Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери. Од комуналното претпријатие на ...
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопштија од Центар. По извршениот увид, велат оттаму, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при ...
Фудбалскиот клуб Вардар ја информира јавноста дека е продолжена соработката со двајца играчи, Бобан Николов и Дарко Велковски. Николов (31), играчот од средниот ред, потпиша нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2029 година. Оваа сезона, во која скопските „црвено-црни“ ја освоија титулата во Првата македонска лига, Николов запиша 16 настапи и четири голови. Велковски се согласи за нов договор со клубот до 30 јуни 2027 година. Искусниот ...
Американскиот град Њу Орлеанс би можел да стане првата жртва на зголемувањето на нивото на океанот, а експертите предупредуваат дека градските власти мора веќе да го започнат процесот на преселување на жителите, со цел да се избегне хаос, пишува Си-ен-ен. Крајбрежниот дел на Луизијана е еден од најниските региони во светот, а Њу Орлеанс, град со 360.000 жители, е особено изложен на ризици. Се наоѓа во слив во облик на чинија, претежно под ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата професионална кариера остави белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. Постдипломски студии по ...
Сопственикот на Нотингем форест и Олимпијакос, Евангелос Маринакис, се најде во центарот на инцидент за време на натпреварот меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во Евролигата, кој грчкиот тим го доби со 92:85. Според информациите на грчките медиуми, Маринакис влегол во вербална и физичка пресметка со Григорис Димитрадис, поранешен советник на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи може да се ...
Продадени цркви и станови за милиони долари, црковни имоти што не се префрлени на МПЦ-ОА, асоцијации што, според митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, функционираат надвор од црковниот поредок, но и нерешени статуси на поранешни монаси и монахињи. Ова се дел од најсериозните забелешки што владиката ги изнесе во „Попкаст со Мартин Богатиноски“. Најостар беше за состојбите во Австралија. Според него, таму проблемот е во тоа што дел од ...
Европската Унија повторно влегува во период на жестоки политички судири околу распределбата на заедничките пари, а овојпат конфликтот е насочен кон долгорочниот буџет за периодот од 2028 до 2034 година. Предлогот на Европската комисија тежок 1,8 билиони евра веќе предизвикува силни поделби меѓу државите членки. На едната страна се побогатите земји кои сметаат дека Брисел бара премногу средства во време кога националните влади се соочуваат со ...
Државната агенција за железници и патишта на Португалија побара од двајца овчари да платат 25.000 евра отштета откако регионален воз минатата година прегази 89 од нивните овци, пренесува ДПА. Државниот оператор на железничката и патна мрежа го оправда барањето за вкупно 26.400 евра со тоа што се осврна на штетата предизвикана на возот и фактот дека имало големо задоцнување во железничкиот сообраќај. Несреќата се случила лани на 28 декември ...
Осми пат по ред, Никола Јокиќ се најде меѓу трите најдобри петорки во изборот на НБА-лигата, со што стана рекордер на Денвер нагетс, а место имаше и за словенечката ѕвезда Лука Дончиќ. Српскиот центар вкупно шести пат е избран во идеалниот тим на сезоната, продолжувајќи да испишува историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Во регуларниот дел од сезоната, Јокиќ бележеше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, ...
Од една страна: ХДЛ (липопротеин со висока густина), херојскиот „добар“ холестерол кој помага во чистењето на артериите и одржувањето на протокот на крв. Од друга страна: ЛДЛ (липопротеин со ниска густина), т. н. „лош“ холестерол кој се таложи во крвните садови и тивко го зголемува ризикот од срцеви болести, објавува „Саенс фокус“. Тоа е уредна и едноставна приказна. И со децении доведуваше до еден јасен совет од лекарите ширум светот: ...
Четворица турски државјани се уапсени во Скопје поради сомнение дека синоќа учествувале во инцидент – прво со „ауди“ удриле доставувач на мотор, па потоа го истепале младиот скопјанец. „Ноќеска околу 01:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција. Приведувањето следуваше по пријава добиена на 24 мај околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по ...
САД соопштија дека започнале нови напади врз Јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидуваат да постават мини, објави Би-би-си. Нападите, како што велат, биле преземени во „самоодбрана“ и биле наменети „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД. Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската ...
Камионџија загина, а неколку патници се повредени откако патнички воз излета од шините по сударот со камион во западна Полска, соопштија полските служби за итни случаи, пренесува ТВП. Несреќата се случила во близина на градот Рогозно, во западниот регион Великополска, на железничката линија што го поврзува градот со регионалниот центар Познањ. Портпаролот на полицијата, Кристов Ползин, ја опиша како „сериозна несреќа“ на железнички премин ...
Штом ќе заврши престижниот филмски фестивал во Кан, филмските критичари веќе со сигурност знаат каде да ги насочат погледите за претстојната сезона на Оскарите. Историјата покажа дека Кан е вистинска отскочна штица за Оскарите — токму таму своите премиери ги имаа претходните лауреати и фаворити како „Анора“, „Емилија Перез“ и „Супстанца“, пишува „Би-би-си“. Годинашниот Кански фестивал штотуку ги затвори своите врати, а трката за златната ...
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди Чиле, околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата, соопшти Геолошки завод на САД, пренесува Ројтерс. Земјотресот бил на длабочина од 109 километри во пустината Атакама. Чилеанските власти засега не пријавија повредени лица или материјална штета, единствено прекини со струја или вода. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјавил Фелипе Плаза од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 26 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, се се откажувајте при првата пречка – вашите идеи ќе бидат разбрани ако ги презентирате јасно и без брзање. Денеска се отворате кон саканата личност повеќе од вообичаено, што носи нова доза на блискост. Слободните луѓе го привлекуваат вниманието на интересна личност од нивната околина. Внимавајте на исхраната. Прекумерното ...
Чешката влада денеска одобри измена на законот со која би се поостриле правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци, наведувајќи дека на тој начин реагира на злоупотребата на помошта и на перцепцијата според која бегалците во некои аспекти имаат предност во однос на локалното население, пренесува Ројтерс. „Земјата со повеќе од десет милиони жители прими 385.000 украински бегалци“, изјави министерот за внатрешни работи ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за „360 степени“ најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори. Во случајот беа осомничени 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, ...
Земањето додатоци на витамини и минерали одеднаш, наутро или во друг период од денот, се чини како практичен и едноставен начин да направите нешто корисно за своето здравје и да не заборавите или прескокнете некои од додатоците во исхраната во текот на денот. Сепак, колку и да е практичен таквиот пристап „сè одеднаш“, лекарите и нутриционистите веруваат дека тој не значи и дека е добар. Некои витамини и минерали влијаат едни на други, или ...
Различни тестови на личноста може да ви покажат и откријат нешто ново за вас и вашата психа. Овој тест е еден од нив. Освен што овие прашања ќе откријат многу за вашиот менталитет и личност ќе имаше можност и да се забавувате. Додека го читате секое прашање, треба да ја визуелизирате ситуацијата во вашата глава. Вашиот одговор запишете го или запомнете го, пишува „Мајндс џрнал“. Прашања 1. Шетате во шума, но не сте сами. Со кого шетате? 2. ...
Чистењето паркет може да биде доста макотрпна работа. Добрата вест е дека еден природен пијалок може да ги направи вашите подови да сјаат без потреба од дополнително триење. Тоа е црниот чај. Содржи танинска киселина, која може да помогне во нежното чистење на дрвените површини. Исто така, содржи полифенолни соединенија кои го спречуваат растот на микробите. Пред да користите црн чај, исчистете ги подовите со правосмукалка. За да го ...
Ирвин Јалом е еден од најпознатите светски психијатри и психотерапевти на денешницата, особено признаен по развојот на егзистенцијалната психотерапија. Роден е во 1931 година во Вашингтон, а најголемиот дел од својата кариера го помина како професор по психијатрија на престижниот универзитет Стенфорд. Јалом верува дека повеќето човечки проблеми и анксиозности потекнуваат од соочувањето со основните животни прашања: стравот од смртта, ...
Биографскиот филм „Мајкл“ (Michael), посветен на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, незапирливо се приближува до нова голема пресвртница на светските киноблагајни. Филмот на глобално ниво веќе заработи неверојатни 788 милиони долари и се очекува деновиве да ја надмине границата од 800 милиони долари, пишува „Верајети“. Само во текот на изминатиот викенд, филмот оствари дополнителни 28,5 милиони долари надвор од Северна Америка, со што уште ...
Македонскиот репрезентативец Сефер Емини, кој настапува за дански Сондерјиске, очекува нашата селекција да прикаже квалитетна игра и да оствари позитивни резултати на претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Иако сè уште го чека своето деби во сениорскиот дрес на Македонија, Емини потенцира дека најважно е тимот максимално подготвен да ги дочека предизвиците што следуваат, без разлика што натпреварите се ...
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека планира нов бран масовни ракетни напади со долг дострел врз Киев, вклучително и врз „центри за донесување одлуки“, во она што Москва го нарече одмазда за украинскиот напад во Луганск. Русија тврди дека бил погоден студентски дом, додека Украина вели дека целта била руски центар за контрола на дронови, пренесува Киев индепендент. Заканата дојде само еден ден по еден од најголемите масовни ...
Големата египетска пирамида во Гиза, позната и како Кеопсова пирамида, стои веќе повеќе од 4.600 години, дури и по силни земјотреси, а новото истражување сега објаснува и зошто оваа градба е исклучително отпорна на вибрации. Пирамидата изгубила само околу десет метри од својата висина од моментот кога била изградена за време на Старото Кралство на Египет (2649 – 2150 година пред новата ера). Ова е неверојатно со оглед на фактот дека во текот ...
Папата Лав издаде досега најјасно извинување од еден понтиф за улогата на Католичката црква во ропството, признавајќи дека доцни во осудата на оваа практика, пренесува Ројтерс. Папата рече дека на Црквата ѝ требале векови целосно да го препознае „злото на ропството“ како некомпатибилно со човечкото достоинство, нарекувајќи го ваквото наследство „рана во христијанското сеќавање“. „Поради ова, во името на Црквата, искрено барам прошка“, напиша ...