Шест дена до вториот изборен круг и реализација на ветувањата за „Ново Скопје“, Скопјани се заглавени на автобуски постојки чекајќи ги нередовните автобуси покрај преполни контејнери. ЈСП и Комунална Хигиена со долгови од десетици милиони евра чекат изборни резултати за да се реформираат. „Генералка за Скопје“ во првите 72 часа од мандатот, „Скопје- град без депонии“ и реформирање на системот за функционирање и наплата во градската комунална ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го повика премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже на кој начин ќе функционира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во наредните денови откако в.д. директорот Сабахудин Рустеми доби 30-дневен притвор поради состојбите со сметот во главниот град. Таа го обвини Мицкоски дека лично го наредил ваквиот хаос и му порача да го повика Управниот одбор на „Комунална хигиена“ за да ...