Европската Унија денес соопшти дека нејзините дипломати ќе останат во Киев и покрај предупредувањето од Русија за континуирани напади врз украинскиот главен град, јавува Анадолу. „ЕУ го задржува своето присуство и продолжува со работа во Киев, а ваквите закани наликуваат на очај“, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, на брифингот со медиумите во Брисел. „Тие сакаат страв и изолација на Украина и на други места, но ние ...

Драгољуб Миќуновиќ, поранешниот претседател на Демократската партија, почина на 96-годишна возраст, објавија српските медиуми. Медиумите пишуваат дека тој е еден од најистакнатите и најпочитуваните филозофи надвор од границите на Србија, универзитетски професор, првиот претседател на обновената Демократска партија во 1990 година, кој ја заврши својата активна политичка работа како претседател на Политичкиот совет на ДС, чиј што беше и ...

Израел соопшти дека го ликвидирале новиот воен командант на Хамас во Појасот Газа, неколку дена откако беше убиен неговиот претходник, додека израелската војска го интензивираше воениот притисок во Газа и ги прошири операциите во Либан, објави Ројтерс. Информацијата преку заедничко соопштение ја потврдија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Во соопштението се наведува дека по нивна наредба израелската ...

Пјудипај (PewDiePie), еден од најпознатите јутјубери во светот, откри дека во септември годинава ќе престане да ги снима своите месечни влогови, со што ќе стави крај на проект што траеше речиси четири години. Вистинското име на креаторот е Феликс Кјелберг, а одлуката, како што објасни, ја донел поради неговиот син Бјорн, кој наскоро ќе наполни три години. „Марција и јас одлучивме во септември да престанеме со влоговите. Главната причина е ...

Професори, ректори и студенти денеска ќе протестираат во Виена против владината политика за финансирање на високото образование, предупредувајќи дека без дополнителни милијарди евра австриските универзитети ќе се соочат со сериозни кратења и пад на квалитетот на наставата и научните истражувања. Повод за незадоволството се преговорите за новите договори за финансирање за периодот од 2028 до 2030 година, при што академската заедница обвинува ...

Украина изврши напади врз руска воена и енергетска инфраструктура, при што биле погодени фабрика за поправка на авиони во Таганрог, воздухопловната база „Балтимор“ во Воронеж и рафинеријата за нафта во Туапсе. Окупираниот Севастопол исто така бил нападнат со ракети и дронови, додека Русија тврди дека соборила 140 украински дронови, пренесува Киев пост. Руските власти соопштија дека воздушната одбрана пресретнала ракети и дронови во неколку ...

Не е забрането здружение на граѓани формирано во Македонија да организира протест за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, но тоа остава горчливо чувство дека се мешаме во туѓи политики. Проблем е што останува нејасно дали ваквите протести се автентични или странска пропаганда и тоа што невладините организации не се под сериозна контрола на државата за начинот на кој се финансираат, па оттука и опасноста тие средства да бидат ...

Додека американскиот претседател Доналд Трамп се приближува кон својот 80-ти роденден, неговото здравје е под сè поголем надзор. Најновиот инцидент, во кој тој изгледаше како да заспива за време на церемонијата по повод Денот на сеќавањето, покрена сериозни прашања, а истакнат кардиолог предупреди дека тоа би можело да биде знак за нешто злокобно. Денеска Трамп имаше редовен медицински преглед во центарот „Волтер Рид“, по што ѝ рече на ...

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул, а во националниот тим по пауза поради повреда се враќа дефанзивецот Јован Манев. Фудбалерот на Нови Пазар истакнува дека за него претставува чест што повторно е дел од националниот состав и порача дека Македонија ќе оди на победи на двата натпревари. – Нè очекуваат натпревари ...

Бурито е традиционално мексиканско јадење што се состои од тортилја од пченично брашно полнета со прилози. Вообичаено тортилјта полека се пече на жар или се вари на пареа, да омекне и да може да се витка. Во Мексико најчести прилози се месо, грав и јајца, кои се збогатуваат со свеж зеленчук по желба. Во Соединетите Американски Држави, буритото вообичаено вклучува комбинација од состојки како што се: ориз на мексикански начин (со домат, лук и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 27 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, фокусот ќе ви биде на обврските што бараат брзи одлуки. Можни се мали недоразбирања со колегите, но сè се решава преку директна комуникација. Денешниот ден носи потреба за искрени разговори во врската. Слободните можат да почувствуваат ненадејна привлечност кон личност од нивната околина. Имате зголемен стрес, па затоа се ...

Шпаркасе Банка започна нова кампања за депозитни производи под мотото „Висока, повисока, највисока каматна стапка“, со фокус на Депозит плус – производ со атрактивна понуда за штедење што носи повисоки фиксни каматни стапки за различни вредносни рангови, нови рочности и поголема флексибилност за клиентите при планирањето на нивните финансиски цели. Во рамките на промотивниот период, кој трае до 31.7.2026 година, клиентите имаат можност да ...

Горчливиот проблем со државните вили и резиденции конечно добива правна разрешница, откако Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) успеа да ги легализира овие објекти, вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски за „4ТВ“. Тој истакна дека претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба и најави сериозни градежни зафати за обнова на целосно запуштениот државен имот. На прашањето дали шефот на државата сè ...

Магнезиумот е исклучително важен минерал, клучен за регулирање на крвниот притисок, здравјето на коските и цревата, како и за правилната функција на мускулите. Се наоѓа во бројни намирници како овесни снегулки, црн грав, банани и јаткасти плодови, а многумина го земаат и како додаток во исхраната за намалување на немир или подобрување на сонот. Меѓутоа, и покрај сите негови придобивки, можно е да се внесе премногу магнезиум, што може да ...

Сè почестите топлотни бранови и рекордно високите температури претставуваат голем предизвик за градините, кои лесно стануваат суви во текот на летото. Сепак, со добра организација, соодветна грижа и внимателен избор на растенија, можно е да се зачува зеленилото дури и во најжешките денови кои ни престојат. Подготовката на градината за горештините не е само санирање на оштетувањата, туку стратешки пристап што ја трансформира во отпорен и ...

Чувството на глад е една од најчестите причини поради кои многу луѓе се откажуваат од диета и поздрав начин на исхрана. Кога организмот внесува помалку калории од вообичаено, гладот станува поизразен, што може да го отежне одржувањето на дисциплината и поставените цели. Сепак, постојат едноставни начини што можат да помогнат апетитот полесно да се контролира и диетата да биде полесна за следење. Важно е да се разбере дека гладот не е секогаш ...

Ново истражување покажа дека возраста на која сте го имале првиот интимен однос може да биде поврзана и со квалитетот на стареењето, вклучувајќи ја слабоста на организмот и лошите индикатори за долговечност во староста. Истражувачите од Универзитетот Шандонг во Кина анализирале голема генетска база на податоци за да пронајдат ДНК маркери поврзани со возраста на која луѓето го имаат својот прв интимен однос. Потоа провериле дали луѓето со ...

Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за хемиска преработка и производство на амбалажа во американската држава Вашингтон одзеде неколку животи, додека најмалку 10 лица се повредени, според американските служби, објавија американските медиуми. Инцидентот се случил околу 7:30 часот по локално време во фабриката на „Нипон дајнавејв пакејџинг“, соопшти противпожарната служба Лонгвју. Експлозијата се случила по пукањето на резервоар што ...

Сирил Рамафоса, претседател на Јужна Африка, економски најразвиената земја на континентот, се соочува со постапка за импичмент во Парламентот поради скандал од пред неколку години во кој беа вклучени 580.000 долари во готово скриени во кауч на неговата фарма за дивеч, а потоа украден, пишуваат светските медиуми. Поради потеклото на парите, Сирил Рамафоса беше обвинет за злоупотреба и за обид за прикривање на кражбата во 2020 година, бидејќи, ...

Кап д’Агд, на југот на Франција, со години важи за најголемо натуристичко населено место во светот, но во последно време привлекува внимание и поради зголемениот број свингери кои го посетуваат. Важно е да се објасни разликата меѓу нудизмот и натуризмот. Нудизмот претставува практика на престој без облека, најчесто поради удобност, рекреација или чувство на слобода. Фокусот е на самата голотија, како што е капење на нудистичка плажа или ...

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на ТВ Телма. „Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и ...

Научниците открија нов вид на октопод во длабоките води околу архипелагот Галапагос, која веднаш го привлече вниманието поради својата необична појава — мала, сина и „како од цртан филм“, пренесува „Саенс дејли“. Видот, именуван Microeledone galapagensis, првпат бил забележан во 2015 година за време на длабокоморска експедиција во близина на островот Дарвин, на северниот дел од архипелагот. Истражувачите со помош на подводно возило ...

Снимката како американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор фаќа две змии со голи раце стана виралена, но службениците за диви животни ја предупредуваат јавноста да не го пробува ова дома. Во описот на видеото објавено денеска, Кенеди изјавил дека отстранува влекачи од терасата на својот колега д-р Мехмет Оз во Флорида, пишува Би-би-си. „Шерил навива додека отстранувам пар црни трчачи од терасата на д-р Оз“, напишал Кенеди, ...

Во рамките на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на Антички театар Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок-групи – „АРЕА“, која на 31 јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за многубројната публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички ...

Во првиот од двата контролни натпревари кои македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги игра против Словенија, забележан е пораз од 3:1. Гостите поведоа во 26 минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2:0. Во 42 минута Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2:1. Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на ...

Принцот Вилијам откри дека бил изненаден од познавањето на италијанскиот јазик на неговата сопруга Кејт Мидлтон, кое таа го покажала за време на неодамнешната службена посета на Италија. Принцот од Велс гостувал во британската радио-емисија „Харт брекфаст“, каде низ смеа признал дека ни самиот не знаел дека Кејт толку добро зборува италијански. Водителката Аманда Холден коментирала дека принцезата зборувала италијански за време на посетата ...

Ризиците од директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили со катастрофални последици во моментов растат, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на Меѓународниот форум за безбедност, пренесе Тасс. „Како резултат на деструктивните дејствија на колективниот Запад, се појави длабок и многу наелектризиран раскол меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои се и де јуре нуклеарни сили“, рече Рјабков ...

Конечниот список од 26 играчи за Светското првенство од селекторот на фудбалската репрезентација Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, без ниту еден од Барселона, со осум од Барселона, донесе клупски контроверзии, медиумски напади, а особено дебата, па дури и војна на социјалните мрежи. Шпанскиот селектор, во духот на Спартанците, веднаш ги прекина сите клупски манипулации. – Ова е Шпанија. За мене, најдобриот тим е Шпанија, нема друг. Не земам ...

Според „Л’Спортиу“, чии информации ги пренесува Мундо Депортиво, шпанскиот кошаркарски клуб Барселона сега разгледува опција што до неодамна изгледаше речиси незамислива – доаѓањето на Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата. Откако се појави информација дека Чави Пасквал практично решил да го напушти клубот на крајот од сезоната и да се пресели во Дубаи, каталонскиот гигант почна да разгледува алтернативи. Меѓу ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.85
56%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
59%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
63%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
60%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.85
73%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
62%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.98
49%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.65
67%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.53
49%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
95%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
5.76
71%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Злато

131337.93

Калај

51.97

Бакар

12.52