Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Само две компании поднеле понуди на тендерот на Министерството за здравство за набавка на 100 амбулантни возила, пишува „360 степени“. Станува збор за јавна набавка со проценета вредност од над 6,3 милиони евра, која уште од самиот почеток предизвика реакции во јавноста и сомнежи дека условите се поставени така што ја ограничуваат конкуренцијата. Според информациите објавени од „360 степени“, на отворањето на понудите во Министерството за ...
Селекторот на најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 играчи на кои ќе смета за дуелите со Холандија и Луксембург во првиот турнир од годинешното издание во Европската лига 2026. По повредата на Александар Љафтов, селекторот беше принуден да ги остави сите комбинации во игра. На последниот пресек за овој турнир на трибините ќе остане младиот техничар Лука Ристоски, додека Ване Арапов ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека околу нуклеарната централа Запорожје е прогласен локален прекин на огнот, за да се овозможи поправка на оштетен далновод од клучно значење за снабдувањето на централата со електрична енергија. Според МААЕ, станува збор за шести привремен прекин на огнот во областа околу нуклеарната централа, која од почетокот на руската окупација неколкупати остануваше без надворешно напојување. ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е на чекор до нов трансфер во кариерата, а според грчките медиуми, негова следна дестинација би можело да биде солунски Арис. Како што пишуваат грчките медиуми, преговорите меѓу Димитријевиќ и Арис се во завршна фаза. Македонскиот плејмејкер кој настапува за екипата на Баерн зад себе има солидна сезона во Евролигата и германското првенство, каде што во моментов е фокусиран на ...
Американскиот технолошки гигант „Енвидија“ („Nvidia“) го купи стартапот „Кумо“ кој развива фундаментални модели на вештачка интелигенција дизајнирани да прават точни деловни предвидувања, објави „Форчн“ повикувајќи се на од два извори запознаени со договорот. Тројцата коосновачи на „Кумо“, Вања Јосифовски, Хема Рагаван и Јуре Лесковец, веќе ѝ се приклучиле на „Нвидија“ минатиот месец, велат изворите. Финансиските услови на договорот не се ...
Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, кој подоцна стана негов политички противник, постигнал спогодба со обвинителството, објави Си-ен-ен повикувајќи се на три извори. Болтон, според изворите на Си-ен-ен, како дел од спогодбата треба да се појави на суд овој месец и да се изјасни за виновен по една точка од обвинението, за кривичното дело „незаконско задржување на чувствителни информации од ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека чартер-летот со поддржувачи на Српската напредна странка, кој беше вратен од аеродромот во Тиват поради наводна хибридна закана, бил организиран од некој од „неговото опкружување“, кој сакал да се „бори“ против негативните пораки на кои знаеле дека ќе биде изложен за време на Самитот во Црна Гора, пренесе Нова.рс. Според Вучиќ, меѓу 87-те вратени српски граѓани нема ниту еден криминалец. „Денес ...
Патеката во Лас Вегас останува во Ф1 календарот најмалку до 2037 година, откако беше постигнат договор за десетгодишно продолжување. Организаторите на трката со тоа ја потврдија долгорочната иднина на еден од најатрактивните настани во светскиот спорт. Гран при трката во Лас Вегас, која се одржува во срцето на градот и се протега по познатиот Лас Вегас Стрип, за кратко време стана синоним за врвна забава, луксузно гостопримство и уникатно ...
За две години, во Македонија имало осуммина загинати и десетици тешко повредени луѓе во сообраќајни несреќи со земјоделска механизација. Експертите предупредуваат дека недостигот на обука и вклученоста на деца во работните процеси претставуваат сериозна опасност. Земјоделската механизација, која треба да биде двигател на модерното производство на храна, сè почесто станува причина за трагедии на македонските ниви и патишта. Најновите ...
Финскиот претседател Александар Стуб презентираше визија за значително проширена Европска Унија, велејќи дека блокот од 27 членки мора „да размислува надвор од кутијата“ и да го искористи моментот за да ја зајакне својата моќ на светската сцена, пишува Си-ен-би-си. Зборувајќи вчера на конференцијата за енергетика во Хелсинки, Стуб рече дека ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на членови на 40 и ги спомена Обединетото Кралство, Канада, ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО, објави „Еуроњуз“. „Според мене, тоа не е само бесмислица, туку намерна провокација осмислена да создаде закана која всушност не постои и да ги натера граѓаните на нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Путин на состанок со претставници на меѓународни новински агенции во Санкт Петербург. Рускиот ...
Дел од подрумските простории на зградите во рамките на трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром се поплавени со фекалии, објави „СДК.мк“. Се работи за деловни објекти, дел издадени, а дел празни, кои се сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор. Во празните објекти има препумпна станица која не работи, поради што фекалиите се излеваат низ просториите. Станарите за ...
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој заедно со Дејвид Рикард е најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Неговата теорија за поделба на трудот во економската литература се смета за класична. 1819.- Роден е англискиот астроном и математичар Џон Кауч Адамс, професор на Универзитетот во Кембриџ, кој во 1845 година, врз основа на неправилностите во движењето на Уран, прв го одреди движењето и приближната ...
Откако иницијативата „Стоп за Усје“ реагираше дека јавноста останува исклучена бидејќи Инспекторатот за животна средина прекина да ги објавува извештаите од своите надзори, се јави Министерството за животна средина, кое вели дека „останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина“. „Редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да одржи разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави вчера портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, одговарајќи на отвореното писмо на Зеленски објавено претходно истиот ден, во кое тој предложи директна средба со Путин за да се разговара за мировниот процес. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера претходно упати јавно писмо до ...
Кошаркарите на Дубаи поведоа со 1:0 во финалната серија од АБА-лигата. Тимот на тренерот Александар Секулиќ го победи бранителот на трофејот, екипата Партизан со резултат од 99:93. За белградскиот тим ова беше петти меч во Дубаи во сите натпреварувања и сè уште нема ниедна победа. Дубаи одигра одличен меч и имаше постојано водство, а на паузата замина со предност од девет поени (53-44). Партизан во вториот дел малку се созема и ја доби во ...
Моделот и актерка Кара Делевињ (33) отворено проговори за својата борба со зависноста, откривајќи шокантни детали од нејзиното минато, вклучувајќи трговија со дрога и тешки психотични епизоди. Во неодамнешното појавување во поткастот „Викај ја тато“, моделот призна дека нејзината борба започнала со продажба на дрога за да ја финансира сопствената зависност. „Продавав половина од дрогата, а остатокот го трошев, па во основа земав дрога ...
Претставничкиот дом на САД вчера усвои закон за обезбедување помош за Украина и воведување нови санкции кон Русија, што е најнов знак дека дел од републиканците се подготвени да им се спротивстават на партиските лидери и на претседателот Доналд Трамп, објави „Ројтерс“. Претставничкиот дом гласаше со 226 гласа „за“ и 195 „против“ за Законот за поддршка на Украина, кој стигна на дневен ред откако со месеци беше блокиран. Неколку републиканци ...
Во случај на зголемен сообраќај на одредени гранични премини, со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС-системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита ...
Италијанскиот тандем Сара Ерани и Андреа Вавасори уште еднаш се искачи на врвот на Ролан Гарос, откако триумфираше во конкуренција на мешани двојки и успешно ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Во финалниот меч, Ерани и Вавасори по пресврт славеа против Канаѓанката Габриела Дабровски и Американецот Еван Кинг со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 10:4). Дуелот за трофејот траеше еден час и 19 минути, а италијанската двојка уште еднаш покажа ...
Грчкиот кошаркарски стручњак, Василис Спанулис е нов тренер на солунски Арис. Спанулис кој претходно беше тренер на Перистери и Монако и моментално е главен тренер на грчката кошаркарска репрезентација, потпиша тригодишен договор со солунскиот клуб. Арис ја заврши сезоната на петтото место во грчкото првенство, а потоа беше елиминиран од АЕК во четвртфиналето од плејофот. Мотиејунас: Слушнавме дека НБА Европа ќе биде одлична, но ние сме тука ...
Германски режисер Вим Вендерс изјави дека ќе го блокира пристапот до неговиот филм „Погрешен потег“ (Wrong Move) од 1975 година, по апелите на актерката Настасја Кински, која била снимена без градник кога имала 13 години. Минатиот месец, Кински за еден германски весник изјави дека со години барала од Вендерс да го промени филмот: „Тоа беше мојот прв филм, тој беше мојот прв режисер и не ме заштити“, пренесува „Би-би-си“. Сепак, неодамна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати лична покана до рускиот претседател Владимир Путин за директна средба со цел да се обиде да најде начин да се стави крај на војната што трае со години меѓу двете земји, објави Киев индепендент. Отвореното писмо беше објавено вчера, еден ден откако Украина изврши голем напад врз цели во Санкт Петербург, вклучувајќи нафтен терминал и воени објекти, додека Путин беше домаќин на странски ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени ...
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – мусака со модри патлиџани. – Мусака со модри патлиџани е вкусно и сочно јадење што освојува со својата слоевита структура и богат вкус. Мирисот на печени патлиџани, ароматичниот сос од мелено месо и ...
Цената на златото денес бележи пад на меѓународните пазари, при што еден грам злато достигна вредност од 122 евра. По период на високи цени и силна побарувачка, благородниот метал се соочува со корекција, што предизвикува внимание кај инвеститорите и трговците. Според аналитичарите, намалувањето на цената е резултат на комбинација од повеќе фактори, меѓу кои се стабилизацијата на финансиските пазари, движењата на американскиот долар и ...
Ливерпул и официјално го потврди назначувањето на Андони Ираола за нов менаџер на клубот, откако Арне Слот ја заврши својата епизода на клупата на „црвените“. Иако од „Енфилд“ не ги открија деталите од договорот, британските медиуми пренесуваат дека соработката би требало да трае до 2029 година. Шпанскиот стратег пристигнува во Ливерпул по успешниот период во Борнмут, каде што за три сезони направи вистинска трансформација на тимот. Откако ...
Грчките безбедносни служби ја подигнале будноста пред големиот меѓународен собир на членовите на прочуениот, но и контроверзен мото-клуб „Хелс Ејнџелс“, кој почнува денеска и се очекува да биде посетен од илјадници моторџии од цела Европа, пишува „Грик рипортер“. Властите соработуваат со полициските служби од ЕУ и разменуваат информации за луѓе кои веќе им се познати на безбедносните органи, кои во редовите на „Хелс ејнџелс“ не се ретки. ...
Пратениците во парламентот во Словенија денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада и Јанез Јанша за нов премиер, кој вети даночни намалувања, наменско трошење и борба против корупцијата, пренесува АП. Јанша, кој се смета за наклонет кон Трамп и кој обезбеди четврти мандат по неубедливите избори во март, изјави дека кабинетот ќе ја претставува целата земја, со министри од различни генерации и од цела Словенија. Словенија во изминатите четири ...
Пеколните горештини без клима-апарат многу тешко се поднесуваат, но многумина не се свесни дека го вдишуваат воздухот од апаратите кој е често легло на бактерии, мувла и габички. Многу домаќинства и компании имаат клима-апарати, кои најмногу се користат во топлите летни месеци. Меѓутоа, повеќето луѓе често забораваат дека нередовното чистење на клима-апаратите предизвикува не само лош квалитет на воздухот и непријатни мириси во домот, туку ...