Вкупно 18 луѓе поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив, соопшти директорот на Обласната дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, Васил Костадинов. Тие биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина. Меѓу уапсените е и полнолетно момче кое нападнало непалски државјани, како и неговиот ...

Новак Ѓоковиќ синоќа доживеа пораз уште во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, а по мечот зборуваше за здравствениот проблем со кој како што откри се соочува подолго време. Ѓоковиќ беше елиминиран од 50. тенисер на светот, Августин Тиранте, со резултат 2:1. По сетови резултатот беше 2:6, 6:4, 6:4 за аргентинскиот тенисер, по два часа и 45 минути борба. Сепак, во текот на целиот меч Ѓоковиќ се мачеше на теренот. Се жалеше на ...

Во петокот, на 14 август, списанието „Вог“ сподели неколку фотографии на Инстаграм од венчавката на 32-годишната Талула и Џастин Аси, која се одржа на 8 август. Меѓу објавените моменти од зад сцената, најголемо внимание привлече црно-белата фотографија на младенците со ѕвездата од „Умирај машки“, пишува „Пипл“. На фотографијата, 71-годишниот Брус Вилис се насмевнува со едната рака прегрнувајќи ја Талула додека таа се потпира на него, додека ...

Најмалку тројца загинаа, а повеќе од десет луѓе се повредени во Украина во најновиот бран руски напади, соопштија украинските власти. Пожарникари гаснат пожар што избувнал во текот на ноќта на пазар во главниот град Киев, откако бил погоден со руски ракети и дронови. Украина соопшти дека соборила три руски ракети и речиси 100 беспилотни летала. Русија во последните недели ги засили воздушните напади низ Украина, додека Киев, пак, сè почесто ...

Тринаесетгодишно момче денеска почина во болница од повредите здобиени во несреќа на натпревар во скокање пречки во Ковилово, Србија. Момчето паднало од коњот, а потоа животното се удрило во него, објавуваат српски медиуми. Несреќата се случила за време на Отвореното првенство на Србија во скокање пречки. И покрај тоа што носел целосна заштитна опрема, момчето претрпело сериозни повреди на главата. По падот, тој бил итно префрлен во болница. ...

Лионел Меси изминатата вечер го одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години. Во поразот на Интер Мајами од Нешвил (4:1) во 20. коло од МЛС-лигата, Аргентинецот се истакна со промашувања и нервоза. При водство на домаќините од 1:0, Меси имаше идеална шанса да го врати Мајами во натпреварот. Луис Суарез изнуди пенал, а одговорноста ја презеде Меси. Сепак, голманот Брајан Шваке го одбрани неговиот удар. Серхио Регилон ја ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Комплетната програма и сите фестивалски активности за 17-тото издание на „МакеДокс“ беа објавени на прес-конференција, што се одржа на 12 август 2026 година во Едукативен културен центар „Лабораториум“, на која се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, ...

Дванаесет луѓе загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар во објава на Фејсбук денеска утрината. Автобусот излетал во ендек и се превртел рано во неделата во близина на градот Мезокерестеш, соопшти полицијата. Возилото се движело по автопатот кон градот Ниреѓхаза кога се случила несреќата. Државната новинска агенција МТИ ...

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, јавно побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати алармирало за неговата психичка состојба и барало помош, објави Скопје 1. Љупчо го нема веќе десет дена, а неговите блиски продолжуваат секојдневно да го бараат. Според Дарко, пред исчезнувањето имало периоди во кои неговиот вујко престанувал да ја зема терапијата, по што неговата состојба се ...

Илјадници емотивни обожаватели излегоа на улиците за да ѝ оддадат последна почит на легендарната пејачка Бони Тајлер, додека нејзиниот ковчег се пренесуваше кон нејзиниот дом во Свонси. Изведувачката на незаборавниот хит „Total Eclipse of the Heart“ ненадејно почина на 8 јули, на 75-годишна возраст, во болница во Португалија, пишува „Би-би-си“. По нејзината смрт, сочувство изразија голем број нејзини пријатели и светски ѕвезди, меѓу кои ...

Селекторот на македонската кошаркарка репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар на Европското првенство и поразот од Бугарија во мечот за 13 место, го оцени настапот на своите избраници, посочувајќи ги причините за денешното издание, но и потребата од сериозна работа во периодот што следува. „Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти ...

Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 8 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...

Кога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура, велат од Левица. „Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан ...

Во сабота почна новата натпреварувачка сезона во најсилното шпанско фудбалско првенство, Ла Лига, со првите натпревари кои беа одиграни во Виторија и Севиља. Во првиот меч пред своите навивачи екипата на Алавес со конечен резултат 3:0 го совлада составот на Хетафе. Немаше погодоци по првото полувреме, но имаше црвен картон кој го доби Кико Фемениа поради груб прекршок поради што задачата на гостите стана потешка. А ваквата предност на ...

Некои рецепти стануваат популарни затоа што изгледаат спектакуларно, а други затоа што се толку едноставни што веднаш добивате желба да ги направите. Токму во втората категорија спаѓа и кроасанот полнет со сладолед, кој во последните недели го преплави Тикток и Инстаграм. Причината за неговата популарност е едноставна – комбинира две омилени задоволства: крцкав и путерест кроасан и кремаст сладолед, пишува хрватски „Журнал“. Резултатот е ...

Израел сака нови и поамбициозни преговори со Либан со посредство на САД, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во момент кога новите израелски напади врз јужен Либан повторно го доведуваат во прашање кревкото примирје постигнато во јуни. Портпаролот на Нетанјаху, Дорон Спилман, оцени дека „нападите врз Хезболах треба да им дадат дополнителен поттик на преговорите, наместо да ги попречат“. Според него, Израел очекува ...

Рускиот борец Ислам Махачев постави нов рекорд во УФЦ со 17. последователна победа, откако едногласно на поени го совлада Јан Мачадо Гари. Махачев така успешно ја одбрани шампионската титула во велтер категоријата до 77 килограми во главната борба на УФЦ 330, што изминатата вечер се одржа во Филаделфија. Судиите му дадоа предност со 49:46, 49:46 и 48:47, во исклучително конкурентна борба која во неколку моменти можеше да тргне во двете ...

Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, а поголема фреквенција на возила има и на граничните премини, информира Автомото сојузот на Македонија. На ГП „Табановце“ се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека, пак, најголемо чекање има на ГП „Богородица“, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични ...

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови вчера усмртија две повозрасни жени и повредија две бебиња во руралниот северозападен дел на Шпанија, соопштија властите. „Потврдена е смртта на две жени, на возраст од околу 60 и 80 години“, соопштија итните служби на регионот Кастиља и Леон по несреќата во малото село Мансанедо де Валдуеса. Оттаму додаваат дека две бебиња биле згрижени поради модринки, додека, пак, „третото лице кое се ...

Новак Ѓоковиќ рано го заврши својот настап на Мастерс турнирот во Синсинати, САД, во второто коло. Во својот прв меч на овогодинешниот турнир, по речиси три часа игра, српскиот тенисер беше поразен од 14 години помладиот Аргентинец Тијаго Агустин Тиранте со 2:1 во сетови 2:6, 6:4, 6:4. Ова беше првиот дуел меѓу двајцата тенисери. Тиранте сервираше добро на почетокот и запиша три аса во првите два сервис гема, но Ѓоковиќ брзо најде одговор. ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Во наредните денови ќе бидете под силно влијание на другите луѓе, особено на оние со кои сè уште ги немате расчистено работите од минатото. Љубовната ситуација ќе се подобри благодарение на партнерот, кој точно знае како да ги постави работите на свое место. Бик Почетокот на денот е под влијание на луѓето околу вас. Внимавајте да не ...

Нивото на водата во реката Рајна падна на рекордно ниско ниво, додека Европа сè уште е погодена од топлотен бран, покажаа податоците од Германската агенција за внатрешна пловидба (WSV). Поради отежнатата пловидба, голем дел од товарниот транспорт беше пренасочен кон камиони и возови, објави Ројтерс. Кај Кауб, важна мерна точка на Рајна, нивото на водата се спушти на само шест сантиметри синоќа, додека утрово беше осум сантиметри. Претходното ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните утрински температури се движат од 7 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветар од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. -За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку ...

1534.- Шпанскиот благородник Игнацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основал монашки ред кој имал задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобрил папата Павле Трети на 27 јули 1540 година, па станал столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите била ...

Еден грст бадеми пред ручек може да биде мал трик за сите оние што седнуваат на масата премногу гладни. Наместо едвај да стигнете до ручек, мала ужина може да помогне да се контролира гладот и да се започне оброкот без прејадување. Најголемиот проблем често не е самиот ручек, туку моментот кога ќе седнете на масата премногу гладни. Потоа две кришки леб лесно стануваат четири, а чувството на ситост доаѓа само кога веќе сте изеле премногу. ...

Со оглед на тоа што температурите не попуштаат, милиони луѓе би можеле да бидат изложени на зголемен ризик од дехидратација, топлотен удар и зголемена чувствителност на сончева светлина. Експертите предупредуваат за одредени лекови можат дополнително да ја зголемат чувствителноста од сонцето и да му отежнат на телото да ја регулира својата температура. Додека за повеќето прогнозата значи уживање на отворено со ладен пијалак, високите ...

Нашите паметни телефони станаа неизоставен дел од нашите животи, следејќи нè во секој момент од денот. Поради нашата постојана интеракција со нив, може да забележиме дека на маските за телефон со текот на времето се насобираат нечистотија, прашина, па дури и бактерии. Редовното чистење на маската за телефон не само што го подобрува нејзиниот изглед, туку обезбедува и хигиенски и добро одржуван уред, пишува „Радио Сараево“. Вообичаени чекори ...

Ако постојано се чувствувате исцрпено, а сите медицински анализи покажуваат дека сте здрави, истакнатиот српски психијатар и теолог, д-р Владета Јеротиќ, објаснува дека причината може да биде многу подлабока. Во својата книга „Човекот и неговиот идентитет“, тој истакнува дека зад хроночниот замор кај луѓето најчесто стои — невроза, пишува „Сенса“. „Станува збор за невроза која го истакнува заморот како свој алармантен сигнал. Тоа ни зборува ...

На 6 август 1945 година, Соединетите Американски Држави фрлија атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, што беше еден од најголемите настани кон крајот на Втората светска војна. Сега, истражувачите утврдија дека екстремните услови создадени за време на бомбардирањето создале комплексен материјал претходно непознат за науката, а нивните резултати беа објавени во списанието „Напредок во науката“. Членовите на истражувачкиот тим претходно ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35