
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Конзулот на Република Хрватска и неговата сопруга се полесно повредени во иранскиот напад врз Тел Авив, соопшти денеска (14 јуни) хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. „Шокиран сум од веста дека нашиот конзул и неговата сопруга се повредени во нападот врз Тел Авив. Зградата каде што живеат е погодена. Разговарав со нив и за среќа, повредите се полесни и не се опасни по живот“, напиша Грлиќ Радман на мрежата Икс ...
Бројот на жртви во падот на авионот во Индија се искачи на 270 откако тимовите за пребарување во државата Гуџарат пронајдоа уште 10 тела, соопштија официјални лица на 14 јуни. Боингот 787, кој леташе за Лондон, се урна врз студентски дом на медицински колеџ во станбена област во Ахмедабад неколку минути по полетувањето во четврток, при што загинаа 241 лице во авионот и најмалку 29 на земја. Само еден патник преживеа. Embed share Авион на Ер ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Северна Македонија комуницира со Европската Комисија за решавање на спорот со Бугарија, но се чека одговор од Софија за евентуална средба помеѓу официјални претставници на двете држави. „Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија (ЕК) и вчера и денес. Сè уште немаме повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“, рече Мицкоски. Премиерот претходно ...
Дел од експертите за Блискиот Исток предупредуваат дека можноста САД да бидат вовлечени во уште една војна во регионот е реална. Израелската воена операција против иранските постројки за збогатување на ураниум и програмата за балистички ракети, како и реакцијата на САД, го ставаат на тест американскиот претседател Доналд Трамп и неговото предизборно ветување – да ги држи САД подалеку од странски конфликти. Додека Трамп се подготвува со голема ...
Израелските напади врз иранскиот нуклеарен комплекс и военото раководство одекнаа низ целиот свет, предизвикувајќи стравувања од ескалација и поширока војна во регионот. Сепак, кампањата на заплашување и шок имаше силна резонанца и во Москва, каде што рускиот претседател Владимир Путин се позиционираше како моќен посредник во односите со Техеран. Од Москва - Брзо и недвосмислено Рускиот одговор на нападите беше брз и недвосмислен. Во подолга ...
Нетанјаху изјави дека нападите ќе продолжат „онолку дена колку што е потребно за да се отстрани заканата од Иран за Израел“. Врховниот лидер на Иран, пак, предупреди дека Израел ќе претрпи сериозни последици за започнувањето на нападите. Техеран започна ракетни напади врз Тел Авив и други израелски градови, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавува понатамошни напади врз Иран во воената операција која досега таргетираше нуклеарни и ...
Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, предупредува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти. По ноќешните напади на Израел врз Иран, тој посочи дека денеска цената на светските берзи на бренд нафтата била зголемена за десетина долари. Зголемувањето, ...
Обвинителството поднесе обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс во која загинаа 62 луѓе. Обвинети се 34 лица кои со постапувањето или непостапување во системот предизвикале да се случи катастрофата. Во обвинението се опфатени и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет. За 11- мина кои првично беа осомничени обвинителството ја запрело постапката со образложение дека нема докази, еден од првично осомничените е ...
„Северна Македонија не е против мир во Палестина, но некои елементи од содржината на резолуцијата во Обединетите нации се спротивни на нашите национални интереси“. Со вакво објаснување денеска (13 јуни) излезе министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски за тоа зошто државата гласала „воздржано“ за резолуцијата што вчера беше изгласана на Генералното собрание во Обединетите нации (ОН), а со која се бараше прекин на ...
За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура, вели министерот за правда Игор Филков на почетокот на денешниот брифинг со медиуми. Тој уверува дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка. За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече ...
Масивниот напад на Израел врз Иран се чини дека го шокираше военото раководство на земјата и можеби го одложи непосредниот одмазднички удар. Но, останува нејасно дали ја постигна својата примарна цел: осакатување на нуклеарната програма на Иран, за која Израел тврди дека Техеран е блиску до нуклеарно вооружување, додека Иран вели дека е програмата е исклучиво за цивилни цели. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и други израелски претставници тврдат ...
Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно поддржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакнал вицепремиерот Алекандар Николоски на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска 13 јуни претстојува во официјална посета на Скопје. Како што ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ ...
Индиските власти започнаа целосна истрага за падот на патничкиот авион на Ер Индија што се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад. „Во падот загинаа 241 од 242 патници и членови на екипажот, потврдија вчера официјални лица. Авионот, кој леташе од Ахмедабад до Лондон, се урна во густо населена станбена област“, предизвикувајќи пожар и голем број цивилни жртви на земја, вклучувајќи неколку студенти кои биле во блискиот студентски дом на ...
Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ целата земја на 13 јуни, со предупредување дека нападите ќе продолжат сè додека е потребно, за да се спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел започнал, како што рече, насочена воена операција „за да ја отстрани иранската закана за самиот опстанок на Израел“. Тој рече дека ...
Македонската влада го прифатила барањето на Трамп за депортација на македонски државјани со нелегален престој во САД, но засега нема потврда дали е дел и од разговори за прифаќање лица од трети земји. Косово веќе потврди дека привремено ќе згрижи до 50 такви лица. Доколку и Северна Македонија се согласи на ваква сценарио, ќе мора да ги почитува човековите права и да им гарантира дека нема да бидат загрозени и во нивните матични земји кога ќе ...
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска (12 јуни) објави дека во светот има 122,1 милиони луѓе насилно раселени поради војна или други форми на насилство. По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад и враќањето на голем број Сиријци во своите домови, вкупниот број на насилно раселени лица во светот е малку намален во споредба со рекордот во 2024 година, објави ОН. На крајот на 2024 година, рекордни 123,2 милиони луѓе ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, туку таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во однос на најавите од бугарска страна дека наместо нивниот претседател Румен Радев ќе присустува премиерот Росен Жељазков, тој истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати, за да се покаже ...
Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Тој е избран на денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против. Назначен е на местото на упокоениот митрополит Тимотеј. Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах. Инаку одлуката за избор на митрополит се носи со ...
Претставници од речиси седумдесет земји се собраа во чешката престолнина Прага за да учествуваат на 20-тото издание на Форумот GLOBSEC. Се очекува лидерите да разговараат за најитните геополитички, безбедносни и геоекономски предизвици. „Започнавме во 2005 година со надеж, продолжуваме во 2025 година со одговорност. Нека овие три дена бидат повеќе од дијалог, нека бидат пресвртница. Да преземеме одговорност, да поведеме и да изградиме иднина што ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 11 јуни објави дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Зеленски на платформата Телеграм напиша дека Украина и е благодарна на Србија за нејзината поддршка во зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја. „Разговаравме за меѓусебна поддршка на патот кон Европската Унија, билатерална ...
Иран нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум поради зголемените тензии во регионот, соопшти Техеран во четврток (12 јуни). Висок ирански функционер за Ројтерс изјави дека „пријателска“ земја во регионот го предупредила Техеран за потенцијален воен напад од страна на Израел. Функционерот рече дека ескалацијата на тензиите имала за цел „да влијае врз Техеран да го промени својот став за своите нуклеарни права“ за време на ...
Авион на „Ер Индија“ со повеќе од 200 патници се урнал во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, соопштија во четврток (12 јуни) претставници на авиокомпанијата и полицијата, без да прецизираат дали има жртви. Авионот бил на пат кон аеродромот Гетвик во Лондон, соопшти „Ер Индија“, додека полициски претставници изјавија дека авионот се урнал во цивилна зона во близина на аеродромот, објави „Ројтерс“. „Моментално собираме ...
Кога еден од врвните контраразузнавачки агенти на ФБИ беше уапсен во јануари 2023 година, обвинет дека правел нелегални работи за санкционираниот руски олигарх Олег Дерипаска, американската заедница за национална безбедност беше запрепастена. Дотогаш пензиониран, Чарлс Мекгонигал, кој го поминал вториот дел од својата кариера истражувајќи руски шпиони и олигарси, на крајот се изјасни за виновен и беше осуден во декември на повеќе од четири ...
Соединетите Држави го намалуваат бројот на луѓе кои се сметаат за неважни за операциите на Блискиот Исток, објави Стејт департментот на 11 јуни, среде извештаите дека Амбасадата на САД во Багдад се подготвува за итна евакуација поради зголемени безбедносни ризици во регионот. Соединетите Држави, исто така, им даваат овластување на персоналот и членовите на семејството кои не се неопходни да ги напуштат Бахреин и Кувајт, давајќи им избор дали да ...
Привремената влада на Косово одлучи да обезбеди привремена заштита за 50 лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Држави. „Лицата засегнати од оваа одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“, објави привремената извршна власт по електронската седница одржана на 11 јуни. Привремениот премиер на Косово, ...
Доживотен затвор за четворица обвинети побараа обвинителките од скопското јавно обвинителство во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тоа е максимална казна која ја бараат од судот за обвинетите Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побараа судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Како што посочи обвинителката ...
На прагот на летото, работниците калкулираат дали ќе може да си дозволат одмор годинава. Два месеца по завршувањето на мерките за ограничени маржи, трошоците на живот пораснаа, а со нив и револтот кај синдикатите. Тие бараат засилени контроли и покачување на платите. Уште не можам да се изначудам на голем дел од цените по маркетите особено на овошјето и на зеленчукот. Едно парче пченка се продава по цена од 109 денари, додека ни четвртина ...
Во нападите со руски беспилотни летала врз два квартови на украинскиот град Харков рано на 11 јуни загинаа три лица, а голем број други беа повредени додека европските лидери се собраа во јужниот пристанишен град Одеса на самит. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, рече дека имало 17 напади со беспилотни летала, вклучително и директни удари на повеќекатници, приватни домови, игралишта, претпријатија и јавен превоз. Интензивните удари ...
Немањето општествен консензус во Бугарија не е поврзано со европскиот пат на земјата, туку со прашањето дали земјата е подготвена да го воведе еврото во 2026 година, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за Си-Ен-Ен. Во разговор со новинарот Ричард Квест, по учеството на Меѓународниот инвестициски форум во Ташкент, Радев истакна дека воведувањето на еврото на среден и долг рок би донело економски придобивки, но нагласи дека ...