Министерството за енергетика се брани во четири судски процеси, а паралелно води и свои постапки за наплата на долгови од концесионери. Освен секторот рударство, под лупа се и фотоволтаичните централи – дел од компаниите изгубија државни премии поради нереализација на обврските. Од јануари до 1 октомври 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини раскинало вкупно 46 концесии во рударството. Од нив, 35 се еднострано ...

Активирани се банкарски гаранции вредни вкупно 39.401.550 денари (2,42 милиони евра поради незаконско постапување при инвестирањето во фотоволтаици. Се работи за компаниите ЕМК ДООЕЛ – Мали хидроелектрани – Скопје, Пуцкопетрол, СБН ЕНЕРГИ увоз-извоз ДОО Кичево и Сол груп 5 ДОО Скопје, изјави денеска министерката за енергетика Сања Божиновска на брифинг за новинари. Божиновска рече дека првпат се случува да бидат активирани банкарски гаранции. ...