Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Една недела откако властите им препорачаа на жителите на Демир Капија да не ја пијат водата од градскиот водовод, таа сега е прогласена за чиста и исправна за пиење и подготовка на храна. Јавното комунално претпријатие „Бошава“ попладнето информираше дека најновата лабораториска анализа покажала дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба. Врз основа на добиените резултати, надлежниот инспектор од Агенцијата за храна и ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денес ќе имате доволно енергија да завршите обврска што ви задаваше главоболки во изминатите денови. На работа не реагирајте импулсивно на туѓите забелешки и држете се до фактите. Во љубовта, искрен разговор ќе ви помогне да расчистите една дилема. Внимавајте на заморот и најдете време за квалитетен одмор. Бик Финансиско или деловно ...
Замрзнувањето свежи домати е лесно. Научете како правилно да ги замрзнете, да го зачувате нивниот вкус и да ги користите по одмрзнувањето. Замрзнувањето свежи домати може да биде одлично решение кога ги имате повеќе отколку што можете да ги потрошите, но многумина се откажуваат по првиот обид бидејќи доматите стануваат меки и водени по одмрзнувањето. Добрата вест е дека за да ги замрзнете не мора да ги бланширате, лупите и готвите. Ако ...
Патниците кои стануваат веднаш штом ќе се исклучи знакот за безбедносниот појас по слетувањето на авионот, можат да предизвикаат метеж и да го зголемат ризикот од повреда во авионот. Оваа сцена се повторува редовно и на кратки и на долги летови: патниците стануваат пред да се отворат вратите, ги земаат своите куфери од преградите над седиштата и се задржуваат во тесниот ходник додека не се отвори излезот. Таквото однесување не го забрзува ...
Сезоната на Девицата започнува на 23 август и носи една од најпотребните промени на ритамот ова лето. По интензивната сезона на Лавот и затемнувањето на Сонцето, кое отвори големи прашања поврзани со идентитетот, односите и идните одлуки, вниманието се насочува кон она што ни дава чувство на сигурност: работа што има смисла, односи што не нè исцрпуваат, пари со кои можеме добро да управуваме и секојдневие во кое повторно чувствуваме дека ...
Често се зборува дека кога партнерите ќе станат премногу опуштени еден покрај друг, тоа е знак дека врската ја изгубила возбудата. Но, експертите велат дека чувството на удобност во врската не треба да се меша со рамнодушноста и земањето на партнерот здраво за готово. Напротив, тоа може да биде еден од најважните „зелени сигнали“ за здрава врска, пишува „Вајс“. Самото тоа што некој се чувствува удобно покрај партнерот не значи дека ќе ...
Двајца жители на кумановското село Отља се уапсени откако биле пријавени дека ја малтретирале својата 18-годишна ќерка, соопшти МВР без да открие кој ги пријавил родителите. „На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање ...
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Жозеп Марија Берокал го објави списокот за августовскиот ФИБА прозорец. Во составот се најде речиси најдоброто со кое Македонија располага, а по подолга пауза во репрезентацијата се враќа Ненад Димитријевиќ. За првпат се очекува да настапи и Мозес Рајт, кој од новата сезона ќе биде член на Олимпија Милано. Повикани се и Андреј Јакимовски, Андреј Мекиќ, Лејсон Зеќири и Кристијан Николов, а ...
Вардар е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во директниот дуел за првото место во групата А го совлада Тримо Требње со 28-26. По израмнетото прво полувреме (11-11), „црвено-црните“ во продолжението успеаја да го скршат отпорот на словенечкиот тим и да стигнат до важна победа. Со триумфот Вардар стигна до шест бода и го обезбеди врвот во групата, со што обезбеди пласман во големото финале. Противник на ...
Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами. Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит. Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис. Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја ...
Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан, е прогласен за способен за работа и е вратен во затвор откако бил прегледан преку ноќ од тим лекари во болница, изјави министерот за информации на земјата, пренесе „Ројтерс“ Болничката посета заврши многу порано отколку што очекуваа неговите поддржувачи, а неговата партија вели дека со ова бил прекршена наредбата на Врховниот суд. Кан бил прегледан во државната болница на Пакистанскиот институт за ...
Полска вклучува војници од сè повеќе земји членки на НАТО во зајакнувањето на источната граница, а американски, британски и француски војници ќе помогнат во изградбата на одбранбени позиции долж границите со Русија и со Белорусија, објави „Френс 24“. Полски и германски војници пет недели работеа на границата, каде што копаа ровови, поставуваа бодликава жица и распоредуваа долги редици бетонски противтенковски пречки, познати како „ежови“. ...
Француските агенции за здравство и за заштита на потрошувачите издадоа официјално предупредување за десетици илјади потенцијално небезбедни кондоми кои се продаваат во аптеките, продавниците и преку интернет. Здравствените власти веќе повлекоа околу 260.000 кондоми откако лабораториските тестови покажаа дека кај два производа постои сериозен ризик од пукање или присуство на микроскопски дупки, пренесува „Ројтерс“. Француската агенција за ...
Брегалница се врати на победите во ПМФЛ со убедлив триумф од 3-0 против Башкими на домашен терен во Штип. Домашните го отворија резултатот во 23. минута преку Глигоров, кој ја искористи асистенцијата од Стојанов и донесе предност за својот тим. Брегалница продолжи во ист ритам и на стартот од второто полувреме. Калпачки зголеми на 2-0, по одличната акција на Максимов. Башкими се обиде да се врати во натпреварот, но голот на Стефан Ристовски ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека очекувала односите со американскиот претседател Доналд Трамп да бидат полесни поради нивните слични ставови, но дека работите се развиле поинаку, пренесуваат италијанските медиуми. „Јасно е дека мислев дека со Доналд Трамп работите ќе бидат полесни, со оглед на тоа што имаме заеднички ставови за миграцијата и ‘воук’ културата. Работите се одвиваа поинаку“, изјави Мелони во интервју за ...
Ракометната федерација на Македонија потврди дека Гевгелија ќе биде домаќин на првиот официјален натпревар во новата сезона. Во борбата за трофејот во Супер Купот ќе се соочат Вардар и Охрид, а дуелот ќе се одигра на 2 септември во салата „26 Април“, со почеток од 19:00 часот. За Гевгелија ова ќе биде вторпат да биде домаќин на натпревар за Супер Купот. ГРК Охрид го совлада Вардар и ја одбрани титулата на струшкиот турнир Ракометната ...
Гламурозниот брак меѓу Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беше вистинска сапуница која се одвиваше на светската сцена. Бартон, кој е роден пред еден век, често беше обвинуван дека го „удавил“ својот природен талент во алкохол и лоши одлуки, пишува „Би-би-си“. Во 1966 година, за време на едно интервју за „Би-би-си“, бесната Тејлор застана во одбрана на својот сопруг. Во моментот кога беа на врвот како супер-двојка во Холивуд, тие направија ...
Филип Клемон не е професор по географија, ниту стендап-комичар. Тој е менаџер на Норич, а на прес-конференцијата пред натпреварот со Милвол на необичен начин го изрази незадоволството поради отсуството на ВАР во Чемпионшип. Норич во првото коло доживеа голема неправда и загуби од ВБА по контроверзниот гол на Хегебо, кој беше постигнат со рака. Бидејќи во пониските англиски лиги нема ВАР технологија, Клемон реши на свој начин да покаже колку ...
Меѓу препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, кои доаѓаат еден месец по големата епидемија предизвикана од фекалии во градскиот водовод, е и да се провери дали персоналот вработен во критичните места на системот е соодветно стручно подготвен и дали вработените ги имаат основните знаења за безбедност на водата за пиење, која е спроведена од страна на овластени правни ...
Јапонија утрово погуби 58-годишен маж осуден за убиство на петмина во пожар во салон за игри на среќа во Осака, објави „Јапонија тајмс“. Сунао Таками беше осуден на смрт откако во јули 2009 година истури бензин и запали салон за игри на среќа во близина на неговиот дом во Осака. Во пожарот загинаа четворица посетители и еден вработен, а уште 10 луѓе беа повредени. Таками беше уапсен следниот ден, откако самиот се пријави во полиција. ...
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека поради исклучително тешката состојба со пожарите во земјата, Србија го активирала Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, пренесува „Данас“. Преку механизмот на ЕУ е активиран сателитски систем за следење на пожарите, а Србија побарала помош и од Русија со големиот противпожарен авион „Иљушин-76“. Дачиќ рече дека најтешка е ситуацијата во природниот резерват ...
Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која беше дипломатски претставник на нејзината земја во Македонија четири години, преку проштална порака објави дека го завршува својот мандат. Таа им се заблагодари на колегите и пријателите со кои соработувала за време на престојот во земјава. „Едно поглавје се затвора, а ново започнува. По речиси четири години дојде време со голема почит да се збогувам со моите прекрасни колеги и со сите наши ...
На денешен ден е родена Хејден Панетиер која почина овој 16 август. Познатата актерка денеска ќе наполнеше 37 години, а со емотивна објава за нејзиниот роденден се огласи и поранешниот вереник, Владимир Кличко, пренесува „Холивуд репортер“. Некогашниот боксерски шампион на социјалните ѝ оддаде чест на Панетиер, која ненадејно почина во неделата на 36-годишна возраст. Тој им се заблагодари на сите нејзини обожаватели и пријатели за огромната ...
Франко Барези почина минатиот месец, а неговиот Милан одлучи да му ја посвети целата сезона 2026/27. Првиот тим, но и сите останати клупски селекции, на секој натпревар ќе носат посебен амблем со натписот „6 засекогаш“, во чест на легендарниот капитен на „росонерите“, кој токму тој број го носеше на дресот. Амблемот ќе биде на левиот ракав, околу кој тој со години ја носеше капитенската лента, како избран, сакан и почитуван лидер на тимот. ...
МВР информира дека денеска во 13:15 часот, на граничниот премин „Табановце“, при излез од Македонија, полицајци запреле автомобил „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија. „При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно ...
Постојат одредени однесувања кои подготвено ги толерираме кај луѓето само затоа што долго ги познаваме, ги сакаме или сме емотивно поврзани со нив. На непознат човек би му свртеле грб по само еден непријатен разговор, додека постапките на блиските со месеци ги оправдуваме со изговори дека се уморни или дека немале лоша намера. Сепак, блискоста не значи дека треба да прифатиме сè, а одредени граници не смеат да се преминат без оглед дали ...
Судењето на здравствените работници обвинети за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона доби целосно неочекуван пресврт. Процесот во Буенос Аирес е прекинат на една недела поради сомнеж дека дел од медицинската документација презентирана пред судот воопшто не му припаѓа на Марадона, туку на неговиот татко, пишуваат светските медиуми Седум здравствени работници се обвинети за несовесно постапување во текот на ...
Вториот дел од биографскиот филм за Мајкл Џексон , „Мајкл“ е сè поблиску до почетокот на снимањето, главната ѕвезда Џафар Џексон потврди дека остварувањето ќе се осврне на сите критики и обвинувања за злоупотреба на деца со кои пејачот се соочуваше во деведесеттите години. Внукот на легендарниот музичар во интервју за „Џи-Кју Мидл Ист“, изјави дека, иако нема големо влијание врз пишувањето на сценариото, искрено се надева дека продолжението ...
68-годишен возач со автомобилот удрил во мотоцикл во Свети Николе, на кој освен мотоциклистот, се возела и 22-годишна девојка како сопатничка, соопшти МВР. Во несреќата се повредени луѓето на моторот, но не и пијаниот возач. „На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) ...
Финското Министерство за одбрана соопшти дека постои сомнение дека руско летало вчера го нарушило финскиот воздушен простор, објави „Јле њуз“. „Секое сомнително нарушување на територијалниот интегритет го сфаќаме сериозно. Во тек е истрага“, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хекенен. Финската гранична стража соопшти дека руско извидувачко летало „Ил-20“ било забележано јужно од островот Уто, во Финскиот Залив, и се задржало околу три ...