Студентите можат да пријават корупција до студентските правобранители. Но, коруптивните практики најчесто ги споделуваат меѓу себе и воопшто не ги пријавуваат. Правобранителите велат дека непријавувањето не значи дека корупција нема, но или не ја препознаваат или ја премолчуваат од апатија и страв 23 годишната Љупка е студентка на Филозофскиот факултет во Скопје. За својот факултет вели дека нема лично искуство на соочување со корупција. Гласини ...

Продолжувајќи да се занимава со потеклото на пандемијата предизвикана од корона вирусот во Соединетите Држави, лицето на американските власти во борбата против Ковид-19, д-р Ентони Фаучи на сослушување во Претставничкиот дом на Конгресот се бранеше себеси и одговорот на државата од нападите на републиканските пратеници кои беа критикувани за поттикнување теории на заговор, пишуваат светските медиуми. Фаучи се соочи со интензивна контрола од ...

Вљубениците на расата Македонско овчарско куче – Караман сметаат дека за оваа раса постојат докази дека била одгледувана уште пред 4 000 година. Во Зошто разговараме со Илија Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман. Тој вели дека Македонската кинологија има ретка можност да издејствува конечно да се стекне со своја кучешка раса. За да се случи тоа неопходна е поголема посветеност на македонските кинолози и ...

По три дена неуспешни обиди, уставните судии избраа нов претседател. Дарко Костовски од денеска(4 јуни) е на чело на Уставниот суд откако добил двотретинско мнозинство (6 гласа) од вкупно деветмината уставни судии. Мандатот на претходната претседателка, судијката Добрила Кацарска, истече на 2 јуни. Обидите да се избере нејзин наследник започнаа на 30 мај и имаше вкупно осум круга на гласање. Првично, кандидатки беа Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана ...

Политиката е навлезена во советите на општините и ДУП-ви се носат без да се почитува мислењето на граѓаните, вели архитектот Мишко Ралев за РСЕ. По последниот случај со носењето на ДУП-от за населбата Лисиче, советници од повеќе општини велат дека „инвеститорскиот урбанизам“ води сметка само за профитот, а е на штета на јавниот интерес Не сакаме згради и дополнителна урбанизација, порачаа граѓани на населбата Лисиче кои протестираа откако ...

Речиси сите досегашните министри ги напуштија функциите бидејќи станаа пратеници, но Талат Џафери смета дека со тоа што ќе остане премиер и нема да оди на работа во Собранието не го прекршува законот. Антикорупционерите се јасни - не може да биде и пратеник и премиер. Функцијата на пратеник е неспојлива со ниту една друга, смета и поранешниот собраниски спикер Тито Петковски. Министрите од СДСМ кои станаа пратеници ги напуштија министерските ...

Изградбата на автопатите кои треба да ги гради конзорциумот Бехтел-Енка никако да почне. Незадоволни жители од најавите за експропирација во прилепско и гостиварско ја блокираат механизацијата, а веќе има поднесено и тужби во прилепскиот и во Уставниот суд. Недостасуваат и 4.000 работници Наместо градежна експанзија, експанзија на незадоволство се случува на дел од теренот на кој треба да се гради автопатот Прилеп - Битола, откако жителите на ...

Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика. Претседателе, веднаш по вашата заклетва во Собранието, пристигна најава за претставка против вас од пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска ...

Граѓани на Белград по втор пат за шест месеци излегуваат на гласање. Локалните избори се повторуваат на 2 јуни, бидејќи на претходните одржани во декември никој не обезбеди мнозинство за формирање власт. Сега дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобри. По декемвриските избори, опозицијата ја обвини власта за изборна кражба, тврдења што владејачката Српска напредна партија (СНС) и државниот ...

Европските парламентарни избори ќе се одржат од 6 до 9 јуни во 27-те земји членки на Европската Унија. Се проценува дека околу 370 милиони граѓани имаат право на глас низ целиот блок, но очекувањата се дека нема сите да се појават на гласањето. Според една неодамнешна анкета, околу 71 отсто од испитаниците планираат да гласаат, но тоа би било неверојатно добра бројка. На последните избори, во 2019 година, излезноста во повеќето од земјите на ЕУ ...

Мора да имаме на ум дека оваа војна е агресија. Русија нападна друга земја и тоа е грубо кршење на меѓународното право. Но, според меѓународното право, самоодбраната е легитимна, а она што го прави Украина е да се брани себеси, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за РСЕ. За време на министерскиот состанок на 31 мај, беа закажани дискусии за планот што генералниот секретар Јенс Столтенберг го презентираше во април за рамка која ...

Црн биланс на македонските и балканските патишта - бројот на загинати во сообраќајни несреќи е многу поголем од ЕУ. Ниско ниво на сообраќајна култура и безбедност на патиштата, велат експертите, а МВР годишно изрекува по 250.000 казни. Нема ни јавен превоз ни железница да го намали интензитетот на сообраќајот Новите делници Штип - Кочани и Штип - Радовиш, кои влегуваат во категоријата на експресни патишта, се своевидни црни точки на сообраќајќи ...

Судот во Њујорк го прогласи поранешниот претседател Доналд Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни записи пред претседателските избори во 2016 година за да ги скрие исплатите на ѕвездата од филмовите за возрасни. Дванаесет поротници ја донесоа својата пресуда на 30 мај, пет месеци пред претседателските избори во Соединетите Држави на кои се очекува Трамп да се соочи со актуелниот претседател на Демократската ...

Нов парламентарен состав, нов спикер, позната е коалиционата нова влада, освен имињата на министрите. СДСМ тргнува во реорганизација и кандидатури на нов лидер. Во меѓувреме, крахира здравството, пациенти се борат за живот. Нов парламент, нова реалност Бидна конститутивната седница на новиот состав на Парламентот. Нов спикер стана Африм Гаши. За него гласаа 76 пратеници, што го навестува и новото значително мнозинство во Собранието. Во првото ...

На првата седница што ќе ги закаже новиот собраниски спикер Африм Гаши, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, новото владејачко мнозинство претендира на дневен ред да бидат и измени со кои се избегнат предвремени избори за градоначалници Меѓу првите точки на дневен ред што ќе се најдат пред новиот парламентарен состав ќе се ...

Партиите ги користат изборите за вработувања во јавната администрација, но работа во државно веќе не е така атрактивно за они кои бараат работа. Националниот демократски институт и организацијата ЗМАИ анализираат како партиите ги употребуваат државните ресурси за време на избори Изборните циклуси значајно влијаат врз тековите на постојаните и привремените вработувања во јавната администрација, како и врз ангажирањето на луѓе за консултантски и ...

Тој не бара Русија да ја напушти Украина, но очекува Киев да го остави оружјето. Тој е генерал на НАТО, но најде начин да не биде во Софија на неодамнешниот состанок на НАТО таму. Тој вели дека локалните политичари ја ставаат Бугарија на ризик со тоа што и даваат оружје на Украина, но сега веќе мисли и дека опасноста доаѓа од Западот. Кон каде „оди“ Румен Радев? Многу детали од последните денови ќе бидат заборавени, но едно ќе остане: НАТО имаше ...

Повеќе имиња се вртат како можни лидери на СДСМ по најтешкиот изборен пораз од 8 мај. Дел од нив, веруваат дека можат да ја предводат партијата која по седум години власт сега ќе биде опозиција. Меѓутоа, за консолидација на партијата, според екс-лидерот Бучковски, ќе треба најмалку една година. Откако вчера молчешкум ја поминаа конститутивната седница во Собранието, социјалдемократите утре (30 мај) ќе дискутираат на „Бихаќка“ за да ги утврдат ...

Во 2023 година, 1153 луѓе беа егзекутирани во светот, од кои речиси три четвртини во Иран, соопшти Амнести интернешнел, предупредувајќи дека бројот е веројатно поголем бидејќи не се знае колку егзекуции се извршени во Кина. Организацијата во својот годишен извештај предупреди дека бројот на егзекуции го достигнал речиси највисокиот број во последната деценија и дека е забележано нагло зголемување на целиот Блиски Исток. „Во 2023 година беа ...

Со 76 гласа „За“, шест против и без воздржани, новиот парламентарен состав го избра Африм Гаши од Алтернатива за нов претседател на Собранието. Тоа беше всушност и последната точка на денешниот дневен ред на конститутивната седница, на која им беа доделени мандатите на новите народни избраници. Гаши ја положи свечената заклетва пред пратениците и порача дека без разлика на тоа што доаѓа од партија која е дел од новото парламентарно мнозинство, ...

Три телевизии ќе добијат најголем дел од државниот колач за партиските реклами во изборната кампања. Најмногу пари потрошиле двете македонски партии за политички реклами. Но, во пресметките за вкупното платено политичко рекламирање не влегуваат парите за спонозирани постови на социјалните мрежи. За политичките ветувања за правда, европска иднина и подобар животен стандард, но и за „црната кампања“, кои граѓаните изминатиов месец и половина ги ...

Со утврдување на дневниот ред и избор на Верификационата комисија, почна седницата на Парламентот, на која се конституира новиот парламентарен состав. Потоа беше дадена пауза до 13 часот. Претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. На дневниот ред на седницата се четири точки, односно, покрај изборот на Верификациска комисија, следува Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и ...

Во Собранието денеска (28 мај) во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието ...

Исто како и пред пет години, кога се одржаа последните избори, сегашната кампања за изборите за Европскиот парламент е под напад на дезинформации. Зборувајќи на оваа тема, заменик-портпаролот на Европскиот парламент, Делфин Колард, повнимателно ги избира своите зборови во изјавата за Радио Слободна Европа (РСЕ). Тој ја опишува денешната ситуација како „попредизвикувачка“ во споредба со 2019 година. „Гледаме дека изборите и демократијата се мета ...

Лабораторија во Германија треба да утврди што ги затвори хируршките сали во Клиничкиот центар, најголемиот медицински комплекс во државата. Се работи како во вонредна ситуација, се прават само итни операции, останатите се одложуваат. Пациентите се пренасочуваат во болницата „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 септември“, но таму веќе се е полно Се оперираат само итните пациенти, другите операции се одложуваат, засилени се хируршките тимови, собите ...

Повеќето институции кои предлагаат членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители веќе ја разгледуваат иницијативата од Антикорупциска со која се бара одговорност од директорката и управниот одбор. Додека се очекува исходот, се доведува во прашање и опстанокот на Академијата со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ најави нејзина поделба на две посебни институции. Иницијативата за одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за ...

Жителите на украинскиот регион Луганск, од кој поголемиот дел е под окупација на Русија, зборуваат за интензивните напори на руските офицери да регрутираат студенти од универзитетите за да потпишат договори и да се приклучат на руската војска. „Велат, ако го потпишам договорот, нема да бидам мобилизиран, ќе имам поголеми шанси да ја преживеам војната на Русија против Украина“, изјави 20-годишен студент од Луганск, кој се вика Антон. Бидејќи не ...

Инвестицискиот бум во соларна енергија помогна државата да го намали увозот на струја и со тоа може да има намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да биде проширена евтината тарифа, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, Марко Бислимовски во неделното интервју на РСЕ. Гoсподине Бислимовски, имаме намален увоз на струја од 30 проценти на 2,74 во 2023 година. На што се должи тоа? За прв пат по ...

Организациите кои протестираа против црногорската Влада поради одлуката за поддршка на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница се блиски до Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора. Групите демонстранти кои излегоа на улиците во Подгорица на антивладин протест, по одлуката на црногорската Влада да даде поддршка за Резолуцијата на Обединетите Нации за геноцидот во Сребреница, се блиски до Српската православна Црква (СПЦ). На списокот ...

Огласот за работа, испратен преку апликацијата WhatsApp, беше краток и сладок, наменет за потенцијален регрут: „Аплицирајте за позиција во национална железничка компанија и на крајот ќе се борите во „специјална воена операција“ (еуфемизам на Кремљ за војната во Украина). „Регрутирањето продолжува, од Руски железници + Санкт Петербург + Министерство за одбрана. Ова е милион рубљи“. Не е тајна дека руските воени команданти и политички претставници ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
90%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
89%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
88%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.82
94%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
55%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
88%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
53%
1013
Currency

61.535

Currency

54.0967

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78