
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Родовите стереотипи ги кочат жените да дојдат до раководни позиции во правосудството иако се побројни. Најчесто се дискриминирани во бременоста. Ова го нотира анализата на Центарот за правни истражувања, која покажа дека за жените во судството предизвик е и безбедноста. Дали имаш долга врска? Што работи твојот партнер? – Овие прашања ѝ биле поставени на Неда Чаловска Димовска кога аплицирала за работа во адвокатска канцеларија. Со ваквите ...
Апликацијата на Северна Македонија во единствената област за плаќање во евра - СЕПА се очекува наскоро да биде одобрена, а целосното интегрирање би можело да се случи во октомври годинава. Придобивките за граѓаните, но уште повеќе за бизнисот би биле побрзи трансакции, дигитализација и пристап до европскиот пазар, но и најважно – помали трошоци. Ретко пуштаме пари од странство на македонските сметки. Многу се големи провизиите, на само стотина ...
Севгинар Махмуд се сеќава на 26 декември 1984 година, како да беше вчера. Таа се сеќава на нејзината пријателка која била погодена од куршум, очајните плачења на нејзините соседи кои умираат во каналот покрај патот. И се сеќава на војниците кои упаднале во нејзиното село за да и го сменат името. Пред околу 40 години, во декември 1984 година, комунистичките власти во Бугарија започнаа насилна и систематска кампања за да ги принудат етничките ...
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се урнал во реката Потомак што тече низ Вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер над главниот град на САД, во близина на аеродромот Роналд Реган, соопштија тамошните власти. Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит изјави дека воен хеликоптер и патнички авион се судриле на регионален лет. Официјалните лица не соопштија бројка на загинати од судирот. Но сенаторот Роџер Маршал од Канзас, од каде ...
Одложените уставни измени се единствено решение на преговарачката маса или почетна позиција е прашањето што се наметнува по различните изјави на владините коалициски партнери. Експерти за РСЕ велат дека се скептични дека со новата политичка Влада во Софија се можни промени во бугарската позиција за одблокирање на евроинтегративниот процес на земјата. Новата влада во Бугарија, која е седма по ред за три години, нема да донесе ништо ново за ...
Граѓаните преку социјални мрежи организираат бојкот на маркетите, по примерот на Хрватска. Премиерот Мицкоски „го разбира повикот за бојкот“, додека државата бара решение во законот за нефер трговски практики. Но за граѓаните цените и натаму се нереални, а основните прехранбени производи се се поскапи. Се чека и следната празнична кошничка. Владата очекува стабилизација на цените на производите, а тоа на долг рок би требало да го издејствува со ...
Европската Унија никогаш не се изјасни дали ги поддржува барањата на српските студенти кои протестираат веќе трет месец, барајќи одговорност за смртта на 15 лица по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Претставниците на ЕУ се огласија дури по бројните прашања на новинарите за ситуацијата во Србија, а реакциите најмногу се однесуваат на демократското право на протест или потребата да се дозволи непречена работа на ...
Силно цензурираните весници во Туркменистан содржат малку реални вести, што ги наведува луѓето да најдат алтернативна употреба за нив. Често, тоа вклучуваше користење на државните дневни весници, во кои доминираат пофалби на претседателот Сердар Бердимухамедов и неговиот татко, поранешниот претседател Гурбангули Бердимухамедов, како тоалетна хартија, завиткување предмети или за палење оган. Сега, властите ги принудуваат државните службеници да ...
Професорите по филозофија, но и по социологија, латински јазик и психологија алармираат дека со предложените реформи на гимназиското образование им се укинуваат предметите. Министерството за образование тврди дека не се укинуваат, но се предлага сите да бидат изборни предмети во трета и во четврта година. Професорите стравуваат и за работните места и за образованието на учениците. Седум испити и дипломски труд го делат студентот Илија Велјаноски ...
Оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ можеби не е доволна за ставање крај на студентските протести што ја потресоа балканската земја по катастрофата на железничка станица во ноември кога загинаа 15 лица. Ситуацијата е таква и покрај тоа што оставката на Вучевиќ беше меѓу првичните барања на демонстрантите. Нивната позиција се развиваше во текот на неколкумесечните протести кои започнаа откако се урна бетонската настрешницата на ...
За седум месеци се запалија четири автобуси на ЈСП. Три од нив беа од украинските нископодни автобуси, а еден од кинеските двокатни. Вработени во ЈСП и експерти предлагаат украинските автобуси да се повлечат од линиите во висинските населби. Извештаите на ЈСП покажуваат дека ретко се прават ремонти, а вработените и за антифриз бараат одобрение од директорот. Со резервни делови сме слаби, ама со стравови големи штом седнеш зад волан, вели за ...
Лудилото околу четбот со вештачка интелигенција создаден од кинескиот технолошки стартап DeepSeek ги потресе берзите во понеделник (27 јануари)и поттикна дебати за економската и геополитичката конкуренција меѓу Соединетите Држави и Кина во развојот на технологијата за вештачка интелигенција (AI). Асистентот за вештачка интелигенција на DeepSeek беше на прво место меѓу бесплатните апликации на „Apple store“ вчера, поради интересот за конкурентот ...
Милост за обвинетите, а не ослободителна пресуда. Вака накусо судот ја образложи одлуката за амнестија на организаторите на „крвавиот четврток“. Се отвора прашањето што со Никола Груевски кој беше меѓу организаторите? Амнестија добија генералите, војниците се во затвор, коментираат адвокатите на дел од осудените. Последната одлука на Кривичниот суд да се амнестираат петтемина обвинети за организирање на упадот во македонското собрание што се ...
Со две минимални плати не се врзува крај со крај, велат граѓани со кои разговараше РСЕ, а покажуваат и пресметките на синдикатот. Храната и пијалаците во основната потрошувачка кошничка во јануари се за 2.000 денари поскапи од јануари лани. Економско-социјалниот совет треба да одлучи дали минималецот ќе расте, како што бараат работниците, но седница на ова тело досега не е закажана. Кога ќе излезам од продавница застанувам пред врата и повторно ...
Осумдесетгодишнината од Денот на сеќавање на Холокаустот, со кој се одбележува ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, се одржува во сенка на зголемените тензии во светот, пред се на војната во Украина и на зајакнувањето на авторитарните и популистички сили чија политика потсетува на оние што доведе до најголемиот конфликт и страдање во историјата. Делегации од 54 земји ширум светот ќе присуствуваат на комеморацијата во Аушвиц, ...
Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко кој е на власт од 1994 година, го освои седмиот последователен мандат на изборите на 26 јануари, кои ги осудија Европската Унија(ЕУ) и белоруската опозиција во егзил, јави агенцијата АФП. Со оглед на тоа што неговите противници се во затвор или во егзил, 70-годишниот владетел освоил 87,6 отсто од гласовите, покажуваат податоците на официјалната излезна анкета. Овојпат, кандидатите избрани да се ...
Самите судии имаат ниска доверба во Судскиот совет, вели претседателот на ова тело, Александар Камбовски во неделното интервју за РСЕ. Тој вели дека целта му е прво да ја врати довербата од фелата. За судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД, посочува дека не е пријатно да се гледа како сè уште дели правда. Господине Камбовски, во јуни 2024 бевте избран за член на Судски совет. Претходно беше судија во Апелациониот суд во Битола. На ...
„Генералниот штрајк“ во Србија, на кој повикаа студентите, затвори бројни локали и изнесе на улица илјадници луѓе. Клуч на врата ставија бројни продавници, ресторани, кафулиња, кина во многу градови. Паралелно, српскиот претседател организира партиски митинг и тврди дека Србија е нападната и однадвор и одвнатре. Илјадници поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС) и нејзините коалициски партнери се собраа на партиски митинг во ...
В недела (26 јануари) во Белорусија ќе се одржат претседателски избори кои речиси сигурно ќе му обезбедат седми мандат на авторитарниот претседател Александар Лукашенко. Белоруската опозиција е уништена, граѓаните се плашат од нова брутална репресија, а изборите се само вежба за консолидирање на власта на Лукашенко. Како што ќе ви кажат опозициски настроените Белоруси, претседателските избори во Белорусија на 26 јануари не се вистински избори. ...
Искра Росо, извршна директорка на здружението на граѓани „Солем“ е единствената македонска државјанка која учествувала на едукацијата на „Ерсте фондација“ во Белград и е протерана од Србија. Протерани се вкупно 13 лица од девет држави. Македонското МНР најави реакција во текот на денот. Реагираа Хрватска, Албанија, Романија и Европската унија. „Не знам што се случи, како се случи и зошто се случи... никој од нас не знае. Но, беше многу ...
Комапниите сè уште чекаат на 250 милиони евра кои се дел од унгарскиот кредит од вкупно една милијарда. Средствата за општините се веќе легнати и тие релизираат проекти, а со останатиот дел државата го плати долгот од 500 милиони евра за Еврообврзницата издадена во 2018 година. Најдоцна до крајот на јануари ќе станат оперативни 250 милиони евра кои се дел од првата транша од унгарскиот кредит наменети за бизнисот, велат од Владата во одговор за ...
Помеѓу многуте потенцијалните „жешки“ точки меѓу Соединетите Држави и Европската Унија, една од поважните што треба да се следи е колку големите американски интернет компании можат или не можат да бидат цел на ЕУ. Законот за дигитални услуги на Европската Унија игра клучна улога овде. Ова законско решение, кое стапи на сила на крајот на 2022 година, има за цел да ги реши проблемите како што се нелегалната содржина, потенцијалните дезинформации и ...
Стартуваше новиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со најавен пресврт во многу сегменти на надворешната политика и економијата. Очекувањата на македонската влада, од администрацијата на Трамп, се големи. На домашен план, откриваме нови можни тендерски манипулации. Њузлетер 24.01.2025 Embed share „Револуција на здравиот разум“ - Њузлетер 24.01.2025 Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied ...
Дирекцијата за заштита и спасување нема план во случаи на пожар, поплава или земјотрес. Поседува технолошки застарена, неупотреблива и несервисирана опрема, оценија ревизорите. Од друга страна, нова опрема, термални камери и дишни апарати, која институцијата ја купила пред две години фаќа прашина во магацини. Од ставање во употреба ја дели само еден состанок кој никогаш не се одржал. Дирекцијата за заштита и спасување склучи два договора за ...
Министри, трговци, градежни и транспортни фирми бараат од пензионери да се вратат на работа, велат синдикатите и работодавачите. Некои компании се обратиле и до Сојузот на пензионери за да ангажираат нивни членови. Ниските пензии се најчест мотив пензионерите да ги одложат мирните неработни денови. По 45 години работен стаж, 64 годишниот Горан М. од Скопје, наместо удобно во фотелја да гледа утринска програма, вели дека и натаму секое утро се ...
Хуманитарните групи, невладините организации, претприемачите, земјоделците и владите ширум светот со загриженост ги следат плановите на Вашингтон, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја суспендираше на одредено време странската помош во очекување на проценката од неговата администрација. Во Авганистан, замрзнувањето на американската странска помош за земјата би било „катастрофално“ за милиони Авганистанци кои имаат потреба, ...
Во три години откако беше воведена „недела неработен ден“, направени се над 350 контроли од кои само во 70-тина биле откриени недостатоци или биле изречени забрани за работа. Лани, пак, по пријави на работници инспекторите изрекле само 17 решенија поради неправилности и седум парични казни. И дел од синдикалците и дел од бизнисмените, како еден од проблемите ја посочуваат несоодветната евиденција на работното време и неправилните пресметки за ...
Вкупно 318 милиони денари, или пет милиони евра вратиле Клиниките во Фондот за здравствено осигурување во 2024 година. Неискористените средства се дел од таканаречените условни буџети, наменети за скапи и иновативни лекови. Иако пари имало, онколошки пациенти повторно реагираат дека нема лекови од нивната терапија. Одам по терапија, а терапија нема, вели пациентка која се лекува на Клиниката за онкологија додека чека нови информации за тоа кога ...
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците на Соединетите Држави во НАТО да потрошат повеќе пари за оружје и муниција. Предлогот на Трамп членките да издвојуваат пет проценти од БДП за одбраната беше отфрлен од повеќето земји, но побарувачката за поголеми буџети е реална и не се очекува да престане. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека трошоците за одбраната би можеле да пораснат до 3,7 отсто од БДП. Сепак, само ...
Тетовска фирма чиј сопственик е помошник раководител во Министерството за транспорт редовно добива тендери за изработка на ДУП-ови во неколку општини. Од Министерството немаат коментар, иако тие издале лиценца за работење на неговата фирма. Антикорупциска отвори предмет по доставените прашања од РСЕ Тетово е град кој од 2003 година нема донесено Генерален урбанистички план. Се смениле многу градоначалници и власти но никој не успеа да го среди ...