Здравствените власти им препорачаа на граѓаните да се заштитат од комарците, но како што пишуваше „Слободен печат“, средствата против комарци чинат од 305 до 499 денари, а разлики во цените постојат и за исти производи во различни продавници. Ги прашавме граѓаните дали покрај покачувањето на цените на репелентите, сè уште ги купуваат производите за да се заштитат, или можеби имаат друга, поевтина алтернатива… Се препорачуваат производи за ...

Полицијата во хрватскиот град Дрниш уапсила 28-годишна државјанка на Канада која е осомничена за предизвикување пожар заедно со двајца соучесници, објави „Јутарњи лист“. Истрагата утврдила дека осомничената, заедно со 30-годишен маж и со 31-годишна жена, исто така канадски државјани, во понеделникот предизвикале пожар покрај макадамски пат во местото Бободол. Во пожарот изгореле сува трева и ниска вегетација. Благодарение на брзата ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...

Македонскиот шампион Вардар оствари победа од 33-27 над Нексе и со тоа остана во игра за пласман во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. „Црвено-црните“ имаа проблеми во првото полувреме, во кое Нексе одлично парираше и успеа да замине на пауза со минимална предност од 16-15. Сепак, избраниците на Иван Чупиќ во вториот дел заиграа далеку подобро, го презедоа резултатот под своја контрола и со одличен ритам стигнаа до ...

Веќе шест години принцовите Вилијам и Хари се разделени не само со океан, туку и емотивно. Но, со најавеното враќање на семејството Сасекс во Велика Британија, повторно се поставува прашањето дали физичката близина би можела да придонесе за помирување на двајцата браќа. Според анализата на Би-би-си, такво нешто засега не изгледа многу веројатно. Нивниот конфликт одамна не е обична семејна расправија. Станува збор за длабок раздор исполнет со ...

Просечната месечна нето плата исплатена по вработен во Хрватска за јуни 2026 година изнесува 1.555 евра и номинално била за 7,7 проценти повисока во споредба со истиот месец минатата година, а во реалност, земајќи ја предвид инфлацијата, за 3,1 процент, ги пренесоа хрватските медиуми податоците на Централното биро за статистика (ЦБС). Во споредба со мај оваа година, просечната исплатена нето плата е номинално повисока за 0,2 проценти, а ...

Албанските медиуми известуваат дека жителите на округот Дебар од Албанија сè почесто се упатуваат кон Македонија за да се снабдат со гориво и основни прехранбени производи, пренесува весникот на Македонците во соседната држава, „Илинден“ Високата цена на дизел-горивото во Албанија, коe во моментов се продава по 219 леки (2,37 евра) за литар, наспроти цената во Македонија (98 денари / 1,59 евра) ги натера албанските граѓани да ја искористат ...

Меган Маркл ѝ се враќа на актерската кариера со нова улога во голем британски проект, што воедно е нејзино прво сериозно враќање пред филмските камери по напуштањето на популарната серија „Одела“ во 2017 година. Овој нов професионален ангажман е еден од главните мотиви за одлуката таа и принцот Хари, заедно со нивните деца Арчи и Лилибет, повторно да се преселат во Велика Британија на подолг временски период, пишува „Пипл“. Иако деталите ...

Нова учебна година значи нов ранец, училиштен прибор, патики, спортска опрема, облека и уште многу други набавки. А кога на списокот ќе се додадат и трошоците за уредување на детската соба или други подготовки, сумата за почетокот на учебната година може брзо да порасне. Затоа, оваа година подгответе се за на училиште со помал трошок – со Шпаркасе картичката во паричникот. Во рамките на платформата за партнерства и лојалност „Твој Шпаркасе ...

Силно невреме вчера ја погоди Словенија, во кое загина 46-годишен маж по удар од гром додека стоел под дрво, пренесе 24Ур. Полицијата во Цеље добила пријава синоќа, непосредно пред полноќ, дека во Мала Пирешица, приближно 10 километри северозападно од Цеље, гром погодил две лица кои стоеле под мало дрво, а од ударот на место починал 46-годишен маж. Вториот маж, исто така 46-годишен, бил пренесен со брза помош во болницата во Цеље, од каде на ...

Арсенал го комплетираше трансферот на англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила, во зделка која може да достигне вредност од 55 милиони фунти. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша четиригодишен договор со „топџиите“, со опција за продолжување на уште една сезона. Конса беше една од желбите на Микел Артета поради неговата способност да игра и како централен дефанзивец и на десната ...

Пост Малоун ја запроси својата девојка Кристи Ли, а покрај веста за свршувачката, големо внимание привлече и нејзиниот впечатлив дијамантски прстен. Според експертите за накит, неговата вредност би можела да достигне дури два милиони долари, пишува „Пипл“. Веста за свршувачката беше објавена преку инстаграм-приказните на пријателката на Ли, Марина Холиер. Таа сподели фотографија на која двојката се прегрнува, додека идната невеста го ...

Американската актерка Маргарет Квали направи необичен моден избор на светската премиера на филмот „Ѕвездите на кучето“ (The Dog Stars), која се одржа вчера, 20 август, во Лондон. Триесет и едногодишната актерка на црвениот тепих се појави во црна комбинација од „Шанел“, но најмногу внимание привлекоа нејзините необични чевли – модел кој практично нема ѓон. Контроверзните чевли се состојат само од масивна потпетица и две ремчиња околу ...

Германските безбедносни служби минатата година открија оружје скриено во шума во близина на Берлин за кое веруваат дека било наменето да се користи за атентати нарачани од руската разузнавачка служба, објави „Зидојче цајтунг“. Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека осомничен кој бил уапсен во Романија е можно да е одговорен за криењето на оружјето. „Канцеларијата на федералниот обвинител го истражуваше случајот поради ...

Македонија испиша историја на Европското првенство во параглајдинг, освојувајќи го сребрениот медал во екипна конкуренција, додека Ана Бергер се искачи на европскиот трон во женска конкуренција. Пред домашната публика во Крушево, македонските параглајдеристи стигнаа до историскиот резултат и го освоија второто место, зад шампионот Словенија. Бронзениот медал ѝ припадна на Шпанија. Уште поголем успех оствари Бергер, која со своите настапи го ...

НАСА објави нови снимки од кратерот што настана на Месечината откако горниот степен на ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“ удри во нејзината површина на 5 август. Новите фотографии направени од сателит на НАСА кој орбитира околу Месечината откриваат свеж кратер широк околу 18 метри, создаден по ударот на залутаниот ракетен степен на почетокот на август, пишува Си-ен-ен. Станува збор за горниот степен на ракетата „Фалкон 9“, која првично беше ...

Со последната одлука за затворањето на постапката за набавката на модуларните болници за време на ковид-кризата, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), на чело со Ислам Абази, практично урна дел од наративите со кои власта ја напаѓаше опозицијата. ОЈОГОКК, по пет години од отворањето на предметот, го затвори во предистрага и не најде никаков криминал во изградбата на овие помошни болници, откако во една од нив, ...

Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ е на чекор до трансфер во Барселона. Според Фабрицио Романо, каталонскиот клуб постигнал устен договор со Фенербахче за ангажман на 31-годишниот голман. Барселона ќе плати две милиони евра веднаш, додека преку бонуси сумата може да порасне за уште два милиони. Планот е Ливаковиќ следната сезона да ја помине на позајмица, а во летото 2027 година да се приклучи на првиот тим на Барселона. ...

Најстарата личност во светот денес го слави својот 117-ти роденден, по една година исполнета со „многу нови случувања“ – вклучувајќи ја и средбата со кралот Чарлс. Етел Катерхам, која живее во Домот за нега „Холмарк Лејквју“ во Лајтвотер, Сари, Велика Британија, го поминува денот со своето семејство и пријатели за да го одбележи овој настан, пишува „Евроњуз“. – Ви благодарам за сите љубезни желби за роденден. Дури и на 117 години, имав многу ...

Пожар избувнал во стан во Гевгелија, а го подметнала 64-годишна жена која живеела во него, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пожарот бил изгаснат и нема повредени. „На (21.08.2026) во 00:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Сава Михајлов“ во Гевгелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Од преземените мерки ...

Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет, реагираат од Здружението за одржлив развој „САТ“, посочувајќи дека се вандализирани 45 од вкупно 112 поставени столбови. Според Здружението, причинета е голема финансиска штета на маркацијата која е дел од проектот ...

Навивачите на Атлетико Мадрид протестираа пред тренинг-центарот на клубот и испратија јасна порака до Хулијан Алварез – сакаат Аргентинецот да си замине. Причина за револтот се информациите дека Алварез сака да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. По навредите кои ги упатија кон него на натпреварот со Малага, навивачите продолжија со протестот и пред тренинг-комплексот, каде што оставија пораки со кои бараат негово заминување. ...

Два одделни инцидента се случиле за само неколку часа на подрачјето на Бит-пазар во Скопје. Во првиот бил уапсен 33-годишен скопјанец поради закани кон вработени во финансиско друштво, а во вториот маж и неговиот внук биле нападнати со тврд предмет, по што напаѓачите им го оштетиле автомобилот. Првиот инцидент се случил вчера околу 10 часот, а полицијата во 11:15 часот го привела 33-годишниот И.Ј. (33) од Скопје. „На 20.08.2026 во 11:15 ...

Дали службено возило на Општина Шуто Оризари, обележано со црвени регистарски таблици, било користено за приватно, семејно патување? Прашањето се отвори откако „Слободен печат“ доби фотографија од очевидец кој на 17 август навечер бил во непосредна близина на возилото на граничниот премин Блаце, при неговото влегување во Македонија од Косово. Во возилото, според сведоштвото од очевидецот, се возело семејство со мали деца, што го констатирал ...

Во косовските медиуми излезе вест дека се повлечени млечни производи по наоди за недекларирано палмино масло и други неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово презеде мерки против операторот „Абразен“ (Abrazen), поврзан со млекарницата „Вита“ (Vita), и нареди повлекување на 12 производи од пазарот. За еден од производите, „ленд“, е потенцирано дека се извезува во Македонија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за ...

Министерството за економија и труд подготви нацрт-одлука за воведување на училишна кошничка. „Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка со попуст до 15% , а составот и крајната цена на кошничката ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите “, велат од Министерството за економија. Според Министерството, за училишна кошничка имало консултации со трговците на големо и мало кои ...

Феноменот Ел Нињо што се развива над Тихиот Океан најверојатно ќе биде „најсилен досега“, предупреди денес британската Метеоролошка служба, а оваа појава потенцијално би можела да ја направи 2027 година најтопла година досега, јавува Анадолу. Моќниот природен климатски феномен ги зголемува глобалните температури и ризикот од екстремни временски појави, а во комбинација со последиците од климатските промени предизвикани од човековата ...

Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ (31) е уапсен во Португалија поради сомнение дека учествувал во транспорт на повеќе од 1,5 тон кокаин. Според португалските медиуми, вредноста на запленетата дрога се проценува на над 70 милиони евра. При акцијата биле пронајдени и две наполнети воени оружја, подготвени за употреба. Милошевиќ бил уапсен како дел од поширока истрага против криминална група позната како „Балкански картел“, која ја ...

Холивудскиот актер Џон Стамос, познат по улогата во серијата „Полна куќа“ (Full House), го одбележа 63-от роденден со необична објава на Инстаграм која привлече големо внимание. Тој сподели црно-бело селфи од бањата на кое позира без облека, додека го покрива лицето со мобилниот телефон, а кадарот е намерно поставен за да не ги открива интимните делови. View this post on Instagram A post shared by John Stamos (@johnstamos) Со фотографијата ...

73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни кривични дела, откако за време на илинденскиот викенд му вперил пиштол, кој го поседувал без дозвола, на турист од Скопје со кого влегол во расправија за место за паркирање, соопшти СВР Охрид. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (73) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’ и ‘неовластено ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Калај

46.54

Родиум

295786.87