
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Бугарскиот парламент усвои резолуција во врска со напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Беше едногласно поддржана со 194 гласа „за“, јавува БТА. Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Северна Македонија строго да ги спроведуваат ...
Израел се согласи со предлогот на Соединетите Држави за прекин на огнот во Газа, соопшти Белата куќа, а Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ, соопшти дека го разгледува планот иако неговите услови не ги исполнуваат барањата на групата. Како што се ширеше системот за дистрибуција на храна поддржан од САД на опустошената територија, израелските медиуми објавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху им рекол на семејствата на ...
Мирот во Украина засега не е на повидок, напротив, руските напади врз Украина се интензивираа деновиве. Трамп ја заострува реториката кон Путин, но, од Москва нема сигнали за смирување на конфликтот. Дали ноќта е најтемна пред зори? Односно, дали Русија се обидува со интензивни масивни напади врз Украина во последниве денови да демонстрира моќ пред евентуални преговори за конечен мир по повеќе од тригодишната инвазија врз Украина? Засега, ...
Како новинар на Радио Слободна Европа, Фарид Мехрализада стана познат по неговата аналитичка работа во која систематски ја разоткри државната пропаганда во Азербејџан. Мехрализада, економист, беше уапсен на 30 мај 2024 година, кога безбедносните агенти му шепнаа на уво: „Премногу зборуваш“. Тој потоа беше обвинет за шверц, за кој вели дека е политички мотивирано обвинение, директно поврзано со неговото критичко известување за Азербејџанскиот ...
Досега, Русија се спротивставуваше на повиците на Западот за прекин на огнот во војната против Украина. Исто така, американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли повиците од Киев и европските земји за воведување дополнителни санкции врз Москва како одговор. Трамп се закани дека ќе воведе „разорни“ мерки против Русија ако смета дека е вистинско време. Сепак, тој постојано повторува дека времето сè уште не е дојдено, изразувајќи загриженост дека ...
Претставникот на САД во Обединетите нации му порача на Советот за безбедност на ОН на 29 мај дека договорот што сега се нуди за завршување на војната во Украина е најдобриот можен исход за Русија и дека претседателот Владимир Путин треба да го прифати. Продолжувањето на војната не е во ничиј интерес, изјави Џон Кели, вршител на должноста заменик-претставник на САД во ОН, предупредувајќи дека САД би можеле „да размислат за повлекување“ од своите ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска, 29 мај, во Вашингтон имаше средба со државниот секретар на САД, Марко Рубио, на која биле разгледани можностите за намалување на тарифите, како и за зголемување на одбранбените трошоци. Во кусото соопштение на портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, се наведува дека американскиот државен секретар Рубио побарал од сојузниците во НАТО да издвојуваат пет проценти од БДП за одбраната. ...
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти дека во израелските напади во четврток (29 мај) загинале 44 лица, вклучувајќи 23 во напад врз дом во центарот на палестинската територија. „Четириесет и четири лица се убиени во израелските напади врз Појасот Газа“, изјави за АФП функционерот за цивилна одбрана Мохамед ал-Мугајир. Тој додаде дека дваесет и три лица се убиени, други се повредени, а неколку се водат како исчезнати по израелскиот напад ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“. „Добро ...
Милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп откако водеше бурна кампања за ефикасност, но на крајот не успеа да ги оствари најавените заштеди што ги бараше. „Моето планирано време како специјален владин службеник се ближи кон крајот“, напиша Маск на платформата X во среда. Американските прописи налагаат дека таквите вработени се ограничени на 130 дена вработување, што значеше ...
Руската војска извршила воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите со беспилотни летала врз цивилни цели во јужниот украински регион Херсон, се наведува во новиот извештај на Обединетите Нации. Извештајот на Независната меѓународна комисија за истрага за Украина, објавен на 28 мај, беше најновиот доказ што укажува на можни злосторства кои биле наводно извршени од руски цивилни или воени власти во Украина. „Руските вооружени ...
Државата очигледно одлучила да се обиде да ги стави универзитетите под директна контрола колку што е можно повеќе, изјави Владимир Михиќ од Филозофскиот факултет во Нови Сад. Владата на Србија најави изготвување на новиот Закон за високо образование и анализа на финансирањето. Беше формирана Работна група која треба да предложи и мерки за „рационално и одржливо финансирање“ на високото образование „со фокус на студентите“. За студентите во ...
Украинските власти на 28 мај изјавија дека Русија треба веднаш да го презентира својот мировен план за завршување на војната во Украина, наместо да чека нова рунда разговори следната недела во Истанбул. Русија изјави дека сака разговорите со Украина да се одржат на 2 јуни и ќе го искористи состанокот за да презентира „меморандум“ во кој ќе ги наведе своите услови за мировен договор. „Нашата делегација, предводена од Владимир Медински, е ...
Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, помеѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Осомничените лица организирале и извршиле ...
Обединетите Нации ги поздравуваат сите напори за завршување на украинската криза, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик. „Ги поздравуваме сите напори што ќе доведат до завршување на тој конфликт во согласност со меѓународното право, во согласност со Повелбата на ОН, во согласност со сите релевантни резолуции на ОН и територијалниот интегритет на Украина“, рече Дижарик за време на брифинг. Рускиот министер за ...
Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди. На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани. Претходно денеска (28 мај) Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим ...
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, од кои очекувањата се 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата. „Со овој план се ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. „Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека ...
Две фабрики за дронови во близина на Москва се погодени во голем украински напад со дронови, јавија денеска (28 мај) локалните медиуми, а пренесе ДПА. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека една од целите се наоѓала во градот Зеленоград, северозападно од главниот град. Засега нема извештаи за жртви или сериозна штета, објави тој на Телеграм. Руските канали на Телеграм јавија дека фабрика за дронови е погодена и во градот Дубна, ...
Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска (28 мај) е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница. По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина. „Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат“, рече Зеленски во коментарите објавени во среда (28 мај). Тој, исто така, рече дека „многу би сакал“ Трамп да ги ...
Изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за дозвола на Украина да испукува ракети што ги добива од Западот кон воени цели длабоко на руска територија ја разгореа дебатата за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Киев. И сето ова се случува кога од германските медиуми дознаваме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 28 мај. Украина долго време бара германско-шведски систем за оружје, кој може да испорача ...
Белгија и уште 16 земји од Европската Унија објавија заедничко соопштение во кое изразуваат „длабока загриженост“ поради кршењето на основните права на ЛГБТ+ лицата во Унгарија и ја повикуваат да ги ревидира новововедените мерки и да се усогласи со своите меѓународни обврски. „Длабоко сме загрижени поради неодамнешните правосудни и уставни амандмани кои ги кршат основните права на ЛГБТКЈУ+ лицата, усвоени од унгарскиот парламент на 18 март и 14 ...
Високиот претставник на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека воените акции на Израел во Појасот Газа повеќе не се опфатени со принципот на самоодбрана според меѓународното право. „Зборуваме за протерување кое е многу, многу сомнително“, изјави Турк за австриското радио, осврнувајќи се на ефектот од војната врз цивилното население. „Она што го видовме во последните месеци нема никаква врска со почитувањето на основните принципи на ...
Двајца мажи кои биле повредени во судир меѓу мигранти во камп во близина на Сараево се во опасност, објави Министерството за внатрешни работи (МВР) на сараевскиот кантон на 27 мај. Според полицијата, од шесте повредени мажи, кај пет биле констатирани сериозни телесни повреди, додека за еден маж лекарите не коментирале за степенот на повредите. Двајца мажи чии животи се во опасност се во Клиничкиот центар во Сараево. Меѓу повредените се еден ...
Поранешен близок соработник на основачот на грузиската владејачка партија, Биѕина Иванишвили, е уапсен во близина на границата со Ерменија, соопштија властите, неколку месеци откако тој тајно избегал од земјата за време на кривична постапка за која вели дека е политички мотивирана. Во соопштението од 27 мај, Државната безбедносна служба на Грузија соопшти дека Ѓорѓи Бачиашвили бил приведен еден ден претходно откако добила, како што наведува, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска (27 мај) посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. „Мнозинството е стабилно. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн ...
Државниот завод за ревизија укажува дека сè уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот степен на реализација, како што соопшти денеска ДЗР, не овозможува поедноставување и забрзување на услугите за ...
Педесет и тригодишен Британец на 26 мај со минибус се заби во толпа навивачи на Ливерпул кои ја славеа титулата на градот во Премиер лигата, при што беа повредени повеќе од 45 лица, додека навивањето се претвори во вресоци на ужас. Се верува дека уапсениот возач е единствениот вмешан, а инцидентот не се истражува како терористички чин, соопшти полицијата. Амбулантни возила однесоа 27 лица во болница, вклучувајќи двајца со сериозни повреди, а ...
На 27 мај, Европската Унија формално ќе ја одобри својата програма од 150 милијарди евра за зголемување на трошоците за одбрана во блокот. Таканаречената регулатива SAFE (Безбедносна акција за Европа) првпат беше предложена во март од страна на Европската комисија како одговор на повиците на земјите-членки за финансиска и политичка поддршка за исполнување на новите одбранбени цели промовирани од НАТО и за потенцијална интервенција во корист на ...