Тимот на Шкендија Арачиново ја оствари првата победа во својата историја во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на „црвено-црните“ успеа да освои големи три бода на гостувањето во Кавадарци, кај Тиквеш, тимот кој оствари две убедливи победи на стартот од новата сезона во Првата лига. Голот вреден победа го постигна Марко Симоновски во 27 минута. Од левата страна Вилдам Керим центрираше, а на шест-седум метри со глава Симоновски го ...

Турција го намали увозот на нафта од руските пристаништа во јули и се очекува дополнително да го намали во август, откако нападите со украински беспилотни летала го нарушија извозот од руските терминали на Црното Море, според податоците од компанијата LSEG и трговците, објавува Ројтерс. Поради ова, количината на нафта натоварена преку CPC во јули беше за една петтина помала. Турција ги критикуваше нападите врз танкерите поврзани со Русија во ...

Голем шумски пожар гори во најголемиот природен резерват во Белгија, најлошиот во поновата историја на земјата, објави денес Би-Би-Си. Досега изгоре една третина од резерватот Висока мочуриште. На жителите на две блиски села им беше наредено да се евакуираат, а локалните власти предупредија дека пожарот може да стигне до куќите. Тие рекоа дека пожарот е сè уште надвор од контрола и дека временските услови и видот на теренот во резерватот, ...

Селена Гомез го возвраќа ударот откако беше обвинета за измама од страна на инвеститорите во проблематичната компанија „Вандермајнд“, која ја основаше со својата мајка Менди Тифи и нивната поранешна деловна партнерка Даниела Пиерсон, пишува “Пипл“. „Обвинувањата дека Селена Гомез на каков било начин учествувала во наводна ’измама‘ или какво било друго незаконско постапување се целосно неосновани, како фактички, така и правно. Со сите сили ќе ...

Тропската бура „Лала“, која го погоди „Големиот Остров“, најголемиот остров на Хаваи, прерасна во ураган, а ветерот моментално дува со брзина од 120 километри на час. Американскиот национален центар за урагани (НХЦ) објави дека „Лала“ станал ураган од категорија 1 и дека се очекува неговиот раб да помине над или близу до јужниот крај на Големиот Остров, најголемиот остров на Хаваи, до крајот на саботата. Се очекува бурата да ги погоди ...

Македонскиот кајак испиша нова значајна страница на Европското јуниорско првенство во кајак на диви води – спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. Младиот македонски репрезентативец Благој Гугинов оствари одличен резултат и обезбеди пласман во големото финале, каде што се натпреваруваат најдобрите 15 кајакари од квалификациите, во конкуренција на натпреварувачи од дури 19 европски нации. Самото место во финалето претставува голем успех, ...

Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку 11 лица се убиени во израелските напади врз јужен Либан во саботата, еден од најсмртоносните напади во последните неколку недели откако земјата се согласи на мировен договор со Израел, посредуван од САД. Израелската војска соопшти дека ја нападнала инфраструктурата на Хезболах преку ноќ во безбедносната зона во јужен Либан, како што ја опиша областа, како одговор на дејствијата ...

Вардар обезбеди пласман во финалето на турнирот „Струга 2026“, откако убедливо го совлада скопскиот ривал Бутел со 36-24. „Црвено-црните“ уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот, а на полувреме имаа убедлива предност од 21-13. Во продолжението Вардар продолжи во ист ритам и без поголеми проблеми ја потврди победата. Најефикасен во составот на Вардар беше Матео Фадуил со осум голови, додека Јака Малус постигна четири. ...

Една од најфасцинантните личности што некогаш живееле, Наполеон Бонапарта е тема на истражување низ вековите. Роден на денешен ден, пред 257 години, за овој француски генерал, кој станал император, а потоа и историска икона, постојат голем број факти, приказни и легенди. Иако е познат како брилијантен воен тактичар и исклучително влијателен државник, понекогаш се чини дека е попознат по својот низок раст. Можеби изненадувачки, со оглед на ...

Кнежевската куќа на Лихтенштајн објави дека ги менува правилата за наследување и дека жените ќе можат да бидат на престолот на кнежевството во иднина. Принцот-наследник на престолот и регент на Лихтенштајн, Алојз Филип Марија, ја објави промената во говор по повод националниот ден на Лихтенштајн во среда. Тој рече дека промената е одобрена со потребното двотретинско мнозинство од членовите на семејството кои можат да гласаат за вакви ...

Одбранбениот фудбалер Џед Спенс (26) официјално се пресели од Тотенхем во редовите на милански Интер, соопштија клубовите денес. Како што објавија од италијанскиот клуб, 26-годишниот репрезентативец на Англија потпиша договор до јуни 2031 година. Англиските и италијанските медиуми објавија дека трансферната сума изнесува 35 милиони евра. „Ова е огромен клуб и голем чекор за мене и моето семејство. Воодушевен сум што сум тука и подготвен сум ...

Рубриката „Човекот зад името“ започнува таму каде што завршува јавната слика. Честопати мислиме дека ги познаваме успешните личности, но најчесто ги познаваме само нивните улоги. Денес, зад името ја откриваме Дита Старова Ќерими, но не како уметница, сликарка, професорка, туку како човек. Која е онаа детска радост или навика која ја изгубивте по пат, а чие отсуство понекогаш Ви недостига повеќе од што било друго? – Најмногу ми недостига онаа ...

Силекс стигна до вториот триумф во првенството, откако го совлада тимот на Скопје со 3:0 на свој терен во третото коло во Првата македонска фудбалска лига. И во првиот дел кратовскиот тим имаше доминација, но недостасуваше реализација, или подобро Наумовски имаше одлични интервенции. Голманот на Скопје најпрво го одбрани ударот на Анѓелески во 33 минута, а потоа во 38 минута Богдановски ја погоди пречката со глава. Три минути подоцна нова ...

Техеран денес го повика Вашингтон да признае воен пораз, додека американскиот претседател Доналд Трамп им порача на граѓаните на САД дека, поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, треба да се подготват за високи цени на горивата. -Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран. Додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да живеете во фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата, ...

Новата натпреварувачка сезона 2026/27 во Втората фудбалска лига на Македонија започна денеска со првите натпревари од првото коло. Работнички ја оствари најголемата победа во саботата откако на домашен терен на стадионот „Борис Трајковски“ – Маџари, Скопје, го совлада тимот на Кожуф Гевгелија со 3:0. Стрелци на головите беа Кудијан од пенал во 18 минута, за 2:0 се погрижи Подграџа во 71 и Богданоски во 85 минута. Брера Струмица ги освои ...

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34 – велат од Центарот за јавно здравје Скопје, во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново. Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево. „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат денеска е детектиран случај оттаму. Има канали, базени, застојани води и ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира. Во ексклузивно интервју Ал Џезира, кое ќе се емитува во недела, Ердоган рече дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Во интервју за емисијата „Ал Мукабала“, претседателот на Турција рече дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп ...

Во Црна Гора, според најновите податоци, активни пожари има во пет општини, а најкритична ситуација е над Ѓеновиќи и во Улцињ, каде што пожарникарите се обидуваат да ја одбранат трафостаницата и црквата, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесуваат црногорски медиуми. Оперативен комуникациски центар (ОКЦ) на МВР соопшти дека во Херцег Нови, според податоците од 14 часот, имало активен пожар на потегот од Бијела до Зеленика. ...

Музичарот Васил Хаџиманов на својот сподели емотивна приказна за своите родители, легендарните Сенка Велетанлиќ и Зафир Хаџиманов. Тој објави текст на српскиот портал „Нова“ за големата љубов на неговите родители, познатата пејачка и македонскиот актер, пејач и композитор. Нивната љубов започнала во 1960-тите во Тбилиси, Грузија, а Зафир често се присетувал на нивната прва средба и првиот бакнеж. „Во Грузија, во Тбилиси, Сенка и јас се ...

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута, користејќи солзавец, хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња, објави новинската агенција ЕФЕ, повикувајќи се на безбедносни извори. Немирите избувнаа во планинска област на околу три километри од границата со Сеута, на периферијата на мароканскиот град Фнидек. ...

Мароко денеска ги протера новинарите на шпанската агенција ЕФЕ и Спениш ТВ кои известуваа за состојбата со нелегалните мигранти во градот Кастиљехос на границата со шпанската енклава во Северна Африка, Сеута. Хотелите каде што престојуваа новинарите ги информираа дека добиле наредби од локалните власти новинарите веднаш да ги напуштат просториите на хотелот, објави агенцијата ЕФЕ. Претходно, претставник на мароканското Министерство за ...

Фудбалерите на РБ Лајпциг претрпеа пораз од Баерн Минхен со 3:1 во рамките на Телеком Купот. Луис Дијаз донесе водство за Баерн во 13 минута, па израмни Груда во 52 минута на 1:1. Само пет минути подоцна баварскиот гигант повторно беше во предност преку Браун, а конечниот епилог го постави Мусијала (81`). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше во составот на РБ Лајпциг поради повреда на тренинг и поради беше изоставен од тимот за ...

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска во 16.10 часот. Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот ...

Со векови, локалната музика дава увид во нијансираната историја на една дестинација и честопати, таа е лесна и достапна за патниците да ја пронајдат. Можете да се најдете во локален бар, со срцето затоплено од прогонувачките мелодии на старите народни песни или да застанете да ја слушате музиката на уличен изведувач, пишува „Нешнал џиографик“. За да навлезете малку подлабоко, можете и да резервирате најразлични тури, работилници и цели ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето ...

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина, Полска го одбележа својот традиционален Ден на вооружените сили во саботата со парада на војници и ултрамодерна воена опрема што се протегаше на неколку километри. Околу 2.000 војници маршираа низ центарот на Варшава, објави новинската агенција ПАП. Исто така, беа изложени бројни видови воени возила и воена опрема, вклучувајќи модерни јужнокорејски тенкови К2 Црн Пантер, од кои 180 ...

Доброволната противпожарна служба на Трогир објави видео од борбата со големиот пожар што се прошири од областа Локва Рогозница до Омиш и околните градови. Видеото покажува како пожарот се гаси во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот, каде што ситуацијата беше најтешка, јавува Индех.хр. Членовите на ДВД-то на Трогир, заедно со бројни колеги, вложија вонредни напори за спасување на луѓе и имот. Видеото што го објавија ги ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинските сили ја погодиле руската воена воздухопловна база Саваслејка и клучен објект на Роскосмос во Самараската област со домашни ракети „Фламинго“. Целите се оддалечени стотици километри од украинската граница, а нападите се извршени како дел од пошироки операции против руската воена инфраструктура, пишува „Киев Индепендент“. „Нашите „санкции“ со долг дострел стигнаа и до ...

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе со големо возбудување го поздрави враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Напаѓачот изрази увереност дека искуството и менталитетот на португалскиот специјалист ќе му помогнат на шпанскиот фудбалски гигант повторно да освојува трофеи. Мбапе оваа недела ги продолжи тренинзите во Валдебебас и веќе се подготвува за почетокот на новата сезона. Мурињо е на клупата на Реал по втор пат во својата кариера, ...

Загрижувачки момент го одбележа финалето на Телеком Купот помеѓу фудбалерите на Баерн и РБ Лајпциг. Во 83 минута, Џамал Мусијала одеднаш падна на теренот, по што неговите соиграчи веднаш го повикаа медицинскиот тим. Докторот истрча на теренот, и во тој момент на Алијанц Арената завладеа целосен молк. Сè се случи само две минути откако Мусијала постигна гол за 3:1. Германскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме, а во 81 минута ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54