
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Од 288 проекти кои ги добија општините за да трошат пари од унгарскиот кредит најчесто може да се види фразата „реконструкција на улица“. Меѓу проектите за реконструкција на партерно уредување и изградба на фекална канализација, може да се најде и по некој за изградба на градинка и катна гаража. Општина Лозово ќе реконструира партерно уредување кое ќе чини 35 илјади евра, Пехчево пак хортикултурно ќе се уреди со 77 илјади евра, но ќе потроши и ...
Динамичната недела во која беа забележани два вонредни самити во Европа и загрижените коментари на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го нагласува големиот страв во главните градови од Киев до Лондон. Имено, Вашингтон и Москва би можеле да се обидат да направат свој договор за иднината на Украина, без Киев и сојузниците на Соединетите Држави во Европа. Американскиот претседател Доналд Трамп го надополни гневот со својот пост на Truth ...
Со најконсеквентните разговори со кои се соочи неговата земја со децении, кои се одвиваат без учество на неговата земја, украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати со тупаница - кон Русија и, најзначајно, кон американскиот претседател Доналд Трамп. На прес-конференција во Киев на 18 февруари, Зеленски се обиде да го врати наративот кој „кружеше“ оваа недела, откако високи американски и руски официјални лица се сретнаа за првпат од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“ кој ризикува да ја изгуби својата земја доколку „не се замине брзо“. Во својата најжестока критика на украинскиот лидер до сега, Трамп на својата платформа Truth Social на 19 февруари напиша: „Диктатор без избори, Зеленски е подобро да се оди побрзо или ќе остане без држава“. Уставот на Украина забранува одржување на ...
Од „жестоко“ спротивставување до „експресно“ гласање. Последните измени на законот за работни односи со кои судиите и обвинителите ќе се пензионираат на 67 години, беше предлог кој во 2022 ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше, а сега го усвои. Правните експерти укажуваат на нејаснотија - колку функционери тоа може да го искористат. Перцепцијата за тоа што е корисно е различна кога се гледа низ призмата на власт и опозиција. За еден ист проблем, недостигот ...
Амбулантите низ целата држава се полни со болни од грип и бројот на случаи деновиве го достигнува врвот во сезоната. Но, ваквата слика не е изненадувачка за лекарите, туку изненадуваат симптомите, за кои велат дека се должат на пад на имунитетот, но можно е и на аерозагадувањето. „Буквално секоја коска во телото ме болеше. Мислев дека ме болат и забите и косата, не само мускулите. Сѐ! Толку тешко не ми било никогаш“. Вака охриѓанката Христина го ...
Дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина се интензивираа во последните денови, што ги поттикна европските земји да размислуваат за испраќање мировни сили со ново чувство на итност, пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ). Кога пред една година, францускиот претседател Емануел Макрон за првпат ја спомна идејата за европски сили кои ќе ја обезбедат повоената безбедност на Украина, таа не предизвика ...
Американски и руски официјални лица ги завршија првите разговори за ставање крај на војната во Украина, што Киев и неговите европски сојузници нервозно ги гледаат од страна. Високите претставници на Соединетите Американски Држави (САД) и на Русија ги завршија првите разговори за ставање крај на војната во Украина, при што Москва изрази нови барања за одржување опсежни разговори за речиси тригодишниот конфликт да се приближи кон финиш. Речиси ...
По трагичната смрт на Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин, граѓаните се обединуваат во борба за правда и безбедни улици, а протестите станаа глас на семејствата на сите жртви. Граѓанското движење “Кој е следен“ најавува и барање за конкретни реформи во правосудството. Стојан Ангеловски, чии татко Слободан во 2022 година загина на пешачки премин во центарот на Скопје, е редовен на протестите за правда за младата дизајнерка ...
Минатата недела пратениците не ги изгласаа новите предложени членови за АВМУ. Причината беше тоа што во пленарната сала не можеше да се обезбеди потребното мнозинство. И додека новинарскиот еснаф реагира дека процесот е фарса и политички обоен, партиите тврдат дека кандидатите се професионалци. Непроменетиот состав на Агецнијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) тера мандат од речиси 11 години, последен пат избрана во 2014 година, ...
Соединетите Држави и Русија се состануваат во Саудиска Арабија на преговорите од клучно значење за ставање крај на војната во Украина и тензиите меѓу Вашингтон и Москва кои би можеле да ја обликуваат безбедносната ситуација во Европа во годините што доаѓаат. Состанокот на 18 февруари во Ријад се случува кога Вашингтон ги интензивираше своите напори да стави крај на речиси тригодишната војна во Украина и започна дипломатска офанзива која ги ...
Мнозинството граѓани или 62 отсто поддржуваат идно членство на Северна Македонија во ЕУ, но од нив 20 отсто сметаат дека уставни измени се неопходен чекор, покажува истражувањето на Институтот за демократија. Според евроамбасадорот Рокас ЕУ сака да помогне, но треба да се имаат превид многу предизвици, како и случувањата во САД. Уставни измени со одложено дејство не се гаранција, смета аналитичарот Трошановски. Поддршка за членство на Северна ...
Минхенската безбедносна конференција е нешто најблиску до Суперболот (американски спортски настан) што го има меѓународната дипломатска заедница: богат со анализи пред и по настанот, неуморно следен во живо и со завршница насочена кон спектакл. Но, вистинските настани оваа година се случуваат надвор од самата конференција. Украина, нејзините европски сојузници и Кремљ се позиционираат за преговори со администрацијата на амерканскиот претседател ...
Трет протестен марш за правда за младата дизајнерка Фросина Кулакова. Со триминутен молк и ѕвездено небо, демонстрантите побараа правда за сите жртви на сообраќајни несреќи. Тие бараат суштински промени во системот и ригорозни казни за пијаните возачи. „Светлината сега да им го осветли патот на пијаните возачи и сите корумпирани во нашите институции“, е пораката која ја испратија стотици демонстранти со запалени светла на нивните телефони пред ...
Причините за доцнењето на европските пари не лежат во Европската Комисија, велат оттаму, туку во западнобалканските земји кои што не ги спровеле процедурите докрај. Првите исплати од Европскиот план за раст очигледно нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се извршат пред средината годинава. „Европската комисија сега ги финализира процедуралните ...
До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари. Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател на АА. Според него „важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“. Господине Таравари, опозицијата до сега ве обвинуваше ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на создавање на обединети европски воени сили, велејќи дека континентот мора да биде самостоен во услови на постојана закана од Русија и неизвесност за поддршката од САД, ситуација што тој ја опиша како „оваа нова реалност“. „Мораме да ги изградиме вооружените сили на Европа така што иднината на Европа зависи само од Европејците, а одлуките за Европа се носат во Европа“, рече Зеленски во говорот ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, на Минхенската безбедносна конференција се осврна на тоа што тој го претстави како „повлекување на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ги отфрлија критиките од Венс. Се чини дека слободата на говорот е „во повлекување“ низ Европа и дека „непроверената“ имиграција ...
Сколиозата како деформација на 'рбетот е најчестa патолошка состојба меѓу македонските ученици, покажале ланските систематски прегледи. Лошото седење, тврдите подлоги, несоодветни обувки, како долгите часови на компјутер - главни проблеми. Студентите лани воопшто не биле на систематски прегледи. „Ќерка ми има сколиоза, кифоза и лордоза. Ни алармираа на систематски преглед и веднаш тргнавме да бараме ортопеди. Тешко беше да се дојде до термин, ...
Државен амин за риболов во Охридското езеро и покрај препораките од УНЕСКО за забрана. Риболовците и екологистите се противат на доделувањето концесии за стопански риболов, тврдејќи дека фондот на пастрмката и белвицата во езерото е значително намален. Меѓу потенцијалните концесионери се и новоотворени компании во тек на огласот, но и фирма чиј сопственичка била донатор на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2024 година. Министерството за земјоделство, ...
Во главниот град на Баварија денеска (14 феврауари) почнува 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што ќе се одржи следните три дена во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе собере светски лидери, креатори на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните ...
Зошто нема брзи резултати во битката против корупцијата? Кои се приоритетите на Владата и на некои општини? Њузлетер 14.02.2025 Embed share Њузлетер 14.02.2025 Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:06:29 0:00 Директен линк Каде заглавува битката против корупцијата? Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат, обвинителите и судиите ...
Цените на основните прехранбени производи се во пораст алармираат граѓаните и бараат решенија. Владата се обидува со нови мерки, меѓу кои ограничување на маржите и дополнителна кошничка со пониски цени, додека бојкотите на супермаркетите се шират низ Балканот и Европа. Сѐ повеќе граѓани изразуваат незадоволство од високите цени на основните прехранбени производи, со што расте бројот на повици за бојкот на маркетите. Владата реагираше со нов сет ...
Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да сокријат дека некој од нивните блиски сторил сообраќајка во која загинал човек па дури и дете. Последни се неколку случаи во Куманово каде жена платила дури 30 илјади евра, а подоцна дознала дека е измамена. „Вашата ќерка со возило прегази дете, мигрант“, биле зборовите на измамникот кој и се јавил на 65 годишна кумановка на почетокот на февруари и се ...
Викендов сите очи ќе бидат вперени во Германија, каде што светските лидери се собираат во хотелот „Бајеришер Хоф“ на тридневната Минхенска безбедносна конференција. И додека ќе има многу официјални изјави и важни дискусии, можеби најважните разговори, за иднината на Украина, ќе се одржат на маргините на конференцијата. Голем дел од дискусијата што водеше до конференцијата беше за тоа дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за ...
Владата стартуваше постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, а пристигнаа и интерпелациите за членовите на Судскиот советкои беа избрани од Собранието. На потег се Судскиот и обвинителскиот совет, кои ќе треба за рок од две недели да се изјаснат по овие барања. Законскиот рок од 15 дена за изјаснување на Советот на јавни обвинители за предлогот на Владата за разрешувањето на шефот на обвинителите, Љупчо Коцевски започнува да ...
Градоначалникот на главниот град на Украина се „кара“ со претседателот. Министерот за одбрана е под истрага како дел од жестоката борба за контрола на набавката на оружје. Регрутерите се борат да извлечат доволно мажи на фронтот. Украинците се борат против повиците за намалување на предложената старосна граница за војска. И минатата недела, уште два града паднаа во рацете на руските сили, иако загубите беа повеќе симболични, отколку тактички. ...
Најголеми разлики меѓу пратеничката и просечната плата има во Албанија, каде платата на пратеник е пет пати повисока од просечната, додека најмали има во Србија. Во Северна Македонија разликите на пратеничките плати се околу 2,5 пати повисоки од просечната и над четири пати повеќе од минималецот. Додека граѓанин на Северна Македонија заработува просечна плата од 676 евра месечно, пратениците во Собранието, според измените на законот од почетокот ...
Со само два поени помалку од 2023 година, Северна Македонија ја завршила 2024 година со пад од 12 позиции на ранг листата на Транспаренси Интернешнл за нивото на борба против корупцијата. Според Индексот за перцепција на корупција за 2024, земјава е рангирана со 40 поени на 88-то место од 180 држави. Ако во 2023 година, кога на овој Индекс земјата беше рангирана на 76-тото место главно заради критиките за измените на Кривичниот законик, падот ...
Детали за тоа што ќе се случува со поранешна Воена болница официјално не се споделуваат, но владини извори за Радио Слободна Европа(РСЕ) велат дека промената нема да биде брза. Реорганизацијата се планира во фази за најмалку две години. Планирани се оддели за нефрологија и онкологија, при што радиотерапијата би почнала во втората половина од годинава. Оддели за онкологија и за нефрологија и зајакнување на лабораториите е тоа што првично се ...