
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Заменик-помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александeр Касаноф при првата посета на Скопје порача дека американската поддршка за борбата против корупцијата е нешто што САД многу сериозно го сфаќа и дека верува во искреноста на Владата која тврди дека тоа е основна заложба. Како продуктивни и опсежни ги оцени разговорите кои новиот американски заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, европски и евроазиски прашања, ...
Прислушувањето и обвинувањата дека некој некого следел или ќе следи, повторно се актуелни на релација власт-опозиција. Граѓаните, пак, стравуваат дека некој постојано прислушува бидејќи најголемата афера со прислушување што СДСМ ја обелодени во 2016 поминува речиси неказнето, а натаму за контрола на следењето комуикации клучна улога игра и човечкиот фактор – дали вистинските луѓе се на вистински места, велат експерти за РСЕ. Актуелната Влада ...
На само 6 години избегала од ужасот на семејниот дом, а кога ја сместувале по домови прашувала дали има училиште, само таму се чувствувала сигурна. Силвана Ивановска, сега дипломат од кариера, во подкастот Зошто раскажува дека се што постигнала се должи што во СОС детското село не се откажале од неа Во 2003 година, откако социјалните служби ја сместиле најпрво во Домот 25 мај, а потоа во Домот за деца без родители „11 октомври“, Силвана ...
Алармантни, бизарни и вулгарни случаи - со овие зборови родители, психолози и претставници на институции го опишуваат насилството меѓу учениците. Во тек е бојкот на настава во две основни училишта во Скопје заради дете со насилно однесување. Училиштата ги кријат проблемите „под тепих“, а ако родителите не соработуваат системот го одолговлекува решението. „Кога ја видов сликата, тоа беше шок - Брза помош, растрчани лекари, крв на главата, не ...
Како е да се биде „во штиклите на македонската жена“ и што се случува кога во руралните средини родителите носат одлука - дали ќерката треба да наследи нешто или само синот? Во над 80 отсто од анкетираните во истражувањето на битолската Организација на жени, ќерките не добиле имот од родителите. Жените и сами се откажуваат од наследство, иако законот е прецизен дека имаат подеднакво право. Убаво е да се биде во штиклите на македонската жена, но ...
Дисциплински постапки за двајца обвинители, оставка на претседателката на Судскиот совет, денеска надзор во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Сите овие случувања следат по обвинувањата од власта за судиите и обвинителите и јавните политичките препирки околу политизиран правосуден систем. За дел од правниците и луѓето од фелата, само судии со интегритет може да бидат лекот против „ракот “ во судството. Обвинителите ќе се ...
Демонстрантите во Грузија доставија детални извештаи до грузискиот сервис на Радио Слободна Европа за брутално тепање од полицијата за време на демонстрациите против одлуката на владата да ги прекине преговорите за членство во ЕУ. Употребата на прекумерно насилство од страна на полицијата на протестите, кои се одржуваат шест последователни ноќи, предизвика бран одбивност во Грузија и осуди од странство. Речиси 300 лица досега се обвинети во ...
Може ли пензискиот систем да се спаси од крах со зголемување на старосната граница за пензионирање? Фискалниот совет предлага таква мерка, велејќи секоја година бројот на пензионери е поголем за најмалку 1.500 нови, а иселувањето на младите ги намалува приходите во Пензискиот фонд. Синдикатите се жестоко против. Одржувањето на Пензискиот фонд на Северна Македонија е под ризик поради трендовите на стареење на населението и емиграцијата на ...
Такси-возило во главниот град се потешко се добива преку повик. Групацијата на авто-такси превозници реагира дека е алармантен бројот на диви таксисти кои прават нелојална конкуренција и возат по повисоки цени. Оттаму бараат поголеми контроли, додека градската власт во своите извештаи наведуваат дека тоа им е приоритет, но имаат само четири инспектори. Од една дестинација во Аеродром до друга во Центар со такси – за иста релација, а две ...
Милитантите зазедоа делови од територијата во Сирија, оживувајќи ја граѓанската војна која во голема мера беше во мирување со години. Ненадејната офанзива во северозападна Сирија ја предводи Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ), една од најголемите милитантни групи кои се спротивставуваат на владата на претседателот Башар ал Асад. Од 27 ноември, оваа група која е прогласена за терористичка организација од САД и сојузничките групи, го освои Алепо, вториот ...
Русија ја користи милитаристичката младинска организација, „Јунармија“, за да ја поттикне лојалноста на тинејџерите во окупираните делови на Украина и да ги подготви за се борат во војната на Москва против нивната родна земја. Развојот на „Јунармија“ во услови на целосна инвазија е потврдено со претходно необјавени документи од руските окупациски власти, кои ги доби Украинската хакерска група KibOrg и ги доставени до Schemes, истражувачката ...
Случајот со палењето автомобили и деловен објект во Куманово на лица блиски до ДУИ е последниот од низата инциденти кои загрижуваат дека можат да поттикнат меѓуетнички тензии. Аналитичари за РСЕ велат дека вакви обиди има кога тоа и е потребно на некоја политичка партија. Премиерот Мицкоски повика на смиреност, опозициската СДСМ бара лидерска средба. Обиди да се дестабилизираат меѓуетничките релации во Северна Македонија има секогаш кога тоа е ...
Западните земји се мачеа да го запрат протокот на ограничена електроника, со двојна употреба, до Русија за употреба во нејзината војна против Украина. Податоците од царината покажуваат колку тоа и понатаму е тешко. Кинеска компанија која поседува фабрика за производство во Калифорнија испрати стотици пратки со ограничена електроника за двојна употреба во Русија по инвазијата на Кремљ на Украина, вклучително и до санкционирани компании кои имаат ...
Новогодишната кошница треба да се објави до крајот на оваа недела. Официјалните бројки ветуваат стабилизација на инфлацијата, но граѓани се жалат дека расте товарот врз нивниот буџет. Економски експерти се сомневаат во резултати од празничните кошници додека се зголемува сиромаштијата. „Едно обично пазарење на неколку основни продукти не поминува без илјада денари,“ се жали пензионерката Билјана К., која ја затекнавме пред маркет во скопската ...
Калин Георгеску, малку познат политичар од екстремната десница, го искористи Тик-Ток за да ги шири своите антиевропски и анти-НАТО пораки и да победи во првиот круг од претседателските избори во Романија. Во меѓувреме Агенцијата за телекомуникации го суспендираше Тик-Ток додека трае истрагата за наводни манипулации поврзани со изборите. Малку познатата, екстремно десничарска политичка фигура Калин Георгеску, ги изненади анкетите и ги збуни ...
Управата за финансиска полиција истражува во своите редови, дали и кои предмети се чувале во фиока. Новиот в.д. директор Слободан Ивановски најавува и со закон воведување на одделение за внатрешна контрола за работата на инспекторите. Господине Ивановски, на позицијата в.д. директор сте веќе три месеци, со какви предизвици и проблеми се справува Управата? Управата за финанска полиција се случува со доста предизвици и со доста проблеми. Како ...
Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што доведе до политички тензии и апсења. Премиерот и шефот на полицијата инцидентите ги оценија како дел од сценаријата за дестабилизација. Политичките партии, излегоа со осуда, но и со обвинувања. Владејачките ја обвинуваат опозицијата за подгревање тензии, а опозицијата за несоодветен одговор на полицијата. Свирежи од возила кои се ...
Еден државен објект во Белорусија бил користен од руската војска за да управува со таканаречен „филтрационен“ камп кадешто повеќе извори велат дека украинските војници и цивили биле подложени на тортура и други злоупотреби, покажа истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ). Локацијата контролирана од владата во белорускиот град Нарулија, во близина на украинската и руската граница на југоистокот на земјата, беше една од неколкуте кадешто ...
Токсични депонии во регионот се како темпирана бомба, аеро-загадувањето бележи светски рекорди, насилството врз жените сеуште е табу тема. Њузлетер 29.11.2024 Депониите како темпирана бомба Преполните депонии се вообичаена слика низ целиот Балкан. Косово, Албанија и Црна Гора, неодамна беа рангирани од лондонскиот Лојдс регистар како едни од 10-те најлоши земји во светот во постапувањето со отпад и справување со загадувањето. На Косово, на ...
Со блокирана сметка, по два неуспешни повика за набавка на гориво, ЈСП е во ризик повторно да ги паркира своите автобуси, откако ќе го потроши горивото позајмено од државните нафтени резерви. И камионите на Комунална хигиена ги трошат резервите откако Бирото за јавни набавки им го поништи тендерот од 2,5 милиони евра. Само првиот ден по колапсот во Јавното сообраќајно претпријатие состојбата со автобускиот превоз во Скопје се нормализираше. Сега ...
Организиран криминал со издавање дозволи за оружје во сопствените редови откри МВР и поднесе пријава до Oбвинителството. Не открива колку луѓе сега поседуваат оружје со дозвола која е издадена сомнително. МВР во просек издавало по околу 5 500 дозволи годишно во периодот за кој е отворена истрагата. Министерството за внатрешни работи во име на тајност на истрагата не открива што ќе се случи со „сомнителните“ дозволи за поседување на оружје. ...
Расте загриженоста за можна глобална трговска војна по последното предупредување на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за нејзините најголеми трговски партнери - Мексико, Канада и Кина - се додека не се запре приливот на илегални имигранти во Соединетите Држави од Латинска Америка и дрогата која стигнува од Азија. „На 20-ти јануари, како една од многуте мои први извршни наредби, ќе ги потпишам сите потребни ...
Договорот за примирје во Либан е голема победа за Израел, сметаат експерти. Израел успеа да ги одвои нападите на Хезболах од војната во Газа. Хезболах, иако сè уште е опасен, сега е бледа верзија на себе и ќе се соочи со криза на легитимитетот додека се обидува да се обнови. Договорот за примирје стави крај на едногодишните борби меѓу Израел и либанската вооружена група и политичка партија, Хезболах. Договорот постигнат со посредство на САД е ...
Власта и оваа сезона излезе со краткорочни мерки против аерозагадувањето, додека екоактивистите се скептични и порачуваат дека клучот е во долгорочно инвестирање во чист воздух. Што предвидуваат краткорочните мерки, имаат ли институциите капацитет да ги спроведат и ќе дадат ли резултати? Од проверка на испусните гасови на автомобилите и забрана за товарни возила во урбаните средини до вонредни контроли во индустриските капацитети и на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата двапати овој месец ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ги отповикаат членовите што ги номинираа во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Мандатот на новиот состав на УО на Академијата почнува в петок, но препукувањата продолжуваат. На 29 ноември (петок) ќе почне со работа новиот состав на Управниот одбор(УО) на Академијата на судии и јавни обвинители, во ...
Повеќе од една година, јеменските бунтовници Хути ги напаѓаат меѓународните бродови и пукаат врз американските поморски сили во Црвеното Море. Нападите со проектили и беспилотни летала на Хутите ја нарушија клучната глобална трговска рута и предизвикаа одмазднички напади од страна на Соединетите Држави и Велика Британија. Сега, извештаите на американските медиуми сугерираат дека Русија им помага на бунтовниците да ги изберат нивните цели - ...
Скепса кај граѓаните дека ќе „рикаат возови“ кон Бугарија. Скепса дека „ќе се оправи“ Македонска пошта. Скепса и дека Скопје ќе ги победи „современите окупатори“. Во здравството „бетер“... Њузелетер, 15.11.2024 Директорите си ја зголемиле платата за 50 отсто, поштарите на минималец Македонска Пошта е загубар со милионски долгови, ама директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата, утврдија ревозорите. Вработените, кои ...
Дијалог од стара телевизиска реклама во која на прашањето на пензионерот „Дали има нешто за пензиите?“, поштарот одговара: „Пензиите се укинати“, а на кој потсетува Гордана Матковиќ од Центарот за социјална политика во Белград, го прикажува стравот на граѓаните од (не)сигурноста на пензиите. Раденко Милинковиќ од Белград веќе шест години е во пензија, но сепак мора да работи дополнителна работа. Тој продава сладолед на главната улица во градот, ...
Чад, гнев и бескрајни ветувања: нестандардните депонии со години трујат цели градови, иако речиси 100 милиони евра од ЕУ фондови за модерно управување со отпад остануваат неискористени. Нов рок е 2025 за почеток на изградба на некоја од петте регионални депонии, додека граѓаните се гушат во енормно загадување. Кочани, град на североистокот на Северна Македонија, овој месец беше сведок на континуирани 24-часовни блокади од страна на граѓани и ...
Сè уште не е комплетиран списокот на банки кои ќе ги даваат кредитите со парите од унгарскиот заем. Власта очекува дека во наредните денови 250-те милиони евра ќе бидат достапни за фирмите. Компаниите сами ќе си покриваат камата од 1,95%, додека каматата од 3,25 отсто што треба да се плати на Унгарија, ќе ја покрива државата. Условите за кредитирање досега не се прецизирани. „Компаниите да подготват добри, издржани проекти, добар бизнис план. ...