Ненадејната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на обемот на големите воени вежби со Јужна Кореја би можела повторно да предизвика загриженост дека американските сили се премногу оптоварени за да ги поддржуваат клучните западни сојузници и да го одржуваат одвраќањето на автократските режими што им се закануваат, пишува Си-ен-ен. Одлуката претставува и подарок за севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во период кога ...

Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското Море и на Источниот Медитеран, а Атина реагираше дека тие се наоѓаат надвор од турските територијални води и иницијативата ја оцени како „еднострана и незаконска“, пренесува „Грик сити тајмс“. Турската иницијатива опфаќа две големи морски области. Едната се наоѓа меѓу островите Лемнос и Самотраки, додека втората се ...

Тројца српски државјани и двајца македонски се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 15.08 несреќа била пријавена во 17:09 часот во СВР Битола, а во неа учествувале патничко возило бмв со српски национални ознаки, управувано од 46-годишниот Б.С. од Белград, и патничко возило опел со битолски регистарски ознаки, ...

Британскиот премиер Енди Барнам разменувал пораки со личност што лажно се претставувала како „една од најблиските советнички на американскиот претседател Доналд Трамп“, објави „Политико“, повикувајќи се на четворица владини извори. Измамникот тврдел дека е шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, но премиерот по некое време се посомневал дека станува збор за лажен контакт. „Не коментираме прашања поврзани со националната ...

Американската актерка Хејден Панетиер, најпозната по своите улоги во популарните серии „Херои“ и „Нешвил“ и филмот „Спомен на титаните“, почина ненадејно на само 36 години. Веста длабоко ги потресе нејзините обожаватели и колеги, оставајќи зад себе чувство на неверица и празнина. Нејзината кариера, која започна во детството, беше обележана со големи успеси, но и со тешки лични битки што храбро ги сподели со јавноста. Веста ја потврди ...

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска Област, при што загинаа шест луѓе, а четири лица се повредени, пренесува „Би-би-си“. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападите уследија само една ноќ откако руските власти соопштија дека Украина извршила „најмасовен“ напад годинава, во кој загинале најмалку седум луѓе. Во исто време, во руските напади врз Украина во ...

Јувентус продолжува со реконструкцијата на тимот, а најново засилување во Торино е колумбискиот стопер Џон Лукуми, кој пристигнува од Болоња. „Бјанконерите“ за неговиот потпис ќе платат 19,5 милиони евра, додека договорот предвидува и дополнителни два милиони евра низ бонуси. Лукуми потпиша петгодишна соработка и треба да биде еден од столбовите на одбраната во новата сезона. Колумбиецот зад себе има четири години искуство во Серија А, а во ...

Барселона го обезбеди потписот на Родри, откако каталонскиот клуб и Манчестер сити постигнаа конечен договор за трансферот на шпанскиот репрезентативец. Според информациите, англискиот клуб ќе инкасира 75 милиони евра, додека со вклучените бонуси вкупната вредност на трансферот може да достигне околу 76,5 милиони евра. Родри веќе постигнал договор со Барселона околу личните услови, а неговата желба да се врати во Шпанија била еден од ...

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле желка која била изнемоштена од огнот и ѝ дале вода за да ја освежат. Фотографијата од моментот како пожарникарот со едната рака ја држи а со другата ѝ дава да пие вода од шише трогна многумина на социјалните мрежи, пренесува Дубровникнет. На официјалната Фејсбук страница „Vatrogasci Korčula“ беше објавена серија фотографии од гаснењето пожар на Пељешац, а многумина во коментарите им се ...

Додека во областа Омиш во Хрватска се расчистуваат повеќемилионските штети од катастрофалниот пожар, во јавноста се шират ужасни видеа кои најдобро сведочат за обемот на паниката и драмата што се одвивала, објави хрватскиот портал Нет. Унгарско семејство кое буквално поминало низ пожарот со тригодишно дете во автомобилот, го снимило страшниот момент за време на бегањето од огнените јазици. Апокалиптичните сцени, кои ги објави РТЛ биле ...

Гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ ги предупреди луѓето што пијат сода бикарбона на своја рака, да не го прават тоа ако се сомневаат дека имаат зголемена киселина, пишува „Нова.рс“. Проф. д-р Воислав Перишиќ објаснува дека ова не е ефикасен метод на „лекување“ и не ги решава проблемите долгорочно. Проблемот се решава во моментот, сè додека дејството не помине. Наместо сода бикарбоната, Перишиќ даде упатства ако се сомневате дека ...

Родители возеле околу 100 километри низ Италија мислејќи дека нивниот син спие на задното седиште во колата, а тој всушност бил починат, пренесува „Кориера дела сера“. Според информациите, семејството со романско потекло патувало кон Торино. Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот наутро на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството возело по А21 кон Торино. Таткото возел, а мајката седела на совозачкото место. Родителите го ...

„Mета“ веќе се соочи со неколку негативни пресуди за начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиниот бизнис. Постапката е покрената врз основа на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски федерални држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува Би-би-си. Во тужбата се тврди дека „Мета“ ги прекршила федералните и државните закони што ја ...

Најмалку шест луѓе загинаа, а неколку се повредени во инцидент за кој полицијата верува дека бил предизвикан од пад на електричен столб, што предизвикало паника меѓу верници во храм во источната индиска сојузна држава Бихар, пренесува Ројтерс. Властите го истражуваат инцидентот што се случил додека верниците го одбележуваат светиот хиндуистички месец во храмот Ашок Дам во округот Лакишараи. Еден од началниците на тамошната поциција, Шивам ...

Во финалето на 54 издание на Меѓународниот ракометен турнир Струга, ГРК Охрид со 31:30 го совлада тимот на Вардар 1961. После првото полувреме играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ имаа предност од два голови разлика (15:13). Така, клубот од Охрид ја одбрани титулата од минатата година на овој традиционален струшки турнир. Најефикасен во победничките редови беше Талески со девет погодоци, а хрватскиот голман Славиќ придонесе со 12 ...

Хаваи се погодени од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето по налетот на ураганот Лала од прва категорија, кој што го заобиколи Големиот Остров. Бурата однесе куќи и други објекти, загина и еден човек во сообраќајна несреќа, објави Би-би-си. Бурата донесе обилни врнежи по планинските падини. Повеќе од 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Иако Лала оттогаш ослабна во тропска бура и се движеше кон запад, јужно од Хаваи, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека САД ќе го намалат обемот на воените вежби со својот клучен сојузник Јужна Кореја, само неколку часа пред нивниот почеток, објави „Си-ен-ен“. Како причина ги наведе добрите односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и тоа што Сеул не му помогнал на Вашингтон во однос на Иран. – Со оглед на моите многу добри односи со Ким Џонг Ун од Северна Кореја, не ми се допаѓа фактот што САД ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго стана најсмртоносната во историјата на земјата, откако починаа најмалку 2.325 луѓе, покажуваат владините податоци. Со тоа е надминат бројот на жртви од епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, објави „Гардијан“. Институтот за јавно здравје на Конго во неделата соопшти дека бројот на потврдени случаи се зголемил на 4.945, од кои 101 биле регистрирани во претходните 24 часа. Во ...

Пелистер не успеа да ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во ВМФЛ, откако на домашен терен одигра само 1-1 против Камјани. Битолчани имаат амбиции експресно да се вратат во елитата и важат за еден од главните кандидати за првото место, но уште во првото коло добија сериозно предупредување дека патот до промоцијата нема да биде лесен. Гостите од Камјани стигнаа до предност во 31. минута преку Трпески, со што со минимално ...

Тејлор Свифт влезе во нова „ера“ кога станува збор за нејзиниот изглед. Триесет и шестгодишната пејачка се појави со најкратката фризура што ја носела во последните неколку години, а новиот изглед го покажа на свадба на свои долгогодишни музички соработници во Велика Британија, пишува „Пипл“. Свифт во саботата, на 15 август, присуствуваше на свадбата на тонските инженери Оли Џејкобс и Лора Сиск, каде што меѓу гостите беа и нејзините ...

Петмина тинејџери загинаа, а уште четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ја предизвикал автомобил кој се движел во спротивна насока на автопат во Република Ирска, објави „Гардијан“. Ирската полиција потврди дека телата на петтемина млади, сите момчиња, биле извлечени од местото на директниот судир меѓу два автомобила, кој се случил во неделата околу три часот наутро на автопатот „М9“, во округот Килдер. Во вториот автомобил ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, a три се ставени под контрола. Оттаму додаваат дека 18 пожари се целосно изгаснати. Активни пожари има на подрачјето на општина Студеничани, каде што гори мешана шума на потегот од селото Моране кон селата Вртекица и Рамни Габер. Пожар избувнал и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица ...

Сè што манекенката Хејли Бибер ќе направи или покаже има голема шанса да стане тренд – во тоа се уверивме многупати. Но, малкумина очекуваа дека следниот тренд, за чија популарност многу придонесе, ќе бидат ќофтињата. Рецептот за ќофтиња што го сподели на својот инстаграм-профил, го стави ова јадење во центарот на гастрономските теми, а се чини дека во последните денови сите сакаат да го пробаат. Кога станува збор за вирални рецепти, Хејли ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 Целзиусови степени, а максималните температури ќе достигнат од 29 до 37 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до ...

Мусаб А, поранешен сириски полициски началник кој во јули во Виена беше осуден на осум години затвор за тортура и тешки кривични дела врз противници на режимот на Башар ал Асад, ја напуштил Австрија и заминал во Сирија, каде што во саботата бил уапсен. Неговото враќање во Сирија предизвика остри реакции во Австрија, при што ФПО бара Австрија да побара негово предавање од сириските власти, додека ОВП оценува дека таквиот потег е нереален. ...

Монументален споменик на Дева Марија, за кој се верува дека е највисок од ваков вид во Европа, беше откриен во селото Конотопие во централна Полска, објави Гардијан. На осветувањето на споменикот висок 55,6 метри присуствуваа стотици верници, како и легендарниот водач на антикомунистичкото движење и поранешен полски претседател Лех Валенса. Импозантната зграда во село со помалку од 150 жители е повисока од познатата статуа на Исус Спасителот ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека, по повеќемесечна истрага спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и надлежните служби од Косово и Грција, е сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во транспорт на наркотична дрога. „На 14.08.2026 година во Солун беа лишени од слобода македонски и косовски државјанин, при што беа запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 17 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, ве очекува ден кога брзината може да биде ваша предност, но само ако не штедите на деталите. Неочекувана задача би можела да ви отвори врата кон интересна деловна можност. Денес нема да имате трпение за нејасни сигнали, отворениот разговор може да реши нешто што тивко ве мачело. Слободните можат да привлечат личност која веднаш ќе ...

Американската актерка Хејден Панетиер почина на 36 години. Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за „Еј-би-си њуз“. „Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, Скип Панетиер, во соопштението. Нејзиниот татко побара ...

Летото значи повеќе време поминато на отворено, но и поголема изложеност на сончевото зрачење. Додека повеќето родители без размислување нанесуваат крема за сончање на своите деца, заштитата на очите често останува во втор план. Сепак, детските очи се почувствителни на УВ-зраците од очите на возрасните. Токму затоа очилата за сонце не се само моден додаток, туку можат да бидат важен дел од заштитата од сончевото зрачење, пишува „Модни ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53