Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пол Погба се најде во нова тешка ситуација, откако од Франција пристигна информација дека Монако му го раскинал договорот. Веста доаѓа откако претходно беше објавено дека Франзузинот се повредил. Погба во Монако доби можност да се врати на големата сцена по суспензијата поради допинг, но не успеа да го реализира посакуваниот камбек. Во изминатиот период сериозни проблеми му создаваа и повредите, поради кои тешко ја достигнуваше потребната ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед на островот Крит, пренесува „Катимерини“. Според локалните медиуми, Мицотакис вчера отишол во болничката амбуланта откако паднал од велосипед. Тој се здобил со повреда на раката и имал помали гребнатини. Откако му била укажана прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата. Европа не може да биде конкурентна ако домаќинствата и ...
Почина 83-годишен пациент со повеќе хронични заболувања, кај кого бил констатиран вирусот на западнонилска треска. Информацијата ја потврдија од Клиниката за инфектологија. Од Министерството за здравство денеска се очекуваат информации за состојбата на заболените, како и за евентуални нови случаи на заразени со вирусот. Посебно внимание се препорачува кај повозрасните лица и кај луѓето со хронични заболувања, бидејќи кај нив постои поголем ...
Актерката Кејт Бекинсејл (53) ги избриша своите објави од Инстаграм откако во последниот период се соочи со бројни навредливи коментари за нејзиниот изглед и телесната тежина, пишува „Пипл“. Ѕвездата на „Интуиција“ (Serendipity) на 8 август преку инстаграм-приказни сподели дел од коментарите што ги добивала, а истовремено проговори и за причините поради кои ослабела. Како што објасни, врз нејзиното здравје влијаеле синдромот на активација на ...
Германската „Дојче Банк“ направи значаен чекор во кинескиот финансиски систем, откако доби зелено светло да ги порамнува прекуграничните трансакции во кинески јуани. Со ова, банката станува првата некинеска европска финансиска институција што добива ваква улога, отворајќи нов канал за директни финансиски трансакции меѓу Европа и Кина. Одлуката доаѓа во период кога Пекинг сè поагресивно работи на интернационализација на својата валута и ...
Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. Велат дека казината, обложувалниците, онлајн платформите и рекламите што ветуваат брза добивка се лесно достапни за ...
Берзанските цени на електричната енергија во регионот достигнаа екстремно високи нивоа, а главните виновници се комбинацијата од рекордни горештини, суша, ниски водостои и зголемена потрошувачка. На 3 август, околу 20 часот, цената на електричната енергија на берзата во Србија достигна околу 550 евра за мегават-час. Уште повисоки цени беа регистрирани во Словенија – 717 евра и во Хрватска – околу 650 евра за мегават-час. Во истиот период, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека депонијата за која се зборува во јавноста, не се наоѓа на територијата на Град Скопје и дека е оддалечена 30 километри од изворот Рашче. Тој нагласи дека водата во главниот град е микробиолошки и хемиски исправна. Неговата изјава следи по предупредувањето на СДСМ дека во близина на изворот Рашче се создава дива депонија и побара итна реакција од надлежните институции, тврдејќи дека ...
Ако возите со 80 километри на час каде што е дозволено само 50, а притоа имате странска регистрација – ќе си поминете неказнето, затоа што камерите на системот „Безбеден град“ сѐ уште ги ловат само домашните возачи. Проблемот е изразен особено во летниот педиод, кога низ земјава транзитираат илјадници странски возачи, без можност да се регистрира и санкционира нивното брзо движење или каков било прекршок пред да ја поминат македонската ...
Планирате денес да го фотографирате или снимате помрачувањето на Сонцето? Внимавајте – ако камерата на вашиот телефон директно ја насочите кон Сонцето без соодветна заштита, нејзиниот сензор може да претрпи трајно оштетување за само неколку минути, пишува „Еуроњуз“. Денес, 12 август, Месечината целосно ќе го покрие Сонцето долж тесен појас што се протега низ северните и источните делови на Шпанија. Делумното помрачување ќе може да се ...
Најмалку 15 луѓе вчера загинаа откако брод со десетици патници потона во езерото Кариба во Зимбабве, а спасувачката операција продолжува, објави „Њу Зимбабве“. Дотраениот траект „Мбуја Неханда“ пловел од Кариба кон рибарските кампови Чалала кога поради силно бранување се превртел. Според официјалниот извештај на Сесилија Читијо, директорка за локална самоуправа во Кабинетот на министерот за државни работи на провинцијата Машоналенд Вест и ...
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, вечерва ќе го прослави 19. роденден со голема приватна забава, на која според „Ел Еспањол“ се очекува да присуствуваат повеќе од 100 гости. Шпанскиот репрезентативец за роденденската прослава го избрал имотот Мас де Сант Љеи, лоциран во близина на Барселона. Јамал го изнајмил целиот луксузен комплекс, каде што ќе ги собере семејството, пријателите, но и голем број познати лица од светот на спортот и ...
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето крај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи само неколку дена пред големите заеднички воени вежби на Сеул и Вашингтон, кои Пјонгјанг одамна ги осудува. Ракетата била истрелана од областа Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја, околу 6 часот наутро по локално време, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна ...
Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Шкупи АД ја известува јавноста дека клубот ќе конкурира на конкурсот објавен од Кошаркарската федерација на Македонија за пополнување на местата во Супер лигата. КК Шкупи е подготвен да ги исполни сите барања и обврски утврдени од Федерацијата, со поддршка од спонзорите, Општината, Градот Скопје и Министерството за спорт. „Се надеваме дека ова е моментот кога Кошаркарската федерација ќе ја исправи ...
Алесандра Амбросио има голема причина за славење. Познатата бразилска манекенка и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“ се сврши со австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер по речиси две години врска. Романтичните сцени од нивното запросување ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи. – Би те избрала во овој живот и во секој друг. Засекогаш, љубов моја – напиша 45-годишната Алесандра покрај фотографиите и снимките од нивното ...
Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Новото издание на колонијата ќе се одржи од 12 до 19 август со концептот „Галичник како медиум“. Успехот на Ликовната колонија „Галичник“ не произлегува од еден елемент, ...
Европските берзи го започнаа август 2026 година спротивно од историската тенденција. Индексите EURO STOXX 50, DAX и CAC 40 се наоѓаат близу рекордни вредности, а инвеститорите засега не покажуваат поголема загриженост поради познатата „августовска слабост“. Историски гледано, август навистина е слаб месец за европските акции. Кај германскиот DAX, просечниот августовски принос од 1970 година е -1,03 отсто, додека кај францускиот CAC 40, чии ...
Израелското Министерство за надворешни работи вчера ја обвини Турција за „лицемерие“ поради нејзините критики за израелските воени операции, посочувајќи на турската контрола врз 36 отсто од Кипар и на нејзиното воено присуство во регионот, пренесува „Сајпрус мејл“. „Турција има смелост да го критикува Израел. Но, какви се фактите на терен?“ се наведува во објава на Министерството на социјалните мрежи. Оттаму посочија дека илјадници турски ...
Идниот викенд ќе биде означен стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а Пелистер ќе ја отвори сезоната со натпревар под рефлектори. Битолчани во првото коло на домашен терен ќе го пречекаат Камјани, а од клубот потврдија дека средбата ќе се одигра в недела, 16 август, со почеток во 20 часот. Останатите седум натпревари од воведното коло се закажани за в сабота од 17 часот. Работнички во Маџари ќе се соочи со Кожуф, ...
Хапоел Тел Авив очигледно нема намера да штеди кога станува збор за унапредување на својот тим. Сопственикот на израелскиот евролигаш, Офер Јанај, дошол до прилично необична идеја – да го ангажира легендарниот Денис Родман како гостин предавач за кошаркарите. Според информациите на „BasketNews“, Јанај лично му се обратил на поранешниот НБА шампион и му понудил хонорар од околу 100.000 долари за посета на Тел Авив и специјална работилница ...
Дваесетгодишната скопјанка Ева Величковска, која годинава ја освои титулата „Мис на Македонија“, интензивно се подготвува за 73-тото издание на најпрестижниот светски избор за убавина, „Мис на светот 2026“. Пред да ги започне официјалните обврски во Виетнам, каде што финалната вечер е закажана за 5 септември, младата македонска убавица го посети Истанбул. Поводот за престојот во турската метропола е свадбена прослава, но таа го искористил ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа и повремено ќе биде засилен. Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено ...
Нутриционистката Тијана Младеновиќ открива кои намирници се безбеден избор за топлите денови, колку вода треба да пиете и зошто пивото, сепак, треба да го прескокнете, пишува „Прва.рс“. Високите температури бараат дополнителна претпазливост кога станува збор за храната што ја носиме на плажа, на излет или на подолг престој во природа. Намирниците како јајца, млеко и млечни производи, месо и риба не треба да се носат без соодветна торба за ...
Топлотните бранови во Северна Италија годинава ги зголемија трошоците за одржување на огромните климатизирани магацини во кои зрее едно од најпознатите италијански сирења – „Пармиџино Региано“ (Parmigiano Reggiano). Една од институциите што користи ваков необичен модел е Credito Emiliano (Credem). Банката уште од 1953 година прифаќа млади тркала пармезан како залог за кредити што им ги одобрува на производителите – пишува Еуроњуз. Преку ...
Украина ги паузирала дронските напади врз нафтените танкери што впловуваат во руското црноморско пристаниште Новоросијск, откако тоа го побарал американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, објави денеска „Фајненшeл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници. Според весникот, барањето било упатено минатиот месец, откако САД изразиле загриженост дека Украина ги дестабилизира нафтените пазари и им нанесува штета на американските компании со ...
САД и јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чини дека се намалуваат. Техеран изјави дека Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифати неговите услови, објави Ројтерс. Нападите, во Оманскиот Залив што води кон теснецот и на влезот во Црвеното Море, кои се двете витални точки за глобалните резерви на нафта, доаѓаат во време кога ...
Новак Ѓоковиќ нема да настапи во првото коло на Мастерсот во Синсинати, бидејќи како трет носител е слободен на стартот на турнирот. Српскиот ас својот прв меч ќе го одигра во второто коло, каде што за противник ќе го има подобриот од пресметката меѓу Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте и Британецот Јан Чоински. Ждрепката посака Ѓоковиќ и првиот носител Александар Зверев да бидат на истата половина. Тоа значи дека двајцата можат да се ...
Лондонскиот „Хитроу“ ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако во јули аеродромот во Истанбул регистрираше повеќе патници. Во текот на јули, низ терминалите на „Хитроу“ поминале 7,86 милиони патници, додека истанбулскиот аеродром опслужил 8,15 милиони патници. За една година, патничкиот сообраќај на „Хитроу“ е намален за 1,5 отсто, додека Истанбул забележал раст од 2,3 отсто. Еден од факторите што влијаеле врз ...
Познатата пејачка и бизнис-могул Ријана (38) сподели фотографии од семејни моменти при посетата на роднот Барбадос. Таа беше со своите три деца, синовите РЗА (4) и Рајот (3) и едногодишната ќерка Роки Ириш, да ја посетат улицата каде што пораснала, а која денес го носи нејзиното име. „Во еден момент се чувствувам како тоа исто дете од Вестбери … а во следниот ги носам сопствените деца на ’Rihanna Drive‘. Лудо е како функционира животот. А ...
Американската војска вчера соопшти дека еден од нејзините хеликоптери истрелал ракети за да онеспособи товарен брод што се обидувал да ја прекрши американската блокада на иранските пристаништа, објави „Волстрит џурнал“. Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека воен хеликоптер истрелал две ракети кон машинскиот простор на бродот „Вела Нова“, што плови под панамско знаме, и го онеспособил. „Товарниот брод се обиде да помине низ ...