Експертите стравуваат од „многу жртви“ откако земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро на 3 ноември. Само пред два месеци, смртоносен и разорен земјотрес го погоди источниот дел од земјата. Геолошкиот институт на Соединетите Држави соопшти дека неговите модели укажуваат дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“ околу градот со околу ...

Голема победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски по вториот круг локални избори. Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите. Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Мирно и без проблеми поминува изборниот ден во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, каде што денеска, 2 ноември се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера, ...

Десет лица од кои за деветмина се проценува дека имаат повреди опасни по живот се хоспитализирани по нападот со нож во возот на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос на 1 ноември. Полицијата добила повици од патници во возот околу 19:40 часот, кои ги известиле за инцидентот, јавува Би-Би-Си. Околу 21:45 часот, градоначалникот на Кембриџшир објави дека две лица се уапсени и се во притвор. Полицијата на Кембриџшир подоцна го потврди ова. ...

Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои ...

08:21 Втор круг локални избори за градоначалници во 33 општини Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 по што се очекува ДИК да почне со пребројување и објавување на гласовите. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Втор ...

Србија на 1 ноември ја одбележува годишнина од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица. Настанот, што ја потресе јавноста, предизвика најголеми антивладини протести во последните децении. Српскиот претседател Александар Вучиќ повика на мирна комеморација додека земјата го одбележува националниот ден на жалост на 1 ноември, првата годишнина од смртоносниот пад на ...

На 18 октомври, Роман Сопин ја повикал мајка си и ја замолил да му донесе облека, пари и контактни леќи. Тој бил однесен од една улица во Киев од страна на офицери за регрутација и се подготвувал да биде примен во украинските вооружени сили за да се бори против напаѓачките руски трупи. Еден ден подоцна, Сопин бил во болница со тешка повреда на главата која се покажала како фатална: Починал на 23 октомври. Војската тврди дека Сопин се ...

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници. Во ...

Во шумските пожари во Северна Македонија летово е опожарена површина од 17.107 хектари. „Национални шуми“ проценија дека штетата е до 50 милиони евра. Според полицијата, многу пожари биле намерно подметнати што повторно го покренува прашањето за одговорност и превенција. Системски пристап и инвестиции во опрема и во кадар можат да спречат идни катастрофи и да ги заштитат вредните шумски ресурси. Како да изгоре речиси целата шума на Водно - ...

Македонските граѓани ќе гласаат на вториот круг за градоначалници во 33 општини, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите таму не обезбеди мнозинство. Во Град Скопје силите ќе си ги одмерат канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Вкупно 474 илјади Скопјани со право на глас в недела (2 ноември ) ќе имаат право со заокружување на бројче во избирачкото ливче да донесат одлука, кој ќе ја наследи актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Во игра ...

Резиме Еден ден откако Соединетите Држави ги укинаа санкциите против Милорад Додик, се поставува прашањето - дали ова значи ново политичко поглавје во Босна и Херцеговина? Аднан Черимагиќ, аналитичар на Европската иницијатива за стабилност од Берлин, смета дека со овој потег САД покажуваат дека сè уште се „на возачкото седиште“ кога станува збор за меѓународниот ангажман во Босна и Херцеговина. „Одлуката за укинување на санкциите е дел од ...

Во четирите општини, бројот на гласачи е поголем од бројот на резидентното население што беше попишано во 2021 година. Иако и статистичарите и ДИК посочуваат дека Избирачкиот список и пописот се различни категории и не може да се споредат, сепак, податоците даваат слика колку лица се иселени и зошто, меѓу другото, не се постигнува цензус. Ги има на хартија, но ги нема пред гласачките кутии. Недоволниот број на луѓе што излегоа на гласање ги ...

Резиме Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, и неговиот кинески колега Си Џинпинг, одржаа разговори во Јужна Кореја, каде што разговараа за војната во Украина и се согласија да ги ублажат елементите од нивната тешка трговска војна. По состанокот во четврток, Трамп рече дека имал „неверојатен состанок“ со Си и дека се согласиле за „многу важни прашања“, вклучувајќи трговија, царини и ретки минерали. Тој им рече на новинарите дека ...

Ни леви, ни десни, ни граѓански, ни националистички. И покрај ставот на студентското движење да не одлучува за прашања што би го поларизирале општеството во Србија, годината масовни антивладини протести беше обележана со десничарски и националистички пресврти. „Десницата апсолутно се обидува да го преземе протестот, но не е толку голема. Само е погласна и добро организирана“, оцени политикологот Душко Радосављевиќ за Радио Слободна Европа ...

За соочувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАИ во Кичево и ВЛЕН и НАИ во Тетово, но и гласањата во Карпош и Центар, клучни може да бидат гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг. Но, прашање е дали ќе има јавни или тајни соработки меѓу партиите и колку овие гласачи ќе бидат „послушни“? Кој кого ќе поддржи во вториот круг од локалните избори и може ли евентуалната поддршка меѓу различни партии да пресуди кој ќе стане градоначалник во ...

Наместо полесен пристап до јавните информации, со нов нацрт-закон за отворени податоци се предлага процес со кој „во одредени случаи“ државните институции ќе бараат дозволи за повторна употреба на нивните податоци. Новинарите стравуваат дека тоа ќе ја претвори транспарентноста во долгa административна процедура. Министерството за дигитална трансформација подготви Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот ...

Запалени автомобили, демолирани барови, физички напади и пораки „Турци надвор“ се сликите од Црна Гора овие денови. Спиралалата на насилство врз турските граѓани започна по тепачка во која, како што се сомнева обвинителството, турски и азербејџански државјани лесно ранија маж од Подгорица. Потоа следеа напади врз турски граѓани и нивниот имот, како и организирани протести со заканувачки пораки испратени до нив. Владата воведе визи за турските ...

Претставници на влади, меѓународни организации и приватниот сектор на Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој ќе бараат начини како да се трансформираат глобалните енергетски цели во конкретни акции. Ставот е дека енергетската стабилност не е само економско, туку и безбедносно прашање. Децентрализирање на енергетските системи не е повеќе прашање на избор, туку стратешка одлука која носи отпорност, пониски трошоци и енергетска ...

Tаблетите за абортус ги има на црниот пазар, додека МАЛМЕД и натаму не ги регистрира и затоа во аптеките ги нема. Но, се купуваат на интернет или во странство, како и со посредство на некои матични гинеколози. Овие абортуси не се контролирани од лекар, а пациентки со компликации помош барале Гинеколошките клиники. На интернет, во дел од гинеколошките ординации, но и во аптеки во земјите од соседството – таблетите за абортус се набавуваат ...

Рускиот претседател Владимир Путин го прими највисокиот дипломат на Северна Кореја во Кремљ на 27 октомври, министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи, додека руските сили продолжуваат со својот напад во источна Украина, продирајќи во клучен град во услови на жестоки борби. Севернокорејските медиуми објавија дека министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи разговарала за „многу идни проекти за постојано зајакнување и развој“ на ...

Украинските мажи кои сакаат да избегнат воена служба плаќаат до 15.000 долари на шверцерски банди кои вработуваат деца како водичи за да ги пренесат преку границата во Романија. Тоа е еден од феномените што придонесува за постојаните проблеми со регрути додека Киев се бори против руската инвазија. Две ситни бели фигури може да се видат како трчаат на црно-бел екран. Неколку моменти подоцна, трета фигура се приближува од спротивната насока и ...

Шест дена до вториот изборен круг и реализација на ветувањата за „Ново Скопје“, Скопјани се заглавени на автобуски постојки чекајќи ги нередовните автобуси покрај преполни контејнери. ЈСП и Комунална Хигиена со долгови од десетици милиони евра чекат изборни резултати за да се реформираат. „Генералка за Скопје“ во првите 72 часа од мандатот, „Скопје- град без депонии“ и реформирање на системот за функционирање и наплата во градската комунална ...

Владата на Црна Гора ќе го укине безвизниот режим за граѓаните на Турција во понеделник - по итна постапка, објави премиерот Милојко Спајиќ доцна вечерта во неделата на социјалната мрежа X. „Ќе започнеме интензивни разговори со Турција со цел да го пронајдеме најдобриот модел во заеднички интерес, во духот на добрата соработка и сојузништвото“, изјави премиерот. Тој не ги објасни причините за укинување на безвизниот режим. Полициска рација и ...

Планот на проектот „Везилка“е илјадници луѓе да се едуцираат за вештачката интелигенција: старт-апи да ја развијат, администрацијата да ја воведе, а малите и средни претпријатија и граѓаните да ја користат. Тоа е овозможено откако Северна Македонија и Србија добија сопствени антени во мрежата на европските фабрики за вештачка интелигенција. Докторот кај кого одите би имал „помошник“ направен со вештачка интелигенција(ВИ). Врз основа на вашите ...

Елементи на руските копнени сили влегоа во стратешкиот украински град Покровск, призна Киев, а претседателот Володимир Зеленски ја нарече ситуацијата таму „тешка“ со „жестоки“ битки што се водат во и околу регионалниот центар. Зеленски, во своето видео обраќање од 26 октомври, рече дека Русија концентрирала голем број сили околу Покровск и блиската заедница Мирноград во долгогодишниот регион во источна Украина. „Таму, во близина на Покровск, ...

Зад станбена зграда во Костјантинивка, рачно напишани дрвени знаци означуваат два свежи гроба. Еден локален жител објасни дека неговата мајка била убиена од бранот екплозии за време на рускиот напад минатата недела. Другиот гроб, рече тој, му припаѓал на постар човек кој починал од природна смрт. Импровизираните гробови го покажуваат очајот во Костјантинивка, град во регионот Донецк во Украина, каде што постојаните напади го принудиле ...

Покачувањето на платите и пензиите не може да се двигателот на инфлацијата, затоа што македонските плати се една третина од европските, а цените во маркетите се две третини од европските. Eдинствените плати коишто може да ја поттикнат инфлацијата се функционерските, вели економскиот истражувач во Виенскиот Институт за меѓународни економски студии Бранимир Јовановиќ во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Енергетска криза повеќе нема, ...

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка изјави дека верува оти САД, Украина и Русија се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина. „Верувам дека Русија и САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“, изјави Кирил Дмитриев за Си-Ен-Ен на 24 октомври. Дмитриев претходно потврди дека е во САД на долго планиран состанок. Тој не кажа со кого ќе се ...

Резиме Американските санкции против руските нафтени гиганти Розњефт и Лукоил ги вознемирија глобалните енергетски пазари и ги натераа најголемите кинески државни нафтени компании да го запрат увозот на руска сурова нафта. Иако сега се соочува со сериозни казни доколку продолжи да соработува со санкционираните руски компании, Кина — еден од најголемите купувачи на руски енергенси — има своја стратегија за справување со последиците, велат ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Цинк

3.29