По пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 млади луѓе, политичарите го избегнуваат Кочани. Но експертите предупредуваат: јавниот гнев, недовербата во системот и барањата за одговорност би можеле да се прелеат на изборите во октомври. Речиси два месеца по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, политичките лидери сè уште го одминуваат градот. Трагедијата што го потресе целото ...

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, беа потребни два дена Германецот Бенедикт XVI да се прогласи за папа. Кардиналите вчера (7 ...

Тоа е главната прослава во рускиот календар, водечкиот настан во напорите на Кремљ да ја возвиши советската улога во победата над нацистичка Германија. Во последниве години, парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад, исто така, послужи како можност за претседателот Владимир Путин да ја „глорифицира“ војната на Москва против Украина, иако според западните проценки, жртвите на Русија (и мртви и ранети) надминуваат три четвртини од милион ...

Мирно е во украинските градови рано изутрината на 8 мај, откако стапи на сила тридневниот прекин на огнот прогласен од Русија. Засега нема извештаи за напади со дронови со долг дострел или лансирање ракети по последователните ноќи бомбардирање. Украинските воздухопловни сили, сепак, соопштија дека руските авиони двапати лансирале насочувачки бомби врз регионот Суми во североисточна Украина во раните утрински часови на 8 мај. Воздухопловните сили ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД „Номагас Скопје“ и избраниот изведувач „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Според очекувањатана министерката за енергетика, Сања Божиновска, интерконекторот треба да биде ставен во функција во 2027 година. „Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ...

Не сум дојден да ви делам совети и да ги сеам како семиња наоколу, но не дозволувајте да бидете жртва на изнуда кога станува збор за членство во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска (7 мај) престојува во официјална посета на Северна Македонија. „Совети секако добивате и од други страни, од соседите, од меѓународната дипломатија, од ЕК. Не се сите тие паметни и корисни за вас, работете по свое. Вие сте оние ...

Русија и Украина извршија меѓусебни ноќни напади со беспилотни летала врз главните градови, во кои беа повредени луѓе во пожари предизвикани во Киев, додека во Москва не се пријавени повредени или штети. „Паѓањето остатоци од уништени дронови предизвика пожари во станови и згради во три киевски области“, соопшти украинската воена администрација на социјалните медиуми. Нападот со беспилотни летала се случи само неколку часа откако Русија испали ...

Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) се собираат во Варшава на 7 и 8 мај на неформален состанок на советот, а потоа, еден ден подоцна, ќе одат во Лвив во знак на солидарност со Украина додека Русија го слави Денот на победата. Ниту еден од состаноците не е официјален совет на ЕУ, па затоа е малку веројатно дека ќе објават нешто конкретно. Сепак, се очекува министрите за надворешни работи да иницираат формирање на специјален ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска (7 мај) ја почнува четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на комеморацијата на Денот по повод победата во Втората светска војна во Русија. Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина. Меѓународните прашања ќе ги вклучуваат војната во Украина и тековните преговори меѓу Русија и ...

Пакистан соопшти дека осум лица биле убиени рано на 7 мај во ракетни напади лансирани од индиските вооружени сили и го нарече нападот „бесрамен чин на војна“ во услови на зголемени тензии меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје. Нападот е најлош во насилствата кои траат повеќе од две децении и следи по нападот на исламистички напаѓачи во кој загинаа 26 хинду туристи во Кашмир, контролиран од Индија минатиот месец. Индија ги обвини ...

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, кој е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра. Истовремено на обвинетиот му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во ...

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот ирански колега Масуд Пезешкијан дека Москва сака „фер“ нуклеарен договор меѓу САД и Иран и дека е подготвена да помогне во унапредувањето на разговорите, соопшти Кремљ. „Руската страна ја потврди својата подготвеност да придонесе за унапредување на овој дијалог со цел постигнување фер договор врз основа на принципите на меѓународното право“, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу ...

Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, на иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ. Нивната изградба, во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, почна во 2015, беше запрена во 2019, а повеќе од шест години нема никаква теренска ...

Човештвото доживеа неочекувано и „вознемирувачко“ забавување на развојот во 2024 година, бидејќи глобалното постпандемиско закрепнување почна да губи интензитет, долго пред претседателот Доналд Трамп драматично да ја намали меѓународната помош на САД, предупреди ООН во годишниот извештај објавен на 6 мај. Според Индексот за човечки развој на ООН, кој ги мери животниот стандард, здравството и образованието, светот се опорави од шокот од ...

Кардиналите се вселуваат во своите простории во Ватикан пред конклавата за избор на нов папа по смртта на папата Франциск. Повеќе од две недели по смртта на Франциск, 133 кардинали ќе се соберат утре (7 мај) во Систинската капела на конклава што може да трае со часови, денови или дури и месеци. Кардиналите традиционално престојуваат во пансионот Санта Марта во Ватикан, кој има приватни бањи и услуга во соба во хотелски стил, но нема доволно соби ...

Украина лансираше повеќе од 100 дронови кон цели во 11 региони низ Русија, вклучувајќи ја и Москва, предизвикувајќи големи прекини во работата на аеродромите во руската престолнина, соопштија воени претставници. Во меѓувреме, Русија го таргетираше вториот по големина град во Украина, Харкив, со речиси 20 дронови во текот на ноќта на 6 мај, при што беа повредени најмалку четири лица, соопштија локалните обвинители. Нападите со дронови доаѓаат во ...

Повеќепати најавуваната посета на Москва од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е под лупа поради можни последици за европскиот пат на Србија. Вучиќ ја објави својата одлука да присуствува на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај на почетокот на март, по телефонски разговор со Путин. Во случај Вучиќ да отпатува во Москва, каде што треба да се сретне лично со Путин за прв пат од почетокот на руската инвазија ...

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска (6 мај) треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија. Шефот на германската влада го избираат пратениците на парламентот преку тајно гласање, без претходна дискусија, врз основа на предлог од претседателот. Како по правило, кандидатот е од партијата што освоила најмногу гласови на парламентарните избори. Овој пат, таа партија е на Мерц. ...

Во првите 100 дена на функцијата, една клучна цел на надворешната политика на Соединетите Држави не беше остварена од американскиот претседател Доналд Трамп: завршување на војната против Украина. Трамп се кандидираше за претседател со ветување дека брзо ќе ја заврши војната. Во интервју за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) што се емитуваше на 4 мај, тој изрази надеж дека сè уште може да се постигне мировен договор, а истовремено посочи дека неговото ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди попладневната средба со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило од Алијанса за Албанците. Од средбата, Мицкоски очекува Таравари да каже дали ќе остане во Владата или ќе оди со ДУИ. „По мене, има две опции за избор. Едната опција е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе ...

Британската полиција уапси осум мажи - вклучувајќи седум ирански државјани во две очигледно неповрзани антитерористички операции, соопштија полицајците на 4 мај, додека властите се обидуваат да утврдат дали постојат „понатамошни ризици“ за јавноста. „Ова беа две големи операции кои одразуваат некои од најголемите антидржавни закани и антитерористички операции што ги видовме во последниве години“, изјави министерката за внатрешни работи Ивет ...

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе се соберат неделава во Варшава на неформален состанок на Советот, а потоа ќе одат во Лвив во знак на солидарност со Украина пред големата прослава на Денот на победата во Русија. Малку конкретни одлуки се очекуваат во Полска на 7 и 8 мај, како и еден ден подоцна во западниот украински град Лвив, бидејќи ова не се официјални состаноци на Советот на ЕУ. „Во согласност со неформалниот карактер ...

Романците гласаат за избор на нов претседател речиси шест месеци по неочекуваното по ништување на првиот круг од изборите поради обвинувања за русковлијание. Анкетите пред гласањето на 4 мај покажаа дека ултранационалистичкиот кандидат Георг Симион (38) води пред останатите 10 кандидати. Меѓу водечките претенденти се и поранешниот премиер Виктор Понта, градоначалникот на Букурешт Никусор Дан и Крин Антонеску од владејачката коалиција. До 16 ...

Дали Алијанса за Албанците останува во Владата или ќе замине во опозиција ќе се знае по утрешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Алијанса и министер за здравство Арбен Таравари. На оваа средба која денеска ја најави премиерот, се очекува да бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав. Мицкоски како што нагласи, на таа средба јасно сака да слушне дали е точно ...

Последните претседателски избори во Романија беа поништени во декември, откако беше утврдено дека победникот имал бенефит од руско мешање. Денеска, додека Романците повторно гласаат, нему не му е дозволено да се кандидира. Кога утрово на 4 мај се отворија избирачките места за претседателските избори во Романија, фокусот не е само на тоа кој ќе победи — туку и дали ќе може да се избегне дебаклот од минатите избори. Минатиот пат, во ноември, ...

Медиумската (не)писменост, поларизацијата на американската култура на дебата и влијанието врз светот, како и преговарачката рамка со ЕУ се темите на неделното интервју со Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Во вашата сфера на работа се истражувањата на јавното мислење, политичката култура, медиуми, политички комуникации и така натаму. Ти беше и гостин истражувач на Факултетот за новинарство и масовни ...

Делницата Тетово – Гостивар, на која денеска беше поставен камен – темелник ќе биде долга речиси 18 километри и ќе чини 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување. Властите и компанијата Бехтел – Енка која го гради и овој автопат очекуваат изградбата да трае околу две години, а кога ќе биде завршен, патот Тетово-Гостивар-Кичево-Охридда може да се вози за час и ...

Подготвителната седница за Законот за јазиците е закажана за 19 јуни, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој во интервју за емисијата Трилинг објасни дека поради трагедијата во Кочани, Судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен за да се избегне етнизација и политизација, веќе ќе има одлука на Судот. “Моја проценка е дека конечната одлука ќе биде донесена после изборите. Да ...

Вира Хирич работеше како продуцент за украинската редакција на Радио Слободна Европа сè до 28 април 2022 година, кога руска ракета ја погоди нејзината куќа во Киев и ја уби на самото место. Таа е една од десетиците новинари убиени во Украина откако Русија ја започна целосната инвазија во 2022 година. Embed share Убиена новинарка: Како Вира Хирич од РСЕ загина од руска ракета? Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has ...

Објавувањето на синглот „Радио Слободна Европа“ во 1981 година беше своевидно претставување на рок бендот R.E.M. на светот. Оваа песна го потсети светот на улогата што ја игра радиодифузерот финансиран од САД во градењето на демократијата во земјите каде што слободното нивинарство е забрането или сè уште не е целосно воспоставено. По повод одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите на 3 мај, бендот најави специјално реиздавање на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
42%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
35%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.95
45%
1021
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
42%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
49%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
23%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
38%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
36%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.72
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60