За јавноста во Србија, проектот Јадар беше прекинат на две и пол години, а со одлука на Владата на Србија беше стопиран стартот на рудниците за ископ на литиум. Меѓутоа, финансиските податоци на Министерството за финансии на Србија даваат поинаква слика - носителот на проектот Рио Тинто и неговите поврзани компании во Србија продолжија нормално да работат, да плаќаат даноци и придонеси, плаќаа проекти на државни институции, донираа за училишта. ...

Во интервју за Радио Слободна Европа, експертот за Балканот, Едвард Џозеф, ја коментира борбата против корупцијата во Северна Македонија, улогата на САД со црната листа, спорот со Бугарија и интеграцијата во ЕУ, како и пошироките безбедносни последици од војната во Украина врз регионот. Поранешниот вицепремиер од партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) Артан Груби и еден судија се ставени на црната листа на САД. Гледате ли ефект во ...

Во европските метрополи, зад затворени врати, дипломатите и лидерите даваат идеи како всушност би можел да изгледа мировен план за Украина. Европски мировни трупи се една од опциите. Зад затворени врати, во Москва, Киев, Брисел, Вашингтон и другите престолнини, дипломатите, лидери и воените офицери се подготвуваат за она што веројатно ќе биде силен притисок да се најде решение за најголемата копнена војна во Европа по Втората светска војна. „На ...

Екоактивистите бараат построги услови за увоз на возила во Северна Македонија. Возилата, велат, испуштаат над 200 токсични соединенија од кои голем дел се канцерогени и влијаат на мутација на гените, а најпогодени се децата. Владата засега не планира промени бидејќи сака прво да направи анализа. Во Северна Македонија да се забрани увоз на користени возила кои се постари од 10 години и под „еуро 5“ стандардот, а новите што се увезуваат да бидат ...

Јавните набавки кои годишно тежат и до 1,5 милијарди евра ќе поминуваат без можност за контрола во тендерскиот процес ако пратениците ги изгласаат измените на законот за јавни набавки по скратена постапка, предупредуваат невладините. Опозициската СДСМ бара јавна дебата, за власта, тие ќе ги поедностават процедурите. Тивко и без експертска дебата, пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ предложија низа измени во законот со кои, како што велат од ...

Стотици странски борци се во редовите на сириските милитанти кои ја презедоа власта и го соборија долгогодишниот претседател Башар ал Асад, дознава Радио Слободна Европа. Видеата објавени на социјалните мрежи и потврдени од РСЕ покажуваат како Европејци и Централноазијци се борат за Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) за време на лесното преземање на Сирија од страна на милитантната група овој месец. Хајат Тахрир ал-Шам е прогласена за терористичка ...

Дали истражните и правосудните институции се „разработеа“ во битката против корупцијата и криминалот по критиките и укажувањата од власта, ЕУ и САД? Или, секое чудо за три дена? Њузлетер 13.12.2024 Уставниот суд за „жешкиот костен„ ќе одлучува кога ќе се олади Бурна седмица, американска црна листа, подновена, коруптивни афери, криминал... и во сето тоа и обид за подгревање на меѓу-етнички тензии во врска со Законот за јазици, кој беше на дневен ...

Државното обвинителство тврди дека отвора истраги по „допрен глас“ но ги повика и останатите надлежни институции тоа да го прават и првo ја прозваа полицијата. Обвинителството е тоа кое треба прво да реагира, а не да се „вадат„ на полицијата, смета професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Околу две недели по доаѓањето на власт на премиерот Христијан Мицкоски (24 јуни 2024 год), јавни обвинители влегле во Министерството за финансии. ...

„Епик сејв“, „кидера“, „колд“, се дел од изразите кои младите ги користат секојдневно. Зошто е важно да се знае прво мајчиниот јазик и колку туѓите зборови можат да се заменат со наши? Како оваа појава ја толкуваат експерти, а „превод“ на актуелните изрази од странско потекло, побаравме од младите. Ако момче успеало да шармира девојка, средношколците знаат да речат дека „ја ризнал“. Ако се погодило некој да не отиде во училиште бидејќи е болен ...

Малку забележаните видео снимки прегледани од рускиот сервис на РСЕ фрлаат светлина врз таен воен истражувачки центар кој е познат по својата улога во програмата за развивање на биолошко оружје на Советскиот Сојуз и претрпе голема експанзија по целосната инвазија на Москва врз Украина. Снимката на руските државни медиуми од инспекцијата во јануари 2024 година на тогашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу нуди редок поглед во внатрешноста на ...

Обвинителството со предмет за Артан Груби и судијата Беџети кои се најдоа на „црната листа“ на САД. Меѓу повеќето случаи за кои првите луѓе на обвинителствата информираа е и дека е при крај истрагата за Онкологија, во која вештачење во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешниот брифинг со новинарите информира дека оформил предмет против поранешниот вицепремиер Артан Груби ...

Уставниот суд одлучи да повика експерти за да слушне различни мислења за Законот за употреба на јазиците, а дури потоа да одлучува. Двајцата судии Албанци бојкотираа, а судијата од турска националност реши ја напушти дискусијата. Како течеше денешната седница во Уставен? Бројните полицајци и паркираните полициски комбиња на кејот на Вардар покрај згрдата каде е сместен Уставниот суд во центарот на Скопје, утрото на 11 декември навестуваа дека ...

„Усташи“, „насилници“, „уличари“, „платеници“. Ова се само дел од навредите и обвинувањата што владините претставници и дел од провладините медиуми во Србија ги користат во последните денови за да ги дискредитираат студентските протести. Блокирани се десетици државни факултети во четири универзитетски центри, Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Студентите кои ја блокираат работата на тие институции бараат да се утврди вината за несреќата во Нови ...

Ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ и апелацискиот судија Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот, американската амбасадорка Агелер рече дека доказите за нив се достапни и македонските институции можат да ги најдат. Претседателката Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас. Што ќе преземат македонските институции ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од опозициската ...

Иницијативите пред Уставен суд ги оспоруваат секој од 25 -те члена од Законот за јазиците, но и законот во целост, како и начинот на кој беше донесен. Додека ДУИ „стражари“, премиерот ја обвинува за етнички поделби, претседателката бара да се остави Уставен да си ја работи работата. Во медиумите протече информација дека законот како целина нема да падне пред Уставен. Што може да се очекува? ДУИ „стражари за јазикот“ пред Уставен, премиерот вели ...

Силни експлозии се слушнаа рано на 10 декември во Дамаск по извештаите дека Израел систематски ги напаѓа сириските воени постројки по соборувањето на бруталниот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад. Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг со седиште во Британија, во изјава на 10 декември рече дека Израел ги „уништил најважните воени локации во Сирија“, додека израелските трупи биле распоредени во тампон зона во близина ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и членовите на неговото најблиско семејство и судијата од Апелациониот суд Енвер Беџети се најдоа на црната листа на американскиот Стејт департмент, објавена на 9 декември. Во образложението се наведува дека тие примиле мито влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање ...

Абу Мохамед ал Голани со години беше релативно непознат милитантен водач во Сирија. Сепак, овој 42-годишник се прослави откако ја предводеше неверојатната воена офанзива со која беше соборен долгогодишниот сириски претседател Башар ал Асад, пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ). Во знак на неговиот брз пораст, Голани го употреби своето вистинско име - Ахмед ел-Шра - наместо неговиот воен псевдоним кога триумфално го ...

За само една недела во земјава словенечки и македонски работодавци на саеми бараа вкупно 16 илјади работиници, додека во Агенцијата за вработување речиси 100 илјади бараат работа. На што се должи расчекорот во бројките, каков кадар се бара, а каков се нуди, се прашањата што се наметнуваат. Речиси сто илјади луѓе се без работа, а македонските работодавачи мака мачат да најдат 11 илјади луѓе да вработат, покажуваат податоците на агенцијата за ...

Разорната 13 годишна граѓанска војна во Сирија главно беше во мирување со години. Но, големата офанзива на милитантите во северозападна Сирија го оживеа конфликтот и ги вовлече регионалните сили, вклучително и Русија. Од крајот на ноември, Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) и неговите сојузниција презедоа контролата над поголемиот дел од Алепо, вториот по големина град во Сирија и над околните села. ХТС се смета за терористичка група од Соединетите ...

Кога Владимир Путин ја презеде власта во постсоветска Русија пред четвртина век, тој веднаш се зафати со враќање на статусот на Москва како глобална сила. Беа потребни 15 години, но Русијаја најави својата воена интервенција во сириската граѓанска војна како доказ за нејзиното враќање како сила на која мора да се смета на меѓународната сцена. Москва ја искористи таа слика за да го прошири своето влијание низ Блискиот Исток и пошироко, како ...

Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, откако во последните денови започнаа молскавична офанзива која брзо напредуваше низ земјата. Видеа што кружат на социјалните мрежи ги прикажуваат бунтовниците во дворот на претседателската палата и на влезните порти. „Дамаск сега е ослободен од Асад“, објавија бунтовниците на социјалните мрежи на 8 декември, мислејќи на претседателот на Сирија, Башар ал - Асад, ...

Со измени на Законот за извршување на санкции, на затворениците ќе им биде понуден работен ангажман, ако добијат ќе ги изгубат сите привилегии, вели во интервју за РСЕ в.д. директорот на управата Александар Пандов. Целта е се што е потреба на затворите, да може сами да го произведуваат како порано. Господине Пандов, кога станавте в.д. директор дадовте изјава дека „куче да се врзе во затворот Шутка ќе попушти со здравје, а не па човек“. Каква е ...

Инцидентот од 29 ноември во кој беше оштетен каналот Ибар-Лепенец може да го загрози и снабдувањето со енергија на Косово. Србија негираше вмешаност и најави своја истрага за настанот. Експлозијата што на 29 ноември го оштети каналот Ибар-Лепенец на северот на Косово, за која косовските власти ја обвинија Србија, предизвика дебата за безбедноста на овој витален водовод неопходен за животите на многу Косовари. Каналот се снабдува со вода од ...

Учениците да се насочат кон предизвици од образованието, наместо на Тик-ток, порача министерката за образование Јаневска откако опасниот „Супермен“ зеде замав меѓу најмладите. Ако Тик-ток се забрани или се селектира содржината, корисниците пак ќе најдат начин да го користат, сметаат ИТ експертите. Најмалку 11 деца се примени само во градската болница во Скопје поради повреди со предизвикот „Супермен“ кој вирално се шири меѓу најмладите на ...

УНЕСКО по трет пат предупредува дека Охридскиот регион е под закана од дивоградби, урбанизација и несоодветно планирање. Се бара итна акција од Северна Македонија и Албанија за зачувување на ова природно и културно богатство за да не биде ставено на Листата на светски наследства во опасност. Реактивната мисија на УНЕСКО во најновиот извештај за Охридскиот регион повторно ја истакна итната потреба властите во Северна Македонија да преземат ...

Пишуваат: Киан Шарифи и Бабак Гафури Азар Долги затворски казни, високи парични казни и забрани за патување. Ова се дел од казните кои им се закануваат на жените кои го прекршуваат новиот закон за хиџаб во Иран. Законот за хиџаб и чедност, усвоен на 30 ноември, предизвика бура во Исламската Република, каде дури и некои високи верски претставници го критикуваа, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Законот, од 74 ...

Кога сте руски пензионер кој живее со ограничен приход, доволно е лошо да се борите со вртоглавите цени на основните производи како јајца, компири или путер. Додајте го на тој список на грижи и падот на рубљата чие ниско ниво не е забележано со години назад. „Ги гледам овие цени, а очите ми се шират“, рече еден пензиониран професор по историја кој живее во Санкт Петербург и се обидува да издржи со месечна пензија од 19100 рубљи (187 долари). ...

Кој ги подгрева меѓу-етничките тензии, кој мешетари во правосудството, ќе се стабилизира ли пензискиот фонд со зголемување на старосната пензија? Њузлетер 06.12.2024 Кому му требаат меѓу-етнички тензии? Обиди да се дестабилизираат меѓуетничките релации има секогаш кога тоа и е потребно на некоја од партиите, велат политички аналитичари за Радио Слободна Европа, по низата инциденти во последните денови. Опозициската партија од албанскиот ...

Заменик-помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александeр Касаноф при првата посета на Скопје порача дека американската поддршка за борбата против корупцијата е нешто што САД многу сериозно го сфаќа и дека верува во искреноста на Владата која тврди дека тоа е основна заложба. Како продуктивни и опсежни ги оцени разговорите кои новиот американски заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, европски и евроазиски прашања, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
46%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
4.63
46%
1023
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
1.81
27%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
20%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.51
57%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
11.18
27%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
29%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
6.26
45%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
46%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326