Чешкиот репрезентативец Матеј Јурашек во петокот и официјално стана нов член на Спарта Прага, откако клубот го доведе на позајмица од Норич сити со опција за откуп на неговиот договор. Сепак, неговото претставување во новиот клуб помина во необична атмосфера. Навивачите на Спарта не го заборавија неговото минато и потсетиле на неговите пораки од времето кога настапуваше за најголемиот ривал. Јурашек својата кариера ја започна во Славија ...
Фудбалерите на Спарта Прага го победија Теплице со 4:1, а централна фигура на натпреварот, но не поради играта на теренот, беше новакот во домашниот тим Матеј Јурашек. По натпреварот, овој играч, поддржан од сите негови соиграчи и тренерот Брајан Приске, мораше да им се обрати на најжестоките навивачи на својот нов клуб бидејќи тие не го прифаќаат. Причината е што Јурашек е „дете“ на омразениот ривал Славија и како таков, за ултрасите на ...

