Поранешната холивудска ѕвезда Бриџит Фонда е фотографирана во средата во Лос Анџелес, за време на едно од нејзините ретки јавни појавувања. Пензионираната 62-годишна актерка била фотографирана додека излегувала од ресторан со својата асистентка. Бриџет носела маица со пруги и црни панталони, со црна чанта на рамо и косата собрана во пунџа. View this post on Instagram A post shared by Celebrity central ⚡ (@celebritycentral.us) Фонда ретко ...

Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во Првата македонска фудбалска лига. Триумф над Арсими од 5:1, а потоа победа над Башкими со 5:0. Вкупно 10 постигнати голови, и само еден примен за моментно прво место на табелата. Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отварањето на новата спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода, изјави дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнени одредби за лица коишто свесно создаваат хистерија, односно, како што рече, „вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај кај граѓаните“. На 12 август на социјалните мрежи се појави дезинформација дека скопската ...

Судењето на Линдзи Кленси, мајката од Масачусетс обвинета за убиството на своите три деца – петгодишната Кора, тригодишниот Досон и осуммесечниот Калан во 2023 година, ја подели Америка и ја разгоре дебатата за едно од најтешките прашања за менталното здравје по породувањето: што се случува кога сериозната психичка криза кај мајката е лошо медицински менаџирана. Случајот предизвика широка јавна дебата за постпородилната депресија, ...

Доколку сакате летниот одмор да го поминете подалеку од преполните плажи и туристичките гужви, една хрватска плажа на островот Паг може да биде идеалната дестинација. Плажата Беритница е прогласена за најдобра скриена плажа во Европа на листата што ја составила глобалната страница за споредба на цени и резервација на автомобили „Дискавер Карс“ (DiscoverCars.com). На листата се најдоа десет помалку познати плажи од различни европски земји, ...

Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот по еден и пол месец одмор. Српскиот тенисер денеска ќе игра против Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте во второто коло од Мастерсот во Синсинати, САД. Се очекува мечот да започне околу 18.30 часот по средноевропско време. Дуелот на Ѓоковиќ е закажан како втор меч од дневната програма на централниот терен „P&G Stadium Court“. Програмата започнува од 17.00 часот со дуелот меѓу Зејнеп Сонмез и Аманда ...

На денешен ден, 15 август 2000 година, регионот го потресе веста дека Ена Беговиќ, една од најхаризматичните актерки на југословенската и хрватската кинематографија, загина во сообраќајна несреќа на Брач. Имала само 40 години, на врвот на својата кариера и штотуку започнала сосема ново поглавје во својот живот – неколку недели претходно станала мајка на девојчето Лана. View this post on Instagram A post shared by Darko Jakšić ...

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од ...

Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на 17 и 18 август Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ќе ја спроведе третата терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце. Дезинсекцијата се спроведува со цел сузбивање на возрасните форми на комарци и други штетници, согласно претходно изготвен план за динамиката на активностите и техничката спецификација. Третманот ќе се изведува во вечерните ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе ...

Страшна трагедија го потресе светот на велосипедизмот. 20-годишниот британски велосипедист Финлеј Тарлинг, член на „NSN Development Team“, го загуби животот по тешка несреќа за време на осмата етапа на „Волта а Португал“. Тарлинг учествувал на осмата етапа од познатата португалска трка, која се возела меѓу Мелгасо и Фафе. По веста за неговата смрт, организаторите официјално се огласија и ја потврдија трагедијата. „Организаторите на 87. ...

Метју Меконахи има богата филмска кариера и Оскар на својата полица, но филмот што и по повеќе од две децении му носи најголема заработка не е некоја од неговите наградувани драми. Станува збор за романтичната комедија „Како да изгубиш момче за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) од 2003 година, во која глумеше со Кејт Хадсон. Гостувајќи во поткастот „Happy Sad Confused“ на 13 август, 56-годишниот актер го опиша популарниот филм како ...

Откако премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју, Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Некој еднаш рече дека првата исламска република што ќе поседува нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Велика Британија. Ве уверуваме дека нема да има друга тука, во Иран, изјави Нетанјаху во поткаст, што наиде на широко негодување. Портпаролот на британската ...

Партијата Левица откако беше поднесено обвинение за Артан Груби преку прес-конференција реагира за квалификацијата на кривичното дело. Од партијата прашуваат како докази што во минатото биле обезбедени, исчезнале во нивната правна анализа за шест месеци и како истрагата за дело со казна од најмалку четири до дваесет години завршило со обвинение за дело за кое казнената рамка оди најмногу до пет години. ВМРО-ДПМНЕ со години го претвораше ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на 26-годишниот крилен напаѓач Феран Торес (26). Шпанскиот репрезентативец, освојувач на Светското првенство, потпиша со францускиот фудбалски клуб до 2031 година и ќе го носи дресот со број 9. Тој е првиот играч роден во 21 век кој играл во Ла Лига. Роден е на 29 февруари 2000 година, а дебитираше за Валенсија во најдоброто шпанско првенство против Еибар на 16 декември 2017 година. Во 97 ...

Несекојдневен случај полицијата бележи во Виничко – 18-годишна девојка од селото Лески за време на продолжениот викенд околу Илинден лажно се пријавила во СВР Штип дека повеќепати избола непознат човек со нож. Но, полицијата утврдила дека наводниот брутален напад воопшто не се случил, па девојката сега ќе одговара за лажно пријавување – на самата себе. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против ...

Најголем притисок се чувствува кај европскиот репер брент, чија цена во петокот, 14 август, се искачи над 88 долари за барел. Според берзанските податоци, околу 10 часот цената на нафтата брент пораснала за 1,52 проценти, достигнувајќи 88,392 долари за барел. Американската сурова нафта WTI истовремено поскапела за 1,86 проценти, достигнувајќи 82,803 долари за барел. Растот на цената на нафтата доаѓа во момент кога инвеститорите внимателно ги ...

Од вчера се санира таваницата во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Поради безбедносни причини, демонтажа и отстранување на стаклени плочи, стариот дел на Библиотеката ќе биде затворен и нема да работи со корисници се до завршување на санацијата. Откако покривот ќе биде саниран се очекува денски, внатре атмосферата да биде како и надвор, со тој тип на светлина потребна за библиотека. Услугите ...

Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар, изјави на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ. Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје” и дека е „многу вкусна”. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат ...

Откако СДСМ побара да се објават анализите за водата во Гостивар која од вчера беше прогласена за исправна за пиење, од ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на Бране Петрушевски порачаа „Филипче кој е со Заев заедно на Егејот побрзо да се врати поради симптоми на сончаница“. Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е ...

Фудбалерите на Скопје во минатото коло го освоија првиот бод по враќањето во елитата откако ремизираа 1:1 против екипата на Струга Трим Лум. За тимот на Муарем Муарем продолжува „пеколниот“ распоред, па во третото коло ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово. Сепак, составот од Автокоманда има план како да му се спротистави на Силекс и ќе се обиде да ги неутрализира силните страни на домаќинот. „Имаме план и се надеваме дека ќе го ...

Чувството на опуштеност и освежување по излегувањето од морето им е добро познато на речиси сите. Но, што всушност се случува во организмот додека се капеме и колку брзо може да почнат одредени промени? Морето за повеќето луѓе е место за разладување, пливање и одмор, но неговото можно влијание врз човековиот организам ги интересира научниците повеќе од еден век. Морската вода содржи различни минерали и елементи во траги, па низ годините ...

Изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз, соопшти Царинската Управа на Македонија. Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле ...

Новата сезона во шпанската Ла Лига започнува со натпреварот помеѓу Алавес и Хетафе во сабота од 19.30 часот. Се чини дека паузата помеѓу двете сезони не беше толку „долга“, особено затоа што Светското првенство го окупираше вниманието на сите фанови на најважниот спореден настан во светот. Помина помалку од еден месец од завршувањето на Светското првенство и ќе им биде потребно на најдобрите фудбалери во Ла Лига да влезат во форма. Шпанија ...

Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Несреќата се случила околу 5 часот наутро на 90-тиот километар од автопатот, во правец кон Софија. Бугарската полиција за Н1 изјави дека, од причини што допрва треба да се утврдат, автобусот ја пробил заштитната ограда и излетал ...

Се ближи почетокот на новата сезона во Премиер лигата, а математичкиот модел на водечката статистичка платформа Опта го има Арсенал како главен фаворит за задржување на титулата во сезоната 2026/2027. Тимот на Микел Артета го заврши 22-годишното чекање за пехарот минатата сезона, пристигнувајќи го Манчестер сити по серија од три последователни втори места. Сега шпанскиот специјалист има можност да им се придружи на легендарните имиња како ...

Македонската претставничка Ева Величковска ги продолжува активностите на изборот за Мис на светот 2026 во Виетнам, каде што заедно со кандидатките од бројни земји учествува во настаните што ѝ претходат на главната церемонија. Величковска беше дел од традиционалната церемонија „Sashing“, еден од препознатливите моменти на изборот, на која натпреварувачките официјално ги добиваат лентите со името на земјата што ја претставуваат. Со тоа ...

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на Театар Комедија, соопшти националната установа. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор, драматургот Дарко Јан Спасов, кому му завршил мандатот. Сотир е дел од актерскиот ансамбл на Театар Комедија уште од основањето на институцијата. На официјалната веб-страница на театарот тој е наведен меѓу актерите во уметничкиот сектор. Покрај актерската работа, Сотир е основач и организатор на фестивалот ...

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се во шок по изненадувачката продажба на легендарната франшиза, и тоа по вторпат во само 14 месеци. Речиси никој не го очекуваше ова, вклучително и раководството на НБА. По веста за продажбата се појавија бројни реакции и шпекулации. Зошто Волтер ја продава франшизата? Тоа е прашањето вредно 12,5 милијарди долари, а одговорот станува сè појасен. Пари. Како и секогаш – станува збор за пари. Во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75