Уште пред седницата најголем дел од парламентарните партии и од власта и од опозицијата се изјаснија дека нема да гласаат „за“. Единствено, на денешната седница помина интерпелацијата за пратеничката Илире Даути, но од кабинетот на Гаши велат дека тоа нема обврзувачки последици и правно дејство. Малите се шансите дека ќе помине која и да е од четирите интерпелации за владините функционери кои денеска (10 јануари) се на дневен ред во Собранието. ...

Европската Унија се сомнева дека измените на законот за јавни набавки ќе ја подобрат борбата против корупцијата, која како мотив за законските измени, ја нагласува власта. Од Делегацијата на ЕУ за РСЕ велат дека се сериозно загрижени за измените на законот за јавни набавки. Сериозна загриженост за измените за законот за јавни набавки им изразила Европската Унија на македонските владини претставници, велат од Делегацијата на Европската Унија во ...

Оддалечен, леден и главно неистражен, Гренланд игра главна улога во секојдневните временски услови за милијарди луѓе и за глобалните климатски промени. Гренланд е место на климатски промени, оскудни ресурси, „напната“ геополитика и нови начини на тргување, и сето тоа се испреплетува, вели Џеф Дабелко, професор по безбедност и животна средина на Универзитетот во Охајо. Островот сега е центар за геополитичка и геоекономска конкуренција на многу ...

Дигитални документи, дигитален денар како дел од битката против корупцијата и сивата економија. Политичари – ТикТокери a хумани семејства без пропаганда по социјални мрежи. Њузлетер 10.01.2025 Со дигитализација против корупцијата Пред зградата на Управата за водење на матичните книги во Скопје, скоро секогаш има редици граѓани кои чекаат да добијат различни услуги: од вадење извод од матичната книга на родените, до закажување на термин за ...

Вкупно 11 од 12 анализирани тендери за промоција и маркетинг на Државна лотарија во времето на екс директорот Перпарим Бајрами се спроведени со прекршувања на Законот за јавни набавки. Ова го утврдил експерт ангажиран од Антикорупциска кој ги анализирал спроведените тендери. Недефинирани (дополнителни) критериуми за оцена на избраните решенија во тендерите за промоција и маркетинг, субјективни оценки на членовите на Комисиите за евалуација што ...

Скопје речиси секојдневно е на врвот најзагадени градови во Европа и светот, секоја зима од година во година. Стратегии и планови постојано се слушаат. Што може да се преземе итно и да донесе некакво подобрување со воздухот, разговараме со Горјан Јовановски, активист и независен советник во Град Скопје од иницијативата Зелен Хуман Град. Постојано слушаме за стратегии и планови за аерозагадувањето, дека се потребни по неколку години за да се ...

Од август, украинските сили се борат да ја задржат територијата што ја зазедоа во рускиот регион Курск, делот од прекуграничниот упад кој, и покрај нејасните тактички цели, ги изненади западните сојузници на Киев и Кремљ. Сега Киев започна нова офанзива во Курск, туркајќи ги руските сили поддржани од севернокорејските војници кои вратија повеќе од половина од територијата што Украина ја зазеде. Не е јасно зошто Украина води нов напад во Курск и ...

Со оваа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, измени и дополнување на трите наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан. Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет ...

Долгите редици пред институциите и коруптивните практики ја нагласуваат потребата од целосна дигитализација на јавните услуги во Северна Македонија Пред зградата на Управата за водење на матичните книги во Скопје, скоро секогаш има редици граѓани кои чекаат да добијат различни услуги: од вадење извод од матичната книга на родените, до закажување на термин за склучување брак или пријавување на новороденче. Чекањето не секогаш е долго, но ...

Патниците од десетици земји, меѓу кои САД, Канада и Австралија отсега ќе треба да платат за да влезат во Велика Британија. Електронската шема за патничко овластување (ЕТА), која е слична на ЕСТА системот во Соединетите Држави бара од посетителите, на кои не им е потребна виза за да влезат во Британија, да се стекнат со дозвола за патување. Дозволата чини 10 фунти (12,50 долари) и овозможува престој до шест месеци во период од две години. Таа ...

Шумски пожар беснее во елитната област на Лос Анџелес, Калифорнија. Пожарот уништи куќи и создаде сообраќаен метеж, додека 30000 луѓе веќе се евакуирани. Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисејдс, помеѓу Санта Моника и Малибу, изјавија официјалните лица кои исто така предупредија на екстремна опасност од ширење на пожарот поради силните ветрови кои пристигнаа по долготрајната суша. Според противпожарните служби, сè уште не постои ...

Новите владетели на Сирија, наводно, им доделиле високи воени позиции на неколку странски исламистички борци. Овој потег ги вознемири нивните матични влади, кои се плашат од потенцијалниот извоз на револуција на нивна почва. Повикувајќи се на неименувани извори во Сирија, извештаите на Ројтерс и АФП велат дека еден етнички Албанец од Северна Македонија, државјанин на Таџикистан и тројца кинески Ујгури се меѓу странците кои биле унапредени на ...

Најмалку 53 лица загинаа, а повеќе од 62 се повредени во силниот земјотрес што на 7 јануари го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Според кинеските државни медиуми, многу згради се уништени. Уништени се над 1000 куќи, пренесе Би-би-си, наведувајќи дека се уште е рано да се процени конечниот број на жртви. Според новинската агенција Ксинхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното ...

Многу врева за воведување на дигитален денар, а малку познавање за корисниците. Вака може да се опише идејата која се почесто може да се слушне во изјавите на високите претставници на власта. Народната банка работи на проектот со кој се очекува да се намали кешот и можноста за сива економија. „Дигитален македонски денар - сега за сега тоа е само идеја, но ќе видиме како ќе се развива тоа во иднина. Тоа е иднината и мислам дека ќе бидеме први во ...

Израел ги засили своите напади против јеменските бунтовници Хути. Но, експертите велат дека географијата, како и празнините во разузнавањето претставуваат „сериозни предизвици“ за Израел. Израел ги деградираше борбените способности на своите главни противници во текот на изминатата година, вклучувајќи го либанскиот Хезболах и палестинската Хамас, која од од САД и ЕУ е прогласена за терористичка организација. Но, јеменските бунтовници Хути, кои ...

Македонските политичари се почесто ги има на ТикТок, кој станува моќна алатка за политичка кампања. Оваа платформа „предизвика“ неочекуван пресврт во романските претседателски избори. Анализи и истражувања покажуваат дека се користи да се шири руско влијание и европските регулатори отворија истраги. Политичарите ширум светот кои некогаш ја критикуваа социјалната платформа ТикТок (TikTok) сега и се придружуваат во обид да допрат до младите ...

Атмосферата беше прекрасна, се зборуваше, се читаше на македонски и на грчки јазик додека надвор не чуваа грчки студенти, вели писателката Румена Бужаровска во интервју за Слободна Европа. Настанот на Универзитет во Солун бил под ризик да не се одржи поради заплашувања од ултра десничарски групи. Бужаровска, вашите книги се преведени на 15 јазици, а делот од расказите се оживени и на театарската сцена. Може ли да се живее од творештво во ...

Од околу 2.500 случаи на ин витро годишно, околу 1.000 се од соседните земји и подалеку, објави Фондот за здравствено осигурување. Законски ограничувања за возраст на жената и за увоз на репродуктивен материјал во нивните земји, но и добри искуства во македонските болници се причини поради кои странци прават вонтелесно оплодување во Северна Македонија. „Докторе, само да ве известам дека како плод на Вашата работа се породив со близнаци, момче и ...

Надитрени, поразени и речиси прегазени, украинските сили се борат да го спречат напредокот на руската армија која има повеќе луѓе, повеќе огнена моќ и целосен капацитет низ замрзнати полиња и калливи ровови во источна Украина. Покровск, град со предвоено население од 60 000 жители, е најголемата локација каде одбраната на Украина е изложена на ризик да му подлегне на немилосрдниот руски напад. Но, тој не е единствениот... И покрај тоа што се ...

Нова власт, нови функционери и ветувања, а стари маки на граѓаните – високи цени и инфлацијата. Какви политички промени ја одбележаа 2024-та и кои општествени случувања предизвикаа најмногу бранувања во јавноста во текот на изминатата година? „Можеби нормалниот човек што издржува се и што може да опстане. Ете тој – обичниот човек“. Ова беше еден од одговорите на македонските граѓаните на прашањето на Радио Слободна Европа – „Кој е вашиот херој ...

Регулативата на Централната банка на Косово платежните трансакции да се одвиваат исклучиво во евра не ја исполни својата цел, бидејќи динарите продолжуваат да циркулираат во српските области на Косово, а приходите од буџетот на Србија не се претвораат во евра, заклучува професорот по економија на Универзитетот во Приштина, Мејди Бекташи. „Таа уредба беше избрзана одлука. Политичка одлука на оваа влада“, смета тој, додавајќи дека прашањето за ...

Првороденo машко бебе, 18 затруени од алкохол и едно тешко повредено дете од петарда. Ова е епилогот од новогодишните прослави. Од денеска мора да се поседува возачка дозвола со уставното име и започнува да се применува Законот за нефер трговија. Неколку инциденти на новогодишната ноќ и во светот. „Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3190 грама и е долго 50 сантиметри и е прво на мама и тато, соопштија од Клиниката за ...

Опасната игра со петарди се интензивира во пресрет на празниците. Расте бројот на повредени, а за некого тоа е вистински кошмар. Родителите на деца со попреченост велат дека мораат да се затвораат дома. Бројните апели и кампањи иако ја намалија, не ја искоренија употребата на петардите. Петнаесетгодишно момче останало без делови од прстите, но и со скршеници на останатите делови од коските на десната дланка. Овие повреди кои ќе му остават траен ...

Откако првичниот притисок на Русија да ја потчини Украина не успеа во првите недели од нејзината целосна инвазија, повеќе од две ипол години преовладуваше широко распространетиот став: Нема крај на војната на повидок! Тоа се промени во последниве месеци поради неколку причини и фактори кои се движат од ситуацијата на бојното поле, па се до јавното мислење по изборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа ...

По речиси 11 години, Советот на АВМУ може да добие нов состав. Пратеникот Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека пратениците ќе одлучат во првите недели од 2025, но новинарските здруженија стравуваат дека ќе пропадне и овој трет обид. Тоа, велат, би ја нарушило довербата, а реформите ќе стагнираат. Во Новата година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услови (АВМУ) ќе влезе со стариот состав на Советот и со очекувања дека конечно на ...

Со протести и отворени писма младите од регионот се обединуваат за да покажат солидарност со српските студенти кои последниов месец протестираат револтирани по несреќата на Железничката станица во Нови Сад. И македонските студенти се вклучија во регионалната поддршка. Македонски студенти се солидаризираат со српските колеги кои последниов месец протестираат низ Србија, по падот на бетонска настрешница на 1 ноември во Нови Сад, кога загинаа ...

Се шпекулираше дека актуелната претседателка на Грузија, Саломе Зурабишвили, ќе одбие да ја напушти претседателската палата, дури и откако ќе биде инаугуриран нејзиниот наследник. Сепак, тоа не се случи. Зурабишвили, којa стана морален глас на илјадници антивладини демонстранти, реши да си замине мирно - брзо, но секако, не тивко. И додека Михаил Кавелашвили, поранешен фудбалер и десничарски популист, положи заклетва како нов шеф на државата на ...

Републичкиот обвинител Коцевски нема информација каде е Груби, но во тек е истрага. Тврди дека „кртот“ кој ја проби истрагата за Државна лотарија не е од обвинителството. За екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е осомничен во друг случај, не барале притвор оти казната е до 5 години затвор. Актуелно е бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, дали знаете каде се наоѓа? Во моментов Јавното обвинителство нема податоци каде се наоѓа ...

Додека вработени во градски претпријатија протестираа за плати и под закана е дали Скопје ќе ја зачува титулата Град на културата во Европа за 2028, Арсовска надвор од државата добива признанија. Избрана е за координатор за следење и спречување на корупција во Конгресот на локални власти во Советот на Европа, претседаваше со Форумот на градоначалници во ОН, а Град Скопје доби признание „Европска диплома“...Работата надвор - дома не се гледа, ...

Минатата година, предизвикавме 10 новинари од повеќе редакции на Радио Слободна Европа да погледнат во иднината и да предвидат што може да донесе годината што ни претстои. Тие ги споделија своите сознанија за тоа што може да се случува во 2025 година. Од нивните предвидувања произлегуваат неколку теми кои ќе се повторуваат: Украина Од Виталиј Портников На крајот на 2023 година, тврдев дека дури и ако едната страна постигне воена победа во ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
46%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
4.63
46%
1023
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
1.81
27%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
20%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.51
57%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
11.18
27%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
29%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
6.26
45%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
46%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326