Министрите за надворешни работи на ЕУ се собраа во украинскиот град Лвив во петок(9 мај), каде што се очекува да го поддржат создавањето на специјален трибунал кој ќе истражува и ќе ја повикува Русија на одговорност за злосторствата на агресија извршени во Украина. Собирот е симболичен знак на поддршка во истиот ден кога Русија со голема воена парада во Москва, го одбележува крајот на Втората светска војна и победата на Советскиот сојуз над ...

Русија денеска (9 мај) на Црвениот плоштад во Москва ги претстави борбените беспилотни летала што ги користеле нејзините сили во војната во Украина, што е првпат да ги изложи, објави државната телевизија, а пренесе Ројтерс. Претседателот Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и повеќе од 20 други странски лидери гледаа како разни дронови од руско производство, монтирани на камиони, се транспортираат на нивните лансери низ пространиот ...

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жофре на 9 мај изјави дека геостратешката посветеност на Србија треба јасно да биде насочена кон Унијата и дека денеска „таа треба да биде во Украина, а не во Москва“. И покрај критиките од Европската Унија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Москва, каде што присуствува на парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај. Билатералната ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV во петок (9 мај) ја одржа првата миса во Систинската капела во Ватикан, заедно со кардиналите кои го избраа. Папата Лав XIV ја започна мисата со обраќање на англиски јазик, велејќи дека: „Господ направи чудесни дела“. „Додека денес славиме заедно, ве поканувам да ги славите чудата што ги направи Господ и благословите што тој продолжува да ги излева врз нас“, рече тој. Истакна дека бил повикан ...

Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска (9 мај) германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел. „Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула за сѐ и за сите, истакна Мерц говорејќи за царините на увозот на стоки од ЕУ воведени од страна на ...

По неколку бурни први денови на функцијата, новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, ќе го посети Брисел на 9 мај на средби во Европската Унија и НАТО-алијансата. Очекувањата од Мерц се големи, кој неделава влезе на светската сцена ветувајќи дека ќе донесе нова сила и во германската и во европската надворешна политика. Може да се каже дека новиот германски канцелар имаше срамен почеток.ќ За прв пат досега, Бундестагот мораше да гласа два пати за ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска (9 мај) треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која во јануари, животот го загуби младата Фросина Кулакова. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина ...

Новиот папа е Роберт Френсис Превост, поранешен американски кардинал. Неговото папско име е Лав XIV. Во 19:13 часот кардиналот објави на балконот: „Хабемус Папа“. Папата Лав XIV им се обрати на собраните и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство. Со бел чад над Систинската капела и со ѕвонењето на камбаните на базиликата „Свети Петар“ во четврток попладне, граѓаните на Рим и светот беа информирани дека е избран 267-от поглавар на ...

Апелациониот суд Скопје му ја зголеми затворската казна на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, од четири на десет години. Зголемување на казната доби и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари кому казната му е зголемена од шест на десет години. Првостепени, четиригодишини затворска казни на Белули и на Мифтари претходно им изрече Основниот Кривичен суд Скопје. Скопска апелација ги одби како неосновани жалбите на ...

Лидерот на Социјадемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со Арбен Таравари од Алијанса за Алабанците на претстојните локални избори. Одговарајќи на новинарско прашање за можна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ и крилото на АА на Таравари, тој рече дека коалицијата од 14 партии е веќе потврдена и се прават заеднички советнички листи според неа. Додаде дека процесот за ...

Индиската влада во четврток (8 мај) соопшти дека Пакистан започнал воздушен напад преку ноќ користејќи „дронови и ракети“, пред Њу Делхи да возврати со уништување на систем за воздушна одбрана во Лахор. „Пакистан се обиде да нападне голем број воени цели користејќи дронови и ракети“, соопшти индиското Министерство за одбрана. Оттаму додаваат дека „тие биле неутрализирани“ од системите за воздушна одбрана. Њу Делхи соопшти дека целните области ...

Соединетите Држави и Велика Британија наводно денеска (8 мај) треба да објават трговски договор што би можел да има импликации врз царините на претседателот Доналд Трамп, но обемот на договорот би можел да биде ограничен. „Њујорк тајмс“ и „Политико“ објавија дека договорот ќе биде склучен со Велика Британија, повикувајќи се на повеќе лица запознаени со плановите, додека „Волстрит џурнал“ пишува дека тоа ќе биде само „рамка“ на договор. Тоа би ...

По пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 млади луѓе, политичарите го избегнуваат Кочани. Но експертите предупредуваат: јавниот гнев, недовербата во системот и барањата за одговорност би можеле да се прелеат на изборите во октомври. Речиси два месеца по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, политичките лидери сè уште го одминуваат градот. Трагедијата што го потресе целото ...

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, беа потребни два дена Германецот Бенедикт XVI да се прогласи за папа. Кардиналите вчера (7 ...

Тоа е главната прослава во рускиот календар, водечкиот настан во напорите на Кремљ да ја возвиши советската улога во победата над нацистичка Германија. Во последниве години, парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад, исто така, послужи како можност за претседателот Владимир Путин да ја „глорифицира“ војната на Москва против Украина, иако според западните проценки, жртвите на Русија (и мртви и ранети) надминуваат три четвртини од милион ...

Мирно е во украинските градови рано изутрината на 8 мај, откако стапи на сила тридневниот прекин на огнот прогласен од Русија. Засега нема извештаи за напади со дронови со долг дострел или лансирање ракети по последователните ноќи бомбардирање. Украинските воздухопловни сили, сепак, соопштија дека руските авиони двапати лансирале насочувачки бомби врз регионот Суми во североисточна Украина во раните утрински часови на 8 мај. Воздухопловните сили ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД „Номагас Скопје“ и избраниот изведувач „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Според очекувањатана министерката за енергетика, Сања Божиновска, интерконекторот треба да биде ставен во функција во 2027 година. „Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ...

Не сум дојден да ви делам совети и да ги сеам како семиња наоколу, но не дозволувајте да бидете жртва на изнуда кога станува збор за членство во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска (7 мај) престојува во официјална посета на Северна Македонија. „Совети секако добивате и од други страни, од соседите, од меѓународната дипломатија, од ЕК. Не се сите тие паметни и корисни за вас, работете по свое. Вие сте оние ...

Русија и Украина извршија меѓусебни ноќни напади со беспилотни летала врз главните градови, во кои беа повредени луѓе во пожари предизвикани во Киев, додека во Москва не се пријавени повредени или штети. „Паѓањето остатоци од уништени дронови предизвика пожари во станови и згради во три киевски области“, соопшти украинската воена администрација на социјалните медиуми. Нападот со беспилотни летала се случи само неколку часа откако Русија испали ...

Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) се собираат во Варшава на 7 и 8 мај на неформален состанок на советот, а потоа, еден ден подоцна, ќе одат во Лвив во знак на солидарност со Украина додека Русија го слави Денот на победата. Ниту еден од состаноците не е официјален совет на ЕУ, па затоа е малку веројатно дека ќе објават нешто конкретно. Сепак, се очекува министрите за надворешни работи да иницираат формирање на специјален ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска (7 мај) ја почнува четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на комеморацијата на Денот по повод победата во Втората светска војна во Русија. Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина. Меѓународните прашања ќе ги вклучуваат војната во Украина и тековните преговори меѓу Русија и ...

Пакистан соопшти дека осум лица биле убиени рано на 7 мај во ракетни напади лансирани од индиските вооружени сили и го нарече нападот „бесрамен чин на војна“ во услови на зголемени тензии меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје. Нападот е најлош во насилствата кои траат повеќе од две децении и следи по нападот на исламистички напаѓачи во кој загинаа 26 хинду туристи во Кашмир, контролиран од Индија минатиот месец. Индија ги обвини ...

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, кој е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра. Истовремено на обвинетиот му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во ...

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот ирански колега Масуд Пезешкијан дека Москва сака „фер“ нуклеарен договор меѓу САД и Иран и дека е подготвена да помогне во унапредувањето на разговорите, соопшти Кремљ. „Руската страна ја потврди својата подготвеност да придонесе за унапредување на овој дијалог со цел постигнување фер договор врз основа на принципите на меѓународното право“, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу ...

Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, на иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ. Нивната изградба, во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, почна во 2015, беше запрена во 2019, а повеќе од шест години нема никаква теренска ...

Човештвото доживеа неочекувано и „вознемирувачко“ забавување на развојот во 2024 година, бидејќи глобалното постпандемиско закрепнување почна да губи интензитет, долго пред претседателот Доналд Трамп драматично да ја намали меѓународната помош на САД, предупреди ООН во годишниот извештај објавен на 6 мај. Според Индексот за човечки развој на ООН, кој ги мери животниот стандард, здравството и образованието, светот се опорави од шокот од ...

Кардиналите се вселуваат во своите простории во Ватикан пред конклавата за избор на нов папа по смртта на папата Франциск. Повеќе од две недели по смртта на Франциск, 133 кардинали ќе се соберат утре (7 мај) во Систинската капела на конклава што може да трае со часови, денови или дури и месеци. Кардиналите традиционално престојуваат во пансионот Санта Марта во Ватикан, кој има приватни бањи и услуга во соба во хотелски стил, но нема доволно соби ...

Украина лансираше повеќе од 100 дронови кон цели во 11 региони низ Русија, вклучувајќи ја и Москва, предизвикувајќи големи прекини во работата на аеродромите во руската престолнина, соопштија воени претставници. Во меѓувреме, Русија го таргетираше вториот по големина град во Украина, Харкив, со речиси 20 дронови во текот на ноќта на 6 мај, при што беа повредени најмалку четири лица, соопштија локалните обвинители. Нападите со дронови доаѓаат во ...

Повеќепати најавуваната посета на Москва од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е под лупа поради можни последици за европскиот пат на Србија. Вучиќ ја објави својата одлука да присуствува на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај на почетокот на март, по телефонски разговор со Путин. Во случај Вучиќ да отпатува во Москва, каде што треба да се сретне лично со Путин за прв пат од почетокот на руската инвазија ...

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска (6 мај) треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија. Шефот на германската влада го избираат пратениците на парламентот преку тајно гласање, без претходна дискусија, врз основа на предлог од претседателот. Како по правило, кандидатот е од партијата што освоила најмногу гласови на парламентарните избори. Овој пат, таа партија е на Мерц. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
67%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.24
45%
1020
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
6.69
32%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
59%
1022
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
60%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
83%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326