Од клуб кој треба да биде симбол на македонскиот фудбал, Вардар во краток период повторно стана тема за скандали, расправии, незадоволство и потсмев. Не е проблем само кратката европска епизодна улога во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и во Конференциската лига, ниту поразите во домашното првенство од тетовска Шкендија и Струга Трим лум, туку и случувањата надвор од фудбалскиот тревник. Во центарот на најновиот скандал е ...

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот „форметанат“ над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба сè до добивањето на официјалните резултати од анализите. ...

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, изјави дека израелските сили „треба секоја вечер да убиваат 30 или 40“ луѓе во Газа, пренесува „Ал џезира“. Бен-Гвир ја дал шокантната изјава во разговор со Ром Браслaвски, поранешен израелски заложник кој бил држен во Газа за време на израелската воена офанзива на територијата по нападите предводени од Хамас во октомври 2023 година. Разговорот бил објавен во подкаст чија снимка ...

Американската актерка Хајден Панетиер, позната по улогите во сериите „Херои“ (Heroes) и „Нешвил“ (Nashville), беше пронајдена без знаци на живот во Јужна Каролина во неделата, на 16 август. Таа имаше 36 години, пишува „Пипл“. Според првичните информации од полицијата, засега нема индикации дека станува збор за насилна смрт или дека постојат сомнителни околности, но истрагата за нејзината смрт продолжува. Околу 13.50 часот по локално време, ...

Министерството за земјоделство тври дека од Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. – Пред примената вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе почне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на ...

Десетици жители на Прилеп и активисти од иницијативите „Зелена народна стража“ и „Спас за Прилеп“ вчера утрото повторно дојдоа да го бранат стогодишниот јавор во дворот на училиштето „Кочо Рацин“, откако директорката побара дрвото да се исече со образложение „децата да не се лизнеле од лисјата“. Едниот од двата јавори веќе е исечен на барање на училишната управа, па, според активистите, вчера пак дошле од локалното претпријатие да го сечат и ...

Шкотската репрезентација доби нов селектор, а на клупата на националниот тим доаѓа белгискиот стратег Себастиен Покоњоли. Особено интересно е што Покоњоли веднаш ќе има можност да се запознае со македонскиот фудбал, бидејќи Шкотска и Македонија се најдоа во иста група во Лигата на нации. Нашата репрезентација ќе ја пречека Шкотска на 3 октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Покоњоли има помалку од 40 години, ...

Полицијата вчера привела 67-годишен битолчанец кој е осомничен дека предизвикал пожар во своето поранешното стовариште. „На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул. ‘4 Ноември’ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, извести Министерството. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...

Пожар избувна над скопското село Вражале, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе се на терен и го спречуваат неговото понатамошно ширење. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али попладнево сподели фотографии од пожар на отворено што избувнал кај селото Вржале во Општина Зелениково. Тој информира дека на терен е заедно со заменик-командантот на ТППЕ – ...

По настапот на „Мизар“, „Синтезис“ и „Меморија“ во Струмица, во рамките на одбележувањето 35 години независна Македонија, на социјалните мрежи се разви преписка меѓу струмичкиот драмски писател и автор, Митко Бојаџиски и музичарот Перо Камиказа. Бојаџиски најпрво објави статус во кој го пофали концертот и атмосферата, но остро реагираше на цените на пијалаците и на тоа што, според него, обезбедувањето не дозволувало посетителите да внесуваат ...

Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и на дизелот. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 4,5, а дизелот за 6,5 денари по литар. Од 18 август во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат: Еуросупер БС-95 – 91,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари. Еуросупер БС-98 – 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари. Еуродизел БС (Д-Е V) – 98 денари/литар, поскапување за 6,50 ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од загрозените места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања. Во моментот во државата има 35 потврдени и три суспектни случаи на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега ...

„Добри луѓе“, документарниот филм на нашиот режисер Милчо Манчевски, за трагедијата во Кочани, синоќа имаше светска премиера во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Проекцијата беше проследена со силни емоции, а по нејзиното завршување во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше долго, за потоа да биде прекината со силен аплауз од присутната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага ...

Одгледувачите на овци тврдат дека алармирале за потребата од вакцинација на овците уште пред една година кога виделе дека болеста се шири во регионот и дека ќе стигне и кај нас, но дури сега од Министерството за земјоделство им било кажано дека се во преговори за набавка на вакцина од Турција. Првите случаи кај нас беа потврдени во февруари годинава, а за да не се шири болеста, според Сојузот на одгледувачи на овци, досега од надлежните ...

Американската пливачка Кејт Даглас испиша нова страница во историјата на пливањето на Панпацифичкото првенство во Ирвин, откако во само неколку часа двапати го подобри светскиот рекорд на 50 метри слободен стил. Даглас најпрво во утринските квалификации исплива фантастични 23,49 секунди, со што го собори дотогашниот најдобар резултат во историјата. Но, тоа очигледно не беше нејзиниот максимум. Само неколку часа подоцна, во финалето, ...

Во Скопје и во Штип денеска со повеќе активности се одбележуваат 34 години од формирањето на Армијата. На скопските партизански гробишта беа искажани пораки за храброст, истрајност и пожртвуваност, а истовремено и во Штип беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на македонската војска. Владина делегација, составена ...

ТФТ Скопје продолжува со политиката на ангажирање и развој на млади македонски кошаркари, а најново засилување во составот е репрезентативецот Матеј Митревски. Деветнаесетгодишниот бек-шутер во Тафталиџе пристигнува од Вардар, каде што го направи досегашниот дел од кариерата. Во ТФТ ќе работи под водство на тренерот Боро Смилковски, кој ќе му даде можност дополнително да напредува и да го покаже својот потенцијал. Митревски е уште еден ...

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова вчера сподели вознемирувачко искуство со своите следбеници на Инстаграм – повеќе од една година комуницирала со профил на жена за која подоцна дознала дека користи туѓи фотографии и видеа и се претставува со идентитет кој, според нејзините сознанија, не е вистински. Костова во серија инстаграм-приказни детално раскажа како започнала комуникацијата, а приказната добила уште поголеми размери ...

На 38-та „Поетска ноќ во Велестово“ ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји – Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата на поетскиот фестивал ќе почне на 21 август, во 21 часот, во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. ...

Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите низ Филипините, откако обилните врнежи предизвикани од засилениот југозападен монсун и тропските циклони „Луис“ и „Мајмај“ предизвикаа поплави и свлечишта, пренесува „Анадолија“. Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи (НДРРМЦ) утрово соопшти дека големи поплави и свлечишта погодиле повеќе региони, особено Лузон и делови од Висајас. ...

Генералниот секретар на Црвената младина на Левица, Марија Ванчева, на денешната прес-конференција обвини дека власта на ВМРО-ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот оброк со инфлацијата, со што, посочи таа, студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. Како што нагласи Ванчева, и покрај тоа што во меѓувреме се донесени три годишни буџети, износот на субвенционираниот студентски ...

Илија Абутовиќ повторно ќе го носи дресот на Партизан, но овојпат во значително поамбициозен проект. Искусниот ракометар се враќа во Белград по повеќе од една деценија, а во новата сезона ќе биде дел од тимот кој од клупата го предводи Раул Гонзалес. За Абутовиќ ова е враќање во добро позната средина, бидејќи во Партизан настапуваше од 2007 до 2010 година. Во меѓувреме, тој изгради богата кариера, а особено успешен период имаше во Вардар, ...

Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал во Хрватска (УСКОК) се вклучи во случајот со четири лица уапсени под сомнение за поврзаност со потпалување пожари во областа Задар, пренесуваат хрватските медиуми. За Индекс било потврдено дека УСКОК разгледува дали случајот со палежот во близина на Задар содржи елементи на терористичко злосторство и дека постои сомневање за тероризам. Четири лица биле уапсени синоќа во ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го подмладува ростерот, а најново засилување за битолскиот состав е 18-годишниот Марин Крстевски. Младиот среден бек во новата сезона пристигнува од Мулти Есенс, каде што настапуваше во младинските категории и освојуваше трофеи. Во Еурофарм Пелистер 2 се очекува да добие значајна улога во организацијата на играта и постепено да се наметнува како еден од главните разигрувачи. Крстевски е дел и од младинската ...

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ексклузивно ги отворија вратите од својот дом за „Вог“ и ги споделија интимните моменти од нивната венчавка во Португалија. Двојката позираше и за новата насловна страница на престижното модно списание, а фотографиите ги направи познатиот фотограф Јирген Телер. Роналдо и Георгина се венчаа на 11 август, датум со посебно значење за нив – точно десет години од денот кога првпат се запознале во продавница ...

Нов истражувачки центар вреден 20 милиони фунти (над 23 милиони евра) ќе биде отворен во „Кембриџ“, каде што научниците ќе користат вештачка интелигенција и напредни лабораториски модели за развој на нови лекови, јавува Би-би-си. Центарот ќе биде сместен во Институтот за матични клетки во „Кембриџ“, во рамки на биомедицинскиот кампус во градот, а проектот е финансиран од британскиот Совет за медицински истражувања (MRC). Истражувачите ќе ...

На 1 септември училиштата ќе ги отворат вратите, ќе заѕвони првото ѕвонче, наставниците ќе ги пречекаат децата, но во дел од училниците една работа ќе биде невозможно да не се забележи: ќе има повеќе празни столчиња. Колку точно, сè уште не се знае. Првичните податоци што ги соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска покажаа разлика од околу 4.900 запишани првачиња помалку во однос на минатата година. Но, оваа бројка не е ...

Дарко Велковски е блиску до заминување од Вардар. Репрезентативниот стопер е пред трансфер во Бахреин, каде што интерес за неговите услуги покажува Ал Халдие. Велковски во Вардар пристигна како големо засилување за дефанзивната линија, но неговиот престој во клубот би можел да заврши многу порано од очекуваното. Доколку трансферот биде реализиран, Вардар ќе мора да реагира и да бара ново решение во одбраната. Засега, Мислав Матиќ и Филип ...

Четири уметнички дела кои му се припишуваат на сицилијанскиот ренесансен сликар Антонело да Месина се украдени од регионалниот музеј во сицилијанскиот град Месина во Италија, објавија италијанските медиуми. Кражбата се случила за време на празникот Ферагосто. Крадците го „заобиколија“ алармниот и безбедносниот систем во музејот „МуМе“ и украдоа три од петте зачувани панели од Полиптихот на Свети Григориј, создаден во 1473 година, како и ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07