Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Оваа година Македонија одбележува 35 години независност и 25 години од Охридскиот рамковен договор. Две годишнини кои, според политичкиот аналитичар Сефер Селими, се добра можност државата повторно да се соочи со едно суштинско прашање – дали конечно успеала да стане држава на сите свои граѓани. Селими вели дека не зборува во име на сите Албанци, туку од сопствено искуство како граѓанин кој целиот свој живот го поминал во независна ...
Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека (МРЦЦ Риека) извести дека е во тек координирана операција за пребарување и спасување на четири млади португалски државјани кои исчезнаа за време на силна бура во каналот Велебит, пренесе Индекс. Поради исклучително неповолните временски услови на море, со силни бури и бранови високи до три метри, МРЦЦ Риека, во координација со Пристанишната управа на Сењ, ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Астон вила вечерва од 21 часот во Салцбург ќе ги одмерат силите во битката за трофејот во Суперкупот на УЕФА. ПСЖ во новата сезона влегува со огромни амбиции. По освојувањето на Лигата на шампионите втора година по ред, францускиот гигант сака да продолжи со историскиот поход и да стане само вториот клуб по Реал Мадрид со три последователни титули европски шампион. „Светците“ минатата сезона освоија дури пет ...
Австралиската танчерка, диџејка и ријалити-ѕвезда Кејт Глуфчис, позната како Кејт Каос, ја прими православната вера во Македонија. Крштевањето се одржа во Свети Наум, место кое има посебно значење во нејзината љубовна приказна со Македонецот Борче Кајмакоски. Кејт, која живее во Мелбурн, на пошироката јавност ѝ стана позната со учеството во австралиското реално шоу „Австралиски преживеан: ум против сила 2“ (Australian Survivor: Brains v ...
Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал кај депонијата во Ново Село се проширил кон околните ридови и шумскиот појас. Според објавените информации, пожарот бил намерно предизвикан, а лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани. За случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица. Во гаснењето биле вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД ...
Некои патници авантуристи ќе ги прескокнат толпите на земја за да го гледаат затемнувањето на Сонцето, кое ќе се случи денеска (12 август), од илјадници стапки во воздух, благодарение на неколку специјално организирани авионски и чартер-летови, пишува „Бизнис инсајдер“. „Браселс ерлајнс“ ќе превезе 100 луѓе над Франција за да го видат делумното затемнување. Летот, во партнерство со Јавната опсерваторија Уранија во Швајцарија, е распродаден. ...
Британската актерка Луси Дејвис (53), позната по улогата на Дон Тинсли во оригиналната британска верзија на серијата „Канцеларијата“ (The Office), откри дека боледува од рак на дојка во четврти стадиум, кој се проширил на коските. Дејвис ја сподели дијагнозата со своите следбеници на Инстаграм, откривајќи дека за болеста знае веќе околу година и половина. „Пред година и половина ми беше дијагностициран рак на дојка во четврти стадиум, кој ...
По јавните реакции и критики до Уставниот суд, кој за првпат активираше механизам за барање на одговорност за судија бидејќи ја игнорирал одлуката на Уставниот суд иако констатирал повреда на слобода на изразувањето за новинарка која известувала за „крвавиот четврток“, во долго образложение до јавноста излезе со контрааргументи на реакцијата на Судскиот совет и Здружението на судии и им порача дека судската независност не може да биде ...
Македонската боксерска репрезентација во вторник пристигна во Лозница, Србија, подготвена за настап на Европското првенство У19, кое ќе се одржува од 11 до 22 август 2026 година. Во рингот за Македонија ќе се борат: Семи Елмази – 60 кг., Никола Тасевски – 70 кг. и Абдулкадир Даци – до 90 кг. Нашите боксери кои ќе бидат предводени од тренерот Петар Чурулинов, се подготвени да го дадат својот максимум во европскиот предизвик и гордо да ги ...
Екипата на Челси денеска го потврди трансферот на Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано. Дваесет и осумгодишниот Шпанец потпиша петгодишен договор со лондонскиот клуб. „Сините“ за неговите услуги ќе му платат на Рајо 16,3 милиони фунти, а сумата може да се зголеми за дополнителни 1,7 милиони фунти преку бонуси. Чаварија ќе биде дури 11. засилување на лондонскиот клуб во овој преоден рок. „Возбуден сум поради сè. За мене доаѓањето во Челси е ...
Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 16.000 цивили кои Русија ги привела за време на војната во Украина и натаму се во притвор, а многумина од нив се држат без контакт со надворешниот свет и во услови спротивни на меѓународното право, објави „Асошијетед прес“. Помошничката на генералниот секретар на ОН за човекови права, Клаудија Фуентес Хулио, во понеделникот изјави дека Русија продолжува со „систематско мачење, малтретирање и ...
Загрижени граѓани во редакцијата на „Слободен печат“ алармираат дека вчера во селото Маркова Сушица се случил немил настан на кој сведочеле, кој негативно влијае на животната средина и природните богатства на мирниот и живописен крај во кој живеат. Тие апелираат Инспекторатот за животна средина да постапи и да ги санкционира несовесните граѓани кои во повеќе наврати ја загадуваат Маркова Река на недозволен начин. Имено, вчера околу 17 часот, ...
Голема врева се крена околу песната „Te Amo, Ti Amo“, создадена со вештачка интелигенција, која минатата недела била хит на неделата на Втората програма на Македонското радио – Радио 2. Таа освен голем интерес кај слушателите предизвика и критики на социјалните мрежи. „Од кога на Македонско радио има нешколувани спикери со најлош скопски изговор и се пуштаат генерирани песни со вештачка интелигенција?!“, стои во една од објавите на Фејсбук. ...
Министерството за здравство денес соопшти дека е прогласена епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини и населби, откако во земјава беа регистрирани 26 случаи на заболувањето. Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, порача дека нема место за паника, но граѓаните треба да бидат внимателни и да преземаат мерки за заштита од комарци. Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека е ...
Улицата „Атинска“ во општина Карпош, во делот што се протега покрај булеварот „Осми Септември“, цел месец е оставена раскопана, откако уште на почетокот на јули беше најавено дека започнува нејзината реконструкција. Жителите од околните згради се жалат дека се наголтале прашина и прашуваат кога Општината планира да ја заврши улицата и да ги спаси од секојдневната „тортура“. – Ги искршивме колите и се наголтавме прашина. Го остранија пред ...
Бодо глимт и Ројал унион одиграа спектакуларен двомеч, во кој норвешкиот тим на крајот излезе како победник со вкупен резултат 6-5. Првиот натпревар во Белгија заврши без победник, 3-3, додека вчерашниот реванш во регуларните 90 минути донесе ново реми, овојпат 2-2. Следуваа продолженија, а кога сите очекуваа пенал-серија, се случи необичен момент. Во 117. минута Хелмерсен го постигна голот за 3-2 и му донесе пласман на Бодо во следната ...
Кружниот тек на крстосницата на улиците „Орце Николов“ и „Ленинова“ во Дебар Маало конечно е рамен и по него лесно минуваат автомобилите, откако во рамките на реконструкцијата на улицата „Ленинова“ од него се отстранија бекатонските коцки кои им правеа проблеми на возачите. Неодамна од Општина Центар најавија дека започнува претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата и дека се поставува втор слој асфалт на потегот од булеварот ...
Нов систем за греење и шест нови училници ќе добие основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, штом завршат градежните активности на училиштето кои се во тек. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, во кој освен шест нови училници ќе има и две помали канцеларии. Паралелно, како што соопштуваат од Општина Аеродром, се реализира и проектот за подобрување на системот за греење со поставување топлински пумпи, ...
Промена на времето се очекува од утре, кога во делови од земјава ќе има услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи, а температурите ќе се намалат за неколку степени. Според информациите од УХМР, утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и да добијат форма на невреме, со силен ветер и услови за појава на град. Во Скопје ќе ...
Месечината денес, 12 август, ќе се постави меѓу Сонцето и Земјата и ќе создаде делумно затемнување на Сонцето. Многумина сакаат да го проследат овој небесен настан, но притоа е важно да се почитуваат одредени безбедносни правила. Кетрин Фишер со големо нетрпение го очекува затемнувањето на Сонцето. Во Европската вселенска агенција (ЕСА) таа учествува во планирањето и координацијата на научните набљудувања на Сонцето што ги спроведува ...
Премиерот на германската покраина Тирингија, Марио Фојгт, ќе го тужи Техничкиот универзитет во Кемниц, откако установата му ја одзеде докторската титула по долготрајна проверка на неговата дисертација и ги отфрли неговите приговори на одлуката, објави ДПА. Премиерот на Тирингија со месеци е под притисок поради случајот. Спорна е неговата дисертација од 2008 година, насловена „Американската претседателска кампања: Џорџ В. Буш против Џон Ф. ...
Необична несреќа се случила на аеродромот Линате во Милано, каде службен автомобил „фиат панда“ завршил директно во приватен авион кој се движел кон пистата. Во инцидентот, за среќа, нема повредени, објави РаиЊуз. Судирот се случил во понеделникот, 10 август, околу 11:20 часот, во делот од аеродромот наменет за општа авијација. Автомобилот бил во сопственост на компанија задолжена за аеродромски услуги. На снимките од инцидентот се гледа ...
Европската Унија ќе испрати два милиони евра помош за Колумбија за да ѝ помогне да се опорави од катастрофалниот земјотрес што ја погоди јужноамериканската земја во неделата, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува „Еуроњуз“. „Додека операциите за пребарување и спасување се во тек, ЕУ ја поддржува Колумбија со сите расположиви ресурси“, рече Фон дер Лајен. Таа потврди дека Колумбија побарала помош преку ...
Словенечкото Министерство за внатрешни работи откри сериозни пропусти во работата на полицијата откако било утврдено дека маж цели 18 месеци се претставувал како полицаец и учествувал во официјални полициски постапки на аеродромот „Брник“ кај Љубљана, пренесува „РТВ Словенија“. Вонредниот надзор, кој го наредил поранешниот министер за внатрешни работи Бранко Злобко, открил низа професионални грешки, пропуштени можности и системски слабости ...
МЗТ Скопје продолжува со формирањето на составот за новата сезона, а во редовите на македонскиот шампион пристигнува уште еден млад домашен кошаркар. Нов член на „металците“ е Петар Бошалески, кој официјално се обврза на соработка со актуелниот првак. Станува збор за 22-годишен бек-шутер со висина од 197 сантиметри. Бошалески е производ на македонските младински репрезентативни селекции, а ова лето го направи и следниот чекор во кариерата. ...
Пејачката и актерка Џенифер Лопез ги разбранува социјалните мрежи со своето ново смело модно издание. Овој пат, таа објави серија заводливи фотографии на Инстаграм во бел сатенски комплет долна облека од „Долче и Габана“. Таа, исто така, сподели неколку фотографии во стилот на полароид во објавата, на кои јасно се гледа целата комбинација. Заедно со објавата, која доби илјадници комплименти, пејачката напиша: „Сезоната на Лавот продолжува“. ...
Македонската компанија што ги развива и одржува „Мој Термин“ и „Мое здравје“ е првата сертифицирана во земјава и првата во Европа со национален здравствен систем во продукција што го исполнува глобалниот стандард за управување со вештачка интелигенција. Секој граѓанин што закажал преглед преку „Мој Термин“ или пристапил до своите здравствени информации преку „Мое здравје“ веќе користел технологија развиена во Македонија. Оваа македонска ...
Францускиот интернационалец Абделах Шамал го засили составот на ГРК Тиквеш. Францускиот ракометар во Тиквеш пристигнува од Ал Ахли Бенгази, а претходно има настапувано и во Тунис, каде што го бранеше голот на Масакен. Во кариерата има и значително искуство од францускиот ракомет, настапувајќи за Сен Рафаел, Драгињан и Буржуен. Шамал треба да донесе дополнителен квалитет во составот на тренерот Кристијан Грчевски за повисок пласман следната ...
Министерството за финансии префрли нови 176,5 милиони денари, односно 2,9 милиони евра, од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании. Со новиот трансфер, вкупната владина поддршка за домашниот бизнис-сектор достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. Од Министерството за финансии велат дека средствата се наменети за поттикнување на приватните инвестиции и забрзување на ...
Барселона и ПСЖ постигнале договор за трансферот на Феран Торес, пренесуваат каталонските медиуми. Францускиот клуб ќе плати 50 милиони евра фиксно, а дополнителни пет милиони се предвидени преку бонуси. Првичната понуда од 40 милиони плус бонуси била одбиена од Барселона, која инсистирала на поголема загарантирана сума. Клучна фигура во трансферот е Луис Енрике, кој добро го познава Торес од шпанската репрезентација. Тренерот на ПСЖ смета ...