Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Заврши уште една сезона во Премиер лигата, а Манчестер јунајтед повторно се врати меѓу елитата. По сезона без европски настапи, „црвените ѓаволи“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите, но еден податок може да предизвика загриженост. Мајкл Керик успеа целосно да ја промени сезоната, тимот избори место во Лигата на шампионите, а Керик доби доверба и за постојана функција откако претходно пристигна само како привремено решение. ...
Пред да стане сопруга на британскиот престолонаследник и најфотографираната жена во светот, принцезата Дијана замислувала сосема поинаква иднина. Таа не сонувала за палати, титули или кралски протоколи. Сакала да танцува, и тоа професионално. Да „постигне нешто“ во светот на уметноста. Оваа нејзина желба ја открило писмото што го напишала кога имала само 17 години, а кое неодамна повторно стаса во јавноста. Во неколку едноставни реченици, ...
Најдобрите летни оброци се лесни за варење, ладни и се приготвуваат без готвење. Почестете се со салата што ги задоволува сите критериуми, а нејзината интересна комбинација буди љубопитност. Салата од најдоброто летно овошје и едноставен кисел дресинг е навистина совршена! Кељот, црешите и кремастото козјо сирење се комбинираат во совршено трио од бои и вкусови, што се надополнува со брзиот и лесен балсамико прелив за салатата. Свежи ...
Претставата „Кокошка“, реализирана во копродукција на независната театарска група „Вортекс“ и Театар „Комедија“, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај во Приштина. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја ...
Македонија сè повеќе купува, плаќа и комуницира онлајн, но и покрај растот на е-трговијата, земјава сè уште е далеку од вистинска дигитална економија. Недовербата кај потрошувачите, сивата економија, недоволната дигитална писменост и неподготвеноста на дел од компаниите остануваат најголемите предизвици за развојот на онлајн пазарот. Во интервју за „Слободен печат“, Нина Ангеловска-Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на ...
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...
Земјотрес утрово ја погоди централна Хрватска, во близина на Сисак, покажуваат податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, (EMСЦ). Според прелиминарните податоци од EМСЦ, земјотресот со магнитуда од 4,1 степени се случил во 9:51 часот по локално време, пренесе ХРТ. Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од девет километри. #Earthquake (#potres) possibly felt 23 sec ago in ...
Финалниот натпревар во Конференциската лига меѓу Кристал палас и Рајо Ваљекано, кој вечерва се игра од 21 часот, доби несакана увертира по сериозните хулигански инциденти во Лајпциг. На социјалните мрежи се појавија видеа од масовна тепачка во близина на локал во центарот на градот, каде што дошло до судир меѓу навивачи на двата клуба. Според информациите на локалните медиуми, група лица облечени во црно се упатила кон фановите на Кристал ...
Сината месечина што ќе се појави овој викенд е ретка небесна појава што уште еднаш покажува колку е фасцинантна механиката на нашиот Сончев Систем. Кога на 31 мај полната месечина ќе се издигне над хоризонтот, тоа ќе го означи појавувањето на сината месечина во 2026 година, пренесува „Би-би-си Скај ет најт магазин“. Но тоа не е единствената причина поради која полната месечина кон крајот на мај 2026 година ќе биде вистинска астрономска ...
Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија, вчера најави формирање на шест парламентарни истражни одбори, кои ќе ги испитуваат наводите за корупција и злоупотреба на власта во изминатите 16 години, за време на мандатите на поранешниот премиер Виктор Орбан, пренесува Ej-би-си њуз. Ќе се истражуваат и сомнежите за проневера јавни средства со кои управува Народната банка на Унгарија, која веќе е под истрага. „Целосно ќе ја разоткриеме целата ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Светското првенство. Очекувано, главни имиња во составот се Кристијан Пулишиќ, Тајлер Адамс и Вестон Мекени, кои ќе ја предводат американската селекција. На конечниот список се најдоа 26 фудбалери, а половина од нив беа дел и од репрезентацијата што настапи на Мундијалот во 2022 година. Останатите 13 играчи за првпат ќе играат ...
Семејството на Метју Пери бара правда по сознанијата дека долгогодишниот асистент на актерот, личност на која безусловно ѝ верувале, имал активна улога во неговото смртоносно предозирање во 2023 година. Во пресрет на изрекувањето на пресудата, мајката на Пери и неговите сестри проговорија за длабочината на измамата на Кенет Ивамаса, кој ја признал вината за набавка и давање кетамин кој ја предизвикал смртта на актерот. Ивамаса бил пријател и ...
Од охридската полиција соопштија дека утре од 08 часот ќе вежбаат пукање, поради што ги предупреди граѓаните да не приоѓаат во близина на стрелиштето „Бејбунар“. „Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни ...
Микел Артета испиша нова страница во историјата на Арсенал, откако по цели 22 години му ја донесе шампионската титула во Премиер лигата. Одличната сезона на лондонскиот клуб беше крунисана и со индивидуално признание за шпанскиот стратег, кој е избран за тренер на сезоната. Со ова признание, Артета стана првиот менаџер на Арсенал што ја освоил оваа награда по легендарниот Арсен Венгер, кому тоа му успеа последен пат во сезоната 2003/04. Иако ...
Форумот за образовни промени (ФОП) соопштува дека е потрдена нивната пријава за случајот со Арбреша Беџети Ферати, сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, за која претходно објавија дека била унапредена во редовна професорка. Од ФОП посочуваат дека Универзитетот во Тетово е казнет со 2.500 евра, додека ректорот Јусуф Зејнели – за кој обвинија дека цел синџир на законски прекршувања се случил во негово време – казнет е ...
Рекордот за најтопол мајски ден во Обединетото Кралство беше соборен втор ден по ред, откако во делови од Лондон температурите во вторникот надминаа 35 степени Целзиусови, пренесува „Би-би-си“. Во ботаничката градина Кју Гарденс, во југозападен Лондон, беше измерена привремена температура од 35,1 степен, со што е надминат рекордот од 34,8 степени поставен претходниот ден на истото место. И Велс втор ден по ред постави нов мајски температурен ...
Еколошката организација „Еко-свест“ вели дека рудникот за олово и цинк „Саса“ е познат како најголемиот подземен рудник во Македонија. Но, посочуваат тие, неговите јаловишта се „темпирани бомби“ доколку не се одржуваат според највисоките светски стандарди. Според „Еко-свест“, името „Саса“ кај екологистите и граѓаните на Источна Македонија секогаш буди сеќавања на една голема еколошка катастрофа. „Што се случи во 2003 година? Таа година, ...
По следните избори, кога и да се одржат, кога ќе ја формираме новата влада, ќе го демонтираме и ќе го елиминираме системот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дојдоа на власт. Во 2024 година едноставно ги прелажаа луѓето, на власт дојдоа со лажна кампања, добро смислена, не овде, туку во соседна земја, во Србија, контролирана од Унгарија, со механизми што му беа оставени на располагање на Мицкоски, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во ...
Секој ден, иако не можеме да забележиме, на Земјата ѝ треба сè повеќе време за да ја заврши својата ротација. Оваа промена се мери само во дел од милисекунда, но силите што стојат зад неа се незамисливо големи, пишува Би-би-си. Според резултатите презентирани во нова студија, објавена во „Весник за геофизички истражувања: Цврста Земја“ (Journal of Geophysical Research: Solid Earth), брзината со која деновите се продолжуваат е „невидена“ во ...
Оклахома направи голем чекор кон ново НБА финале откако пред својата публика со 127-114 го совлада Сан Антонио и поведе со 3-2 во финалната серија на Западната конференција. Актуелниот шампион сега е на само една победа од пласман во големото финале. Гостите од Тексас подобро го отворија натпреварот и во раната фаза имаа предност од осум поени (16-8), но Оклахома постепено го презеде ритамот на играта. До крајот на првата четвртина домашниот ...
Името на Лепосава Огњаноска-Ставровска или Леа, неодамна одекна во јавноста благодарение на нејзината храброст јавно да сподели дека била избркана од работа поради бременост. Нејзината ситуација отвори важно прашање во нашето општество сериозно да се размислува за промена на Законот за работни односи, со оглед на тоа што веднаш по неа се појавија голем број жени што се соочиле со истото. Огњаноска – Ставровска во „Мамавизија“ ја раскажува ...
Во Штип попладнево се случила сообраќајна несреќа кога автомобил со двајца патници излетал од улицата и завршил превртен во двор од куќа покрај коловозот. Според очевидци, возачот се обидел нагло да реагира за да избегне жена која во тој момент ја преминувала улицата. При маневарот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и се превртело на покрив. Во возилото се наоѓале возач и сопатник, кои по несреќата биле пренесени во ...
Во Република Српска е разбиена шема со незаконско делење возачки дозволи, при што има и уапсени, пренесе Кликс.ба. Сопственици на автошколи, во договор со членовите на испитната комисија, подолго време им дозволувале на кандидатите нелегално да полагаат возачки испит со паричен надомест. Во полициската акција која била спроведена вчера на подрачјето на Нови Град, Приједор и Костајница, уапсени се осум лица, објави Министерството за внатрешни ...
Откако минатата година беше претставен дизајнерскиот концепт, проектот за враќање на легендарното „југо“ влегува во нова фаза со откривање на првите технички детали и планираната цена. Новите информации за автомобилот, кој се произведуваше во Југославија и во Србија од 1980 до 2008 година, ги објави германскиот весник „Велт“. Дополнителните фази од концептот и првите технички решенија биле претставени на конференција во Белград, пренесува ...
Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили, како и повеќе тактички крстосувачки ракети, под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, јавија државните медиуми. Според севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, тестирањата биле извршени вчера и се дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили, со цел постигнување на петгодишни цели за развој на националната одбрана. ...
Алексија Путељас по 14 години ја завршува својата ера во Барселона, а каталонскиот клуб најави дека денеска ќе ѝ приреди свечено збогување на „Камп Ноу“. Барселона соопшти дека сакаат да ѝ оддадат признание за сè што направила низ годините, истакнувајќи дека Путељас била лидер и инспирација и на теренот и надвор од него, како и една од најзаслужните личности за подемот на женскиот фудбал во Шпанија. 32-годишната фудбалерка минатиот викенд ...
Кралот Чарлс го посети Центарот за рак „Сер Роберт Огден Мекмилан“ во болницата „Јорк“, каде што се сретна со персоналот и пациентите и ги разгледа објектите кои се при крај по големото реновирање и проширување. Посетата, исто така, вклучуваше момент што пријатно изненади многумина. Кралот топло прегрна жена во новата градина на Центарот и ја бакна во двата образа, редок јавен гест за него, пишува „Пипл“. Помладите генерации на британското ...
Само еден од двајца анкетирани Грци планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), пренесува Нефтемпокири. Трендот главно се припишува ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го објави името на својата нова партија – Грчки левичарски сојуз (ЕЛАС), објави „Катимерини“. На настанот, на кој присуствуваа голем број луѓе, поранешниот премиер ја презентираше основачката декларација на новиот политички субјект. Тој, исто така, апелираше до сите Грци да учествуваат во „новото патување“, презентирајќи ги седумте основни обврски на новата партија. „Ние сме посветени на живеење со ...
Дезинформациите што се шират на социјалните медиуми за перименопаузата ги изложуваат жените на ризик од несакана бременост, земање непотребни лекови и погрешно дијагностицирање, предупредуваат експертите. Свеста за перименопаузата и третманите како што е хормонската заменска терапија е подигната благодарение на напорите на експертите, вклучително и документарецот од авторката Давина Мекол, објави „Гардијан“. Меѓутоа, како што сè повеќе жени ...