
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Полагањето на државната матура почнува на 1 јуни и прв пат ќе се полага во големи простори по скандалот лани кога на вибер беа споделени прашањата. Голем интерес на матурантите и за симулацијата на полагањето. Нема да има блокатори за мобилни телефони, но електронски уреди ќе бидат забранети. Еден месец до полагањерто на државната матура, подготовките во училиштата ширум Северна Македонија веќе течат, а минатата сабота се одржа симулација за тоа ...
Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да се случи и за парламентарните. Без разлика на ова партиските набљудувачи се на пат по светот, но имињата се тајна. Вкупно за ова се предвидени 800 илјади евра државни пари. Утре 7 ми мај гласа македонската дијаспора на вториот круг од Претседателските избори 2024 година односно за двајцата кандидати кои го поминаа првиот круг и тоа кандидатот на СДСМ, ...
Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не охрабрува и ни дава потик во работата, вели претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска. Во меѓувреме, тече законскиот рок од 15 дена во кој ДКСК планира да покрене иницијатива за одговорност за спроведениот оглас пред надлежните институции. За три дена во Македонија ќе се одржат двојни избори. Колку пријави има до ДКСК од почетокот на кампањата до сега ...
Претстојното патување на кинескиот лидер Си Џинпинг во Франција, Србија и Унгарија ќе се фокусира на економските врски на Кина со Европа и ескалацијата на трговските тензии меѓу Пекинг и Брисел. Но, позицијата на Кина за руската војна во Украина, исто така, ќе заземе централно место, особено за време на посетата на Си на Франција, изјавија двајца претставници на ЕУ за РСЕ. Високо на агендата е учеството на Кина на меѓународната конференција ...
Неколку партии ветуваат постизборна „реформа“ на јавните претпријатија и акционерски друштва - граѓаните да добијат акции, но и да ја контролираат нивната работа. За економските експерти овие мерки звучат атрактивно и популистички, а од друга страна наметнуваат повеќе прашања, отколку што нудат одговори за реализација. Голем дел од јавните претпријатија, но и акционерски друштва работат со стари и трупаат нови долгови, а без дотации преку ...
По масовните продемократски протести во Белорусија во 2020 година, владата презеде строги мерки - меѓу другото насочени кон независните медиуми. Некои од многуте новинари кои ја напуштија својата професија или целосно заминаа од земјата, раскажуваа како нивните животи засекогаш се промениле. Настасија работеше како новинар во Белорусија 15 години. Се до 2022 година, откако медиумот каде што работеше се согласи да го исполни барањето на владата - ...
Ако се суди според предизборните ветувања на политичките партии и нивните програми, Северна Македонија ќе стане идеална држава. Но, дали сите ветувања се реални и што е идеална држава? Њузлетер 03.05.2024 Необични партиски ветувања Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е неопходно во државата да постојат повеќе сталежи. Во неговата идеална држава, Платон луѓето ги дели во три сталежи: владетели (филозофи), ...
Еден месец по запленувањето на документација од ФФМ, полицијата нема епилог од истрагата поврзана со местење натпревари. Од меѓународните организации УЕФА и „Спортрадар“ не откриваат детали. Фудбалските фанови чекаат одговор дали има опасност за првенството? Синдикатот бара крај за сомнежите. Кои се наместените фудбалски натпревари кои ги истражува Министерството за внатрешни работи (МВР) и после еден месец од влегувањето во Фудбалската ...
Вкупно 569 илјади евра од партиската сметка на ВМРО-ДПМНЕ се префрлени на сметката за изборна кампања на парламентарните избори. Со тоа коалицијата „За твоја Македонија“ до ДИК пријавила најмногу пари, за разлика од нејзините ривали, кои прикажале најмногу до 10 илјади евра донации. Актуелни и поранешни градоначалници, членови на општински совети, поранешни функционери, пратеници и носители на пратеничка листа се дел од луѓето кои годинава ...
Секогаш кога Русија лансира беспилотни летала и проектили против украинските градови, мобилните телефони вибрираат и се вклучува непријатниот звук на сирената за воздушен напад. За време на ваквите воздушни предупредувања, многу Украинци се обраќаат кон каналите на Телеграм кои собираат официјални и неофицијални информации за напади за да одлучат дали да бараат засолниште. „Никогаш не се засолнувам, но сум посмирен штом знам што се случува. ...
Цените за сместување за годинешниов летен одмор се повисоки од лани како во Северна Македонија, така и во Грција, а особено во Турција. За Македонците кои немаат пасоши, а сакаат на море, алтернативна можност се Црна Гора и Албанија во кои може да се патува и со стари лични документи За после 15 јуни не ме ни прашувајте, место нема, ни рече сопственик на апартмани за издавање во Охрид, при обид на крајот на април да резервираме неколку дена ...
Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада и исплата на трошоците за храна и превоз, се само дел од барањата што работниците ги испорачаа на првомајскиот протест. Црвен картон од Сојузот на синдикати доби Врховниот суд, поради одлуката да им биде одземен Работничкиот дом. Симболично, пред Работничкиот дом, објектот кој со последната одлука на Врховниот суд ...
Давачките со кои граѓаните ја полнат државната каса, се дел од политичкиот „флерт“ со граѓаните во партиските програми. Даночните аналитичари велат дека најавените реформи се само „додворување“ на гласачите. Во меѓувреме, старите ветувања за даночни реформи ги полнат страниците во изборните програми Од субвенции на даноци и нивно намалување, преку рамен данок или воведување на прогресивен данок, па се до таканаречен олигархиски данок, се движат ...
Њујоршката полиција доцна синоќа (30 април) изврши рација на Универзитетот Колумбија и уапси десетици пропалестински демонстранти, од кои некои ја окупираа зградата на кампусот и го отстранија протестниот камп што училиштето „Ivy League“ се обидуваше да го растури речиси две недели. Претседателката на Универзитетот Колумбија, Минуш Шафик, објави писмо во кое бара од полицијата да остане во кампусот најмалку до 17 мај - два дена по дипломирањето, ...
Стипендијата за новинарство „Јиржи Динстбир“ за 2025 година е отворена за апликанти - независни новинари од Западен Балкан. Целта на стипендијата е да им помогне на новинарите аспиранти од регионот да ја продолжат својата професија за поддршка на медиумскиот плурализам и независност. Започна во 2014 година, стипендијата за новинарство „Јиржи Динстбир“ е инспирирана од придонесите на Јиржи Диенстбиер Сениор во полето на новинарството, ...
Нема измами, квалитетот не може да се скрие и тој мора да излезе на површина, вели во „Зошто“ Зоран Јорданов, еден од напознатите квизаџии, творци и учесници на квизово во земјата, регионот и на светско ниво Тој е победник на последната поединечна сезона од ТВ квизот „Енигма“ на националните телевизии Сител и Телма Победник е на ТВ квизот „Одиме во Европа“ на Канал 5 Победник на ТВ квизот „Најслаба Алка“ Финалист е на ТВ квизовите Арена, Круг на ...
Со суми од 600 до 800 евра за минималец и над 1.000 евра за просечна плата, како и ветувања за нови работни места и конкурентна економија политичките партии настапуваат во изборната кампања. Синдикатите, пак, излегуваат на протест и очекуваат конкретен чекор уште во првите сто дена од новата влада. Низа ветувања со конкретни суми за повисоки плати и подобар животен нудат политичките партиите во екот на изборната кампањата. Работниците, пак, ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го опиша семејното насилство како „национална криза“, откако илјадници луѓе се собраа на протести против насилството врз жените, во неколку градови во последните денови. Низ Австралија, службите на првата линија, борците против семејно насилство и полицајците бараат превенција и спречување на насилството и построги закони за насилство врз жените, пишуваат светските медиуми. Австралискиот премиер Ентони ...
Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу вели дека се остварува сценариото за кое предупредувал за кинеска и руска пропаганда, но не дава конкетни докази за тоа. Од невладината „Естима“ сметаат дека директно кинеско влијание нема, иако тоа се препознава кај партијата Левица. Во Северна Македонија за време на предизборието има кинеска дезинформациска пропаганда која добива форма на кампања и продуцира ...
До крајот на денешниот ден осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. Од Националното биро за осигурување и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето како регулатор се бара ...
Патека за мото-трки, карлинг, жичница и адреналински парк на Водно, урбана шума покрај Вардар, биатлон стадион во Крушево, се меѓу ветувањата за претстојните парламентарни избори. Според аналитичарите, програмите само се пишуваат за да изгледаат убаво и не се води сметка колку се тие реални или не. Држава во која трговијата со крипто-валутите е легална и во банка може да се купи биткоин, а постои и електронски денар. Граѓаните и туристите може ...
На прв поглед може да се каже дека Бугарија е на прилично добар пат. Земјата е членка на Европската Унија и НАТО. Премиерот Димитар Главчев вети дека ќе ја зголеми поддршката за Украина. А сегашната влада го удвои планот на Бугарија за воведување на еврото во 2025 година. Сепак, по распуштањето на претходната прозападна влада на Николај Денков, последната привремена влада, која беше именувана на 9 април, се состои главно од „олдтајмери“ од ...
Ќе учествуваме во влада којашто ќе биде европски настроена и која ќе се нафати да ги спроведе уставните измени, вели во интервју за РСЕ Изет Меџити - претседател на партијата Демократско движење која е дел од албанската опозициска коалиција „Вреди“. Тој зборува и за гласањето на дијаспората и за учеството на политичари од Косово во нивната изборна кампања. Вашите ветувања за изборите се фокусирани на економијата. Најавивте дека на граѓаните ќе ...
Според експертите, случаите со нацизам кои се казнуваат во Русија многу ретко станува збор за лица кои направиле криминални дејствија, туку најчесто станува збор за навреди, некултурни однесувања, но не и активности спротивни на закон. Судот во јужниот руски град Волгоград на 5 април казни 23-годишна жена на 10 месеци принудна работа откако е осудена дека го „рехабилитира нацизмот“. Обвинението произлезе од видео на социјалните мрежи од 2023 ...
Ниту е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, како што најави министерот за здравство Илир Демири, ниту организациската директорка на која се пожали лекарскиот колегиум. Инспекторатите изрекоа мерки, вработувања не смее да има поради изборите. На лицата без договори им било кажано да не доаѓаат на работа Ноќеска пукнало парно на третиот кат на Клиниката за токсикологија, велат за Радио Слободна Европа извори од клиниката, ...
Во затворот Идризово навршува една година откако е прогласена кризна состојба затоа што нема доволно затворски стражари. Протести во затворот во Прилеп кој е преполн и има затвореници од висок ризик, а нема опрема за обезбедување. По апсењето на 17 стражари во Идризово, Управата за извршување санкции тврди - секаде е мирно Седумнаесетмина уапсени припадници на затворското обезбедување во КПУ Идризово за тоа што му помагале на само еден ...
Групата најразвиени земји Г7 бара начини да ги искористи руските финансиски резерви во вредност од речиси 300 милијарди долари, замрзнати поради санкциите од 2022 година, за да и помогне на Украина. Сепак како тоа може да се направи останува многу комплицирано бидејќи тоа би значело создавање контроверзен преседан. Зошто? Еве некои од идеите што се разгледуваат: Конфискација Вашингтон продолжува да ја поддржува идејата за целосно конфискација на ...
Што покажаа резултатите од првиот круг претседателски избори? Зошто е толкаво незадоволството на гласачите од актеулната власт? Што може да се очекува сега? Њузлетер 26.04.2024 Стигна казната По првиот круг од претседателските избори може да се заклучи дека најголем губитник е и СДСМ, но, и нивниот кандидат Стево Пендаровски, иако се пласира за вториот круг. Со освоените 180 илјади гласови, во првиот круг, актуелниот претседател Пендаровски, ...
Семејно гласање, следење на бројки на гласачи и проблеми со броење на гласови во 10 отсто од избирачките места се дел од забелешките на Мисијата за оценка на избори ОБСЕ/ОДИХР. Поголемиот дел од нивните забелешки се однесуваат на законските недоречености и на негативната кампања на изборите. Самиот ден на изборите од првиот круг во трката за претседател е севкупно позитивно оценет и мирен, иако во одредени места пребројувањето не се одвиваше ...
Победата на Сиљановска Давкова во првиот круг не е изненадување, но неочекувано е убедливото водство пред Пендаровски, коментираат аналитичари за РСЕ. Според нив, Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ се најголеми добитници. Каква улога ќе имаат гласовите за албанските партии за избор на претседател во вториот круг? Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски беше очекувана, но изненадување ...