
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Што покажаа резултатите од првиот круг претседателски избори? Зошто е толкаво незадоволството на гласачите од актеулната власт? Што може да се очекува сега? Њузлетер 26.04.2024 Стигна казната По првиот круг од претседателските избори може да се заклучи дека најголем губитник е и СДСМ, но, и нивниот кандидат Стево Пендаровски, иако се пласира за вториот круг. Со освоените 180 илјади гласови, во првиот круг, актуелниот претседател Пендаровски, ...
Семејно гласање, следење на бројки на гласачи и проблеми со броење на гласови во 10 отсто од избирачките места се дел од забелешките на Мисијата за оценка на избори ОБСЕ/ОДИХР. Поголемиот дел од нивните забелешки се однесуваат на законските недоречености и на негативната кампања на изборите. Самиот ден на изборите од првиот круг во трката за претседател е севкупно позитивно оценет и мирен, иако во одредени места пребројувањето не се одвиваше ...
Победата на Сиљановска Давкова во првиот круг не е изненадување, но неочекувано е убедливото водство пред Пендаровски, коментираат аналитичари за РСЕ. Според нив, Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ се најголеми добитници. Каква улога ќе имаат гласовите за албанските партии за избор на претседател во вториот круг? Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски беше очекувана, но изненадување ...
Компанија поврзана со семејството на претседателот на Узбекистан обезбедила повеќе од 100 милиони долари од тајни државни договори, вклучително и договор за испорака на десетици милиони долари природен гас по нереална цена до најголемиот производител на цемент во земјата, покажа истражувањето на РСЕ. Доходовните владини договори обезбедени од „таинствената“ фирма, Ултимо Груп Лимитед, нагласуваат дека политичките инсајдери - вклучително и ...
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова „почеток на ново време“ и испрати пораки за регионална соработка. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, пак, не криеше дека резултатите не се она што го очекувале, но најави борба за вториот круг. Изборниот ден, и од институциите и од повеќето партии, беше оценет како мирен со фер и демократска атмосфера и без поголеми инциденти. Со предност од над 150.000 гласа, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ...
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е во водство во првиот круг од изборите, покажуваат податоците на ДИК. Изборниот ден, според оценките на ДИК и првичните реакции од партиите поминал во демократска и фер атмосфера, без поголеми нарушувања на изборниот процес. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Сиљановска-Давкова води во првиот круг од претседателските избори, покажуваат првичните нецелосни резултати на Државната ...
На првиот круг од претседателските избори, до 13:00 часот, правото на глас го искористиле 24, 92 отсто од граѓаните. Гласачките места беа отворени навреме, иако некои се соочија со технички проблеми. Во изборната трка има седум кандидати. За победа во првиот круг потребно е кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. На гласачкото место 2517 во општината Центар во Скопје гласањето почна навреме. ...
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе го потпише долгоодложуваниот пакет воена помош, кој беше одобрен од Сенатот доцна на 23 април. Со тоа се отвори патот американската воена помош да продолжи да доаѓа до Украина, во услови на унапредување на руските инвазивни сили и недостатокот на воени резерви на Киев. „Ќе го потпишам овој закон и ќе му се обратам на американскиот народ веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре за да можеме да ...
07:44 Северна Македонија избира претседател Граѓаните на Северна Македонија бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години. Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори. На гласачките места во Северна Македонија кои се отворија ...
Граѓаните на Северна Македонија бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години. Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори. На гласачките места во Северна Македонија кои се отворија утрово на 24 април во 7 часот, граѓаните ќе ...
Во текот на годината немаше значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија, пишува во извештајот на Стејт департментот за состојбите со човекови права за 2023 година. Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките и во овој извештај. Во него меѓудругото, се додава дека ...
Сезоната со пожари на отворено ќе ја дочекаме со 50 отсто помал воздушен капацитет за гаснење во однос на лани, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. За гаснење пожари од воздух пак, државата располага и со два армиски и два авиона на МВР. Мерењата на службата за следење на климатските промени на Европската Унија покажа дека месец март бил најтоплиот во историјата на мерењата на светско ниво. Високи температури, ...
Денеска (23 април) се очекува американскиот Сенат да гласа за долго одложуваниот пакет за воена помош кој вклучува повеќе од 60 милијарди долари за Украина. Гласањето следува откако Претставничкиот дом ја усвои мерката на 20 април по неколкумесечни расправии. Украина и нејзините европски сојузници го поздравија усвојувањето на долго одложуваниот нацрт-закон за помош од страна на Претставничкиот дом на САД, којшто е клучен за одбраната на Украина ...
Сè помалку ученици, а сè повеќе наставници, празни училници и затворени училишта. На ваква слика укажуваат официјалните податоцина Државниот завод за статистика, како и наставниците и експертите, кои го анализираат македонското образование. Во основното училиште „Славко Лумбарковски “ во битолското село Бач, општина Новаци, во ’60-те и ’70-те, имало 700 ученици, од Бач и од околните села. Денес, во училиштето има едвај 20 ученици, а тројца од ...
На само два дена пред првиот круг на претседателските избори, Владата нема прецизни правила дали изборниот ден ќе биде задолжително неработен за приватниот сектор и како ќе им го плати тој ден на работниците. Приватниот сектор чека насоки за работа. Родителите со деца во во трка по „баба/дедо сервис“, а децата среќни што нема да одат во училиште. Голем дел од средношколците и учениците од основните училишта во вторник попладне (23 април) и среда ...
Приватните специјализанти денеска повторно ќе протестираат, откако не прифатија нивните барања да се решаваат по изборите. Најави за радикализирани протести има од „Национални шуми“, „Водостопанство“, „Македонски пошти“, во време кога партиите во кампањата ветуваат повисоки плати и подобар стандард Некој бара неисплатена плата, некој бара повисока плата и сите обвинуваат дека државата е најлош работодавач во моментов. Неколку тековни штрајкови, ...
Националистите извршија „рации“ против малите бизниси во Централна Азија во неколку сибирски региони, додека извештаите за ксенофобични инциденти продолжуваат да се зголемуваат по смртоносниот терористички напад во Градското собрание на Крокус во близина на Москва минатиот месец. Во еден инцидент на 8 април, членовите на Рускиот народен одред (РНД) влегоа во аптека во Новосибирск и побараа да биде отпуштена жена фармацевт која носеше шамија, ако ...
Руско влијание во предизборието има, но, не со тој интензитет како за претходните претседателски избори и референдумот, вели во интервју за РСЕ актуелниот шеф на државата и претседателски кандидат на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски. Сепак, тој истакнува дека со наближувањето на двојните избори, влијанието може и да се засили. Господине Пендаровски, во кампањата имате еден наратив дека во мандатот што ви изминува „немате ...
Aко Иран одлучи воено да одговори на наводниот напад на Израел на 19 април, како што направи претходно на 13-ти, работите може да ги однесе многу подалеку. Освен елементот на изненадување, во игра може да влеза и нуклеарното оружје, за што долго време постојат сомневања. Ако Иран одлучи да одговори на наводниот израелски напад на неговата територија на 19-ти април, можеби нема да мора да ги повлекува „ударите“ како што тоа го направи минатиот ...
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека ќе ја почитува одлуката, ако новиот состав на Собранието го промени Уставот, но дека е невозможно тој да се промени, пред да се распушти овој парламентарен состав. Придавката „северна“ нема да ја користи во обраќањата. Вие сте против уставни измени кои се услов за влез во Европската Унија. Тогаш што мислите, како државата ќе ги продолжи преговорите? Ако однапред ...
Фрлање лопата за изградба нa училиште, средби со граѓани, посети на училишта во придружба на сопартијци од ДУИ е честа слика што ја покажуваат владините фотографии во изминативе два ипол месеци владеење на техничкиот премиер Талат Џафери. Каде е границата меѓу владин и партиски претставник во законот за Влада не е прецизирано Tехничкиот премиер Талат Џафери роденденот го прослави во кругот на семејството во просториите на Владата. На честито во ...
ЗНАМ не ја формиравме за да делиме министерски ресори и учеството во идната влада ќе зависи од резултатот на изборите и националните интереси, вели Димитриевски. Како евентуален претседател, пак, ветува дијалог со сите политички фактори и единство во надворешната политика. Гласови очекува од поддржувачи и на актуелната власт и на опозицијата. Советник во Куманово, пратеник во Собранието и градоначалник. Ова се скалилата по кои се движеше ...
Израел изврши напад врз Иран, објавија американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на американската влада, додека иранските државни медиуми објавија дека експлозии се слушнале рано во петокот во близина на централниот град Исфахан, објави редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа. Израелските власти најавија дека ќе возвратат на нападот на Иран, кој лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили врз ...
Официјално почна и кампањата за парламентарните избори, анти-корупционерите и натаму опструирани од институциите, вработени штрајкуваат за плати. Њузлетер 19.04.2024 Почна и кампањата за парламентарните избори, иако и досега ја имаше Политичките партии, кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 8 мај, во четвртокот (18.04.2024) и официјално ја започнаа кампањата. Дел од партиите веќе се во кампања, барем оние што фаворизираат одреден ...
Додека светот нервозно го очекуваше исходот од иранскиот напад врз Израел, некои арапски земји веќе презедоа чекори за намалување на неговото влијание, пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ). Кога се „спушти прашината“ од нападот на 13 април, огромното мнозинство од стотиците беспилотни летала и проектили лансирани од Иран беа соборени од Израел, неговите западни сојузници и Јордан, и покрај неговото силно противење ...
Започнува предизборната борба за парламентарните избори. Во трката за гласањето на 8 мај влегуваат 17 партии, а за прв пат се поклопуваат две изборни кампањи. Шансите на помалите партии се мали, па затоа некои од нив влегуваат во предизборни коалиции со големите, оценуваат политички аналитичари. Има и такви кои сакаат да ги раситнат гласовите Партиите денеска стартуваат со официјалната кампањата за парламентарните избори на 8 мај 2024 година, ...
Празни и нецелосни извештаи за финансирање на изборната кампања доставиле дел од претседателските кандидати до ДИК. Некои кријат колку пари собрале, други пак, колку потрошиле. ДИК се оградува од одговорност за содржината на извештаите, надлежни за тоа биле антикорупционерите и ревизорите. Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи не ја исполниле во целост законската обврска да достават основни информации за примени донации во ...
Од позиција на шеф на дипломатијата, Бујар Османи, кој паралелно е и кандидат за претседател, изминатите денови отвори повеќе прашања од надворешната политика. Дел од аналитичарите, пак, сметаат дека овие теми, министерот ги користи и во полза на својата претседателска кампања. Дали за ваквите прашања имало координација меѓу државниот врв? Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во Обединетите Нации (ОН); барање да се ...
Народниот правобранител бара решение за граѓаните кои во моментов немаат ниту еден важечки докумет, а долго чекаат МВР да им издаде пасош или лична катра. Редиците во пунктовите се намалуваат, но за дел граѓани и натаму трае бирократскиот кошмар навреме да ги добијат личните документи. Со стари документи тие можат само да гласаат. Повозрасен скопјанец пред пунктот „Беко“ во центарот на градот чекаше да ги подигне своите лични документи, за кои ...
Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас имаат околу 3,7 милиони гласачи. Гласачите можат да излезат на околу 6500 избирачки места во Хрватска, кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Ова се едни од најнеизвесните парламентарни избори во чиј фокус се ривалството меѓу премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ, кое се разгоре во време кога земјата се бори со широко ...