Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Министерот за здравство Азир Алиу смета дека малите држави можат да бидат лидери во примената на иновативни и дигитални решенија во здравствените системи и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочуваат. Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација, што се одржува во Рига. На панелот посветен на дигиталната технологија и вештачката интелигенција, ...
ФФМ објави ново соопштение во врска со реакцијата на ФК Шкендија, во кое вели дека нема да дозволи никакви уцени, притисоци или закани да ја поколебаат федерацијата. „Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја ...
Кој автомобил да се купи за млад возач е едно од најчестите прашања на родителите, а одговорот повеќе не е само во цената и во сигурноста. Најновата анализа на Американскиот институт за безбедност на автопатиштата (IIHS) и Consumer Reports покажува дека меѓу најдобрите избори денес се моделите што нудат високо ниво на заштита, напредни безбедносни системи и прифатливи цени. Листата за 2026 година вклучува 45 половни возила за помалку од ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, денеска имаше средби со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните ...
Шестгодишно дете загина во пожар што се случи утрово во населбата Лауш во Бања Лука, пренесе Кликс.ба. Според информациите, пожарот се случил утрово околу 10:30 часот и по пријавата, припадници на Противпожарната бригада на Бања Лука, службите за итни случаи и полицијата излегоа на терен. Командантот на Противпожарната и спасувачка бригада на Бања Лука, изјави за „Независне новине“ дека пожарникарите добиле пријава дека има пожар во ...
Тоа што успеа да го направи годинава Јован Трајков, не се случува често во македонскиот клупски фудбал. За една сезона со два клуба се закити со четири трофеи. Дефинитивно, 2025/26 ќе биде сезона од соништата за Трајков кој стана шампион со ФК Еуромилк Горно Лисиче сениори (Трета лига Север), па шампион со ФК Вардар У16 суперлига (вкупен), победник на бараж за влез во втората лига со ФК Еуромилк сениори, и победник во Купот на Македонија со ...
По разочарувачкиот настап во Канада, Мекларен влегува на Големата награда на Монако со желба да покаже дека неуспехот во Монтреал бил само привремена пречка на патот кон борбата за титулата. Посебно внимание овој викенд ќе биде насочено кон Ландо Норис, кој пристигнува на патеката во Монте Карло со убави спомени. Британецот веќе има забележано значајни резултати на улиците на кнежевството, вклучувајќи и победа, па се надева дека Монако би ...
И покрај претходните јавни деманти и негирања на гласините, матичната компанија на социјалната мрежа „Тикток“ се подготвува да лансира сопствен автомобил на домашниот пазар во Кина. Станува збор за кросовер наменет за помладата публика, која е главно активна на социјалните мрежи, пишува „Њумобилити“. Самиот автомобил ќе биде произведен од „Серес“, кинескиот автомобилски гигант кој стои и зад паметниот бренд „Аито“ на технолошката компанија ...
Вештачката интелигенција (ВИ) е искористена за развој на тип на вакцина која би можела да заштити од широк спектар на вируси и да спречи идни пандемии. Вакцината е конструирана да делува против сите коронавируси, што ги вклучува сите варијанти на Ковид, но и вирусите кои ги инфицираат животните, а кои би можеле да ја започнат следната глобална криза, пишува „Би-би-си“. Иако работата е сè уште во рана фаза, тимот веќе развива посебни вакцини ...
Касија Сентиќ Габер ќе студира политички науки, човекови права и право на Универзитетот „Колумбија“, преку дуална програма по политички науки (Sciences Po). Таа е примена и на други реномирани универзитети, меѓу кои Лондонската школа за економија и политички науки и Универзитетот во Единбург, како и останати универзитети во Велика Британија, Ирска и Германија. Касија е добитничка на целосната стипендија НОВА – Борис Трајковски, а нејзиниот ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека Европската унија има голема определба земјата да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж дека припаѓаме на европското семејство, но повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Кошта не остави простор за маневар Сепак, Рокас изрази надеж ...
ФИФА се соочува со нов проблем пред почетокот на Светското фудбалско првенство. Настапот на Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан на Мундијалот е доведен во прашање поради проблеми со добивањето виза за влез во САД. Артан се соочува со административни пречки при добивањето на потребната виза, поради што не може да учествува во подготвителните активности на судиите што веќе започнаа во Северна Америка. Сомалискиот судија важи за ...
Македонската музичка сцена добива уште едно сериозно име на регионалната мапа. Талентираниот 25-годишен вокал од Тетово, Давид Грујевски, официјално се пласираше во полуфиналето на престижното регионално музичко шоу „Хајп ѕвезди“ (Hype Zvezde). Давид го обезбеди своето место меѓу најдобрите по вчерашниот моќен настап во четвртфиналето, каде што се претстави со безвременската балада „Доѓи“ од култната рок група „Парни валјак“. Со оваа ...
Слушај ја веста Со новите провизии еден пензионер годишно ќе им плаќа на банките до 100 евра годишно доколку плаќа сметки на шалтер. Семејство, пак, од четири члена, доколку се сите полнолетни, само за водење трансакциска сметка и за електронско банкарство треба да издвои минимални 200 до 250 евра годишно. Новиот бран поскапувања на банкарските услуги што стапува во сила од август ќе донесе дополнителен удар врз домашните буџети на граѓаните. ...
Двајца пешаци, маж и жена, попладнево биле удрени од автомобил на озлогласениот див премин преку булеварот кај Бит-пазар во Скопје, јави „Алсат“. Телевизијата објави и снимка направена непосредно по несреќата, во која двајцата пешаци се повредени и биле итно пренесени во болница. Откако Град Скопје најави дека ќе го затвори опасниот премин преку булеварот, на кој и порано имаше прегазени пешаци и жртви, група граѓани се собраа на протест и ...
Поморски дрон експлодира денеска наутро во романскиот пристанишен град Констанца, објави „Јуроњуз“. Во соопштение, романското Министерство за национална одбрана наведе дека дронот детонирал околу 10:30 часот и дека се смета оти бил „од типот на дронови што се користат во војната во Украина“. „Областа веќе беше обезбедена и оградена од силите на Романската разузнавачка служба, Крајбрежната стража и Министерството за национална одбрана. Во тој ...
Белата светкава ракавица што Мајкл Џексон ја носеше со години стана еден од најпрепознатливите симболи во историјата на поп-музиката, а нејзиното значење било многу поголемо од обичен моден додаток. Според актерката Сисели Тајсон, ракавицата првично била создадена за да ги прикрие првите видливи знаци на витилиго на неговата рака, но со текот на времето прераснала во заштитен знак на пејачот и неодвоив дел од неговиот уникатен сценски имиџ, ...
Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, пишува Фактор. Според информациите на медиумот, акционерското друштво регистрирало подружница на адресата на хотелот, кој беше изграден во 2014 година од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Хотелот во последните месеци не примал гости, а засега нема ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран и Оман заеднички ќе управуваат со Ормускиот Теснец во согласност со меѓународното право, пренесува Анадолу. Во изјавите пренесени од иранскиот државен сервис ИРИБ, кој се повика на либанската телевизија Ал-Мајадин, Арагчи рече дека Иран и Оман, како две земји што граничат со стратегискиот воден пат, имаат право да координираат и да донесуваат одлуки во врска со неговото ...
Соединетите Американски Држави објавија нови економски санкции против кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел и дел од неговото најблиско семејство, заедно со членовите на семејството Кастро, во најновото зголемување на притисокот на Вашингтон врз својот сосед, објави „Гардијан“. Меѓу таргетираните се синот и внукот на поранешниот претседател Раул Кастро, кој повеќе не извршува официјална позиција, но останува клучна фигура во одлуките за ...
Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship), откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите. View this post on Instagram A post shared by BKFC (@bareknucklefc) Македонскиот борец доминираше во текот на целиот меч и во неколку наврати го испрати противникот во нокдаун, но Тељо успеа да издржи до крајот на борбата. За Славески ова беше деветти настап во кариерата и осма ...
Неколку цистерни со гас екплодираа вчера во Мексико, при што беа повредени најмалку тројца луѓе, објави „Мексико њуз дејли“. Екплозијата се случила на имот во Тепеака, мал град лоциран околу 35 километри источно од градот Пуебла, а гасот, според некои сомнежи, бил украден. Засега нема пријавени смртни случаи. ВИДЕО | Силна експлозија на фабрика ја стресе Малта, густ чад го покри небото Цивилната заштита на Пуебла на платформата „Икс“ ...
Во скопската Зоолошка градина се родија две бели волчиња, кои како што известија оттаму сѐ уште деновите ги минуваат скриени и заштитени, а во ретки моменти излегуваат надвор, кога можат да ги видат и посетителите кои моментално се наоѓаат во ЗОО градината. Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува ...
Она што им штети на белите дробови може да му наштети и на мозокот. Нови докази покажуваат дека откажувањето од пушење подоцна во животот е поврзано со 16 отсто помал ризик од развој на деменција. Меѓутоа, се чини дека постои важен услов. Анализата на здравствените податоци собрани со децении во САД покажала дека поранешните пушачи имале сличен ризик од деменција како и луѓето кои никогаш не пушеле, но оваа придобивка најчесто се забележувала ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела ќе се сретне со Ким Џонг Ун во Северна Кореја, што е негова прва посета на Сеул по речиси седум години, пренесе Би-би-си. Си ќе биде во Северна Кореја на 8 и 9 јуни на покана на Ким. Тој последен пат го посети Пјонгјанг во 2019 година. Посетата доаѓа неколку недели откако Си ги прими американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг – претседателите на двете ...
Лидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската Унија, денеска се собираат во Тиват, Црна Гора, каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан. Од Македонија учествува премиерот Христијан Мицкоски. Главен фокус ќе биде проширувањето на Унијата. Самитот се одржува под слоганот „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а присутни ќе бидат и претседателката на Европската комисија, ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска приреди вистинска сензација на Ролан Гарос и обезбеди место во големото финале уште на своето прво учество на престижниот турнир во Париз. Дваесет и четиригодишната полска тенисерка во полуфиналето беше подобра од Русинката Диана Шнајдер со 2-0 во сетови (7-6, 6-4), по нешто повеќе од два часа игра на централниот терен „Филип Шатрие“. Првиот сет донесе израмнета борба и по еден одземен сервис на двете ...
Во пресрет на Светското фудбалско првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули, објавуваме посебна листа од 26 рекорди и најинтересни факти од богатата историја на Мундијалите. Од рекордите на легенди како Пеле, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, до најголемите победи/порази, до подвизи кои тешко ќе се повторат – овие факти го носат духот на минатите турнири и го ...
Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ се рангирани како најбрзо растечки аеродроми кои доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6%) за прв пат по закрепнувањето од ...
Македонската фудбалска А репрезентација има пад од две места на најновата ФИФА ранг-листа објавена во петок, 5 јуни 2026 година. Имаме назадување од две позиции и моментно сме на 69. место со 1369 поени. На последните два натпревари кои беа пријателски, во Сараево ремизиравме без голови со Босна и Херцеговина, а во Истанбул загубивме со 4:0 од Турција. Непосредно пред стартот на Светското првенство, имаме нова промена на врвот, првопласирана ...