Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
По 18 сезони во НБА, легендарниот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да стави крај на професионалната кариера. МВП-играчот од 2017 година зад себе остава огромно наследство, како лидер на вечната листа по бројот на трипл-дабл натпревари. Деветкратниот ол-стар играч во текот на кариерата настапуваше за неколку НБА-франшизи, но најдлабока трага остави во дресот на Оклахома. Вестбрук кариерата ја завршува и како петти најдобар асистент ...
Холандската фудбалска федерација постигна договор со Чави Ернандез, кој во иднина ќе ја предводи репрезентацијата на Холандија. Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона ги договори сите детали со федерацијата и потпиша договор кој ќе трае до 2030 година. За Чави ова ќе биде нов предизвик во тренерската кариера, откако претходно работеше во Ал Сад, а потоа ја предводеше и Барселона. Сега Шпанецот ќе има задача да го врати холандскиот ...
Поетесата Ана Бунтеска сподели фотографија со својата долгогодишна пријателка, пејачката Биба Додева, која деновиве е во Скопје. „Душата на место“, напиша Бунтеска покрај заедничката фотографија и додаде три виолетови срца. Биба и Ана се блиски пријателки со години, а Бунтеска беше меѓу оние кои јавно ѝ се радуваа на пејачката кога во април 2022 година се омажи за својот партнер Срѓан Шрепфлер. „Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се ...
Мароканските власти уапсија група лица осомничени за поттикнување нови обиди за нелегално преминување во шпанските енклави Сеута и Мелила, објави мароканското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека повиците за масовни преминувања на 15-ти август се шират на социјалните мрежи, пренесува Калибер. Министерството соопшти дека последните денови следело анонимни објави и пораки со кои се повикува на колективни обиди за нелегален влез ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека вечерва се активни дури четири пожари во Полошката Котлина, во околината на Тетово, а според неговите информации, тие се подметнати. „Еден од пожарите се наоѓа на територијата на општина Јегуновце во атарот на село Копанце каде гори шума и ниска вегетација. Вториот е на територијата на општина Тетово во атарот на село Џепчиште каде гори ниска вегетација. Третиот ...
Џед Спенс е пред заминување од Тотенхем и преселба во Интер, откако двата клуба постигнаа усен договор за трансферот на англискиот репрезентативец. Според фудбалскиот новинар, Фабрицио Романо, бил постигнат договор вреден нешто повеќе од 30 милиони евра, а преостануваат да се завршат само финалните формалности и документацијата. Со тоа завршува трансфер-сагата која траеше неколку недели. Интер го постави Спенс меѓу своите приоритети за ...
Турските фудбалски клубови продолжуваат да трошат огромни суми во летниот преоден рок со цел да привлечат големи европски ѕвезди. Денеска двајца познати напаѓачи ги ставија потписите на договорите со своите нови клубови. Пред десетина дена беше официјализиран еден од најголемите и најинтересните трансфери ова лето, откако Мохамед Салах го засили Трабзонспор. Денеска одговор стигна од Бешикташ и Фенербахче, кои претставија сериозни засилувања ...
Додека американската администрација објавува тајни документи за НЛО, германските ловци на НЛО, астрономи-аматери, собрани околу Истражувачката мрежа за вонредни небесни појави во Лицелбах (ЦЕНАП) – во последните месеци добиле повеќе од 14.000 пријави. Директорот на ЦЕНАП, Хансјорген Келер, вели дека никогаш досега не забележале толку голем интерес од јавноста за небесните појави, пишува „Евроњуз“. – Добиваме меѓу три и шест пријави дневно. ...
Сојузниците во НАТО денеска изразија солидарност со Романија и Полска на состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на двете земји, кои се меѓу источните членки на Алијансата, пренесува Еуроњуз. Неколку дронови во последните недели го нарушија воздушниот простор на Романија, а претседателот Никeушор Дан изјави дека тоа што го прави Кремљ е „недозволиво и неподносливо“. На 29 јули крстосувачка ракета падна на полска ...
Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија Јосиф, кој беше пријавен за исчезнат во Њујорк, е пронајден жив и во добра општа здравствена состојба во болница на Менхетн во Њујорк, пренесе „Ортодокс тајмс“. 83-годишниот архијереј, кој е на чело на бугарската црква во прекуокеанските земји 40 години, бил примен во болницата откако се повредил во сообраќајна несреќа во петокот, на 7 август. Митрополитот Јосиф последен пат бил виден околу ...
Лос Анџелес Лејкерс повторно ќе добие нови сопственици, откако е договорена уште една продажба на франшизата. Американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Ајгер ќе го купат клубот за 12,5 милијарди долари, што претставува нов рекорд за еден американски спортски тим. Откако Леброн Џејмс ги напушти „езерџиите“, Лука Дончиќ е главното лице на франшизата. Промената дури и започна уште на почетокот на минатата сезона, кога Џејмс ја промени својата ...
Сопругата на Марко Маринковиќ – Слаткар, Сања Николиќ, му беше голема поддршка на концертот што раперот го одржа на Илинден на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Сања беше зад сцената заедно со нивниот шестгодишен син Моша, непосредно пред Слаткар да излезе пред илјадниците луѓе во публиката. На фотографијата што раперот ја сподели на Инстаграм, мајката и синот позираат зад сцената. Моша, кој носеше заштитни слушалки за ушите, подоцна ...
Телото на 71-годишен скопјанец, кој пред четири дена исчезна во Преспанското Езеро откако скокнал од чамец по веслата што му паднале во водата, вчера било извлечено кај Претор. „На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во ...
Од денеска до сабота, Струга повторно ќе биде во центарот на ракометното внимание. На игралиштето „Горан Попоски – Бабец“ ќе се одржи 54. издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир. На турнирот ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се домаќинот Струга, Дубочица и Охрид, додека во групата Б ќе се натпреваруваат Прилеп, Вардар и Бутел. По завршувањето на групната фаза, победниците на групите ќе се борат за ...
НФЛ ѕвездата Тревис Келси за првпат јавно проговори за свадбата со музичката ѕвезда Тејлор Свифт за време на прес-конференција во летниот камп на неговиот тим „Канзас Сити Чифс“. Запрашан од новинарите за летната пауза и гламурозната церемонија што се одржа во „Медисон Сквер Гарден“, 36-годишниот спортист со насмевка сподели детали за посебниот ден, пренесува „Пипл“. „Беше забавна пауза, човече. Свадбата беше најдобрата ноќ во мојот живот и ...
Долгот на Американците по основ на кредитни картички достигнал 1,26 билиони долари во вториот квартал од годинава, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари забележани на крајот од минатата година, пренесува „Гардијан“. Според податоците на Федералните резерви, за три месеци долгот се зголемил за 21 милијарда долари, а економистите овој раст го поврзуваат со високата потрошувачка и порастот на цените на храната, горивото и другите ...
Епицентарот на светскиот спорт и гламур синоќа беше црногорскиот град Котор, каде што се одржала ексклузивна промоција на новиот документарец под назив „Новак Ѓоковиќ – Волкот во зима“ (Novak Djokovic: The Wolf in Winter). На настанот присуствувале многу познати личности, а по премиерата, забавата продолжила во клуб, каде се и снимени споделени на социјалните мрежи. Свечената промоција собрала одбран круг гости од јавниот живот, а меѓу ...
Околу 700 летови се откажани на аеродромот во Катанија, на италијанскиот остров Сицилија, поради продолжената ерупција на вулканот Етна и исфрлањето вулканска пепел, пренесува Анадолу. Во периодот од 8 до 11 август биле откажани околу 400 летови во поаѓање, додека за денеска биле планирани уште 52 откажувања. Повеќе од 250 летови биле пренасочени кон други аеродроми, меѓу кои над 100 кон Комизо, околу 50 кон Палермо само во вторникот, како и ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, откако денеска претрпе пораз од Русинката Варвара Паншина. Ѓорческа во мечот влезе со фаворитската улога, пред сè поради подобриот пласман на ВТА-листата, но Паншина одигра одличен натпревар и заслужено стигна до победата. Македонката немаше многу шанси во првиот сет, во кој успеа да освои три гема и загуби со 6-3. Во ...
Меѓународниот центар за уметност и одржлив „Арт поинт – Гумно“ од с. Слоештица, Демир Хисар, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување. Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија – LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа ...
Во американските воени операции во текот на 2025 година загинале 153 цивили, а 243 биле ранети, изјави денеска американски официјален претставник, повикувајќи се на најновиот извештај на Пентагон доставен до Конгресот на САД, пренесува Си-би-ес. Според извештајот, сите регистрирани цивилни жртви во 2025 година биле последица на три американски воздушни напади во Јемен, каде што армијата на САД изведува операции за уништување на воениот ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска имало 21 активен пожар на отворен простор во државата, – Службите се максимално ангажирани на терен со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК, Мухамет Али. Пожарите се регистрирани во: 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста ...
Хрватскиот стратег Златко Далиќ по девет години на селекторската позиција на Хрватска од денеска има нов предизвик. Искусниот тренер и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ договорот го постигна пред неколку дена, а денеска неговиот ангажман беше официјално потврден и од Фудбалскиот сојуз на ОАЕ. За Далиќ ова не е првпат да работи во оваа земја. Тој претходно беше тренер на Ал-Аин, со ...
Британскиот возач Енди Грин, единствениот човек кој досега успеал со автомобил да ја надмине брзината на звукот, повторно влезе во историјата. Овојпат тој постигна нов светски рекорд со возило придвижувано од водород, пишува „Еуроњуз“. Грин во вторникот достигна брзина од 653,908 километри на час, управувајќи со автомобил опремен со два мотори со внатрешно согорување на водород, со вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Со тоа е поставен нов ...
Иванка Трамп објави фотографии од семејно патување на Исланд, но глетките од водопади, реки и зелени исландски пејзажи набрзо на социјалните мрежи отстапија место на дискусијата за многу попозната тема – семејството Трамп, нивните деловни интереси и политичко влијание. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп престојуваше во Исланд со својот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца. Иванка во четвртокот објави фотоалбум на Инстаграм ...
Рашко-призренската епархија на Српската православна црква (СПЦ) најостро го осуди инцидентот во Липљан, Косово, каде што, според соопштението, двајца Албанци поставиле знамиња на ОВК и на Република Албанија на оградата на црковниот двор во кој се наоѓаат два православни храма, пренесува „НИН“. Станува збор за средновековниот храм „Воведение на Пресвета Богородица“ од XIV век и храмот посветен на светите маченици Флор и Лавр. Според ...
Битолската пејачка Тамара Стојковска ќе заплива во брачните води. Таа му кажа „да“ на својот сакан Дејан, кој ѝ приреди романтично запросување под ѕвезденото небо. Стојковска ја сподели убавата вест на Инстаграм, каде што објави серија фотографии од посебниот момент. На една од нив, Дејан е клекнат пред пејачката додека ја запросува во планински амбиент, под небо исполнето со ѕвезди. На останатите фотографии, среќната двојка позира насмеана, ...
Многу компании во Германија очекуваат платите да се намалат во следните пет години како резултат на употребата на вештачка интелигенција, според најновата студија на Институтот Ифо со седиште во Минхен, пренесува Блуберг. Се очекува работниците со помалку од пет години професионално искуство да бидат особено погодени, при што околу половина од компаниите веќе користат ВИ очекуваат нивните плати да се намалат. Меѓу вработените со најмалку пет ...
Изложбата на германскиот уметник Отмар Херл со 320 позлатени статуетки на Моцарт во Салцбург е предвреме затворена, откако од паркот Мирабел биле украдени 210 фигурини, објави агенцијата AП. Статуетките високи 50 сантиметри биле поставени во градот по повод 270-годишнината од раѓањето на големиот австриски композитор Моцарт. Уметникот Херл смета дека не станува збор за кражба од туристи, туку за организирана кражба. „Најлошото нешто што може ...
„Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ-град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“ – изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ од Мркоњиќ Град во Босна и Херцеговина, каде минатата недела се одржа комеморативен собир за сеќавањето на жртвите во хрватската акција „Олуја“. Оваа изјава на Вучиќ беше дадена во контекст на тоа дека во Српската црквата постоеле „полицентрични идеи“, ...