Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и Владата кон крајот на годината, по редовниот конгрес на партијата најави партискиот лидер и премиер Христијан Мицкоски во денешното обраќање на Конференцијата на Унијата на жени на владејачката партија. Додаде дека „кој ќе се покаже во работата ќе остане, а на другите ќе им се заблагодари“. Мицкоски кажа дека очекува убедлива победа на локалните избори, но и политичка пензија за лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според ...

Во израелските воздушни напади загинаа најмалку 100 Палестинци низ Појасот Газа во текот на ноќта, соопштија во неделата локалните здравствени власти, додека посредниците организираа нова рунда разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Засега нема коментар од израелската војска, која ги прошири своите напади врз енклавата, убивајќи стотици луѓе од четвртокот, како подготовка за нова копнена офанзива за постигнување „оперативна контрола“ ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со папата Лав XIV на денот на неговата инаугуративна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан на 18 мај. Украинскиот лидер побара од поглаварот на Римокатоличката црква да помогне во напорите да се запрат борбите во речиси 39-месечната војна на Русија против Украина. Папата Лав Четиринаесетти се сретна со Зеленски на 18 мај, откако беше официјално поставен, и тоа беше една од неколкуте ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара со лидерите на Русија и Украина на одвоени разговори утре (19 мај 2025), откако во смртоносниот напад на руско беспилотно летало вчера загинаа девет патници во минибус во Украина, еден ден откако првите директни мировни преговори во последните три години не постигнаа напредок. Во објавата на својата мрежа „Truth Social“ на 17 мај, Трамп рече дека ќе разговара со рускиот претседател ...

Вознемирувачките фотографии од повредените во Кочани се објавени како аларм, вели Марко Димитриев од Support Kochani во интервју за РСЕ . Оваа групат волонтери се организирале на денот на погребите затоа што на семејствата на настраданите им требала помош, а некои почнале да продаваат и имот за да ги покријат трошоците. Поминаа два месеца од трагичната ноќ кога се изгоре дискотеката „Пулс“. Support Kochani објави застрашувачки фотографии на ...

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа Украина да ги повлече своите сили од сите украински територии за кои претендира Москва пред да се согласи на прекин на огнот, изјави за Ројтерс висок украински функционер запознаен со разговорите. Тоа барање, заедно со другите поставени во петокот, ја надминува рамката на нацрт-мировниот договор предложен од САД минатиот месец по консултациите со Москва. Првите директни разговори во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти дијалогот меѓу Косово и Србија ќе биде рестартиран „во наредните недели“. Тој оваа изјава ја даде на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, откако беше прашан за критиките на косовската претседателка Вјоса Османи дека Европската унија го губи кредибилитетот. „Поминавме многу време во дијалогот меѓу Белград и Приштина. ЕУ има легитимитет да бара конкретен ...

Со документот за стратешко партнерство, двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби, истакна денеска, 17 мај, премиерот Христијан Мицкоски на заедничката пресконференција со британскиот амбасадор Метју Лосон по повод согласноста за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Премиерот нагласи дека договорот ќе биде основата за ...

Израелската армија (ИДФ) во петокот доцна вечерта објави дека започнала нова голема офанзива во Појасот Газа. „Во текот на изминатиот ден, ИД започна со големи напади и мобилизација на силите за да постигне оперативна контрола во Појасот Газа. Ова е дел од подготовките за проширување на операциите и исполнување на целите на војната, вклучително и ослободување на заложниците и разбивање на терористичката организација Хамас“, се вели во ...

Во напад на руско беспилотно летало е погоден минибус со цивили во регионот Суми, во близина на руската граница, при што загинаа девет лица, а четворица беа ранети, соопштија украинските власти. Нападот на 17 мај дојде еден ден откако првите директни мировни преговори по повеќе од три години завршија без позитивен резултат и кога Киев ја обвини Москва за „неприфатливи“ барања. Русија ги отфрли повиците на Украина, европските земји и Соединетите ...

Романците излегуваат на гласање на 18 мај за конечно да изберат нов претседател, по неколкумесечниот политички хаос без преседан кога претходните избори беа поништени, а на фаворитот потоа му беше забрането да учествува. Сега, во вториот круг се соочуваат националистичкиот кандидат Ѓеорѓе Симион против градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан. Симион беше избран како замена за Калин Георгеску, на кој не му беше дозволено да се кандидира откако ...

Премиерите на Северна Македонија и Обединетото кралство, Христијан Мицкоски и Кир Сатрмет денеска на маргините на самтитот во Тирана соопштија дека двете земји постигнале согласност за стратешко партнерство. По средбата со Стармер, премиерот Мицкоски изјави дека овој договор е историски и тој ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области. „Со ...

Порашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари. Бесими по пресудата нагласи дека судскиот процес немал за цел да ги открие вистинските виновници за пожарот во Модуларната болница. „Од длабочините на мојата душа, изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Судењето немаше ...

Вие сте делот од кој Европа не може да се откаже и навистина сме сериозни кога велиме дека не сме комплетни без вас, порача денеска шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајзингер, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. „Оваа држава има направено многу, секако дека сте имале и фрустрирачки моменти на тој пат, процесот е навистина многу долг и ние забележуваме од страна на ЕУ ...

Два месеци од пожарот во кочанската дискотека и уште само еден месец до завршувањето на истрагата. Животите ги загубија 62 млади луѓе, над 200 беа повредени, од кои стотина беа однесени на лекување в странство. Почна широка акција на полицијата и на Обвинителството, со апсења и на поранешни градоначалници, полициски началници, поранешни министри, иснпектори, полицајци... По шокот, во Кочани тага, а гневот резултираше со спонтани протести и ...

И по заминувањето на Арбен Таравари, во албанскиот дел имаме легитимитет и ист број пратеници, 13-14, изјави денеска вицепремиерот Изет Меџити. Тој претпладнево, по отворањето на конференцијата „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, им рече на новинарите дека во моментов Владата има стабилно мнозинство, но и дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт, за кои рече „се опозиција и можеби ќе преминат од другата ...

Анджеј Дуда, кој е на власт од 2015 година, сега мора да се повлече откако отслужи два полни петгодишни мандати. Кој ќе го замени во голема мера ќе зависи од тоа дали Полјаците сакаат да му дадат силна рака на премиерот Туск за да ги спроведе неговите реформи во наредните години. Полјаците ќе гласаат на претседателските избори на 18 мај - гласање кое се смета за клучно за премиерот Доналд Туск и неговата проевропска влада додека се обидуваат да ...

Денеска во Тирана ќе се одржи шестиот Собир на Европската политичка заедница под наслов „Нова Европа во новиот свет: единство - соработка - заедничко дејствување“, на кој ќе присуствува и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Клучна тема на Собирот, чии ко-домаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде сигурноста и споделената визија за иднината на Европа. Се очекува водачите да дискутираат ...

Таравари излегува од владата, стабилно ли е мнозинството, ќе има ли предвремени избори, маргинарилизирани ли се Албанците, кој е за ЕУ, а кој против, како ја добиле златната виза за Дубаи Филипче и Заев? Бомбардирање со партиски соопштенија, од кои, обичните луѓе, освен „сеир“, немаат никаква корист Секојдневно, а некогаш и по неколку пати на ден, партиите преку соопштенија, прес конференции, изјави... излегуваат со критики, обвинувања и ...

Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата министер за здравство и денеска ја достави до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. „Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за ...

Речиси истите пораки кои ги слушнавме од претходните посети во соседните земји, беа упатени и денеска од страна на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, кој како дел од балканската турнеја го посети и Скопје. Проширувањето е заедничка цел и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мирот и безбедноста, порача Кошта повторувајќи го она што и другите меѓународни претставници ни го кажуваа досега, а тоа е дека местото на Северна ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека гледа можности за напредок во завршувањето на војната во Украина и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на разговорите во Истанбул. „Сè уште сум внимателно оптимистичен дека би можело да се постигне некаков пробив во следните неколку недели, изјави Руте на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во турскиот град Анталија. Сепак, Руте рече ...

Владата на Швајцарија предупреди дека ќе бара да го ограничи слободното движење на луѓето од ЕУ ако нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминат одредени граници. Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка и покрај противењето на националистите, за кои Европска Унија е закана по суверенитетот на земјата. Договорот се соочува со долг процес на ратификација, при што ...

Делегации од Русија и Украина ќе одржат директни мировни преговори лице в лице за прв пат по повеќе од три години во Истанбул, иако тимовите ќе бидат составени од технократи од пониско ниво, откако претседателот Владимир Путин изјави дека нема да присуствува. Делегациите треба да се состанат на 15 мај во палатата Долмабахче во Истанбул и ќе се одржат во тајност без пристап за медиумите, објавија руските медиуми. Според извештаите украинскиот ...

Европската гаранција за деца како механизам на ЕУ за спречување на сиромаштијата и социјалната исклученост е особено важна за Северна Македонија, каде што секое трето дете живее во сиромаштија, апелираше денеска (14 мај) министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. „Ова е значително повисока стапка од општата стапка на сиромаштија кај вкупното население. Особено ранливи се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние ...

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е подготвен да посредува меѓу лидерите на земјите кои се во војна, наведувајќи дека тој лично „ќе направи сè за да владее мирот“. Новиот поглавар на Католичката црква, кој минатата недела ја презеде должноста водач на 1,4 милијарди католици низ целиот свет, им се обрати на верниците собрани во салата Павле Шести во Ватикан на настанот посветен на јубилејната 2025 година и 23 источни католички цркви. „Од ...

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари, откако излегоа од владината коалиција. „На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во ...

Претседателот на Европскиот совет Кошта, а по него и Каја Калас доаѓаат во мај во Скопје, а во јуни најверојатно еврокомесарката за проширување Марта Кос. Се очекува да дојдат со иста порака - уставни измени, па почеток на преговори. Симонида Кацарска од ЕПИ смета дека посетите треба „да се искористат за градење позитивен политички наратив за конкретни резултати, наместо да се фокусираме на пречките“. Првите луѓе на Европската Унија прв пат ...

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, се сретна со новиот привремен претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер кој помина години во затвор на американските сили откако беше заробен во Ирак. Средбата се одржа пред Трамп да го заврши престојот во Саудиска Арабија и да отпатува за Катар, како дел од турнејата на Блискиот Исток, која ќе вклучува и посета на Обединетите Арапски Емирати. Трамп и ал-Шара се сретнаа ...

Одеднаш, Украина и Русија се подготвуваат за она што би можеле да бидат нивните први директни мировни преговори од пролетта 2022 година, кога преговорите започнаа кратко по целосната инвазија на Москва врз нејзиниот сосед. Патот до разговорите што се очекуваат во Турција на 15 мај беше краток. На 7 мај, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, рече дека директните преговори меѓу Русија и Украина се приоритет. На 10 мај, европските лидери му се ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
39%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
57%
1022
weather icon

Загреб

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
38%
1023
weather icon

Софија

29ᴼ / 25ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.24
42%
1019
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.49
67%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
35%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
33%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
43%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1023
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
48%
1014
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78