Во лето, многу луѓе ги отвораат широко прозорците и балконските врати за да ги проветрат своите станови, особено кога температурите накратко паѓаат. Но, потребни се само неколку моменти за мувите да долетат во кујната, дневната соба или спалната соба. Наместо веднаш да посегнете по хемикалии, можете да пробате природен метод што ќе ги разубави вашите прозорци, балкон или тераса, пишува „Метрополитан.си“. Тајната е во растенијата со силен ...

Дали некогаш сте забележале дека некои луѓе едноставно не сакаат куче, мачка или каков било друг миленик во својот дом? Ги сакаат животните, ги галат кога ќе ги сретнат и им се радуваат кај пријателите, но во сопствениот простор не ги сакаат. Додека едни не можат да си го замислат животот без миленик кој ги чека на вратата, други не поднесуваат влакна по мебелот, обврска за хранење, бучава или фактот дека некој друг целосно зависи од нив. ...

Ленс е освојувач на францускиот Суперкуп, откако во големото финале го совлада ПСЖ со 1-0, и тоа и покрај фактот што речиси целото второ полувреме го одигра со фудбалер помалку. Херој на Ленс беше Флоријан Таувин, кој во 32. минута го постигна единствениот гол на натпреварот по одлично изработена акција на својот тим. 🚨 | GOAL LENS 1-0 LENS LEAD AND THUVAIN WITH THE GOAL!!#TrophéeDesChampions #RCLPSG pic.twitter.com/6mndGFfA5u — Just ...

На почетокот од врската со нетрпение чекаме да се видиме со партнерот, да разговараме со часови и да ја искористиме секоја можност за да бидеме заедно. Неколку години подоцна, се случува многу парови воочуваат дека живеат повеќе како цимери отколку како љубовни партнери. Тоа најчесто не се случува преку ноќ. Обврските, работата, децата и секојдневните проблеми полека го заземаат целиот простор, додека разговорите меѓу партнерите стануваат сè ...

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид продолжуваат со одлични настапи во подготвителниот период, откако забележаа убедливи победи во своите последни контролни натпревари. Барселона славеше со 5-2 против Базел, а каталонскиот тим до предност стигна во 34. минута преку летното засилување Карим Адејеми. Германскиот крилен напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар погоди за 1-0. 🚨 THREAD: Os gols do Barça na vitória ...

Недалеку од Задар на хрватскиот брег, во близина на Јовиќи, денес избувна пожар, а куќите во моментов не се загрозени, објави командантот на хрватската противпожарна служба Славко Туцаковиќ, пренесува Индекс. Тој за хрватски „Индекс“ изјави дека покрај пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптер и „воздушен трактор“. Туцаковиќ истакна дека пожарот во еден момент ги загрозил куќите, но дека тие биле одбранети. Како ...

Онлајн трговијата со мумифицирани човечки останки може да претставува сериозен, но потценет ризик за јавното здравје, поради потенцијалното присуство на токсични супстанции и микроорганизми, според нова студија објавена во Меѓународниот журнал за културна сопственост. Иако познатата легенда за „проклетството на мумиите“ долго време ја поврзува смртта на Лорд Карнарвон, главниот финансиер на експедицијата што ја откри гробницата на Тутанкамон ...

Зетот на Доналд Трамп и американски преговарач Џаред Кушнер денеска се сретна со лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја, во Египет, во обид да го поттикне застојот во планот за прекин на огнот и разоружување во Газа, пренесе Би-би-си. Разговорите се фокусирани на американскиот план од 15 точки, кој предвидува постепено разоружување на Хамас и повлекување на Израел од воено разорената палестинска територија. Според регионалните и претставниците на ...

Ник Рајнер, кој во притвор го чека судењето за убиството на своите родители, познатиот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, побара пристап до семејниот фонд вреден 1,5 милиони долари за да ги покрие трошоците за одбраната и затворските потреби. Сепак, управтелите на фондот експресно го одбија неговото барање, повикувајќи се на строгиот закон во Калифорнија кој спречува убиец да ја наследи имотот на својата жртва, пишува ...

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела денеска побарал од својот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, да ги суспендира царините за да ѝ помогне на таа јужноамериканска држава да се опорави од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 294 луѓе, објави Ал Џазира. Американските царини за колумбиските производи се зголемија од 10 на 12,5 проценти кон крајот на јули, со неколку исклучоци, вклучувајќи ги кафето и ...

Волонтери денеска бараат преживеани и повредени животни на местото на пожарот во областа Омиш и им пружаат помош на луѓе и животни. Пребарувањето и третманот ќе продолжат во наредните денови поради големиот број мртви животни и штетата предизвикана од пожарот, пренесува Индекс. Волонтерите ја посетија областа, а поради тешките услови и големиот број мртви животни, засега не вклучуваат поголем број луѓе. Тие се обидуваат да ги фатат ...

Рикардо Калафиори испиша историја во Комјунити Шилд, откако постигна гол само 23 секунди по почетокот на натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер сити. Италијанскиот дефанзивец одлично го искористи силниот старт на „топчиите“ и со прецизен удар го совлада својот сонародник Џанлуиџи Донарума. Со тоа Калафиори го постигна најбрзиот гол во историјата на Комјунити Шилд. ARSENAL STRIKES IN THE FIRST MINUTE 🤯 Riccardo Calafiori buries it to give the ...

Неделниот хороскоп од 17 до 23 август 2026 година носи силна енергија на промени, преиспитување и нови почетоци. Неделата ја започнуваме со Месечината во Скорпија, која нè охрабрува да се соочиме со длабоки емоции и да направиме чекор кон своите соништа, дури и кога тоа бара внатрешно исцелување. Како што Месечината преминува во Стрелец на 20 август, расте потребата за оптимизам, слобода и верба во себе, додека нејзиното влегување во Јарец ...

Планинската служба за спасување на Кантон 10, станица Ливно, вчера добила пријава од родителите на млад човек кој бил во областа Троглав, на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, кој рекол дека ја повредил ногата додека планинарел со пријател, објави Кликс. Според него, не можел сам да се спушти во подножјето. Шест спасувачи пристигнале на терен и ги пронашле младите мажи во, како што рекле, невообичаено добро расположение. „Сепак, ...

Просторот на поранешниот дом за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“, кој низ годините беше доведен до состојба на рушевини натрупани со ѓубре, во кои живееја бездомници, ќе стане трговски центар, објави „Телма“. „Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова ...

Шкендија продолжува со максимален ефект во новата сезона откако во рамките на третото коло славеше убедливо со 4-1 против Брегалница на теренот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Со трите победи од исто толку натпревари, тетовци се осамени на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Иако конечниот резултат изгледа убедливо, Шкендија не стигна лесно до трите бода. Брегалница во првото полувреме одигра дисциплинирано и добро ...

Кастелфолит де ла Рока, Шпанија, изгледа како некогаш да имал облик на сосема обичен град, а потоа со некоја неверојатна сила „се растегнал“ за да покрие базалтна формација долга еден километар. Куќите се несигурно поставени близу до работ на карпата, од каде што има вознемирувачки поглед на околината. Овој мал град припаѓа на регионот Ла Гротса, во покраината Жирона во Шпанија. Неговата површина е едвај еден квадратен километар, што го ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, предизвика внимание на денешниот пријателски натпревар против Шалке, откако на клупата се појави со видлива модринка околу окото. „Кралевите“ денеска во Гелзеркирхен го одиграа последниот натпревар од подготовките на кој славеа победа од 3:0, но внимание привлече и изгледот на португалскиот стратег. Мурињо ги изненади присутните на „Фелтинс Арена“ кога се појави со помодрено око, поради што веднаш се ...

Ако сте од оние што лесно можат да поминат неколку часа во гледање филмови и серии, веројатно знаете колку е тешко да ги следите сите нови наслови, препораки и филмови што сакате да ги гледате. За среќа, постојат апликации што можат значително да го олеснат целиот процес. Со нив можете да водите евиденција за тоа што сте гледале, да оценувате филмови, да откривате нови наслови, но и да проверувате на која платформа можете да го најдете ...

Иранскиот парламент усвои предлог закон со кој интервјуата и другите комуникации со медиумите, кои властите ги сметаат за непријателски, ќе бидат кривично дело, објави весникот „Шарг“. Меѓу нив се американските и израелските медиуми, како и медиумските куќи финансирани од САД или Израел. Според законот, кој сè уште треба да биде разгледан од Советот на чувари пред да стапи во сила, интервјуата или учеството во дискусии со такви медиуми ќе ...

Кристијано Роналдо е сè поблиску до моментот кога ќе одлучи да се повлече. Португалската фудбалска ѕвезда откри дека актуелната сезона би можела да биде последна во неговата професионална кариера. Во интервју за познатиот магазин „Вог“, Роналдо отворено говореше за иднината и за моментот кога ќе се збогува со фудбалот. „Ова најверојатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо. ...

Јавноста зовре откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од луѓе во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Мавровското езеро. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а ...

Мозес Рајт и официјално ќе го засили македонскиот национален тим во претстојниот августовски циклус на ФИБА. Неговиот клуб Олимпија Милано потврди дека американскиот центар ќе биде ставен на располагање на репрезентацијата на Македонија. Македонија на крајот од август продолжува со настапите во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство. Првиот натпревар е закажан за 30 август, кога избраниците на македонската репрезентација ...

Помладата ќерка на супермоделот Синди Крафорд и Ранде Гербер, призна дека како дете била „опседната“. Додека ја промовираше својата нова серија „The Shards“, 24-годишната Каја Гербер откри дека како дете била „опседната“, по што нејзината позната мајка одлучила да организира обред за истерување на зли духови. Гостувајќи во шоуто кај Мич Чури, Каја објасни дека привлекува „битија од други димензии на многу обичен и лежерен начин“. Таа потоа ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика американскиот Сенат што поскоро да гласа за укинување на поместувањето на часовникот од летно на зимско сметање на времето, пренесуваат американските медиуми. Во уште една објава на социјалната мрежа Трут Соушуал, Трамп порача дека Сенатот мора итно да се произнесе за ова прашање. „Сенатот мора што поскоро да гласа за Законот за укинување на поместувањето на часовникот. Повеќе дневна светлина во ...

Актуелниот шампион Вардар го претрпе и вториот пораз во низа во првенството откако денеска во Струга беше поразен со 1-0. Вардар минатиот викенд го загуби дербито со Шкендија со 2-0, па така „црвено-црните“ сега имаат и два натпревари во низа на кои не постигнаа гол. Кристијан Фабијани замина веднаш по поразот во претходното коло, меѓутоа тоа не донесе некоја промена во играта, Вардар денеска не изгледаше како шампионски тим. Гостите од ...

Две лица се пронајдени мртви на островот Саламис, недалеку од Атина, каде што денес речиси истовремено избувнаа два пожари и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, според противпожарната служба, јави државната телевизија ЕРТ. „Издадена е наредба за евакуација. Стотици туристи и постојани жители се погодени“, изјави портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос. Мобилизирани се стотици пожарникари и чамци Два пожари беа забележани ...

Ноќеска бил запален автомобилот на српскиот обвинител Вукашин Вујичиќ во Ваљево, кој во кратка изјава за порталот Н1 рече дека се сомнева оти пожарот е предизвикан поради постапката што ја води. Вујичи потсети и дека во изминатите денови бил јавно таргетиран во одделни медиуми. Вујичиќ води постапка против криминална група предводена од Марко Мирковиќ, кој е близок до Српската напредна странка. Самиот Мирковиќ е во бегство, но неколку ...

Околу 5.000 луѓе се раселени по силниот земјотрес во Индонезија, во кој загинаа најмалку 53 лица, пишува Би-Би-Си. Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани по плиткиот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени, кој го погоди островот Флорес во саботата, непосредно пред пет часот по локално време. Прелиминарните податоци покажуваат дека повеќе од 900 куќи и стотици други згради се сериозно оштетени во земјотресот и 341 последователни ...

Масовна тепачка се случила вчера пред полициската станица во Кочани при што повредени биле неколку лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, по инцидентот биле уапсени четири лица. На социјалните мрежи претходно се ширеа видеа од тепачката, која сега ја потврдија и од МВР. „Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34