Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Арсенал го освои Комјунити Шилд откако денеска на стадионот „Принципалити“ во Кардиф убедливо го совлада Манчестер сити со 3-0. За Арсенал ова е 18. трофеј во Комјунити Шилд, натпреварувањето во кое се соочуваат освојувачите на англиското првенство и ФА Купот. „Топчиите“ сега се на второто место на вечната листа, зад Манчестер јунајтед, кој овој трофеј го освоил 21 пат. Сити останува на седум освоени трофеи. Натпреварот започна фантастично ...
Повреден човек со скршеници на двете потколеници попладнево бил спасен од тешко пристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. По интервенцијата, човекот бил извлечен и пренесен до Инфоцентарот на Пелистер, каде што требало да го преземе екипа на Итната медицинска помош од Битола и да го транспортира во Клиничката болница во градот. Повикот за помош бил примен на бројот 112 во 12:04 часот, по што веднаш биле активирани надлежните служби. ...
Чешкиот репрезентативец Матеј Јурашек во петокот и официјално стана нов член на Спарта Прага, откако клубот го доведе на позајмица од Норич сити со опција за откуп на неговиот договор. Сепак, неговото претставување во новиот клуб помина во необична атмосфера. Навивачите на Спарта не го заборавија неговото минато и потсетиле на неговите пораки од времето кога настапуваше за најголемиот ривал. Јурашек својата кариера ја започна во Славија ...
Не се сите родени под истата ѕвезда, а за три знаци на Зодијакот доаѓа период што долго ќе се памети. Од 25 август, судбината ги извлекува од сенка и пред нив се 5 години среќа и благосостојба, време кога работите конечно ќе се наместат во нивна корист. Близнаците, Лавот и Ракот влегуваат во фаза во којашто можат да го почувствуваат она што го чекале долго време: дека паричникот се полни, дека проблемите се зад нив и дека животот се движи ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов инфоримираше дека поставиле монтажен базен во близина на реката Треска за да се зголеми ефикансоста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над сеото Драгов Дол, во општина Македонски Брод. „Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во непосредна ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен заработуваат доволно за без проблем да си дозволат каков било автомобил, па паркингот пред тренинг-центарот на францускиот шампион неретко изгледа како вистинска ревија на луксузни автомобили. Сепак, меѓу сите скапоцени возила едно особено се издвојува. Шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз на тренинзите пристигнува со мал Смарт, што е целосна спротивност на автомобилите што ги возат неговите соиграчи. ...
Шестгодишно истражување на најстарото словенско писмо за првпат се претставува во целосна форма – средина во која посетителот се движи, нурнува и учествува во креацијата. Во Музејот на современата уметност во Скопје на 21 август 2026 година, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова ...
Јужнокорејската војска денеска соопшти дека биле испукани предупредувачки истрели откако севернокорејски војници ја преминале воената демаркациска линија меѓу двете земји, по што се повлекле назад, објави Ројтерс. Новинската агенција Јонхап претходно објави дека инцидентот се случил минатата недела, повикувајќи се на неименуван извор. „Неодамна, на Источниот фронт, севернокорејски сили ја преминаа воената демаркациска линија, поради што ...
Македонското обвинителство отвори истрага против осомничен за кој постои сомнение дека учествувал во организирањето на транспортот на 324,47 килограми марихуана, запленети пред два дена во Солун. Според Обвинителството, тој набавил камион и приколка, организирал фиктивен превоз на пресувана хартија кон Турција, а потоа возилото го оставил во Солун, каде дрогата била сокриена во товарот. На осомничениот му е определен 30-дневен притвор. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека и тој инсистира да се објави извештајот за водата во Гостивар. „Еве, јас инсистирам да се објави извештајот“, рече Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на Институтот и центарот за јавно здравје ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го заврши настапот на Европското првенство во Париз, каде што денеска се натпреваруваше во квалификациите на 400 метри. Ѓуретановиќ делницата ја исплива за 4:04.05 минути, што беше доволно за 49. место во конкуренција на 55 пливачи. Во однос на победникот во квалификациската група, Оливер Клемент, македонскиот репрезентативец заостана 19 секунди. Сепак, Ѓуретановиќ во Париз остави свој белег со настапот ...
Партизан и официјално го претстави новото засилување, Итан Томпсон потпиша двегодишен договор со црно-белите и стана осмиот нов играч во летниот преоден рок. Томпсон во Белград пристигнува од Индијана пејсерс, за кои минатата сезона одигра 32 натпревари во НБА-лигата, со просек од 7,0 поени, 2,2 скока и 1,8 асистенции. Американскиот бек, кој настапува за репрезентацијата на Порторико, претходно играше на колеџот Орегон стејт, а голем дел од ...
Сопствениците на кучиња одамна забележуваат дека нивните миленици умеат да почувствуваат кога нешто не е во ред, а ново научно истражување нуди можно објаснување за оваа способност. Истражување објавено на 10 август во научното списание „ајСајенс“ покажува дека мозокот на кучето различно реагира на човечки лица кои изразуваат среќа, лутина, страв и тага. Научниците ја следеле мозочната активност на кучињата додека им покажувале фотографии од ...
Пожарникарите цела ноќ се бореа со најголемиот шумски пожар забележан досега во Белгија, кој до денеска утрината зафатил околу 3.000 хектари и се движи кон германската граница, соопштија локалните власти, објави Ројтерс. Пожарот беснее од петокот во природниот резерват От Фањ (високите мочуришта), во источниот дел на земјата. Во гаснењето се вклучени пожарникари од цела Белгија, како и екипи од соседните Германија и Луксембург, а помагаат и ...
Влегувањето во затворот во Тарту, на југот на Естонија, открива глетка за која британските власти во моментов можат само да сонуваат — празни затворски ќелии, пишува „Ченел 4 њуз“. Но, тие нема уште долго да останат празни. Пред затворот неодамна било кренато шведското знаме, биле вработени нови затворски чувари, естонските осуденици биле префрлени во други затвори, а во ќелиите биле направени измени според барањата на новите „клиенти“. Сето ...
Највисокиот ирански воен командант објави парична награда од 30.000 долари за секој граѓанин што ќе зароби или убие американски војник кој ја напаѓа иранската територија. Генерал-мајор Хабибулах Хатами ја изнел понудата за време на настан по повод Денот на новинарите, објави државно блиската агенција „Мехр“. „Ако ирански државјанин зароби или убие американски војник кој ја нападнал нашата територија, ќе добие награда од 30.000 долари“, ...
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци повеќе од три часа се движеле во мрак по тешко пристапен планински терен, на над 2.000 метри надморска височина, за да пронајдат вооружени луѓе кои навлегле длабоко во строго заштитената зона на паркот. Од Националниот парк „Пелистер“ објавија на Фејсбук дека акцијата била спроведена на 12 август, откако по 19 часот ренџерската служба добила информации од повеќе извори од терен дека во ...
Трагајќи по место каде што не постојат правила, туку само емоции, визуелната уметница Сандра Котевска стигна до делото „Онеиpa“, со кое ја доби Годишната награда на Друштвото на ликовни уметници на Битола. Визуелната уметница Сандра Котевска е родена во Битола, во 1990 година. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност при УКИМ во Скопје. Има реализирано повеќе самостојни изложби, а учествувала и на голем број групни ...
Севиља го совлада Рајо Ваљекано со 2:1, со гол од пенал во седмата минута од судиското продолжение. Интересно е што Андалузијците двата гола ги постигнаа од белата точка. Вториот пенал беше крајно дискутабилен. Станува збор за толку очигледна судиска грешка што речиси и нема простор за полемика. Фудбалерот на Рајо, Лејун, воопшто не го допре играчот на Севиља, Роби Уре, во акцијата која претходеше на досудувањето на пеналот. Доколку и имало ...
Во скопско Бардовци ноќеска била предизвикана експлозија пред семејна куќа, при што биле оштетени влезните скали, прозорец, автомобил и портата на имотот. Случајот во полиција го пријавил 70-годишен скопјанец, а МВР соопшти дека се преземаат мерки за негово расчистување. „На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б. (70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, Скопско, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил ...
Од 2004 до 2024 година, бројот на млади жени на болничко лекување поради нарушувања во исхраната се зголемил повеќе од двојно. Најчестата дијагноза е анорексија, пишува ДПА. Двојно повеќе девојчиња и девојки завршуваат во болница поради нарушување во исхраната денес отколку пред две децении,соопшти Дестатис во вторник. Болниците во 2024 година примиле за лекување околу 6.000 девојки на возраст меѓу 10 и 17 години поради такви нарушувања, а ...
Шампионот на УФЦ во велтер категоријата, Ислам Махачев, ја коментираше победата над ирскиот борец Јан Мачадо Гари, истакнувајќи дека неговиот триумф уште еднаш ја покажал супериорноста на Русија во овој спорт. Махачев со едногласна одлука на судиите го задржа шампионскиот појас и ја забележа 17. последователна победа, со што постави апсолутен рекорд во УФЦ. Воедно, порача дека неговиот успех е доказ за моќта на рускиот спорт. „Ние Русите ...
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по ред, се борат да го стават под контрола шумскиот пожар на егејскиот остров Скирос, а локалниот градоначалник изрази надеж дека огнот наскоро ќе биде совладан, објави Франс 24. — Верувам дека во текот на денот пожарот ќе биде целосно изгаснат — изјави градоначалникот на Скирос, Киријакос Антонопулос, за грчката државна телевизија ЕРТ. Пожарот, кој избувна вчера, доведе до евакуација на две мали ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го заврши настапот на Европското првенство во Бирмингем со 46. место на маратонот, во конкуренција на 60 натпреварувачи. Европската титула ја освои Германецот Петрос со време 2:09:01, со што постави и нов рекорд на патеката. Само седум стотинки зад него заврши Италијанецот Рива, додека бронзениот медал му припадна на Израелецот Ајал, кој заостана десет стотинки зад победникот. Во женската ...
Поп-иконата Мадона денеска го прославува својот 68-ти роденден во Грција. Таа го избра Крф како локација за приватнатата забава, место кое има дискреција а воедно и нуди луксуз. Пејачката пристигна на јонскиот остров на 11 август со приватен лет, придружувана од членови на семејството и блиски пријатели, пренесуваат грчките медиуми. Мадона се смести во луксузна вила во северниот дел на Крф, која располага со приватна марина и јахта ...
Сите пожаришта низ Хрватска во текот на ноќта биле мирни и немало ново разгорување, изјави за Хрватското радио главниот противпожарен командант Славко Туцаковиќ. Пожарникарите дежурале на сите локации, а состојбата на Динара е поповолна, па утрово немало потреба од ангажирање воздушни сили, пренесе „Даламација данас“. — Сите пожаришта ноќеска беа мирни, немаше ново разгорување, а пожарникарите, секако, дежураа на сите локации — изјави ...
Арсенал и Манчестер сити денеска oд 16:00 часот ќе се соочат во Комјунити Шилд, традиционалниот вовед во новата сезона на англискиот фудбал. Овогодишниот дуел ќе се одигра во Кардиф, а двата тима сакаат сезоната да ја започнат со трофеј. Освојувачот на Премиер лигата има посебни спомени од стадионот во Кардиф, каде што во периодот од 2001 до 2007 година одигра дури 10 натпревари. „Топчиите“ на овој стадион освоија и четири трофеи во ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека утрово до 7:30 часот биле евидентирани вкупно 29 пожари на отворено. Од нив, шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има на подрачјето на Студеничани, меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума. Во Македонски Брод гори кај месноста Видуш, како и во близина на селата Драгов Дол и Локвица, зафатени се ниска вегетација, ...
Кога на 16 август 1977 година од Грејсленд пристигна веста за неговата смрт, светот остана во шок. Елвис Присли, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, имаше само 42 години кога го почина. Живееше живот каков што ретко кој можеше да си замисли. Беше еден од најголемите музички феномени на 20 век, човек чиј глас, движења и харизма предизвикуваа воодушевување кај милиони обожаватели. Но, зад затворените врати на неговиот имот ...
Фудбалот вчера вечер во Бреда беше целосно во втор план. Илјадници навивачи на НАЦ останаа на трибините по натпреварот против Венло за да дадат поддршка на Матс Сеунтјенс и неговата партнерка Елба, кои само неколку дена претходно ја загубија новородената ќерка Селин. Во средата НАЦ ја соопшти трагичната вест дека починала Селин Инаја, новородената ќерка на 34-годишниот фудбалер и неговата партнерка Елба. Клубот тогаш порача дека „зборовите ...