште шест години владеење. До утрото на 17 март, гласале повеќе од 60 отсто од 114 милиони граѓани. Денеска (17.03.2024 год) е трет и последен ден од гласањето на претседателските избори низ Русија, на кои се можни опозициските протести на кои пред ...
Директорот на царина, Стефан Богоев смета дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави. Вработените во Царинската управа се посочени како едни од најкорумпираните. Последниот предлог кој го има Националниот координатор за гранично управување е ...
Втор ден се гласа за претседателските избори во Русија, каде се очекува претседателот на државата Владимир Путин да го продолжи мандатот за уште шест години. Гласањето трае до недела и опфаќа 11 временски зони, вклучително и четири региони на Украина незаконски присвоени од Москва. Русите го започнаа вториот ден од гласањето на претседателските избори на кои имаше спорадични протести, бидејќи некои, пркосејќи им на заканите за строги затворски ...
Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово. Ескобар престојуваше во официјална посета на Косово. Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ...
На еден месец пред почетокот на кампањата за двојните избори, лидерите на политичките партии веќе започнаа да се „додворуваат“ пред електоратот. Официјални партиски програми се уште нема, но дел од мерките за подобар живот земаа замав во јавноста. Двојните избори засега носат и старо нови ветувања. Билборди со фалби и политички напади кон противниците надвиснати на раскрсници, спонзорирани промотивни објави на социјалните мрежи, заострена јавна ...
Во сите три држави од Отворен Балкан досега околу 2000 граѓани се пријавиле да добијат сертификат со кој ќе може да најдат работа во соседната земја. За нив, во тек се безбедносните проверки. Дел од оние кои аплицирале, велат дека процедурата е едноставна и не се губи време по шалтери. Македонските стопанственици стравуваат од одлив на работници. Ана Стамболиќ е 27-годишна девојка од Ужице, Србија, магистер по меѓународни односи која во своето ...
Мигрантите со ќотек, а македонските државјани, без нов пасош, со „арно“ се враќаат од граница. Странските инвестиции останаа преку границата. Путин пред нов претседателски мандат. Њузлетер 15.03.2024 Мигранти сведочат: Србија со тортура не враќа во Северна Македонија „На српска територија полиција нè тепаше, а ни пуштија и кучиња“, сведочат за РСЕ мигранти кои се обиделе илегално да влезат во Србија од Северна Македонија. На насилство се жалат и ...
Русите почнаа да гласаат на првиот ден од тридневните претседателски избори на кои се очекува да победи претседателот Владимир Путин, и да го продолжи неговото владеење за уште шест години. На сите сериозни противници им беше забрането да се кандидираат против него во услови на бруталното задушување на неистомислениците и независните медиуми. Отворено е првото избирачко место на далечниот исток на Русија. Како што одминува денот, гласачите ќе го ...
Пропадна вториот обид да се донесе Законот за игри на среќа. Прво го стопираше претседателот на државата, а сега не доби поддршка од пратенците. Во Собранието настана конфузија дали е донесен или не, по што реагираа собраниските служби, дека не е усвоен. На веб страницата,пак,стојат други податоци. Законот за игри на среќа и забавни игри не е усвоен. Доколку беше изгласан објектите за игри на среќа ќе требаше да се оддалечат повеќе од 500 метри ...
Документот е продолжение на Декларацијата за подобар студентски стандард потпишана пред четири години, од кој круцијалните барања останале неисполнети. Сегашните студенти немаат многу надеж дека овојпат ќе биде поинаку, но нивните студентски лидери бараат притисокот врз властите да биде посилен. Со 140 денари субвенција за студентски оброк, студентски домови кои уште чекаат реновирање, но и застарени образовни програми, македонските студенти се ...
Функцијата генерален секретар на НАТО и официјално е одвоена од позициите на ЕУ. Но, имајќи предвид дека 23 од 27 земји-членки на ЕУ исто така припаѓаат на воената алијанса и дека генералниот секретар на НАТО треба да биде европски, двете организации во суштина ловат „таленти“ во ист политички базен Брисел е веќе преполн со гласини пред годинашниот избор за високи позиции во институциите на ЕУ и во НАТО. Четири големи политички работни места ќе ...
Е-го, филмски студија на Малкович, фабрики за лекови, профили, делови... Многу нереализирани најави за странски инвестиции иако Власта смета дека води успешна политика за нивно привлекување. Земјава останува на дното на листата на земјите од Балканот со странски инвестиции под милијарда евра. Македонија е меѓу земјите од регионот кои се уште не можат да го надминат годишниот праг на странски инвестиции од една милијарда евра. Податоците на ...
Епидемијата на големата кашлица натера многу родители да ги вакцинираат децата, но паниката донесе редици, и некои од нив за РСЕ велат дека чекале со часови. Проблемот е и што децата мора да бидат здрави, а процесот на вакцинација и ревакцинација е временски долг. Проблем плус, зошто над 50 насто не се вакцинирани е и раширеното антиваксерство Големата кашлица зема замав, бројот на невакцинирани деца е голем, делумно заради антиваксери, но има и ...
Lex specialis или специјален закон. Ова е барањето на најсилната опозициска коалиција „Србија против насилството“ упатено во пресрет на повторувањето на изборите во Белград, најавени за 2 јуни. Тоа, велат, би овозможило формирање на комисија за следење на изборите, ревизија на избирачкиот список и спроведување на сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Но и сите локални избори планирани за пролет годинава да се одржат на 2 јуни, а не само белградските. ...
Идејата за Советот за Етика е да биде тело за морални санкции за неквалитетни новинари, повторното давање пари од државната каса за платена политичка реклама, како и новинарството некогаш и сега се теми на разговор со познатиот македонски новинар и Претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика Мирче Адамчевски. Некои луѓе не седат мирни иако им се може. Тие едноставно не се даваат и тераат и работат до крај. Ова важи за сите професии ...
Поднесено е обвинение за зетот за прва братучетка на Заев, Атанас Костов. Обвинет е дека со помош на фиктивни побарувања сакал да избегне извршување на пресуда од 4 милиони евра. Му помогнале извршител и нотар. Арбитражен суд во Виена пресуди во корист на австриска АММА во спорот со фирмата на Костов. Обвинителство: Обид со „измамнички дејствија“ да се избегне долг од 4 милиони евра Градот Велес повторно стана седиште на валандовската фирма за ...
Работната група што подготвуваше измени на Изборниот законик воопшто не дискутирала за подигање на прагот за потписи за независните листи. За актуелните независни советници тоа е обид на големите партии да ги спречат учествуваат на избори. Пратениците, пак, промените ги донесоа без дискусија и објаснување. „Подмолно“, „подметнато како тројански коњ“, „удар врз демократијата“, се дел од епитетите со кои независни советници зборуваат за начинот на ...
Кон крајот на минатата недела, менаџерите во фабриката за преработка на природен гас во Астрахан им врачија на работниците летоци со упатства како да гласаат на претседателските избори во Русија од 15 до 17 март, објави Новости, повикувајќи се на Телеграмскиот канал Осторожно. Според инструкциите, на 5000 работници на комбинатот ќе им бидат испратени СМС пораки со линк што треба да го отворат кога ќе бидат на избирачко место. Линкот ќе го лоцира ...
И покрај малиот интерес за студирање македонски, за македонистите добро е донесувањето на нов закон за употреба на македонскиот јазик. Очекуваат со стипендии и гарантирани вработувања да се привлечат студенти. Останува проблемот што се помалку активно се говори стандардниот македонски јазик. Национална стратегија за употреба на македонскиот јазик, задолжително вработување лектори во сите државни институции, училишта, издавачки куќи и медиуми, ...
Многу западни земји направија значителни напори во текот на изминатата година за да го ограничат пристапот до Тик-Ток, масовно популарната видео апликација за кратки видео записи во сопственост на кинеската компанија ByteDance, повикувајќи се на безбедносни закани. На почетокот на март оваа година, клучниот комитет на Претставничкиот дом на САД едногласно го одобри нацрт-законот со кој на кинеската компанија ByteDance и се дадени шест месеци да ...
На српско тло полиција нè тепаше, а ни пуштија и кучиња, сведочат за РСЕ мигранти кои се обиделе да влезат во Србија од Северна Македонија. На насилство се жалат и мигранти кои успеале да ја преминат границата. Српската полиција негира. Балканската рута не е активна како некогаш, но сè уште е жива. „Ни пуштија кучиња да не гризат и не тепаа“, раскажува Мухамед Али, мигрант од Сирија, додека со едната рака се обидува да ја подигне ногавицата од ...
Додека Северна Македонија добие влада со полн политички мандат која ќе може да носи какви било одлуки, може да поминат и две третини од годината, што на некој начин може да се каже дека е изгубена, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски. Господине Ангеловски, од 5 март започна слободниот пристап до пазарот на труд во рамки на „Отворен Балкан“. Ова е шанса или нов удар за домашното стопанство? ...
Обединетите нации (ОН) предупредија дека раширениот глад во Појасот Газа е „речиси неизбежен“ доколку не се преземе акција. Проценките се дека повеќе од четвртина од 2,3 милиони жители на Газа се соочуваат со катастрофални нивоа на сиромаштија и глад. Уште во јануари, агенциите на Обединетите Нации предупредија дека е потребна итна суштинска промена во протоколот за хуманитарна помош за Газа поради зголемениот ризик од глад, но и поради тоа што ...
Оклопни возила „џавелин“ и „страјкери“, системи за противвоздушна одбрана од Франција и артилериските системи од Турција, хеликоптери и софистицирани дронови се дел од опремата со која во наредниот треба да ги набави Армијата. Последната најава за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, пак, е дел од проект вреден 40 милиони евра кој се финансира од државната каса и со американска помош. Купувањето преносливи системи за ...