Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во градот на истокот Кочани избувнал пожар во кој, според информации на МВР дадени за новинската агенција МИА, има најмалку 50 жртви. Бројот на повредени лица засега се уште не се знае и допрва се утврдува. Дел од повредените се префрлени во штипската и во скопските клиники. Официјални податоци за тоа како настанал пожарот и кои се причините се уште нема. Како што известуваат локалните медиуми, причина за ...

РКЕ ќе воведе читање на броилата секој месец поради сомнежите за јануарски сметки за струја. Ќе оди и во инспекција по домови кои дале приговор за да види дали има проблеми со броилата. Сепак високите сметки ќе мора да се платат, па ако утврдат нерегуларности парите ќе се враќаат на следни сметки. Со оглед на големиот број поплаки од страна на граѓаните во однос на јануарските сметки за струја кои се повисоки од очекувањата утврди ли ...

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Владата подготвува терен за репреговарање на договорот ...

Иако се оддалечени повеќе од 1600 километри и се многу различни по големина, Косово и Украина делат заедничка борба за суверенитет - едниот од нив сè уште ги чувствува последиците од војната од пред 26 години, додека другиот се бори против Русија за да го зачува својот територијален интегритет. Како што продолжуваат дискусиите за тоа како би можеле да изгледаат мировните сили во Украина, 25-годишното искуство на Косово со меѓународните мировни ...

Партиско – политички битки за столбовите во правосудството – Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Вкрстените интереси се пречка за вистински реформи во оваа област, па правдата е таква каква што е. Њузлетер 14.03.2025 Embed share Њузлетер 14.03.2025 Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:07:38 0:00 Директен линк Многу врева се ...

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија се согласува со предлогот на САД за прекин на огнот со Украина, но дека „постојат нијанси“ и секој договор треба да води кон долгорочен мир. Претходно оваа недела на состанок во Саудиска Арабија, делегациите од Киев и Вашингтон се согласија на 30-дневен прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот во Белата куќа на 12 март со ирскиот премиер Мајкл ...

Законот за семејство ги става децата на средина на битката меѓу родителите кои се разведуваат, смета здружението „Наши“ кое бара да се воведе заедничко старателство. Но од Националната мрежа против семејно насилство предупредуваат дека овој модел, иако е добар, тешко би се имплементирал, додека властите планираат да го вметнат во Граѓанскиот законик. По 17 години заеднички живот, Сашо и неговата сопруга решиле да се разведат. Распаѓањето на ...

Мирот ќе ја подобри и европската и македонската економија, а обновата на Украина ќе отвори врати за македонски фирми, пред сè, градежни, но и можност за поголем извоз, оценуваат економски аналитичари. Ниту со Русија ниту со Украина, државата нема голема трговска размена – лани најмногу им извезувала лекови и зелка, а најмногу увезувала руски гас и украински производи од железо и челик, масло и репка. Македонски власти досега не забележале ...

И покрај тоа што ерупцијата на насилство во западна Сирија го покрена прашањето за способноста на преодната влада да ги контролира нејзините фракции, таа исто така, во фокус ги стави и руската и иранската вмешаност во „сириските работи“. Откако на 6 март избија судири меѓу владините сили и вооружените лица лојални на соборениот претседател Башар ал-Асад, разни групи за човекови права кои ја следат ситуацијата во Сирија, документираа над 800 ...

Струен удар здрма илјадници семејства поради надпросечно високите сметки за струја дури и за 300 насто. Приговори има до ЕВН, Регулаторна комисија и Народниот правобранител, но, корекции на сметките се ретки. ЕВН велат дека 85% од броилата ги читаат секој месец, освен во непристапните терени. 33-годишниот Павле живее под кирија во скопската населба Кисела вода. Неговите стандардни трошоци за месечниот закуп изнесуваат 12.000 денари и сметки за ...

Келнери, готвачи, негуватели на деца и стари лица, аргати на нива и сите други кои работат привремено во државата ќе можат да бидат ангажирани легално, со платени придонеси, според новиот предлог на закон што е во собраниска процедура. Предлагачите очекуваат да се реши голем проблем, но агенциите кои посредуваат за работа во странство се сомневаат дека ќе го спречи одливот на сезонски работници во Хрватска, Црна Гора, Словенија... Сум направила ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и светот се на пат да откријат дали Русија е навистина заинтересирана да стави крај на својата повеќе од тригодишна целосна инвазија на Украина или да ги следи своите максималистички цели за заземање на земјата. По деветчасовни преговори во Саудиска Арабија на 11 март, Украина се согласи на американскиот предлог за итен прекин на огнот од 30 дена, кој може да биде продолжен од двете завојувани страни. Сега ...

Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во војната против Русија, а САД ќе ја укинат суспензијата на воената помош, се вели во заедничката изјава на официјалните претставници објавена од Киев по повеќе од девет часа разговори во Саудиска Арабија. Разговорите на 11 март уследија по големиот напад со украинско беспилотно летало што го погоди московскиот регион и другите руски провинции во текот на ноќта, при што ...

Високи украински и американски функционери одржуваат состанок со високи влогови во Саудиска Арабија на 11 март, на кој се разговара за тоа како да се стави крај на руската војна против Украина во услови на неодамнешни тензии меѓу Киев и Вашингтон и интензивирање на борбите на бојното поле. Разговорите дојдоа 11 дена по спорниот состанок во Белата куќа меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги разгоре односите меѓу двете ...

Приведени 11 луѓе, еден во бегство, а еден веќе во притвор за друго дело е исходот од вчерашната полициска акција по наредба на Обвинителството за гонење на криминал. Тие се осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење на пари. Перење пари и злоупотреба на службена должност ги поврзува 11 луѓе, меѓу кои сопственици на нафтени компании и поранешен директор на ЕСМ, за кои обвинителството се сомнева дека покрај перењето пари, ...

Се бара увоз на отпад од Европа, а државата нема систем за управување со домашниот отпад, алармираат граѓанските организации. Без соодветни контроли и недостиг на инспектори и лаборатории се зголемува ризикот за дополнителни злоупотреби и загадување Северна Македонија бара да увезува отпад од Европската унија, иако сè уште нема воспоставено систем за безбедно управување - и со домашен и со увезен отпад, со што ги зголемува ризиците од ...

Неизвесно е дали некој од петте членови на Судски совет ќе се појави во Собранието на седницата за нивна интерпелација. За ВМРО-ДПМНЕ интерпелациите се неопходни за кадровски промени и очекуваат да поднесат оставки, додека СДСМ е против и смета дека ова е упад во уставниот поредок. На 11 март, Судскиот совет ќе одржи редовна седница, а паралелно, пратениците во законодавниот дом ќе расправаат и гласаат за интерпелации на пет негови членови, ...

Чадот од ударот на Овалната соба што ги исфрли од шините американско-украинските односи едвај се исчисти, а војната во Украина е веќе на нова пресвртна точка. Но, една земја - Саудиска Арабија, се појавува како центар на гравитација за потенцијалните мировни разговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Ријад на 10 март за да се сретне со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, де факто владетел на кралството во ...

ССМ обвинува дека власта намерно ги минирала преговорите за платата и оти преку општините и министерства прави притисоци за да ја зајакне Конфедерацијата на слободни синдикати. Владата, пак, ќе преиспитува кој е репрезентативен, тврди дека сака „фер и правична застапеност на работниците“. Кој синдикат е релевантен, кој не е, колку е реална потрошувачка кошничка, која синдикална организација е поблиска до една или до друга политичка партија … ...

Околу 250 пациенти со дијабет останаа без лекот оземпик. Недостигот се јавува во период кога тие до властите испорачаа барања и за поквалитетен третман со ленти и глукомери. Од Владата тврдат дека ги разгледуваат сите барања и иницијативи од здруженијата, вклучително и оние на пациентите. Се будите едно утро и целиот ваш свет го сочинуваат броеви, вредности на гликемија, јаглехидратни едицини, дози на инсулин и слично. Потоа ги осознавате сите ...

Рано утрото на 6 јануари 2024 година, единица руски борци го напушти селото Смиле во источниот регион Запорожје во Украина за да нападне позиција каде што беа стационирани Виталиј Ходњук, познат по кодното име „Пингвин“ и неговите колеги украински војници. Во жестоките борби што следеа, руската единица успеа привремено да ја заземе позицијата, но беше истисната во украински контранапад. „Се приближивме до нив, на околу 5-7 метри и тие почнаа да ...

Претстојните избори на Гренланд на 11 март привлекуваат невиден интерес по изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп за стекнување на територијата богата со ресурси. Нормално и очекувано е изборите за 31 член на парламентот на Гренланд да добијат мало внимание во јавноста. Најголемиот остров во светот, со население од само 60000 жители, ретко се појавува во вестите. Сѐ до јануари 2025, кога староновиот претседател на САД, Доналд Трамп ...

Додека Киев се подготвува да ја испрати својата делегација во Саудиска Арабија на разговори со САД за потенцијално мировно решение, Русија ги засили своите напади врз Украина со интензивирање на нападите врз цивилни цели и нови пробиви на бојното поле. Во руските воздушни напади во источна Украина во текот на ноќта меѓу 8 и 9 март, животите ги загубија најмалку 50 луѓе во регионот на Доњецк. Според локалните власти, најмалку 11 смртни случачи се ...

Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, вели Блерим Беџети од ДУИ. Тој смета дека во таква ситуација не би можеле да се одржат локални избори. На државата, според, него и се потребни и предвремени парламентарни избори. Беџети тврди дека нема комуникација со Артан Груби кој, според него, ако се огрешил пред законот треба и да одговара. Господине Беџети, како ДУИ најавивте дека ќе нема локални избори доколку со ...

Лишени од поддршката од американската војска, украинските дипломати бea принудени да седнат на преговарачката маса во услови на несогласувања со Белата куќа Украина е непослушна мазга која е удрена по носот со дрвена штица. Оваа живописна слика е парафраза на забелешката од специјалниот пратеник на САД, Кит Келог кој го сумира погледот на Вашингтон за „карпестиот пат“ на Украина: од несогласувањата во Белата куќа, до новите разговори со ...

Расте бројот на жени кои се жртви на семејно насилство во последните четири години. Сместувањето во шелтер центри е краткотрајно, жртвите се брзо оставени на „милост“ на насилниците, предупредуваат невладините. Тие спречија законски измени кои предвидуваа на полицаец обвинет за семејно насилство да не му се одзема оружјето. „Се омажив од љубов по неколкугодишна врска, но со раѓањето на првото дете мојот сопруг се смени преку ноќ. Ме обвинуваше ...

Дали САД може да помогнат за преговорите со ЕУ, е прашање кое Мицкоски вели дека треба да им се постави ним. Од МНР сметаат дека и САД имаат стратешки интерес од членството во ЕУ. За Русија и Украина, тврди власта, нема промена на ставот – руската страна е агресор, но време е за дипломатија и мир. Стратешката цел на Северна Македонија е полноправно членство во ЕУ, но исто така и САД се стратешки партнер на државата. Вакви се ставовите и на ...

Јавното претпријатие за државни патишта лани забележа рекордни приходи. И покрај тоа Министерството за финансии мора да ги пополнува финансиските дупки на ЈПДП. Засега нема промена цените на патарините ниту на начинот на плаќање. Опозицијата алармира - македонските граѓани плаќаат најскапи патарини во регионот. Министерството за финансии исплатило 43 милиони евра за заеми каде што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е главен должник. ...

Можна ли е паралелна брза пруга кон ЕУ, која води преку Будимпешта, со помош на САД, или ќе води во друг правец? Њузлетер 07.03.2025 Embed share „Политички брз воз“ Скопје – Белград – Будимпешта Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:07:08 0:00 Директен линк Новата македонска влада, на чело со премиерот Христијан Мицкоски, уште од ...

Повеќе од 25 години, мисијата на НАТО на Косово, КФОР, се грижи за безбедноста. Меѓутоа, во време кога американските власти сигнализираат за можно намалување на американското воено присуство во Европа, се поставуваат и прашањата: дали американските војници ќе останат во КФОР или администрацијата на Трамп ќе бара услуги за возврат? Министерството за одбрана на САД наведува дека во моментов нема промена во позиционирањето на американските сили на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
23%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
31%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
35%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
35%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.36
33%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
38%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
74%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
36%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
2.24
31%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
30%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
50%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62