
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Институт за јавно здравје информира дека за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на мајмунски сипаници. Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од Клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. „Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што ...
Дваесет и девет болни од канцер примиле несоодветни дози терапија и биле несоодветно лекувани на Клиниката за радиотерапија и онологија, утврдено е со медицинските вештачења во истрагата за случајот Онкологија. Се набавувале лекови на реверс без да постои правна основа за тоа, се правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови, нанесувајќи му на тој начин штета на Буџетот. ...
Балансирањето на производството и потрошувачката е полесно ако струјата доаѓа од термоцентралите, но предизвик се фотоволтаичните централи, каде од еден облак зависи колку струја влегува во системот. Регулаторите и експертиите алармираат побрзо да се озовможи складирање на вишокот струја, но и изградба на гасни централи Целата држава остана без струја некаде и повеќе од два часа во текот на минатиот викенд. Тогаш интервенираше Бугарија која ...
По извештаите дека Москва ги зајакнала своите воени бази во близина на границата на НАТО алијансата, Финска изјави дека очекува Русија дополнително да го зголеми бројот на војници по должината на нивната заедничка граница откако ќе заврши војната во Украина. Генерал-мајор Сами Нурми, шеф на стратегијата на финските одбранбени сили, изјави дека војската ги следи маневрите на Москва „многу внимателно“ и дека нивната работа, како дел од НАТО ...
Уставниот суд на Романија денеска (22 мај) објави дека ја отфрлил жалбата на ултранационалистичкиот кандидат Ѓеорѓе Симион по неговиот пораз на претседателските избори во вториот круг за време на викендот. Симион, кој загуби од центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, поднесе жалба до Уставниот суд за поништување на гласањето, наведувајќи странско мешање, вклучително и од Франција. „На крајот од своите размислувања“, судот ...
Напливот на интензивна дипломатија околу војната на Русија против Украина, фокусиран на првите директни мировни преговори меѓу Киев и Москва и долгиот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, заврши без значителен напредок во овој процес. Главната цел поставена од Украина и Западот, односно 30-дневен прекин на огнот, не беше постигната. Руските напади продолжија за време и по ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа (21 мај) во разговор со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во Белград изјави дека Србија останува сигурен партнер за сите кои искрено се стремат кон соработка, напредок и заедничка европска иднина. Во објава на Инстаграм, Вучиќ изјави дека со Калас разговарале за клучни геополитички теми, безбедносната состојба во регионот, европскиот ...
Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон биле убиени во среда вечерта (21 мај) додека си заминувале од настан во Еврејскиот музеј. Полицијата соопшти дека осомничениот, кој е во притвор извикувал: „Слободна, слободна Палестина“ . „Двете жртви, маж и жена, си заминувале од настан во Еврејскиот музеј во Капитал кога осомничениот се приближил до групата од четворица и отворил оган, изјави началникот на Метрополитенската полиција Памела ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Претседателката својот предлог веќе го доставила до Собранието, кое новиот гувернер на Народната банка треба да го избере на пленарна седница со просто мнозинство. „При ...
Папата Лав XIV упати итен апел да се дозволи „пристојна количина хуманитарна помош“ во Газа и да се стави крај на непријателствата, за кои рече дека ужасна цена плаќаат децата, старите лица и болните. „Ситуацијата во Појасот Газа е сè позагрижувачка и потешка“, рече папата за време на неговата редовна аудиенција на плоштадот „Свети Петар“, пренесува АФП. Апелот на Папата доаѓа откако невладината организација „Лекари без граници“ го обвини Израел ...
Северна Македонија ќе биде прва земја на Балканот која склучува Договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Делегација на македонската Влада предводена од вицепремиерот Александар Николовски утре во Лондон ќе го потпише договорот кој вклучува финансиска рамка од 5 милијарди фунти (6 милијарди евра). Но детали од ова партнерство и условите под кои Северна Македонија ќе ги добие финансиските средства од Обединетото Кралство се уште не се ...
Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утрината вршат претреси на пет локации во Скопје. „Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и ...
Земјите од Европската Унија денеска (21 мај) се согласија да формираат фонд во вредност до 150 милијарди евра (170 милијарди долари) за заедничка набавка на оружје. Кредитите треба да се користат за инвестирање во воздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, ракети и муниција, беспилотни летала и системи против беспилотни летала, како и за решавање на други потреби, од сајбер криминал до воена мобилност, појасни претседателката на Европската ...
Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност со ...
Со оглед на тоа што мастилото сè уште се суши на најново потпишаниот 17-ти пакет санкции на Европската Унија кон Русија, веќе се работи на следниот чекор за кој европските лидери велат дека ќе биде „огромен“. Но, некои аналитичари предупредуваат дека, во многу погледи, ЕУ веќе ги искористи своите најдобри карти и нема многу што ѝ останале во рацете, особено во време кога Вашингтон се чини дека не сака да се вклучи, додека ги поттикнува мировните ...
Истече рокот за регистрација на кандидатите за претседателските избори во Боливија, кои треба да се одржат во август, со што заврши обидот на поранешниот претседател Ево Моралес да се кандидира за четврти мандат. Одлуката на Уставниот суд на Боливија минатата недела ја потврди забраната за служење повеќе од два претседателски мандати, спречувајќи го Моралес повторно да се кандидира. Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година и беше првиот ...
Американскиот Сенат во вторник (20 мај) го потврди за амбасадор во Франција Чарлс Кушнер, татко на зетот на претседателот Доналд Трамп, кого Трамп го помилува откако беше осуден за манипулирање со сведоци и затајување данок. Сенатот го потврди Кушнер, кој беше номиниран од Трамп, со 51 глас „за“ и 45 гласови „против“. Сенаторот Кори Букер, кој ја претставува матичната држава на Кушнер, Њу Џерси, беше единствениот демократ кој гласаше заедно со ...
Во декември 2023 година, заедно со десетици илјади други 18-годишни мажи, Александар, од сибирскиот град Улан-Уде, беше повикан на задолжителна воена служба во руските вооружени сили. Четири месеци подоцна и речиси 7000 километри на запад, тој се најде себеси како копа пешадиски ровови по должината на руската граница со Украина. И не долго потоа, се најде себеси како се крие во тие ровови, соочувајќи се со украинските трупи и нападите со ...
Претставници на полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор околу Предлог-регулативата за управување со границите, со што ќе им се овозможи на земјите членки постепено да почнат да го воведуваат дигиталниот Систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на Шенген зоната. „Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го користат новиот систем за управување со границите со ...
Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако ...
Собранието денеска (20 мај) ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети и во Министерството за одбрана, Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та ...
„Влен“ ја официјализираше пратеничката група со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција (20 мај) координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече од пратеничката функција. „Тука сме официјално да ве известам дека до денеска пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, ...
Членките на Светската здравствена организација (СЗО) гласаа во корист на потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии. Во корист на предлогот гласаа 124 држави, откако Словачка побара гласање, иако нејзиниот премиер Роберт Фицо инсистираше неговата земја да се спротивстави на усвојувањето на договорот. Ниту една држава не гласаше против, додека 11 држави беа воздржани, вклучувајќи ги Полска, Израел, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Москва и Киев „веднаш“ ќе започнат разговори за прекин на огнот по неговиот последен разговор со рускиот лидер Владимир Путин. Во објава на TruthSocial, Трамп рече дека неговиот разговор од 19 мај со Путин траел два часа и поминал „многу добро“. Русија и Украина „веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз го поддржува Договорот за стратешко партнерство на Северна Македонија со Обединетото кралство и опозициските пратеници ќе гласаат за негова ратификација во Собранието. Но лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја критикува Владата и бара да излезе со детали за двата договора и за стратешко партнерство и Договорот влада со влада. Договорот влада со влада на Обединетото Кралство и Северна Македонија се очекува да биде ...
Русија ја означи Амнести интернешенел како „непожелна организација“, со што ја забрани оваа глобална организација за човекови права и стана казниво, според руските закони, да се има каква било поврзаност со неа. Рускиот јавен обвинител во изјавата на 19 мај рече дека потегот е преземен затоа што Амнести „е центар на подготовка на глобални русофобични проекти“. Немаше никаков коментар од Амнести Интернешнл, која ја доби Нобеловата награда за мир ...
Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница. Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. „Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова ...
На вчерашниот прв круг од изборите за претседател на Полска, кандидатот на владејачката коалиција, проевропскиот градоначалник на Варшава Рафал Часковски, освои 30,8 отсто од гласовите, а неговиот ривал, кандидатот на конзервативните националисти од партијата Право и Правда, Карол Навроцки, освои 29,1 отсто. Сепак, неочекуван успех доживеа крајната десница, кога Славомир Менцен од радикалната националистичка Конфедерација, според прогнозите за ...
Градоначалникот на Букурешт Никушор Дан победи во вториот круг од претседателските избори над ултранационалистичкиот кандидат Ѓеорѓе Симион во услови на висока излезност, изненадувачки исход што најверојатно ќе ја задржи Романија на нејзиниот прозападен пат. Со 100 отсто пребројани гласачки ливчиња рано на 19 мај, Дан има повеќе од 53,6 отсто од гласовите (6,17 милиони) во вториот круг, пред Симион со 46,4 отсто (5,34 милиони), според романската ...
Независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никусор Дан, е на пат да победи на претседателските избори во вториот круг против ултранационалистичкиот кандидат Георге Симион. Анкетите на Авангарда и CURS ја процениле победата на Дан со нешто повеќе од 54 отсто од гласовите на изборите одржани во неделата, на 18-ти мај. Победата на Дан се гледа како резултат што ќе ја задржи Романија на нејзиниот прозападен курс. Романија е сведок на изборен ...