Некои патници авантуристи ќе ги прескокнат толпите на земја за да го гледаат затемнувањето на Сонцето, кое ќе се случи денеска (12 август), од илјадници стапки во воздух, благодарение на неколку специјално организирани авионски и чартер-летови, пишува „Бизнис инсајдер“. „Браселс ерлајнс“ ќе превезе 100 луѓе над Франција за да го видат делумното затемнување. Летот, во партнерство со Јавната опсерваторија Уранија во Швајцарија, е распродаден. ...

Персеидите – еден од најпопуларните метеорски дождови во годината ќе се случат вечерва. Овојпат условите се особено поволни, бидејќи максимумот се совпаѓа со новолуние, па месечевата светлина нема да ги засенува послабите метеори. Вечерва во периодот околу 19.29 минути ќе може да се набљудува и делумно затемнување на Сонцето. За жителите на Скопје, на Козјак се организира заедничко уживање во оваа природна појава. Повеќе инфо на следниот ...

Денес, во одредени делови од светот ќе се случи целосно затемнување на сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, до Шпанија и некои делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие дискот на Сонцето. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење на затемнувањето ќе биде 2 минути и 18 секунди ...