
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8. „Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека ...
Долгиот пат на Македонија кон членство во ЕУ, засега неуспешен и со малку надеж дека ќе успее во блиска иднина, е навистина не само тажен, туку и разочарувачки. Њузлетер 02.05.2025 „Ако Украина чека толку, колку што Македонија чека на почеток на преговори со ЕУ, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. Таа е тажна приказна на Балканот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, ...
Привремената суспензија на ЕУ на царините за украински стоки завршува во јуни, што предизвика тензични преговори за тоа што следува. Земјоделците на ЕУ бараат враќање на царините, додека Киев предупредува дека повисоките царини може сериозно да му наштетат на неговото повоено закрепнување. Од јуни 2022 година, Европската унија ѝ одобри на Украина целосна трговска либерализација за да помогне во поддршката на економијата на земјата разурната од ...
Соединетите Држави депортираа повеќе од 100 граѓани од Узбекистан, Казахстан и Киргистан во Ташкент во, како што соопштија узбекистанските власти, дел од иницијативата насочена кон обезбедување на правата на своите граѓани во „тешки ситуации во странство“. Летот од Њујорк до Ташкент, наводно, бил договорен на 30 април и спроведен од Узбекистан ервејс. Во соопштението објавено од американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) се вели ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изразија неизвесност околу шансите за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина, еден ден откако Вашингтон и Киев потпишаа договор со кој на САД им се дава пристап до минералните ресурси на Украина. „Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов... Тие се поблиску, но се уште се далеку“, рече Рубио на Фокс њуз. ...
Северна Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува во оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјата, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли. Во оценката направена по посетата на земјата, посветена на проценка на реформата ...
Повисоки плати, достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори и работничките права остануваат главните барања на работниците. И овој први мај, дел од нив скарата ја заменија со протест на скопските улици и надеж дека работите ќе се променат на подобро. Полни кафеани, паркови и излетнички места, мирис на скара и традиционален протест на синдикатите. Уште еден први мај и уште една веќе видена слика. Има многу причини „за“, но ...
Руската армија нападна неколку региони на Украина со беспилотни летала, соопштија локалните власти, наведувајќи дека најмалку две лица загинале во Одеса. Воздушните предупредувања беа активирани во 11 региони на Украина за време на нападот доцна на 30 април и во текот на ноќта. Нападот на црноморското пристаниште Одеса погоди станбена област, при што беа повредени пет лица, покрај двата смртни случаи, изјави гувернерот на Одеса, Олех Кипер на ...
Соединетите Американски Држави и Украина потпишаа договор со кој им се дава пристап на САД до вредните ретки минерали на Украина, за кој Украина се надева дека ќе обезбеди континуирана американска поддршка за Киев во војната со Русија. Со договорот се основа Инвестицискиот фонд за обнова на Украина, за кој американското Министерство за финансии рече дека ќе им овозможи на двете земји „да работат заеднички и да инвестираат заедно за да се ...
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да се постигнат само со нов пристап, промена на закони и кадровско зајакнување. Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на ...
Денеска (30 април) истекува владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо. Владината одлука за ограничени маржи беше донесена во февруари годинава и трае заклучно со денеска. Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, мерката дала позитивен резултат бидејќи, повикувајќи се на официјални податоци, во споредба со февруари, во март има дефлација ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која е осомничена за кривичното дело „одавање службена тајна“ во случајот „Адитив“, вели дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата со која раководи во никој случај не смее да биде оспорен. Во соопштение до јавноста, една недела откако беше вклучена во проширената истрага за овој предмет, Димитровска тврди дека комуникацијата со лицето за кое вели ...
Во собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија до сега не е пристигнато ниту едно барање за одржување на седница на која новоименуван амбасадор би ги бранел своите тези пред пратениците. „Веднаш откако ќе добиеме такво барање од МНР ќе закажам седница на Комисијата“ вели за Радио Слободна Европа (РСЕ) нејзиниот претседател Муса Џафери, кој е пратеник од опозициската ДУИ. Актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која лани ...
Во време на борба за затворање на работата на голем број радиодифузери финансирани од САД, федерален суд ѝ наложи на Агенцијата на САД за глобални медиуми (УСАГМ) да исплати средства за април на Радио Слободна Европа (РСЕ) од средствата одобрени од Конгресот. Американскиот окружен судија Ројс Ламберт издаде привремена забрана на 29 април, наведувајќи дека Конгресот „наложил спорните пари да и бидат доделени на РСЕ“ и дека претседателот Доналд ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио на 29 април предупреди дека доколку Русија и Украина не достават „конкретни предлози“ за прекин на војната во Украина, Соединетите Држави ќе „се повлечат од улогата на медијатори“. Портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, го цитираше Рубио како вели дека е дојдено времето кога „треба да се достават конкретни предлози од двете страни за тоа како да се заврши овој конфликт“. Доколку нема напредок, ...
Собранието вечерва (29 април) ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 беа „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Таа е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. На почетокот на денешната седница, ...
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска (29 април) министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците. Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски и ...
Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР. Интерпелацијата ја образложи пратеникот од редовите на ...
Пропадна и осмиот обид за конституирање на косовското собрание, бидејќи претседателот на оваа институција не беше избран на предлог на победничката партија на февруарските избори - Движењето Самоопределување. Конститутивната седница започна на 15 април, но беше прекината по осми пат во вторник (29 април) поради несогласувања меѓу парламентарните партии во врска со третата точка на дневниот ред, а таа е изборот на претседател на Собранието. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше најавата на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот во украинската војна, што ќе се совпадне со годишните прослави на Денот на победата во Москва. Едностраното мини-примирје ќе се одржи од 8 до 10 мај, кога Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Зеленски рече дека нема потреба да се чека дотогаш за прекин ...
Земете двајца ривали со нуклеарно оружје. Измешано со историја на војни и спорен регион, кој беше место на децениски бунт. Сега додадете смртоносен милитантен напад против цивили кој е ризик да ги зоврие тие тензии. Така стојат работите меѓу Индија и Пакистан по нападот на 22 април во кој загинаа претежно индиски државјани во Џаму и Кашмир, што доведе до вртоглаво зголемување на тензиите меѓу двете земји. Индија го обвини Пакистан дека поддржува ...
Либералната партија на Канада, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, објавија канадските медиуми, по кампањата обележана со провокации и царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот Марк Карни побара од гласачите силен мандат за да се спротивстават на царините и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на земјата. Гласовите сè уште се пребројуваат, а ...
Ако Украина чека толку колку што Северна Македонија чека почеток на преговори со ЕУ, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. Таа е тажна приказна на Балканот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), еврокомесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос. Таа изрази надеж дека до крајот на нејзиниот мандат како комесар во Европската комисија, позиција што ја презеде ...
Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според шпанскиот мрежен оператор РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на ...
АД МЕПСО објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад што е од клучно значење за регионалната интеграција и за енергетската стабилност на државата. Новиот тендер е објавен откако, како што објаснуваат од компанијата, претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот ...
Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, 2,7 отсто во 2026, и 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во Редовниот економски извештај за Западен Балкан, објавен денеска (28 април). Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година се забележува зголемување од 0,1 процентен поен кај македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година. Во извештајот се предвидува ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, мора веднаш да поднесе оставка од функцијата, зашто сè уште ја инфицира институцијата, порача поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска. Нејзиниот коментар следува откако актуелната претседателка на Антикорупциска од минатата недела е вклучена во проширената акција за случајот „Адитив“, поради одавање службени тајни на друг обвинет во ...
Полицијата употребила сила во обид да ги отстрани студентите и граѓаните, собрани на нивен повик, пред влезот на Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) во Нови Сад за време на блокадата. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи како полицијата ја тепа толпата со палки. Полициските единици употребиле и солзавец. Демонстрантите одговориле на полициската акција со туркање, фрлање шишиња и полевање вода врз нив. Тие ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака рускиот лидер Владимир Путин да „престане да пука“ и да се согласи на мировен договор за ставање крај на војната во Украина, еден ден откако се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на погребот на папата Франциск во Ватикан. „Па, сакам да престане да пука, да седне и да го потпише договорот“, им рече Трамп на новинарите на 27 април кога беше прашан какви ...
Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер. На релацијата Барселона-Скопје ќе има летови двапати неделно, во вторник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота. Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат ...