Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за натпреварите против БиХ и Турција, а пред овие дуели изјава даде фудбалерот Јани Атанасов. Дуелите се од пријателски карактер, меѓутоа како што вели Атанасов, тоа не е важно кога се игра за Македонија. „Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски натпревари. Тука сме да го дадеме максимумот и да покажеме дека заслужено го носиме македонскиот ...
Бројот на загинати во поплавите во југозападна Кина, во регионот на Чунчинг, се искачи на девет, а 11 луѓе се водат како исчезнати по обилните врнежи од дожд во оваа општина, објави Ројтерс. Неколку населби и села во областа Јонгчуан беа сериозно погодени од ненадејни и екстремни врнежи во текот на ноќта во саботата, јавија државните медиуми. Претходно во неделата беа потврдени три смртни случаи. Врнежите предизвикаа поројни поплави и ...
Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот, објави „Телма“, повикувајќи се на два извори запознаени со проблематиката. Според телевизијата, осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица „Волци“ каде бил подофицер надлежен за врски и ...
Вардае сезонава по шест години се врати на тронот на македонскиот фудбал, а во оваа прилика би можеле да се потсетиме и на една од најдоминантите генерации која некогаш ја имал најтрофејниот фудбалски колектив кај нас. Станува збор за генерацијата на Вардар од сезоната 1992/93. „Црвено-црните“ тогаш ја освоија титулата со дури 21 бод предност во однос на второпласираниот Силекс, во период кога за победа се доделуваа само два бода. Според ...
Откако стана огромна ѕвезда како стенд-ап комичар, сензација во емисијата „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live) и холивудски актер од А-листата во текот на 80-тите, во моментите кога сè што ќе го носеше неговото име гарантираше публика и заработка, пријателите на Еди Марфи му го дадоа прекарот – „Money“ (Пари), пренесува магазинот „Фар аут“. Еди го сними филмот „Best Defense“, кој подоцна го опиша како „најлошиот филм некогаш снимен ...
Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел, пренесува Би-би-си. Цените на нафтата нагло паднаа поради надежите за договор што би можел да стави крај на американско-израелската војна со Иран. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговарачите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека „преговорите со Иран се одвиваат добро“, а мировниот договор „или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“. Во објава на социјалната мрежа „Трут сошл“, Трамп рече дека мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде подобар од „катастрофалниот“ договор постигнат од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој, според него, бил ...
Спартак Москва го совлада Краснодар по подобро изведување на пенали со 4:3, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 1:1, а по мечот вниманието го привлече необична сцена со аргентинскиот фудбалер Пабло Солари. Додека соиграчите ја славеа победата со навивачите, Солари во еуфоријата несреќно го испушти трофејот, кој се скрши пред очите на присутните. Неочекуваниот момент предизвика изненадување и разочарување кај фановите, ...
Скриени меѓу ризницата од блескави златни предмети од ибериското бронзено доба, два необични артефакти би можеле да бидат најскапоцените од сите. Истражувачите откриле дека една темна нараквица и една ’рѓосана шуплива капа украсена со злато не се изработени од метал од Земјината кора, туку од железо со потекло од метеорити кои паднале од небото. До ова откритие дојде тим предводен од Салвадор Ровира-Љоренс, сега веќе пензиониран шеф на ...
Иницијативата „Зелен хуман град“ е со став дека во Македонија не смее да има дата-центри, кои вчера ги најави министерот за транспорт и врски Александар Николовски. „Николовски деновиве помпезно најави дека во име на ‘економски развој’ Владата подготвувала законски измени на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со цел да привлечат големите технолошки компании да ‘инвестираат’ во дата-центри за вештачка интелигенција (ВИ) во ...
Екипата на Вардар денеска и официјално му посака добредојде на Кристијан Фабијани кој го наследува Гоце Седлоски. Седлоски со Вардар ја освои титулата, а како што беше и претходно најавено сега ќе продолжи да ја извршува само селекторската функција. Вардар преку социјалните мрежи денеска му посака добредојде на Аргентинецот кој во новата сезона ќе има задача да ја брани двојната круна, но претходно Вардар го чекаат и европските квалификации. ...
Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар гостуваше во емисијата „Попкаст со Мартин Богатиноски“ во студиото на „Слободен печат“, каде зборуваше за својот животен пат, дисциплината, црковните состојби, односите во МПЦ-ОА, прашањето со ПОА, имотите во Австралија, но и за односот кон Цариград, Москва и Белград. На почетокот од разговорот, митрополитот Петар се заблагодари за поканата, нагласувајќи дека досега никогаш не одбил медиумско ...
Жители на улицата „Христо Смирненски“ во Центар до редакцијата на „Слободен печат“ испратија фотографии и видеа од градилиште каде, како што велат, денеска имало свлечиште за време на градежни активности. Тие информираа дека багерист работел на градилиштето, иако денеска е неработен ден, и предизвикувал бучава, а околу 13:30 часот жителите почувствувале тресење кое, како што велат, било предизвикано од свлекување на земјиштето каде што се ...
Фондацијата „Хинд Раџаб“ денес соопшти дека во Полска е поднесена кривична пријава против високи израелски политички и воени функционери поради наводи за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа, пренесува Анадолу. Во соопштението, групата наведува дека жалбата е поднесена до Окружното обвинителство Вроцлав од полско-палестинските преживеани лица Амџад Ага и Ахмед Елсафтави во соработка со иницијативата за ...
Македонија Ѓорче Петров со победа од 4-2 против Силекс ја заврши сезоната во последното коло од ПМФЛ, во натпревар исполнет со шест погодоци и пресврти. Домашниот тим прв стигна до водство преку Еступниан во 15. минута, но гостите возвратија со голот на Филип Мишов од белата точка во 32. минута за 1-1. Во второто полувреме „лавовите“ заиграа многу поофанзивно, а Екснеидер Гереро со два брзи гола донесе убедлива предност од 3-1. Илија Донов ...
Интересна приказна за Игор Џамбазов раскажа младиот и талентиран пејач Дарко Гроздановски. Покрај неговиот вокален талент и харизма, зад неговата поврзаност со музиката и естрадата стои една исклучително интересна и емотивна приказна која датира уште од неговото најрано детство. Дека судбината ги спојува нештата на несекојдневен начин, потврдува и неговата лична приказна поврзана со македонската легенда Игор Џамбазов. Дарко кој е инаку по ...
Иако само пред еден месец започна реновирањето на просторот на кој се наоѓаше сега веќе срушената игротека покрај поранешниот ресторан „Дежа Ву“ во Аеродром, жителите веќе започнаа да забележуваат и да се запрашуваат до каде е изградбата на детскиот парк и игралиштето покрај „Капитол мол“, откако десетина дена може да се забележи како подлогата е „шарена“, со оштетени павер елементи и бекатонски плочки во различни форми. Преку донација, ...
Интересот за поставување на соларни системи кај домаќинствата е голем, но високите почетни трошоци, сложените административни процедури и недоволната информираност остануваат главни пречки за поголемо учество на граѓаните. Можноста за граѓаните да станат активни потрошувачи (просумери), кои ќе можат и да произведуваат, да складираат и да продаваат енергија, е реална по донесувањето на новиот закон за енергетика, но недостасуваат законите за ...
Полицијата од Кавадарци вчера уапсила 20-годишен струмичанец кој ја истепал својата 19-годишна невенчана сопруга од Штип, додека викендов престојувале во објект во близина на плантажи во Кавадарци. „На 24.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода О.Ф.(20) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна невенчана сопруга од Штип, дека додека престојувале во објект во близина на ...
Неколку големи сојузници на НАТО, меѓу кои Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија и Канада, го блокираат предлогот за издвојување на 0,25 отсто од бруто домашниот производ (БДП) годишно за воена помош на Украина, објави британскиот весник „Телеграф“. Медиумот наведува дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се надевал дека ќе се постигне договор за предлогот пред претстојниот самит на Алијансата во Анкара, Турција, но оваа недела ...
Раководството на Милан денеска официјално им врачи откази на тренерот Масимилијано Алегри, генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Жофри Монкада, по разочарувачката сезона и неуспехот „росонерите“ да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Од клубот соопштија дека главна цел сезонава била враќање во европската елита и поставување темели за стабилни резултати во борбата за врвот на Серија А. ...
Многу луѓе, од различни причини, одлучуваат својот начин на исхрана да го продолжат како вегани или вегетаријанци. Тоа го прават по сопствена волја и избор, внимавајќи на тоа организмот да ги добие сите потребни нутриенти за нормално и здраво функционирање, пишува „Љубимци“. Јасно е дека животните немаат можност да донесуваат вакви одлуки, ниту пак имаат потреба од нив. Но, што би се случило доколку едно куче „стане“ вегетаријанец? Кучињата, ...
Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој утрово излетал од шините во Белград. Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број „5“ и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница. Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска ...
Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири повеќе нема да биде тренер на тетовскиот состав, откако двете страни решија да не ја продолжат соработката по завршувањето на сезоната 2025/26. Од клубот информираа дека договорот на Беќири истекува по крајот на актуелната сезона, а по одржаните разговори било донесено заедничко решение тој да замине од кормилото на „црвено-црните“. Беќири ја презеде Шкендија во јануари 2024 година и за релативно ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска изјави дека се постигнати заклучоци за многу теми дискутирани за потенцијален меморандум за разбирање со САД, но тоа не значи дека Техеран е блиску до потпишување договор, пренесува Гардијан. „Вистина е дека дојдовме до заклучок за голем дел од дискутираните теми“, потврди Багаи, алудирајќи на промена во дипломатскиот процес. Сепак, иранскиот функционер брзо ги ...
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го соопшти конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство, а најголемо изненадување е фактот што во составот нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Иако се очекуваше место во тимот да добие Дин Хујсен, кој во изминатиот период беше стандарден репрезентативец и стартер на завршницата од Лигата на нации, селекторот одлучи да не смета на него. Според Де ла Фуенте, ...
Астролозите тврдат дека четири хороскопски знаци од понеделник, 25 мај, ќе имаат многу повеќе среќа, љубовни можности и позитивни промени. Тие особено ќе привлекуваат изобилство и добри прилики благодарение на силната енергија на воздушните знаци, која поттикнува отвореност, комуникација и изразена интуиција. Вага За Вагите се наведува дека конечно ќе ја повратат контролата над сопствената енергија и јасно ќе ги постават границите кон луѓето ...
Париската полиција истражува повеќе од 100 наводи за малтретирање, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години од т.н. училишни надзорници за време на ручек, попладневен одмор и активности по наставата, потврдија обвинителите, пренесува „Гардијан“. „Имаме истраги кои се во тек во 84 предучилишни установи, околу 20 основни училишта и околу 10 дневни центри“, изјави главната обвинителка на Париз, Лор Бекуо. Адвокатите ...
Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартуваше подготовките за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29 мај) и Турција (1 јуни). Новиот селектор Гоце Седлоски ги собра репрезентативците во Скопје, каде националниот тим е сместен во хотелот „Хилтон“. Македонските фудбалери нема долго да останат во главниот град, бидејќи експедицијата наскоро заминува за Сараево, каде во петок ќе го одигра ...
Во полицијата во Берово вчера во 18:35 часот од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“ во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. Во полицијата во Берово вчера во 18:35 ...